Кога овен и скорпија започнуваат љубовна врска, се запрашуваат како до тогаш живееле разделени. И двата знака ја сакаат моќта и можат да реализираат сè што ќе замислат, сè додека научат како да го делат центарот на вниманието. Скорпијата кога еднаш ќе реши дека сака да биде со овенот, таа е целосно посветена на врската. Од друга страна, овенот не може да ѝ одолее на скорпијата, но не е доволно посветен и предаден на врската. Како резултат на тоа, овие два знака имаат тенденција да запаѓаат во тешки расправии. Страста помеѓу нив е многу голема, што од своја страна доведува до аргументирани караници, со оглед на фактот дека и двата знака имаат љубоморна природа.
Скорпијата обично е потрпелива, но и попосесивна од овенот, па нејзините зборови можат да „печат“ доколку чувствата ѝ се повредени. Наспроти нивните разлики во емотивната преданост во врската, двајцата партнери сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите во животот. Нивните заеднички авантури ја прават оваа врска сé, само не досадна.rnrnТие можат да имаат проблем во комуникацијата бидејќи овенот е екстроверт, комплетно отворен и директен, додека скорпијата е позатворена, емотивна, а на моменти и одмаздољубива. Во некои ситуации, навистина е потребно примирје помеѓу нив двајца, со цел да се „измазнат“ работите.rnrnИ двата знака се предводени од планетата Марс (страст), а скорпијата е предводена и од Плутон (моќ). Кога луѓе со влијание од планетата Марс стапуваат во љубовна врска, тие се како двајца војници на бојно поле – или се сојузници или смртни непријатели. Марс исто така е преставник на страста, што укажува на тоа дека овенот и скорпијата може да уживаат во заеднички поминатото време (и во спалната и надвор од неа). Кавгите се нормална работа, кога станува збор за луѓе кои се ориентирани кон предизвици, а надминувањето на истите е нешто на кое вреди да поработат. Плутон додава екстра интензитет на врската.rnrnОвенот и скорпијата може да имаат успешна врска доколку научат како да соработуваат, комбинирајќи ги емоциите и физичката активност за да ги исполнуваат целите. Скорпијата е стратег и може да му помогне на овенот да ги испланира своите битки, пред да „скокне“ во нив. Таа може да го научи како да се стабилизира и да ги завршува започнатите работи, пред да се втури во нов проект. За возврат, овенот може да ја научи скорпијата да ужива во спонтаноста, односно да прави некои работи само за да стекне ново искуство, а не заради одредена цел. Тој може да ѝ помогне да продолжи да верува и да се надева на успех и среќа, кога нејзиниот труд не се исплател.rnrnОна што е најбитно во оваа љубовна комбинација, е двајцата партнери да функционираат заеднички, а не еден против друг. Кога ќе сфатат дека лојалноста и пожртвуваноста за врската е нивно заедничко чувство, двајцата можат да бидат главни – овенот да биде иницијатор, а скорпијата емоционален лидер. Најдобар аспект од ова љубовно партнерство е комбинацијата од нивните моќи. И двата знака се победници, кои не се откажуваат. Доколку нивната љубов е искрена и длабока, тие ќе се потрудат да ја направат оваа врска број еден.rnrn
Category: Скорпија
-

Скорпија и овен – љубовна комбинација
-

Астролошки профил на родените во знакот скорпија
(23 октомври – 21 ноември)
rn
Карактерот на Скорпијата варира во зависност од конкретната индивидуа родена во овој знак. Но, одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите Скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи.rnrnСкорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.rnrnТаа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.rnВо потрага по вистината
rnОвие особи имаат навистина „длабока“ душа и тие често психички навлегуваат во суштината на светот околу нив, барајќи ја вистината и одговорите, со цел да пронајдат задоволство во секој сегмент од нивното патување низ животот. Тие се задлабочуваат во нивната сурова реалност, што од своја страна може да доведе до изолирање во нивните мисли. Кога Скорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Опростувањето не е јака особина на Скорпијата.rnrn
rnИнтуитивни личности
rnВелат дека очите се прозорци на душата, а кога ќе погледнете во очите на некоја Скорпија ќе почнете да верувате во таа мисла. Нејзиниот длабок, мистериозен, провоцирачки поглед делува хипнотизирачки врз другите луѓе. Скорпијата располага со моќна интуиција, благодарение на која често умее да ги „види“ работите кои другите луѓе не ги забележуваат. Таа има дарба буквално да ја почувствува атмосферата и на некој магичен начин да предвиди што ќе се случи следно.rn
Скорпиите се натпреваруваат сами со себе
