КАФЕ ПАУЗА

Category: Скорпија

  • Скорпија и скорпија – пријателска комбинација

    Скорпија и скорпија – пријателска комбинација

    Пријателството помеѓу две скорпии претставува мешавина од задоволство и болка. Задоволството се јавува како резултат на тоа што, само претставниците на овој знак можат да ја сфатат страста за живеење на животот која ја поседуваат, па поради тоа овие динамични пријатели ќе имаат многу заеднички теми на разговор. Болката пак, настанува кога скорпиите се наоѓаат во помрачно, самодеструктивно расположение и дозволуваат да ги обземе чувство на очај.Скорпија и скорпија – пријателска комбинацијаБидејќи двајцата пријатели се родени во истиот хороскопски знак, прашањето е кој од нив умее повеќе да гледа на посветлата страна на животот. Тука најмногу може да помогне некој пооптимистичен подзнак. Среќната околност во ваквите ситуации е тоа што скорпиите го владеат црниот хумор, па заедничкото исмејување на ироничните работи во животот, зајадливите коментари и подбивните шеги можат многу да им помогнат на овие пријатели, да ги надминат тешките мигови.rnrnОвие пријатели секако, уживаат во слични активности и имаат многу заеднички интереси. Бидејќи скорпиите се луѓе кои навлегуваат под површината на работите, обидувајќи се да ја видат „целата слика“, овие другари најверојатно ќе уживаат во долги разговори, филозофирајќи и анализирајќи го секој аспект од ситуациите. Ако се најдат на иста бранова должина, што е многу веројатно да се случи, помеѓу нив ќе се роди вистинска блискост.rnrnОд спортовите, најверојатно би се пронашле во некоја боречка вештина и секаква физичка активност која бара вложување напор. Исто така, би им годело нуркање под вода, откривајќи ги чудесните животинки кои ги крие морскиот свет. Претставниците на овој хороскопски знак ја обожаваат мистеријата, непознатото, волшебното, па овие пријатели најверојатно постојано ќе си разменуваат разни мистериозни романи и трилери. Овие пријатели може да поседуваат и талент за уметничко резбање дрво, длабење линолеум или изработување скулптури од глина и пластелин, па некоја од овие активности е уште една опција во која можеби би уживале додека се заедно.rnrnВо ова пријателство одвреме-навреме ќе има недоразбирања и лутења, но бидејќи станува збор за две скорпии, ваквата појава е сосема вообичаена. Но, најверојатно после кратко време ќе им помине лутината и повторно ќе се зближат како ништо да не се случило. Соживувањето со емоциите на другите луѓе е толку моќна особина на скорпиите, што овие пријатели нема да можат да ù одолеат на потребата да поразговараат со својот верен пријател.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и девица – пријателска комбинација

