Она што ја одржува љубовната врска помеѓу скорпија и девица е кармата која што ја создаваат овие партнери кога се во заедница. Тие се многу лојални еден кон друг и длабоко се поврзани на емотивен план. Во принцип, овој пар преферира да стои настрана од гужви. Тие не се многу склони кон журкање и играње. Но кога се сами, тие можат да оформат хармонична унија која психички и емоционално ги исполнува.
Тие функционираат одлично и како бизнис тим. Девицата сака да наредува, а скорпијата да се чувствува моќно. И на двата знака им е важно богатството, вклучувајќи имот и средства за подобар живот. Овој пар е омилен кај нивното друштво, бидејќи тие во секој момент се спремни да подадат рака на секој свој близок пријател.rnrnНо и во овој пар постојат одредени недоразбирања. Девицата понекогаш знае да биде повлечена, а скорпијата да биде нејасна. Како резултат на нивната нееднаквост, двата партнери можат да научат многу еден од друг, ако се согласат „да се сретнат на половина пат“. Девицата е предводена од планетата Меркур, а скорпијата од Марс и Плутон. Помеѓу овие два знака постои специфична сексуална енергија, поради влијанието од планетата Плутон. Тие го формираат темелот на сите љубовни врски – Меркур ја збогатува нивната комуникација, а Марс ја разгорува страста.rnrnВо оваа врска, девицата е свесниот ум, а скорпијата ја создава романтиката и страста. Скорпијата е жестока, немирна, остра, интензивна и длабока личност, а девицата ја привлекува токму таа нејзина енергија. На скорпијата која е практично неразделива од својот партнер ѝ е потребна лојалност од страна на девицата. Скорпијата е длабока како океан и премногу „бранови“ можат да предизвикаат јака бура. Таа вообичаено ги крие своите емоции како во школка, но кога притисокот ќе стане премногу голем таа може одненадеж да експлодира.rnrnЗаедничката потреба на скорпијата и девицата за емотивна сигурност ги охрабрува да бидат екстремно лојални еден спрема друг. Но додека девицата знае да биде премногу површна, скорпијата се обидува да навлезе во суштината на работите. Таа може да ѝ покаже на девицата како да научи да гледа под површината на работите, а девицата е доволно внимателна за да ја улови поентата на разговорот. За возврат, девицата може да ја соочи скорпијата за реалните факти. Овие партнери понекогаш знаат да бидат многу буквалисти, поради што можат да го пропуштат соочувањето со вистинските вредности.rnrnСкорпијата ја цени практичноста на девицата, а девицата ужива во преданоста на скорпијата, бидејќи тоа ѝ покажува дека е љубена и ценета. Кога овие партнери имаат заедничка цел ништо не може да застане на нивниот љубовен пат. Кога недоразбирањата застануваат помеѓу нив, поволно е тоа што девицата е доволно прилагодлива и се повлекува еден чекор назад за да го избегне можниот конфликт. За разлика од неа, скорпијата сака да биде по нејзино како резултат на нејзината тврдоглавост.rnrnЗа овие партнери е клучно да дискутираат за она што им е навистина важно, за и двајцата да имаат еднаква улога во врската. Во оваа врска конфликтите се избегнуваат, бидејќи овие два хороскопски знаци попрво би избрале да функционираат, отколку да се караат. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на партнерите да ги спроведат во дело нивните заеднички цели. Посветеноста, приврзаноста и организираноста на овие партнери, ја прават оваа врска хармонична.
Category: Девица
-