rnПогледнете ја Скорпијата како вежба во салата за вежбање и ќе забележите уште една нивна клучна особина – решителност. Другите луѓе Скорпијата ја доживуваат како личност која си ја брка својата работа. Тоа е така бидејќи таа никогаш не сака да се натпреварува со другите луѓе за тоа кој има поголема моќ, повеќе пари или кој изгледа подобро физички. Упорноста кај нив е толку изразена, како резултат на нивната потреба да си докажат сами на себе дека можат да успеат.rnrn
rnНедостатоци на Скорпијатаrn
rn
Фанатик
rnСкорпијата понекогаш може да се занесе верувајќи во некоја нејзина надреалистичка идеја или замисла, без разлика дали станува збор за љубов, политика, религија или здравје. Според неа е фер да има право на свое мислење.rn
Сомничав ум
rnСкорпијата има тенденција да се сомнева во искреноста на луѓето. Да верува во некого ѝ претставува проблем, па дури и кога е заљубена, таа сепак има потреба да му направи една серија од тестови на својот љубовник, сè со цел да го дознае степенот на неговата верност и лојалност.rnrn
rnПосесивност
rnСкорпијата знае да биде многу посесивна кога станува збор за луѓето кои ѝ значат во животот, а како резултат на тоа ја губи довербата во нив. Им советуваме на сите Скорпии да веруваат во својот љубовен партнер, пријателите и семејството и да најдат начин да го потиснат овој аспект од нивниот карактер.rn
Деструктивност
rnПропаднатите љубовни врски и пријателства се штетни за секого, но никој друг не е толку свесен за секој аспект од сопствената психа, како што е Скорпијата. Самоанализата на Скорпијата, во овие ситуации, е нејзиниот најголем непријател. Таа може да се опседне со некоја ситуација, до тој степен да не може правилно да функционира во своето секојдневие. Единствен начин да преболи некоја личност, е да го замени очајот со гнев. Ако еднаш навредите, отфрлите или понижите Скорпија, најверојатно нема да добиете втора шанса.rn
Што ја инспирира?
rnДоколку сте Скорпија и се обидувате да сфатите што е тоа кое ве прави уникатни, тука ќе го најдете одговорот. Една од вашите најдобри карактеристики е способноста за целосна преобразба. Не само што умеете да го промените својот живот, туку можете длабински да ги смените и животите на другите луѓе. Запомнете што значи поимот трансформација: процес на коренита промена на некоја работа, при што не се губи суштината и шармот на истата. Способноста за трансформација на нештата, преставува посебна дарба на Скорпиите.rnrn
rnКога Скорпијата е заљубена…
rnДлабочината на карактерот на Скорпијата најмногу доаѓа до израз кога таа е среќно заљубена. Кога таа е во емотивно стабилна љубовна врска, најдобро ги изразува своите чувства, страст, енергичност и нежна природа. Ако сакате да имате „врска без обврска“ со Скорпија, подобро барајте друга личност, бидејќи нема да можете да ја поднесете интензивноста и длабочината во карактерот на Скорпијата. Овој знак никогаш нема да го заборави роденденот на својот партнер или некој битен датум. Нема никогаш да избегне да ги сподели емоциите со својот љубовник. Таа ќе ве напушти само доколку врската „завршила“ во некој сегмент.rn
rnВо семејните односи
rnНе постои работа која Скорпијата не би ја направила за членовите на нејзиното семејство. Тие можат да сметаат во секој момент на неа. Меѓутоа ако таа се почувствува тотално разочарано и предадено од некоја личност, макар да е дел од семејството, таа личност ќе биде мртва за неа. Колку и да звучи ова екстремистички, Скорпијата нема да омекне сè додека не чуе дека личноста искрено жали што ја повредила до тој степен.rn
Темелна на работното место
rnКога станува збор за анализа, истражување и прибирање на податоци, ниеден друг астролошки знак не е подобар од Скорпијата. Скорпијата умее да ги разреши најсложените проблеми во компанијата. Таа е амбициозна и посветена на нејзината работа и е способна да работи повеќе од 12 часа, ако тоа е потребно. Меѓу другото, Скорпијата е прав генијалец кога станува збор за пари. Понекогаш можеби делува малку молчалива и воздржана, меѓутоа ниеден друг знак не може подобро да се справи со кризи од Скорпијата.rn
Идеални професии за Скорпија
rnСé што вклучува длабока анализа, истражување, проучување или разрешување мистерии… Би биле одлични детективи, научници, аналитичари на пазарот, хирурзи, полицајци, членови на војската, политичари, адвокати, психолози или сопственици на бизнис.rnrn
rn- rn011
- Омилени бои: црвена, костенлива, виолетова и црна
- Животно мото: „Она што е скриено е поинтересно од она што е очигледно.“
- Скорпиите најмногу си одговараат со: Јарец, Риби, Рак и Девица.