    Скорпија и девица – пријателска комбинација

    Мистериозната скорпија е тешка за декодирање, но ако некој умее да го стори тоа, тоа е девицата. Таа има мек пристап кон девицата најверојатно поради нејзината искрена желба да им помага на другите луѓе. Во однесувањето на девицата нема ништо вештачко и неприродно. Ако таа вети дека ќе му помогне на пријателот околу организација на неговиот роденден, таа ќе пристигне половина час порано, со крошна полна со храна и изобилие резервни чинии, чаши и прибор за јадење. Таквата посветеност и внимание од страна на девицата, е доволна за скорпијата да го омекне нејзиниот одбранбен систем, со кој најчесто се штити себеси од разочарувања од другите луѓе.Скорпија и девица - пријателска комбинацијаСкорпијата многу ја почитува приземноста и логичниот став, кој девицата го има кон работите. Ако неа ù е потребна консултација околу некоја работа, секогаш може да смета на девицата, која ќе ја соочи со реалната перспектива на ситуацијата. После внимателна анализа на сите аспекти, девицата ќе ù даде искрено, но тактично размислување.rnrnОд друга страна, девицата се восхитува на специфичниот карактер кој го поседува скорпијата. Неа ја инспирира страста и интензитетот на скорпијата, бидејќи таа самата, е малку срамежлива кога станува збор за изразување на своите емоции. Со помош на храброста и поттикот од страна на скорпијата, девицата може да го пронајде начинот со кој ќе се соочи и справи со своите емоции и воедно да ја развие нејзината креативност. Така на пример, скорпијата може да ја научи девицата да ја развие нејзината љубов кон читањето книги, пишувањето или да ù побуди страст за учење математика.rnrnСитничарењето на девицата или народски кажано „барањето влакно во јајце“, најверојатно ќе ù оди на нерви на скорпијата. Воедно, самосожалувањето и променливото расположение на скорпијата, може да создаде нетрпеливост кај девицата. Но, таквите карактерни разлики можат да ги надминат ако ги изберат вистинските активности во нивното другарство. Заедничко посетување часови по пилатес, јога и други спортови кои вклучуваат протегање, се одлични за овие верни пријатели. Други заеднички интереси можат да претставуваат некои специфични друштвени игри кои бараат заеднички ангажман, како редењето сложувалки, правење кула од карти и слични типови забава.rnrnНа овие пријатели можеби ќе им треба подолго време за да формираат вистинско, необорливо пријателство, но сепак постои голема веројатност дека таквата блискост еден ден ќе се роди. Претпазливата девица после извесен период ќе сфати дека скорпијата поседува многу извонредни квалитети како лојалност, доследност, упорност и чувствителност.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и лав – пријателска комбинација

    Скорпија и лав – пријателска комбинација

    Една работа е сигурна: ова е едно навистина интензивно пријателство, бидејќи лавот и скорпијата се најстрасните знаци во зодијакот. Вечно оптимистичниот лав создава тотална конфузија во главата на скорпијата, бидејќи таа не може да престане да му се воодушевува. Смета дека има нешто прекрасно во енергијата која лавот ја шири и не може да порекне дека животот е малку посветол кога овој пријател е во нејзино присуство.Скорпија и лав – пријателска комбинацијаИ покрај тоа што скорпијата се смешка во себе на обидите на лавот да доминира врз неа, таа сепак се вчудовидува секојпат кога овој пријател се обидува да го контролира нивното другарство. Во суштина, чесниот лав никогаш нема да биде идеален партнер за итриот стратег каков што е скорпијата. Сепак на скорпијата не ù смета одвреме-навреме да го негува егото на лавот, а тој за возврат ù влева храброст и позитивна енергија, која ù ја буди креативноста на скорпијата.rnrnПомеѓу овие два знака не постојат обични, секојдневни разговори. Тие се способни секоја тема на разговор да ја претворат во жешка дебата, во која едниот навива „за“, а другиот „против“ и таа дискусија ќе трае сè додека некој од нив не победи. Токму ова е причината зошто на лавот многу му се допаѓа карактерот на скорпијата – никој не може да му понуди постимулативна и посурова конверзација од неа. Скорпијата пак ужива во топлината и еланот кои лавот ги поседува, бидејќи ù помагаат да се оттргне од мрачните мисли кои понекогаш ја обземаат.rnrnЛавот не може да ја сфати повремената потреба на скорпијата за тотална приватност и изолираност, додека скорпијата ја збунува потребата на лавот да биде секогаш во центарот на вниманието. Во секој случај, овие пријатели имаат многу заеднички хобија и интереси како гледањето филмови, одењето во театар, дегустација на вина, а уживаат и во сите динамични спортови кои бараат голем влог на енергија.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и рак – пријателска комбинација

