КАФЕ ПАУЗА

Category: Бик

  • Астролошки профил на родените во знакот бик

    Астролошки профил на родените во знакот бик

    (20 април – 20 мај)

    rnАстролошки профил на родените во знакот бикБикот има многу тврдоглава природа. Тој е физички силен и ментално брз. Перфекционист е кога станува збор за убавите нешта во животот. Има одличен вкус за облекување и речиси за сè друго. Тој исто така е способен и да заработи доволно пари за да си дозволи купување скапи работи. Луѓето родени во хороскопскиот знак бик, се многу нетрпеливи и почнуваат да мрморат и тапкаат со нозе, ако ги оставите во исчекување. Бикот ќе ви даде на знаење како точно се чувствува во врска со нешто. Ќе биде директен и дрзок доколку смета дека сте виновни за нешто или ќе ви ја појасни ситуацијата, ако ги немате сите факти на ум. Кога не се согласува со нечие мислење, тој отворено ја покажува својата лутина. Кога убаво ќе ве „изџвака“, тој ќе очекува од вас да имате обѕир за болката која сте му ја нанеле.rnrn

    Буржоаски живот

    rnВо суштина, биковите се стабилни, урамнотежени, конзервативни личности, чесни граѓани и љубители на мирот. Сакаат да ги поседуваат сите добри квалитети на буржоаскиот начин на живот. Бидејќи биковите имаат чувство за материјалните вредности, сакаат да поседуваат вредни работи и хорор им е да запаѓаат во долгови, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го одржат безбедното финансиско статус кво. Порано или подоцна, парите ќе дојдат во нивни раце. Бикот воопшто не е скржав, туку напротив, дарежлив е со парите, колку што е широк во срцето.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Одлучна и комуникативна особа

    rnНа прв впечаток, бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност. Но, кога ќе се зближите со него, ќе установите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози, туку активно партиципира во разговорите. Тој промислено ги прави своите чекори, но кога еднаш ќе се реши на нешто, невозможно е да го премислите. Доколку бикот е оставен сам на себе, тој се претвора во ведра, расположена и безгрижна личност.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Голем интелектуалец

    rnБикот има големи познавања за светот во којшто живее, мислите му се поврзани и знае убаво да се изразува. Неговиот мозок е како сунѓер, кој впива информации и факти и ги складира, сè до оној момент кога ќе може да ги употреби за да го импресионира градоначалникот на некое далечно местенце, за кое никој не чул, освен се разбира бикот. Тој не само што слушнал за тоа далечно место, туку умее да ги наведе сите статистички податоци поврзани со него, неговата економија, политика и меаните во кои ја служат најдобрата храна.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Гурман

    rnБикот е навистина голем обожавател на храната. Тој сака да ја проба секоја добра кујна и е многу незадоволен кога наместо со вкусен оброк, е послужен со храна од послаб квалитет. Нему не му пречи да потроши повеќе пари на обилно јадење за целата маса, сè додека неговите придружници се благодарни и ја ценат уметноста на храната. Како што и се очекува, бикот обожава да организира и да биде повикуван на ноќни забави, кои вклучуваат убава храна.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Почит кон уметноста

    rnБикот има страст и наклонетост кон уметноста и има голем мерак да научи доволно за неа. Најчесто, тој навистина може да препознае добро уметничко дело и ги познава техничките причини кои го докажуваат тоа. За повеќето бикови, музиката има посебна улога во нивниот живот, а претставниците на овој знак имаат тенденција да бидат одлични музичари. Тие сакаат и да пеат и да бидат слушнати од голема публика.rn