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и скорпија – љубовна комбинација
Кога вага и скорпија се во љубовна врска, тие создаваат длабоко емоционална поврзана унија, од која двата партнери се задоволни. Скорпијата има тенденција честопати да се навраќа во мислите и да се присетува на грешките од минатото, што ѝ создава нестабилност и конфузија во главата. Вродениот талент на вагата да внесува хармонија и баланс во сé, ја смирува и усреќува скорпијата во многу ситуации. Скорпијата може да ѝ ја возврати услугата на вагата со нејзината моќ за концентрација, карактеристика која ѝ овозможува да ги насочи мислите кон реализирање на една цел во едно време. Бидејќи на вагата ѝ недостасува решителност, скорпијата ќе ја подбуцнува да биде побрза и поефикасна во реализацијата на идеите.
Овие два хороскопски знака се многу компатибилни поради нивните слични потреби и очекувања од љубовните врски. Вагата е најсреќна кога е во урамнотежена врска, во која се чувствува удобно и емотивно поврзано со партнерот. Скорпијата „цвета“ кога е во врска базирана на емотивна блискост и сексуална интима. Нивната комбинација од силни емоции и интелект, го прават ова дуо импресивно.rnrnСкорпијата е потрпеливиот партнер во оваа врска, но за разлика од вагата, таа повеќе настојува да ги контролира работите. Без оглед на разликите во карактерите, интересно е тоа дека и двата знака сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите кои им се пружаат во животот. Затоа оваа врска не може да биде досадна. И вагата и скорпијата се големи шармери и наоѓаат големо задоволство флертувајќи еден со друг.rnrnОвие два знака имаат различен стил на однесување. Скорпијата е таинствена, затворена и длабока личност, додека вагата е отворена и искрена, што значи дека партнерите понекогаш ќе мора да обрнат големо внимание на нивната комуникација.rnrnВагата е предводена од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а Скорпијата од Марс, што е симбол на нејзината страст и Плутон што ја означува нејзината моќ. Потребата на вагата за љубов, убавина и баланс, ги избиструва чувствата и мислите на скорпијата, кои често се многу заплеткани и сложени.rnrnВлијанието на Марс врз скорпијата ветува активна и возбудлива врска. Исто така, обата знака не сакаат расправии, но од различна потреба. Скорпијата избегнува кавга, затоа што планира подоцна дискретно да се освети, додека вагата се згрозува од помислата да се кара, па затоа ќе направи сé што е во нејзина моќ да го спречи тоа, вклучувајќи нејзино повлекување и барање примирје. Во овој пар перфектно се измешани интелектот и емоциите. Истовременото користење на главата и срцето, му овозможува на ова љубовно партнерство да се справи со секаков предизвик и да ја одгатне секоја загатка. Сето ова е можно, само доколку знаците работат заедно, а не еден против друг.rnrnСкорпијата е мајстор во стратегиско размислување и може да ѝ помогне на расеаната и неодлучна вага да се фокусира на битните работи. Но, преголемата емотивност на скорпијата, може понекогаш да ја обесхрабри и исцрпи вагата. Од друга страна, вагата понекогаш може да ја збуни и повреди скорпијата. Дипломатската страна на вагата може најмногу да помогне во ваквите ситуации.rnrnВагата секогаш сака да експериментира: да отиде со нејзината љубов на состанок во поинаков ресторан, да посети некоја галерија или да отиде на патување на ново место, но скорпијата е таа која ја донесува крајната одлука за реализација на идеите. Овие два знака ги имаат потребните карактеристики да постанат пар во кој меѓусебната лојалност и посветеност е на прво место, бидејќи истите се многу битни за секој од нив.rnrnНајдобриот аспект во оваа љубовна врска е моќта која ја создаваат во нивната унија. Како пар, овие два знака можат да создадат многу работи и на љубовен и на финансиски план. И вагата и скорпијата се победници, кои не се откажуваат од своите замисли.