    Скорпија и рак – пријателска комбинација

    Спријателувањето помеѓу два водни знака доаѓа на многу природен начин, бидејќи и ракот и скорпијата се емоционално длабоки личности, кои сакаат да навлегуваат под површината на работите, без разлика дали станува збор за меѓучовечки односи, уметност, политика или филозофија. Овие пријатели никогаш нема да си прават општи муабети кои не водат никаде. Нивниот разговор секогаш има некаква поента и длабочина.Скорпија и рак – пријателска комбинцијаНа скорпијата ù се допаѓа нежната, топла и чувствителна природа на ракот и потајно ужива кога тој ќе ја нагости со голема чинија шпагети или со огромна шолја какао. Од друга страна, ракот ја цени способноста на скорпијата интуитивно да ги прочита неговите мисли и чувства, без тој да изусти ниту еден збор.rnrnСкорпијата никогаш не би го задевала или малтретира ова чувствително другарче, бидејќи и самата е свесна колку боли кога некој ти ги повредува чувствата. Ракот ја обожава посесивноста на скорпијата бидејќи прави да се чувствува сакан и потребен. На сличен начин, на скорпијата ù годи грижливоста и дарежливоста на ракот, бидејќи таа честопати од некоја причина, е принудена да се лишува себеси од најпотребните работи во животот, како добра храна, удобен мебел или практични електрични апарати и алати.rnrnКога би можеле да настанат проблеми помеѓу овие двајца пријатели? Едното сценарио е кога скорпијата ќе му даде зајадливи коментари и забелешки на ракот, кој е толку лесно повредлив, што веднаш ќе се повлече во неговата замислена заштитна школка, што во превод значи дека ги сокрива своите емоции на некој чуден, вештачки начин. Од друга страна, преголемата дарежливост и покажување внимание и грижа од страна на ракот, може да направи резервираната скорпија да се почувствува како да тоне под земја од срам, зошто не возвраќа со иста мера. Во секој случај, во поголемиот дел од заеднички поминатото време, овие пријатели си ги игнорираат нивните „слаби точки“ во карактерите, со цел зачувување на нивното одлично другарство.rnrnДвата знака ја обожаваат водата, па поради тоа најверојатно би уживале во пливање, нуркање или возење со чамец/ферибот. Кога станува збор за креативните нешта, овие пријателчиња имаат многу заеднички интереси како на пример печење некое вкусно јадење, одгледување цвеќиња, разменување детективски романи, гледање квалитетни филмови кои ќе успеат да ги разбудат нивните сетила и уште многу други активности. Дури и кога ќе направат и организираат сè што сакале да сторат, сепак и најздодевните домашни задачи им изгледаат интересно, сè додека ги извршуваат заедно.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски скорпии