    Образован и одговорен кон себе

    rnБикот не сака да биде во близина на ниско интелигентни луѓе и има возвишено мислење за себеси кога отфрла од својот живот, некој кој не е доволно интересен или не е доволно образован. Од прво, може да помислите дека тој е само еден голем сноб, но кога добро ќе го запознаете, ќе сфатите дека неговото расудување е базирано на неговиот основен вредносен систем. Според тој систем, секоја индивидуа има одговорност да ја култивира својата интелигенција и смета дека оние луѓе кои не ги искористуваат приликите да научат нешто ново во животот или пак оние кои немаат волја да си ги создадат таквите прилики, треба да се срамат од себеси. Тој не верува во „жртви на околности“, бидејќи самиот тој ги користи сите ситуации од кои има некаква полза и не може да сфати зошто сите останати луѓе не би можеле да го направат истото.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Пасивна личност

    rnТипична карактерна особина на биковите е пасивноста. Можете да сметате на бикот секогаш кога ќе ви биде потребен, но никогаш не очекувајте тој прв да ви се јави. Но, доколку побарате нешто од него, па макар и совет, тој истовремено ќе знае што да направи и како да го направи. Грижење, паника и нервоза дефинитивно не се дел од карактерот на бикот. Во природата на бикот е да биде стабилна и константна личност. Одлуките ги донесува бавно, откако ќе ги земе предвид сите аспекти на ситуацијата. Биковите го сакаат домот во кој живеат и каква било промена во него ги вознемирува. На личност со хороскопски знак бик никогаш не кажувајте ѝ дека е тврдоглава – таа никогаш нема да поверува во тоа. Бикот за себе мисли дека е трпелив, а не своеглав.rn

    Ги бидува за водење бизнис

    rnБикот има тенденција да биде добар бизнисмен. Тој ја разбира идеологијата на бизнис стратегиите и знае како истите да ги имплементира за да родат успеси. Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конкуренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа. Ако работи во департманот за продажба, неговиот тим ќе биде најдобриот, најпаметниот и најпродуктивниот во целата индустрија. Насоките кои им ги дава на своите вработени, лесно влегуваат во нивната глава, па ќе им биде потребно многу кратко време за да почнат да го почитуваат и да веруваат во неговиот суд и здрава логика.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrn

    Лојални фер плеј играчи

    rnБикот ќе биде лојален другар и вработен, сè додека се чувствува почитуван и вреднуван од страна на другите луѓе. Тој е верен, дарежлив и внимателен со пријателите, но ретко се спријателува со некој надвор од неговиот социјален круг, на кој е безрезервно лојален. Однатре, биковите се нежни, добродушни, скромни, цврсти, мразат расправии и непријателски односи. Но, доколку бикот ги стави во прашање намерите на некој негов пријател или доколку неговите бизнис планови се критикувани од страна на шефот, тој ќе биде вистински повреден и ќе реагира бесно и гневно, при што изгледа како целосно да ја губи својата самоконтрола. Бикот нема импулсивна природа и никогаш не реагира без причина. Другите луѓе не ја очекуваат таквата реакција од бикот, но неговата лутина ќе помине толку брзо, уште пред останатите да сфатат што се случило. Подеднакво неочекувани се ситуациите во кои бикот прави смели шеги и лудо се забавува.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrn

    Романтичари во љубовта

    rnПредводен од Венера (планетата на љубовта), љубовта е многу значаен дел од животот на бикот. Тој знае да биде многу романтичен и умее да поттикне интерес кај спротивниот пол. Бикот го обожава предизвикот кој го поставува пред својот потенцијален љубовен партнер: неговото срце мора да биде прво освоено. Кога тоа ќе се случи, бикот ќе биде посветен, романтичен и лојален партнер, сè додека неговиот партнер е љубезен и покажува почит спрема него.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrnПовеќето бикови во љубовта имаат тенденција да ја играат „играта на чекање пред врзување“. За жал, голем број бикови си имаат почувствувано на нивната кожа, дека таквото однесување не оди баш во нивна полза. Тие треба да се изборат со тоа, на начин што ќе прават бебешки чекори кои водат кон акција. Побарајте го телефонскиот број на симпатијата, пратете му/ѝ имејл порака, направете нешто, што било!rn

    Љубоморен љубовен партнер

    rnЉубомората може да биде сериозен проблем за бикот. Мажите и жените родени во овој хороскопски знак, сè околу себе вреднуваат според принципот „јас имам“, а во тоа може да биде вклучен и нивниот партнер. Бикот мора да сфати дека неговиот партнер е само едно човечко суштество, кое заслужува да биде третирано достоинствено и со почит.rn