Скорпија и девица – љубовна комбинација
-

Вага и девица – љубовна комбинација
Кога вага и девица стапуваат во љубовна врска, тоа доаѓа како спојување на две парчиња од сложувалка. Двете парчиња перфектно се совпаѓаат и комотно си го наоѓаат своето место. Двата знака се препознатливи по тоа што бараат сигурност во една врска и сакаат да споделуваат љубов, убавина и култура.rnrn
rnrnПрактичноста и задоволството се многу важни за двата знака, па така тие се надополнуваат еден со друг на многу начини. Девицата многу ги почитува шармот и дипломатскиот карактер на вагата, додека таа знае како да ги „израмни“ работите кога девицата не го добива тоа што го сака. Вагата ги цени љубовта и мирот кои ги нуди девицата, но и материјалните награди кои доаѓаат со нејзе. Исто така, овие два знака се спремни и секогаш целат да ги согледаат и двете страни на случувањето, па така тие заедно можат да донесат одлука само после согледувањето на сите факти. Доколку вагата е иницијаторот во врската, тогаш девицата е онаа која знае да ги води започнатите работи до крај.rnrnВагата и девицата ценат површни задоволства и често сакаат да собираат кинески и коскени предмети, уметнички дела и фотографии. Исто така уживаат да посетуваат театарски претстави, но и какви било други настани од уметнички карактер.rnrnПланетата Меркур ја предводи девицата, додека вагата е под влијание на Венера. Бидејќи девицата е одличен комуникатор, аналитичар и мислител, овие партнери уживаат во долги и искрени разговори. Заедно, тие носат радости и убавина на светот околу нив. Вагата сака да теоретизира за многу различни работи, додека девицата е повеќе прагматична. Девицата секогаш се запрашува „Како ова ќе ми помогне да си ги постигнам моите животни цели?“, додека вагата се фокусира на она што нејзе ѝ се случува, без разлика колку е важно тоа.rnrnОваа врска на почетокот може да биде малку полабаво поставена, додека двајцата партнери не научат да се почитуваат повеќе. Понекогаш се случува да настанат и некои недоразбирања. Конфликтите најчесто започнуваат кога девицата станува премногу критична и кога вагата ја започнува својата игра на манипулација. Во таквите ситуации и двата партнери треба да сфатат дека нивните гледишта кон светот се различни и треба малку да ги „оладат“ работите.rnrnВо оваа врска, вагата на некој начин „ги држи конците“. Девицата знае да биде безгрижна и задоволна, па така вагата без да ја премине границата умее да се наметне како доминантна. Понекогаш неодлучноста на вагата може да ја иритира девицата, но вагата многу лукаво знае да ги согледа сите страни на проблемот и лесно да се сложи со нејзините одлуки и гледишта.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е сличниот вкус и заедничките интереси на вагата и девицата, кои создаваат баланс и хармонија во врската. -

Каква девојка бараат машките родени во знакот Девица?
Доколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот Девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава.rn
Облечете се за успех
rn
rnrnДоколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот на девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава. Дефинитивно нема да му го привлечете вниманието ако ја зачешлате косата со прсти и ако сте облечени во вашите најудобни тренерки кога ќе го сретнете. Машките девици се во потрага по партнерка со стил, која посветува доста време за разубавување и нега. Тоа значи дека за да го освоите неговиот поглед, треба секогаш да изгледате уредно и чисто и да носите облека во која ќе изгледате привлечно како него. Мажите родени во овој знак бараат сопатничка која совршено ќе им прилега.rnИмајте добри манири
rn
rnrnМомците родени во овој знак не сакаат жени кои сакаат да прават спектакл од себеси во јавност. Ако учтивоста и пристојноста не е ваш стил на однесување, не се ни обидувајте да освоите некоја девица. Тој сака партнерка со која ќе може да се гордее во секој момент. Ако сте премногу гласни, кажувате безобразни шеги и звучно ја сркате супата, дефинитивно ќе ги надминете неговите граници на толеранција.rnИскреноста е одлучувачка
rn
rnrnСтвар која машката девица нема да ја толерира е лага или прикривање на вистината. Тој сака да се чувствува сосема безбедно во врската пред да реши целосно да се предаде на чувствата. Ако дознае дека му кажувате ситни лаги или прескокнувате да му кажете значајни работи, најверојатно ќе си отиде од вашиот живот уште пред да сфатите дека сте го разочарале. Девојки, има само уште една работа на која треба да внимавате ако сакате да изградите убав однос со момче родено во знакот на девица – ако искрено му кажувате што мислите или чувствувате за него, внимателно одберете ги зборовите. Девиците се прилично критични спрема другите луѓе, но кога станува збор за нив, тешко прифаќаат критика од кој било вид.rnПокажете му дека сте заинтересирани
rn
rnrnИако машките девици во принцип знаат какви се нивните очекувања од својата партнерка, сепак тие сакаат да одат пополека. Ова е резултат на нивниот страв од одбивање. Затоа, ако тој дискретно се обидува да започне разговор со вас, сфатете го како знак дека е заинтересиран. Нема да згрешите ако го поканите на вечера, но немојте да се противите ако тој инсистира да плати за истата.rnПокажете му дека ви е потребен
rn
rnrnМашките девици прекрасно се грижат за своите љубени и тие уживаат во таа улога. Немојте да создавате вештачки ситуации во кои ќе очекувате дека тој ќе биде вашиот супермен кој ќе дојде да ве спаси, но слободно побарајте од него совет кога ви е потребен и искажете ја вашата благодарност за работите кои тој ги прави за вас. Охрабрувањето и позитивната критика се како балсам за неговата душа и неговата затскриена потреба да се чувствува прифатено.rnЗаведувајте го постепено
rn
rnrnДа ја претворите вашата кратка романса со машка девица во сериозна љубовна врска е навистина тешка задача. Тој ќе се колеба дали да го направи првиот чекор или не, бидејќи не сака да избрзува. Ако тој навистина ви значи и сакате да го задржите, пронајдете начин да му покажете дека го посакувате, без да бидете премногу директни. Ако успешно сте му покажале дека ви е навистина битен во животот и ако се чувствува сигурно покрај вас, сте на половина пат до освојување на неговото срце. Милувајте го и бидете покрај него извесен период и бидете сигурни дека тој ќе ви ги возврати чувствата.rnКако да го задржите во вашите прегратки засекогаш?
rn
rnrnНема да натерате машка девица да ве запроси ако го убедувате и притискате да го стори тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите е постојано да му покажувате дека ви значи, дека секогаш ќе се грижите за него и безрезервно го почитувате. Машките девици се вистински кавалери, така што ако му докажете дека вие навистина вредите и сте вистинската жена за него, тој ќе сака да го помине остатокот од животот со вас во брачна заедница. -