    Љубовен астролошки профил за женски скорпии

    Ако сте заинтересирани за жена со хороскопски знак скорпија, тогаш мора да сте многу храбар маж. Таа е најексплозивниот и најинтензивниот хороскопски знак во зодијакот. Скорпијата е емоционално и физички моќна личност, со која не можете да си поигрувате. Ако пробувате да си играте играчки со неа, бидете сигурни дека таа ќе ве победи и ќе ве остави сами во ќошот да плачете со прстот во уста и да ја повикувате мајка ви на помош. Не постои простор за манипулација со овие девојки.Љубовен астролошки профил за женски скорпииАко се однесувате лошо со неа, ги загрозите нејзините или емоциите на најблиските луѓе кои ù се во животот, таа ќе ве отпише од „списокот“ на живи луѓе. Во нејзиниот свет, работите или се случуваат како што треба или не се случуваат воопшто и нема простор за ништо измеѓу. Прво прашање коешто треба да си го постават момците кои се заинтересирани за скорпија, е дали се целосно подготвени за неа?rnrnПретставничките на овој знак зрачат со финеса, мистериозност и волшепство. Тие на мажите знаат да им ја понудат идеалната количина на предизвик и соодветно да ги наградат кога го заслужуваат тоа. Скорпиите се многу емотивни и интуитивни. Тоа им дава една необична способност да ги откријат вашите задни намери, многу кратко откако ви поминале низ умот. Затоа, поштедете се себеси од срамот и останете реални кога ù пристапувате на вашата скорпија.rnrnИ покрај тоа што женските скорпии се многу среќни кога се во љубовна врска, сепак тоа не значи дека таа лесно ќе го даде нејзиното срце на некој маж. Многу е можно да има проблем да им верува на луѓето, бидејќи знае што значи да се чувствуваш повредено и разочарано – го осетила тоа на своја кожа повеќепати. Секој потенцијален партнер, ќе мора прво да помине низ серија од тестирања, за да може да дојде до стадиум во врската, во кој таа целосно ќе му ја отвори нејзината душа.rnrnАко момчето до неа умее да води добар разговор, поседува одреден степен на елеганција или има специфичен стил на однесување, најверојатно ќе успее да го освои ова мистериозно срце. Сè што треба да направи момчето кога ќе ја запознае, е да започне дијалог, во кој ќе се потруди да направи таа да се чувствува релаксирано и удобно. Значи мажи кои сакаат со сила да го наметнат своето знаење, самодоверба или интелигенција, не се добредојдени во нејзиниот живот. Таа верува само во оние искрените, кои не се плашат да ги покажат своите најдлабоки чувства.Љубовен астролошки профил за женски скорпииСкорпиите имаат голем опсег на интереси. Некои од нив слободно ги споделуваат со луѓето околу нив, а за некои ќе морате да бидете подолго дел од нејзиниот живот за да ги дознаете. Ниедна тема не е табу или надвор од дозволените граници за неа, ако знаете добро да ја поставите темата на разговор. Овие жени се отворени за нови животни искуства и секогаш се расположени да пронајдат нешто кое ќе ја разгори нивната страст. Тие ја обожаваат страста и се привлечени од неа. Колку повеќе нејзиниот партнер е страстен за некоја работа, толку повеќе таа ќе му се восхитува. Исто така, неа ù се допаѓа кога луѓето внесуваат страст во разговорот кој го водат. Дозволете ù да зборува кога ù се збори, но не форсирајте теми за кои не е во моментот расположена. Кога ќе дојде време, сама ќе ви каже сè што сакате да знаете.rnrnБидете сигурни дека 100% сте посветени на вашиот прв разговор со скорпија. Неа ù е многу битен првиот впечаток кој го оставаат луѓето. Ако сте ја слушале внимателно, ќе ви биде лесно да испланирате состанок со неа. Не е битно каде ќе ја одведете, битно е да ù посветите внимание и да ù покажете дека сакате да биде со неа токму на тоа место и во тоа време. Таа ќе ве посматра тогаш кога најмалку ќе го очекувате тоа. Покрај тоа што треба да бидете посветени на вашиот однос со неа, можете да ја искористите и нејзината моќна сексуална природа, така што ќе ја допирате додека разговарате. Држете ја за рака, погалете ја по рамената или прегрнете ја додека си муабетите, бидејќи спонтаните допири се сигурен начин за да ја заведете.Љубовен астролошки профил за женски скорпииЖенските скорпии се истовремено и оган и мраз. Таа очекува да ù се предадете 100% на вашата врска со неа. Умее да даде многу, но и очекува многу за возврат. Ако сте имале неколку состаноци со неа, веќе ви е јасно колку интензивна и страсна жена е скорпијата. Момците кои си имаат работа со скорпија, можат да се најдат во позиција да се заљубат во жена, за која знаат многу малку работи, но не им е ни гајле, бидејќи се многу „залетани“ по неа. Кога еднаш ќе сфати дека сте нејзини, таа ќе сака да добие сè од вас. Таа е посесивен и сензуален љубовник кој го сака вашето тело и душа. Ќе ве љуби со истиот интензитет, како оној кој го поседува во себе и добро ќе се грижи за вас.rnrnКога станува збор за сексот со жена-скорпија, може да се каже дека не постојат зборови во речникот кои можат да го опишат. Жесток, интензивен, страстен, емотивен… За да знаете, морате да го искусите прво. Таа истовремено ја вжештува и разладува температурата на вашето тело и ги задоволува вашите потреби. Зрачи со сексапил и има многу здрава и нормална фантазија. Не се плаши ниту да експериментира, така што не плашете се да ја споделите вашата имагинација со неа.rnrnВо врска со скорпиите има една добра и една лоша вест. Добрата вест за оние кои се заљубени во девојка со овој хороскопски знак е фактот дека не е наметлива девојка. Таа го цени нејзиното приватно време, слобода и независност, така што не треба да се грижите дека ќе манипулира со вашето време. Не толку добрата вест е дека таа има одмаздољубива природа и ако еднаш ја изневерите нејзината доверба во вас, најверојатно ќе треба засекогаш да се збогувате од неа. Имајте на ум дека сè додека сте искрени и отворени со неа, никогаш нема да ù згрешите.Љубовен астролошки профил за женски скорпииКлучот на секоја љубовна врска е отворената комуникација, а тоа особено важи за оние кои се во врска со скорпија. Ако сметате дека не сте на иста „бранова должина“ со оваа девојка, а сепак не можете да ја оттргнете од вашите мисли, бидете тотално искрени и кажете ù што сакате. Без разлика дали сакате да имате отворена врска или да бидете само пријатели за секс, кажете ù го тоа. Тоа е подобар избор, отколку да ја видите нејзината гневна страна, зашто не сте биле искрени со вашите чувства кои ги имате за неа. Нема потреба да се плашите од скорпиите. Тие се жени кои ќе ги разбудат вашите сетила, ќе ве одведат на нови височини и ќе направат да се чувствувате живо и сакано како никогаш досега.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за машки скорпии.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Скорпија и близнаци – пријателска комбинација