    Тврдоглавоста е љубовна кочница

    rnКога ќе ја пронајде љубовта на својот живот, бикот треба да научи да ја контролира неговата тврдоглавост за да не ја уништи врската. Тој мора да ја сфати уметноста на компромисот и да научи да поставува прашања, а не само да ги изнесува неговите констатации. Само на тој начин, бикот ќе може да ја одржи неговата врска среќна и долготрајна.rn

    Негативна карактеристика: критичност

    rnrnЕдна од најнегативните карактеристики на биковите е нивната тенденција кон прекумерно критикување, кое може да звучи многу сурово и злонамерно на моменти. Биковите со поизграден карактер, умеат да научат како да ја потиснат оваа нивна природна тенденција кон критицизам и да ја канализираат кон нешто попозитивно, како на пример во некоја професија која бара критичко размислување. Бикот не е баш свесен за тоа како звучи неговото оценување на постапките на некоја личност, особено на неговиот љубовен партнер. Благоразумен љубовен партнер може на нежен начин да му помогне да порасне и да сфати дека неговите критики се премногу груби. Бикот има многу нежно его, на кое му треба често негување.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrn

    Цврсти и успешни личности

    rnБикот поседува една неверојатна карактеристика, која му овозможува да може да поднесе физичка и психичка болка, со години, без ниеднаш да се пожали. Колку повеќе проблеми наидуваат во неговиот живот, толку поцврст станува. Бикот има репутација на сериозен хороскопски знак, но сериозен не значи и досаден. Всушност припадниците на знакот бик, уживаат во градењето цврста, стабилна и долготрајна кариера. Една од најголемите дарби на бикот, е неговата способност да смисли инспиративна идеја и да ја трансформира во остварлив, конкретен план.rn

    Односот кон парите

    rnБиковите честопати ги бие лоша репутација во врска со нивниот однос кон парите, бидејќи на многу луѓе од страна им изгледа како биковите да се опседнати со нив. Вистината е дека тие не се опседнати со пари, туку сфаќаат дека им се потребни за да можат да си ги остварат нивните зацртани цели и соништа.rn

    Уживање во убавината

    rnБикот ужива во убавите работи во животот со сите свои сетила. Тој е многу сензитивно битие кое знае да го цени пресекувањето на првото парче од двокатната торта, ужива во прскањето на телото со скапи парфеми или колонски води и наоѓа задоволство во носењето елегантни ракавици од кашмир. Сè што изгледа добро, мириса убаво, вкусно е и совршено е на допир, бикот несомнено ќе го обожава.rnrnАстролошки профил на родените во знакот бикrnrnЉубовта кон убавината може да има и своја негативна страна, доколку бикот прекумерно се опушти. За бикот не е нетипично да потроши пари на нешто бесмислено, да му е лошо на стомакот од многу јадење вкусна храна или да „закачи“ 2-3 килограми вишок на себе. Поради тоа, тој мора да научи да биде умерен и урамнотежен во сè.rn

      rn011

    • Идеални професии за бик: музичар, креатор на парфеми, архитект, сметководител, моден дизајнер, графички уметник, манекен/сопственик на модна куќа, ботаничар…
    • rn011

    • Најкомпатибилни знаци: девица, јарец, рак, риби
    • rn011

    • Омилени бои: сина, зелена, темно жолта, окер
    • rn011

    • Животно мото на бикот: „Биди убав или оди си дома“, „Имам значи постојам“, Грижи се за своите сетила, а сето друго ќе си се погрижи само по себе.“
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овен и бик – љубовна комбинација