Какви се женските девици под површината?
Припадничките на понежниот пол кои се родени во знакот девица се трудољубиви, исклучително вредни и услужливи личности. Тие се секогаш желни да им прават услуги и да им помагаат на членовите на семејството, пријателите, соседите.rnrnИнтересен податок за женските девици е дека тие сакаат мали животинчиња, па немојте да се изненадите доколку тие чуваат две малечки мачиња или кучиња мали по раст.rn

rnДобра линија rnrnОвие мили девојки внимаваат каква храна консумираат, бидејќи девиците обично многу пазат на своето здравје. Тие често се изложуваат на здрави режими на исхрана, нискокалорична органска храна и зеленчуци.rn

rnИнтерес за медицина rnrnМожеби некои од вас би се изненадиле од овој податок, но типично за женските девици е да имаат огромен интерес за медицината. Како резултат на нивната перфекционистичка природа, тие умеат да научат како со примена на медицината може да се спасуваат човечки животи, па затоа не е необично нивната професионална определба да биде токму во некое поле од медицината.rn

rnТалентирани за пишување rnrnДевиците имаат одлично око за фаќање детали. Кај многу девици, токму таа нивна особина им овозможува да станат фантастични писателки. Тоа не значи дека сите родени во овој знак ќе станат мега популарни новелисти, но повеќето од нив се талентирани за да бидат добри новинари, да создаваат јаки проекти или да водат убав личен дневник.rn

rnЉубители на читањето rnrnЗаедно со талентот за добро пишување, девиците обожуваат и да читаат. Затоа, немојте да се изненадите ако ја видите вашата љубена девојка, како зјапа со саати во некоја дебела книга.rn

rnТивки и замислени rnrnЖенските девици постојано размислуваат. Си ги повторуваат во глава разговорите кои ги воделе со другите луѓе и на тој начин одлучуваат што да прават понатаму. Поради таа нивна карактеристика, тие често делуваат „отсутно“ и замислено.rn

rnПостојано во акција rnrnКако резултат на влијанието на Меркур, жените девици се постојано активни, зафатени со некоја работа. Нив не можете да ги начекате како седат и не прават ништо. Напротив, овие девојки постојано трчаат од едно на друго место..rn

rnВредни rnrnНе е невообичаено да видите женска девица како порано пристигнува на работа или останува после работното време за да доработи сé што не успеала. Тие обожуваат да работат и наоѓаат големо задоволство во продуктивно поминатите денови.rn

rn
-

Астролошки профил на родените во знакот девица
(23 август – 22 септември)rnrn
Девица е единствениот хороскопски знак чиј симбол е жената. По природа девиците се најчесто срамежливи, наивни, конзервативни и воздржани луѓе, кои уживаат во состојбата статус кво.rnrnДевиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација. Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.rnrnПерфекционисти
rnДевиците постојано се во потрага по совршенство и живеат уреден живот. Тие не сакаат да гледаат расфрлани алишта, немиени садови или предмети кои не се на своето место. Нередот тотално „ги вади од колосек“ што некогаш буквално мораат да застанат за момент за да земат здив. Ако ви значи некоја личност родена во овој знак, подобро немојте да им создавате неред.rn.rn
Вечно загрижени
rn
Девиците се грижат буквално за се. Загрижени се ако некаде задоцнат, ако им загорел оброкот или за сѐ што можеби заборавиле да купат од маркет. Родените во знакот девица се грижат буквално за секој детаљ од нивниот живот, без разлика дали тој е битен или небитен.