    Скорпија и близнаци – пријателска комбинација

    Веселиот и оптимистичен карактер на близнакот е во директна спротивност со мистичниот на скорпијата. Најверојатно тоа е причината поради која таа обожава да биде во негово друштво – близнакот е мајстор за истерување на нејзините тажни мисли. Вечниот оптимизам и младешкиот дух на близнаците, ја потсетува скорпијата да погледне кон светлата страна на животот. Воедно, скорпијата секогаш успева да ја разбуди љубопитноста кај близнакот. Поради тоа, близнакот е способен да ги надмине разликите во нивниот темперамент.Скорпија и близнаци – пријателска комбинацијаСкорпијата е посесивна, а близнаците се безгрижни и слободоумни. Скорпијата се потпира на своите емоции и интуиција, а близнакот на интелектот и логиката. Скорпијата е тивка, а близнаците се дрдорковци. Во секој случај, близнаците уживаат да гледаат низ очите на емоционално длабоката скорпија. На сличен начин, скорпијата ја импресионира брзиот ум на близнакот, како и неговата досетливост и духовитост.rnrnКонстантното брборење на близнакот, може на моменти да ја иритира скорпијата, а тој пак воопшто не го обожува нејзиното ненадејно повлекување и молчење. Во секој случај, двата хороскопски знака се љубопитни за тајните кои ги крие животот и обожаваат заедно да откриваат разни мистерии.rnrnРазмена на мистериозни романи, може да биде составен дел од пријателството помеѓу близнакот и скорпијата. Кога станува збор за спортските активности, овие пријатели може да уживаат во енергични активности како тркање со велосипеди или играње тенис. Од друштвените игри може да уживаат во табла, шах и игри со карти, а ако се наклонети кон уметноста, може да пробаат да сликаат со водени бои.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и бик – пријателска комбинација