    Овен и бик – љубовна комбинација

    Врската сочинета од партнери со хороскопски знаци овен и бик, претставува една љубовна и страсна унија. Балансот е клучот за успех на овие партнери, бидејќи тие во суштина многу различно функционираат. Овенот сака веднаш да почне да „работи на случајот“ кога станува збор за неговите планови и цели, додека бикот преферира сè да работи пополека. Оваа разлика може да создаде проблем помеѓу нив. Бикот сака да му се додворувате, да се обидувате да го придобиете неговото внимание и да бидете романтични со него – постапки кои му се сосема непознати на непосредниот, директен, наметлив и несуптилен овен.Овен и бик – љубовна комбинацијаЉубовната врска меѓу овие двајца партнери, може да биде едно големо искуство за нив, од кое и двајцата можат навистина да научат. Бикот може да му помогне на овенот да научи да ги контролира неговите непромислени и нерационални импулси, а тој од своја страна, може да го научи бикот да биде поспонтан и да почне да размислува со поавантуристички дух.rnrnБикот е сензуален, трпелив и нежен, а овенот ги обожава овие негови карактеристики. Овенот својот љубовник со хороскопски знак бик, го доживува како карпесто цврста, сосема стабилна и вечно лојална личност. Бикот пак во овенот гледа квалитет кој тој посакува и самиот да го поседува – чувството да знаеш кога да ја „грабнеш“ можноста која ти ја пружа животот. Кога меѓу овие два астролошки знака постои љубов, тие со сигурност можат да креираат урамнотежена врска.rnrnОвенот може понекогаш да си поигрува со бикот, исмевајќи ја неговата мрзеливост и обидувајќи се да го натера да донесува избрзани одлуки, но бикот обично умее да го убеди овенот да го забави темпото.rnrnОвенот внесува возбуда во врската, а бикот безбедност и романтика. Кога на овенот ќе му „проработат хормоните“ и ќе посака инстантно да го добие задоволството во кревет, бикот може да му покаже колку секси и сензуално, може да биде бавното и смислено движење.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а бикот од Венера (љубов). Влијанијата на Венера и Марс добро се согласуваат, ширејќи истовремено мажествена и женствена енергија, а овие планети ги репрезентираат двете половини од една комплетна љубовна целина.rnrnНа овенот му е важно да има контрола врз сопствената судбина, а бикот сака да има безбеден и стабилен живот. Понекогаш бикот знае да постане посесивен, а тоа е нешто што независниот овен нема да го толерира. Ако овенот успее да го убеди бикот дека нивната врска е цврста и дека тој нема никогаш да го напушти, бикот ќе биде толерантен и флексибилен партнер и ќе му ја овозможи на овенот слободата и независноста која му е потребна.rnrnПоради тврдоглавоста и упорноста на бикот, овенот нема да може да поставува сопствени правила во оваа врска, без разлика колку и да се труди. Напротив, овенот ќе може да добие многу повеќе од својот партнер со шарм, тактичност и префинетост (особини кои бикот ги обожава), отколку со расправии, бидејќи бикот никогаш не ја губи битката во нив. Двата знака сакаат да бидат лидери во врската, така што компромисот е основен за нивната хармонија.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација овен – бик е страсната природа на нивната врска. Нивното партнерство претставува одличен баланс на силна, мажествена енергија и нежна, женствена нота; одличен склоп од импулсивност и промисленост. Нивните спротивставени карактери и способноста да научат еден од друг, ја прават оваа врска задоволувачка за двајцата партнери, кои имаат многу да си понудат еден на друг.