rnrn
Односи со семејството и пријателите
rnДевиците се шармантни, достоинствени и позитивни личности кои убаво се согласуваат со другите луѓе. Тие се добри другари, но им е потребно повеќе време за зближување. Кога еднаш ќе се отворат, веднаш ја добиваат почитта, лојалноста и посветеноста од своите пријатели.rnrnНегативна особина им е нивното вмешување во туѓите проблеми. Пријателите и членовите на семејството може да се почувствуваат како девицата да сака да им го контролира животот. Но оние кои вистински ги познаваат, набрзо сфаќаат дека девицата сака да ги анализира луѓето, со цел да им помогне да си ги решат проблемите.rn.rn
На љубовен план
rn
Девиците се најчесто привлечни луѓе, но тие не се баш свесни за својата сексапилност. И кога станува збор за љубовта, тие размислуваат логично и сакаат да опипаат дали вреди да се трудат околу некоја врска, пред да им се препуштат на чувствата. Лесно е да се вљубите во некоја девица поради нејзината рамнодушна и кул појава. Да убедите девица дека вие сте вистинскиот избор за неа е навистина успех, бидејќи родените во овој знак се во вечна потрага по совршен партнер. Само доколку успеат да сфатат дека љубовта е несовршена категорија, девиците ќе ја пронајдат својата среќа.
Тие сакаат испланирани состаноци – ништо да не е спонтано. Срамежливи се и се секираат што ќе се случи на љубовниот состанок или за што ќе се прави муабет. Додека врската се уште не е сериозна, тие не сакаат да им поставувате премногу прашања.rn.rnrn
Женските девици во љубовта
rnПрипадничките на понежниот пол, кои се родени во знакот девица се тивки и резервирани и кај мажите оставаат впечаток дека глумат недостижни, но тие всушност само си даваат повеќе време за да ги анализираат и сумираат фактите и чувствата, пред да се впуштат во нешто сериозно. На тој начин, тие спречуваат да бидат повредени. Ако решат да бидат во сериозна врска, тие се лојални и посветени на својот партнер. Женските припаднички родени во знакот девица се вистинскиот љубовен избор за оние мажи на кои им се допаѓаат старомодни девојки кои сакаат да „одат пополека“.rn.rn
Машките девици во љубовта
rn
Мажите родени во знакот девица изгледаат студено однадвор, но во суштина се многу добродушни. Ним им е потребна партнерка со многу трпение, која сака да живее предвидлив живот и ќе има желба да почека додека девицата да одлучи дека е „време да се врзе“. Машките девици не се многу романтични луѓе, но затоа пак се многу искрени, наклонети и лојални кон својот партнер. Тие се совршен избор за оние девојки кои сакаат стабилна и цврста врска, со верен партнер.

rnrn
Донесувањето одлуки
rnНекои луѓе мислат дека девиците се неодлучни или дека не умеат да донесуваат одлуки, но тие всушност сакаат убаво да ги „измерат“ работите пред да го направат изборот. Тие се одлични во решавањето проблеми, бидејќи ги одвојуваат сите елементи од конкретната ситуација, ги анализираат секој засебно и потоа повторно ги спојуваат, со цел да донесат вистинска одлука. Рационалното размислување на девиците, обично ги фрустрира другите луѓе.rn.rn
Домот и кариерата
rnДевиците се организирани во умот, но не се заинтересирани да го трошат своето време размислувајќи како да си го уредат домот. Најбитно им е да биде чисто, а другото може и да почека.rn
Во поглед на кариерата, девиците се одлични работници, бидејќи се многу трудољубиви и даваат се од себе за да го прошират своето знаење и да ги усовршат своите вештини.

rnrn
- rn011
- Најдобри работни позиции според карактерните особини на девиците се: научен истражувач, инспектор, полицаец, лингвист или сметководител.
- Омилени бои: преферираат сина, зелена и темно кафена боја, а избегнуваат светли и пастелни бои.
- Среќен ден од седмицата: среда
- Девиците најмногу си одговараат со: скорпија, јарец, бик, рак.
- Животно мото на девиците: да им помагаат на другите луѓе.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.