    Скорпија и бик – пријателска комбинација

    И покрај тоа што бикот и скорпијата се спротивни знаци, тие сепак можат да оформат одлично пријателство. Скорпијата секогаш може да му ги довери тајните на бикот, а тоа не е мала работа за приватна личност каква што е таа. Точно е дека бикот понекогаш може да изгледа тотално нечувствителен во врска со потребите на скорпијата, а таа пак обрнува многу малку внимание на потребата на бикот за чувство на комфорност. Но, скорпијата мора да признае дека бикот од друга страна поседува голема смисла за хумор и може да ù помогне да се изнасмее до солзи, кога додека би била сама, најверојатно би плачела. Од друга страна, несекојдневната интуиција која ја поседува скорпијата може да му помогне на бикот да не прави лоши грешки, особено на љубовно поле.Скорпија и бик – пријателска комбинацијаНа бикот не му се допаѓа кога скорпијата избегнува да стори нешто, а на неа па не ù се допаѓа тоа што бикот има недостаток од љубопитност. Сепак, двата знака поседуваат квалитети во карактерот на кои меѓусебно им се воодушевуваат. На пример, скорпијата ја обожава откачената смисла за хумор која ја има бикот, а тој се импресионира од моќта на перцепција која таа ја поседува. Бикот ја почитува приватноста на скорпијата, а таа аплаудира на финансиската стабилност која тој умее да си ја овозможи. Бикот копнее по страста на скорпијата, а таа му се восхитува на лежерниот поглед кон работите кој тој го има. Доколку бикот може да го издржи манипулативното однесување на скорпијата одвреме-навреме, тогаш и скорпијата ќе ја игнорира неговата непоправлива тврдоглавост.rnrnБикот и скорпијата уживаат во енергични и исцрпувачки спортови како дигање тегови, веслање и секаков спорт кој добро ќе ги испоти и измори. Обожаваат заедно да гледаат филмови, да танцуваат во дискотека, па дури и да готват, бидејќи со ваквите активности тие успеваат да ги „израмнат“ големиот број разлики помеѓу нивните карактери.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и овен – пријателска комбинација

    Скорпија и овен – пријателска комбинација

    Една работа е сигурна: дружбата помеѓу овие два знака нема никогаш да биде досадна. Скорпијата и овенот се страсни, енергични и моќни луѓе, поради што забавата е секогаш присутна. Помеѓу овие пријатели ќе „летаат искри“ одвреме-навреме, но токму тоа е причината поради која тие уживаат во меѓусебно друштво. Нивните расправии се легендарни, а тоа ги прави интересни дури и овие непријатни моменти.Скорпија и овен - пријателска комбинацијаОвенот никогаш не бега од расправии, а скорпијата секогаш е во потрага по добар противник. И покрај тоа што овие пријатели многу се разликуваат во ставовите за контроверзни теми како религија и политика, скорпијата сепак многу му се воодушевува на внатрешниот „оган“ и страст кој го поседува овенот, бидејќи ја потсетува на нејзината моќна страст за животот. Доколку овие пријателчиња сакаат нивното другарство да успее, скорпијата мора да запамети дека овенот никогаш не држи долго лутина. Ако имаат караница, овенот најверојатно ќе ја заборави после еден час. Скорпијата треба да сфати дека долготрајното демонстрирање лутина, нема да му помогне на ова пријателство да успее на долг рок.rnrnСкорпијата не пребледува кога ќе се соочи со опасни спортски активности како скокање со банџи или летање со падобран, а овенот ужива кога чувствува како адреналин проаѓа низ неговите вени. Скорпијата ќе биде првиот пријател на овенот кој ќе го охрабри да се оттргне малку од работното биро и да го повика на патување во некое луксузно место, каде ќе се забавуваат со сурфање на бранови. Ако се прашуваат скорпијата и овенот, животот е премногу краток за да се троши на досадни состаноци. Ако успеат да преживеат после нивните драматични кавги, овие пријатели може многу да се забавуваат заедно.rnrnТие имаат заеднички интерес за специфични спортови како стрелаштво, картинг, пикадо, возење со мотори… Кога станува збор за уметничките облици, овие двајца најверојатно би биле одлични тапанари или пијанисти.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и скорпија – пријателска комбинација