  • Риби и бик – љубовна комбинација

    Риби и бик – љубовна комбинација

    Љубовното партнерство сочинето од риби и бик, во главно е среќно и хармонично. Нивната врска има тенденција да биде базирана на добра карма и меѓусебна поддршка и разбирање. Додека рибата е импресионист, кој сака да идеализира и мечтае, бикот и поприземен и практичен.  И двата знака умеат да ја негуваат нивната врска и да ја одржуваат стабилна и балансирана.Риби и бик - љубовна комбинацијаБикот и рибите имаат многу нешта да си понудат еден на друг. Бикот благодарение на својот приземен пристап кон работите, може да и укаже на рибата на кој начин да ги претвори нејзините соништа во реалност, а таа за возврат ќе му понуди на бикот разбирање, нежност, љубезност и сочувственост– карактеристики кои бикот ги обожава и сака да бидат дел од неговиот љубовник. Одвреме-навреме бикот најверојатно нема да може да го разбере навидум едноставниот поглед кон животот на рибата. Во реалноста се разбира, рибите не се воопшто едноставен знак. Тој спаѓа во категоријата водни знаци, а водата симболизира длабоки емоции.rnrnБикот е предводен од Венера, планетата на љубовта, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Кога влијанијата на Венера и Нептун се соединуваат, создаваат една фантастична спиритуална конекција. И бикот и рибите, зрачат со нежна, женствена енергија, а во комбинација, тие формираат една идеалистичка врска која се граничи со божественоста. Јупитер додава мажествена енергија на оваа комбинација. Оваа планета репрезентира филозофија, развиток и неумереност.rnrnОвие два знака заеднички можат да ја креираат љубовта од бајките за која и двајцата отсекогаш сонувале. Тие во оваа врска може да се чувствуваат како Рајот да дошол на Земјата. Недостатокот на ова романтично љубовно гнездо се состои во тоа што, оваа опојна, фантазерска конекција може да се состои само од тоа – соништа, илузии, фантазии. Во секој случај, бикот и рибата се високо компатибилни знаци.rnrnБикот може да и помогне на рибата да ја стабилизира нејзината чувствителност, додека таа може да внесе малку „магија“ во практичниот начин на решавање на работите кој го има бикот. Но, партнерите сепак треба да бидат внимателни, бидејќи и премногу добро, не е добро. Бикот е секогаш подготвен, упорен, тврдоглав, практичен и фокусиран на една работа во еден момент, додека рибата го сака чувството на преминување од една на друга мисла, зависно од расположението. Бикот може да се умори од емоционалната нестабилност на рибата, а таа може да се почувствува како бикот да не е доволно емотивен кога станува збор за нејзините потреби. Крутоста на бикот, може да ја „убие“ флексибилноста која ја има рибата.rnrnДобрата работа е тоа што, генерално на овие два хороскопски знака им е лесно да пронајдат начин да ги надминат нивните разлики. Рибата може да го поучи бикот дека заедничкото размислување понекогаш може да донесе подобри резултати  (две глави мислат подобро од една), отколку едностраното, фиксно решавање на работите на неговиот еден и единствен начин.rnrnНајдобриот аспект на љубовната комбинација риби – бик е комплементарноста и хармоничноста на нивните различни емоционални природи. Тоа што и двата знака сметаат дека поддршката и посветеноста помеѓу партнерите треба да ги има секоја љубовна врска, е она што ќе ги одржи нив двајца на долг рок, во цврсто заедница.

  • Водолија и бик – љубовна комбинација

    Водолија и бик – љубовна комбинација

    Доколку љубовните партнери со хороскопски знаци водолија и бик научат како да ги координираат нивните напори, тие ќе можат да поместуваат цели планини. Практичниот и приземен бик, е тотална спротивност на невообичаената, несекојдневна карактерна природа на водолијата. Бикот одбива да направи промени кај себе, а водолијата е слободоумна и умее постепено да се менува и најмногу напредува од сите 12 хороскопски знаци.Водолија и бик – љубовна комбинацијаСе прашувате како можат овие два знака воопшто да се согласуваат? Можат, бидејќи тие имаат неколку заеднички интереси, но она што најмногу ги поврзува е нивната амбиција за успех. Тоа пак значи дека бикот и водолијата се подобри бизнис партнери, отколку љубовни партнери. Бидејќи овие два знака имаат тенденција да бидат многу тврдоглави и вообразени, мора да бидат внимателни да не влегуваат во расправии, особено поради нивната различна реакција во тензични ситуации. Кога бикот се вознемирува напаѓа токму како животното бик, а водолијата кога чувствува притисок, се повлекува настрана, обидувајќи се да создаде повеќе простор помеѓу неа и нејзиниот „тиранин“. Таквото однесување на водолијата пак, може да го предизвика бикот уште повеќе да збесне, што од своја страна ќе направи водолијата уште повеќе да се повлече и тоа така ќе тера до бесконечноста и назад. Бикот и водолијата сакаат секогаш работите да се одвиваат по нивна желба и да поминуваат со што помалку вознемиреност од чија било страна.rnrnМодерната, напредна водолија, може да смета дека бикот премногу живее во секојдневна рутина, карактеристика која на водолијата и е здодевна. Бикот може да смета дека водолијата е интересна личност, но после кратко време може да се исфрустрира од постојаното напрегање и обид да држи чекор со брзиот, креативен ум на водолијата.rnrnИ покрај нивните многубројни карактерни разлики, бикот и водолијата сепак имаат што да си понудат еден на друг во врската. Без разлика на тоа што водолијата долго време нема да сака да признае (дури ни пред себеси) дека го смета бикот за стабилна личност, која умее да и ја даде идеалната потпора, утеха и поддршка, а бикот после кратко време ќе сфати дека водолијата го стимулира и инспирира, сепак реалноста е таа.rnrnБикот е предводен од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а водолијата од планетите Сатурн (карма) и Уран (бунт). Венера создава нежна, женствена енергија, убавина, романтика и сензуални задоволства, кои се важни и привлечни за бикот. Сатурн во водолијата внесува цврстина и мажественост, додека Уран се однесува на сите чудни и невообичаени особини кои се дел од нејзиниот карактер. Влијанието на Сатурн ја предизвикува водолијата да се фокусира на напорна работа и дисциплина, кои ќе и овозможат да ги реализира нејзините цели, а Уран е „виновен“ за нејзиниот револуционерен начин на размислување.rnrnБикот може да и помогне на водолијата да сфати дека животот е базиран на емоции, кои треба да се негуваат со убави работи и разни задоволства. Водолијата може да му покаже на бикот како постојано да напредува и како да престане да се труди околу нешто што едноставно не функционира, што е многу битна лекција која бикот треба да ја научи.rnrnВодолијата својот фокус го става на постојано вложување во сопствениот интелект, додека бикот се фокусира на попрактични, реални ствари и сензуални задоволства. Секојдневна мисла на бикот е „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите цели?“, а  на водолијата „Што е следно?“. Овие партнери можат да имаат проблем да се разберат еден со друг ако бикот премногу и се приближи на водолијата или ако таа се однесува премногу студено и отсутно во врската. Но, ако двајцата се потрудат нивната врска да функционира, базирајќи ја на обострана љубов и почит, тие можат да успеат да ја разберат природата на другиот.rnrnБикот и водолијата се многу тврдоглави личности и во дискусии никогаш не сакаат да го променат нивното гледиште, кое веќе еднаш го оформиле. Но, истовремено нивната упорност и истрајност игра добра улога во нивниот љубовен живот: ако веруваат дека она што тие го имаат како пар е прекрасно, речиси ништо на светот нема да може да ги натера да ја раскинат врската. Ако врската е нежна, благотворна и корисна за двајцата партнери, таа ќе иде во добра насока. Но, ако еден или двајцата партнери ја попречуваат хармонијата во врската и одбиваат да си признаат дека е време да се стави крај на истата, тоа може сериозно да го отежни нивниот понатамошен индивидуален развој. Доколку партнерите сфатат дека попустливоста и флексибилноста се подобри особини од тврдоглавоста, нивната врска ќе може да се развива во позитивна смисла. Бидејќи бикот е попрактичен, најверојатно тој прв ќе попушта и ќе се повлекува еден чекор назад во нивните недоразбирања – ако смета дека таквата постапка е практична.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација водолија – бик е нивната незапирлива тимска моќ, која може да дојде до израз, ако партнерите еднаш успеат да ги надминат препреките на патот кон нивната среќа. Бикот и водолијата се многу силни личности, така што ниеден од нив не е доминантен во врската, без разлика колку и да се труди секој од нив да биде.