    Вага и скорпија – пријателска комбинација

    Не е возможно вагата да не се „заплете“ во мрежата на интригантната скорпија. Таа маѓепсува со својата појава и мистериозност, која ја буди љубопитноста кај вагата и ја принудува да ù постави на скорпијата неколку прашања за нејзиниот живот. Скорпијата не може да одолее на шармот на вагата, така што не треба ни да се обидува да го стори тоа. Таа е сосема обземена од убавината, грациозноста, досетливоста и хумористичноста која ја поседуваат преставниците на овој хороскопски знак.Вага и скорпија – пријателска комбинацијаАко вагата успее да извлече некоја информација од мистичната скорпија (а најверојатно ќе успее, благодарение на нејзиниот шарм), таа ќе биде шокирана, бидејќи скорпијата може да ги почувствува нејзините најдлабоки емоции, да навлезе во нивниот корен и да им направи длабока анализа во рок од 5 минути. Длабоко во себе, вагата ужива да ги слуша откачените, несекојдневни приказни од животот на скорпијата и до извесна мера да се соживува со нив.rnrnЕмоциите на скорпијата се многу подлабоки од оние на веселата и поповршна вага. Ваквата емоционална разлика помеѓу овие пријатели, може понекогаш да создаде проблеми помеѓу нив. Додека вагата смета дека дава вообичаени забелешки, скорпијата може да ги сфати како остри прекорувања. А бидејќи скорпијата ретко кога гласно го изразува нејзиното незадоволство, тензијата може да порасне и да го растресе пријателството помеѓу неа и вагата. Ако скорпијата има некаков проблем со вагата, подобро е веднаш да ù го каже. Скорпијата може да смета на здравата логика на вагата, која најверојатно исправно ќе ги „измери“ нејзините поплаки.rnrnНедоразбирањата помеѓу вагата и скорпијата магично исчезнуваат кога тие прават интересни работи заедно како лизгање на мраз, возење ролери, синхронизирано пливање, покер со мали влогови пари и разни други игри во кои заеднички уживаат. Овие пријатели исто така имаат голема страст за возење со јахта, лудување по ноќни клубови и уживање во добри театарски претстави.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и риби – љубовна комбинација