  • Јарец и бик – љубовна комбинација

    Јарец и бик – љубовна комбинација

    Љубовното партнерство сочинето од хороскопските знаци јарец и бик е разумно и практично. Заеднички карактеристики на овие два знака се нивната приземност и ефикасност. Бикот не сака да ризикува повеќе отколку што е потребно кога станува збор за емоционалните врски, а јарецот исто така е незаинтересиран за ризик, но кога станува збор за финансиите и кариерата. На јарецот успехот во кариерата му претставува едно од најбитните работи во животот. Тој настојува да се искачи на високо скалило на професионално поле и има тенденција да си поставува високи стандарди кои настојува да ги реализира. И бикот исто така си поставува високи стандарди во животот, но кога станува збор за поседување имот и предмети, како и во однос на љубовта и врските.Јарец и бик – љубовна комбинацијаЈарецот и бикот си ја почитуваат нивната посветеност и цврстата приврзаност еден кон друг, меѓусебната зависност и реалистичниот, дури и конзервативен поглед кон животот  (јарецот е поконзервативен од бикот). И покрај тоа, нивната врска може бргу да ја изгуби свежината. Проблемот се јавува како резултат на тоа што овие два знака во суштина се многу поразлични, отколку што тоа на прв поглед се забележува. На бикот може после кратко време, да почне да му смета конзервативноста и ограниченоста на јарецот. Од друга страна пак, јарецот може да смета дека бикот е многу мрзелив и дека не се грижи доволно за напредокот во кариерата и оформувањето висок статус во општеството.rnrnДоколку бикот успее да му помогне на јарецот малку да се релаксира и да го научи да ги цени плодовите на трудот и ако јарецот го мотивира бикот да ги оствари неговите цели и да ги претвори соништата во реалност, нивната врска ќе биде „мазна“, долготрајна и исполнета со многу среќа и љубов.rnrnБикот е предводен од планетата Венера која е симбол на љубовта, а јарецот е управуван од Сатурн – карма. Венера го прави бикот топол и женствен хороскопски знак, кој ги цени сензуалните задоволства, убавината на уметноста и естетиката на љубовта. Овие карактеристики го стимулираат бикот и ја зголемуваат неговата почит кон животот и љубовта. Сатурн од друга страна, внесува трудољубивост и дисциплинираност кај јарецот во насока на остварување на неговите цели.rnrnБикот може да го научи јарецот како да ужива во заслужениот одмор и како да ги цени убавината и комфорот. Јарецот пак, може да го научи бикот да биде подисциплиниран и да се бори до крај за она што го сака.rnrnОвие партнери сакаат да поседуваат и да бидат опкружени со убави материјални работи. Тие сакаат совршен, стилски и модерен дом, професионално дизајнирана облека, луксузни автомобили и скапи уметнички дела. Бидејќи и двата знака се многу трудољубиви и напорно работат, најверојатно во некоја точка од заедничкиот живот би успеале да си ги дозволат овие луксузи и нема да имаат проблем да се сретнат на половина пат кога станува збор за вкусот и изборот.rnrnКога биковите еднаш ќе донесат одлука, ништо на светот не може да ги премисли. Нивните  одлуки се цврсти и непроменливи. Јарецот оваа карактеристика на бикот не ја доживува како глупава или ограничувачка,  туку токму спротивното: цврстиот карактер на бикот му укажува на јарецот дека тој е сериозно посветен на нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација јарец – бик е тоа што овие знака делат многу слични вредности и заеднички се посветуваат кон реализација на слични животни цели и достигнувања. Двајцата уживаат во луксуз, убавина и богатство. Поради нивните заеднички интереси, овие партнери се високо компатибилни.