    Скорпија и риби – љубовна комбинација

    Љубовната унија сочинета од партнери родени во хороскопските знаци скорпија и риби, е базирана на огромна почит и разбирање. Двата знака поседуваат голема интуиција и можат да ги почувствуваат мислите и емоциите на својот партнер. Скорпијата е многу темелна, длабока и мистериозна личност, која секогаш постапува на овој или оној начин, во зависност од целта која сака да ја постигне, а рибата е идеалист и мечтател и умее да ги види нијансите на ситуациите. Рибите имаат тенденција одвреме-навреме да се повлекуваат во нивните мисли и токму поради тоа, ќе и простат на скорпијата што понекогаш е мистериозна и затворена. И скорпијата и рибите располагаат со голема способност за забележување на она што се крие под површината на работите и умеат добро да претпостават кои се скриените намери и мисли на луѓето околу нив.Скорпија и риби – љубовна комбинацијаСкорпијата може да и помогне на рибата да ги оствари своите соништа и амбиции, односно да ги претвори нејзините идеи во реалност. Скорпијата ќе ја гради нивната врска на цврст темел, безрезервна почит и верност, со цел емоционално да се приврзе со својот партнер, а непостојаната, интуитивна риба цврсто ќе се „заплетка“ во оваа нејзина љубовна мрежа. За возврат, рибата ќе и понуди на скорпијата нежност, внимание, солидарност, добрина и разбирање. Таа се восхитува, ги обожава и цени тие карактеристики на нејзината риба.rnrnСкорпијата сака да поседува финансиска стабилност и удобност, а често создава и интензивни емоционални драми, па на моменти не може да ја разбере едноставната, дарежлива и милосрдна риба. На почетокот на врската скорпијата и рибите изгледаат како да се многу слични по карактер, но на подолг рок тие постепено ќе ги увидат нивните различности. Ако успеат да ги надминат нивните различни погледи кон одредени работи, нивната врска навистина ќе вреди.rnrnМарс и Плутон управуваат со скорпијата, а Јупитер и Нептун со рибите. Марс го симболизира античкиот бог на војната, а луѓето родени во хороскопскиот знак скорпија се жив доказ за храброст, дрскост, агресивност и упорност. Во комбинација со Марс, Плутон симболизира нови почетоци. Влијанието на Јупитер ги прави рибите паметни личности кои имаат филозофски начин на размислување, благодарение на кое можат интелектуално да се развиваат. Влијанието пак на Нептун, ги прави рибите големи фантазери и „сонувачи“ кои имаат тенденција да се занимаваат со нешто од областа на културата и медиумите. Со својот спиритуален дух и едноставен начин на размислување, рибите ја „омекнуваат“ и разнежнуваат нивната скорпија. Композитната моќ на овие четири планети, ја прават оваа врска стабилна и урамнотежена, со одредена доза на драматичност и емоционални интриги. Спојот од нивните карактери, ја прави оваа комбинација божествена.rnrnЗа да биде оваа врска долготрајна, скорпијата ќе мора да и допушти на рибата по малку да „лета“ и фантазира, бидејќи во спротивно рибата ќе се почувствува придушено од остварување на сите нејзини барања. Скорпијата и рибите се водни знаци и тоа ги прави високо компатибилни. Животна мисија на рибата е да ги здружува и зближува луѓето, а кога таа нејзина енергија доаѓа во комбинација со упорната, енергична и страсна скорпија, тие заеднички создаваат една нераскинлива конекција. Скорпијата има апсолутистички поглед кон животот. Светот околу неа е или црн или бел. Ако и оставите добар впечаток и не сторите ништо кое ќе го наруши добриот углед кој сте го создале кај неа, таа безрезервно ќе ве почитува и вреднува. Во спротивно, таа нема да сака да сте дел од нејзиниот живот. Трпеливата риба успева да го продлабочи погледот кон светот на својата љубена скорпија, на начин што и овозможува да ја погледне „поголемата слика“ на ситуациите, а не само моменталните детали кои го уништуваат добриот впечаток.rnrnКако и во секоја друга врска и во оваа постојат карактерни особини кај секој од партнерите, кои не му се допаѓаат на другиот. Скорпијата може да се измори од непостојаноста и несигурноста на рибата, а таа пак може да ја доживее скорпијата како егоцентрична личност, преокупирана сама со себе и нечувствителна во поглед на задоволување на нејзините емоционални потреби. Секако, не постои сомнеж во тоа дека овие партнери, ако сакаат нивната врска да успее, ќе најдат начин да постигнат компромис на секоја тема. Упорната скорпија кога ќе зацрта одредена цел, ја фокусира целата своја енергија кон остварување на истата, а рибите се префрлаат од една кон друга работа, во зависност од тоа кон што ќе ги одведе нивната интуиција.rnrnРибите лесно се прилагодуваат кон начинот на живот на нивната љубена скорпија и нејзината потреба за добра забава и разонода. За возврат, скорпијата и дава слобода на рибата да ужива во остварување на нејзините лични интереси. Рибата умее да и покаже на скорпијата дека флексибилноста како карактерна особина, може да биде многу корисна, забавна и возбудлива, односно дека компромис може да биде постигнат и без борба или голема кавга. Енергиите на скорпијата и рибите хармонично се преплетуваат една со друга, и ја прават нивната унија моќна и емотивно задоволувачка за двајцата партнери.rnrnНајдобриот аспект од нивната љубовна врска, е нивната слична интензивна емоционална природа, нивното заедничко „шесто сетило“ за вовлекување под површината на нештата и нивниот спиритуален начин на доживување на љубовта како нешто магично. Во ова љубовно гнездо постои слога, единство и хармонија, а во него двајцата партнери се чувствуваат исполнето. Скорпијата и рибите се упорни личности, кои се во потрага по вистината и обезбедување цврста и длабока конекција со својот партнер. Таа нивна тенденција, ќе ги зацврсти нивните односи, а ќе ја направи нивната врска долготрајна и издржлива.