  • Стрелец и бик – љубовна комбинација

    Стрелец и бик – љубовна комбинација

    Љубовта помеѓу стрелец и бик може да биде неверојатно страсна и „жешка“, но овие партнери ќе мораат да си дадат себеси време за да ја разберат посебната енергија која се создава во нивната врска. Двајцата партнери можат да научат многу од нивната врска. Додека стрелецот „цвета“ во оние периоди од животот кога постојано запознава нови луѓе, посетува нови места, пробува различен тип храна и слично, бикот може да биде прилично задоволен и со рутинско секојдневие, сè додека истото му дава чувство на стабилност и сигурност.Стрелец и бик – љубовна комбинацијаНа почетокот на нивната врска, бикот може да бара повеќе приврзување и дефиниран однос отколку што стрелецот е спремен да даде, но ако бикот научи да биде трпелив, стрелецот дефинитивно ќе почне да го цени комфорот и стабилноста која неговиот партнер му ја пружа.rnrnОвие два знака имаат различни погледи кон животот. Бикот е сталожен, сериозен и практичен, кои карактеристики го неутрализираат неуморното однесување на стрелецот. На стрелецот може да не му се допаѓа честото млитаво, безживотно однесување на бикот и ќе се обидува да му ја забрза крвта во вените, што е негов доста паметен начин да го предизвика бавниот и непроменлив бик да се активира.rnrnБикот во суштина, има многу работи да му понуди на стрелецот во врската, кој можеби ќе има проблем да си ја признае себеси потребата за безбедна и стабилна љубов. Стрелецот за возврат, ќе внесе многу забава и авантуристички дух во секојдневието на бикот.rnrnБикот е управуван од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а стрелецот е предводен од планетата Јупитер која внесува среќа во стрелецот. Влијанието од Венера создава кај бикот љубов кон убавината, луксузот и сладострасни телесни задоволства. Јупитер пак создава оптимистички дух, филозофски начин на размислување и голема желба за патување кај стрелецот, кој е секогаш подготвен за учење нови работи со кои ќе го развие својот ум и интелигенција. Комбинацијата од убавина, развој, мажествена и женствена енергија е причината зошто овие два знака меѓусебно се обожаваат и почитуваат.rnrnНа стрелецот му е потребен простор за да може да живее во својот полн сјај, а бикот од друга страна е во потрага по стабилност. Стрелецот се потпира на своите чувства и инстинкти, кои го водат низ животот, додека бикот е практичар кој е загрижен за ефикасноста на работите. Овие нивни различни погледи кон животот можат да одат или во прилог на нивната врска, или да претставуваат причина за стресни расправии, доколку двата знака не успеат меѓусебно да се разберат и прифатат онакви какви што се. Сè додека и двајцта партнери се обидуваат да го уверат својот љубовник дека нивната врска е специјална и важна (на бикот особено му е потребен тој доказ), работите помеѓу нив ќе бидат „мазни“.rnrnБикот е тврдоглав. Кога тој еднаш ќе донесе некаква одлука или заклучок, потребен е многу голем напор за да го промените неговото мислење. Стрелецот има потреба од  разновидност во животот. Ако тој негов нагон за искусување нови работи, се претвори во желба за експериментирање со нови партнери, ќе мора да биде внимателен. Бикот не толерира неверство и доколку такво нешто се случи, тој ќе биде длабоко повреден и нивната врска најверојатно нема да успее. За да не се случи такво нешто, бикот пак од своја страна ќе мора да му ја даде неопходната слобода на стрелецот, да ужива во различните искуства и запознавањето нови луѓе, се разбира само на едно платонско ниво.rnrnБикот може да му ја покаже на стрелецот убавината во удобната и стабилна љубов, а стрелецот може да го научи бикот дека флексибилноста понекогаш е подобар избор отколку следењето крут, однапред определен правец на однесување. Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец – бик, е можноста на партнерите за откривање нови начини на доживување на светот околу нив, како резултат на нивните сосема различни карактери. Тие ќе имаат среќна и стабилна љубовна врска, ако научат да го прифатат својот партнер онаков каков што природата го создала.

  • Скорпија и бик – љубовна комбинација

    Скорпија и бик – љубовна комбинација

    Љубовната врска сочинета од партнери родени во знаците скорпија и бик е страсна, длабока и интензива, на позитивен или негативен начин. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што го прави нивниот однос специјален и комплексен. Овие партнери се како две половини кои формираат една целина, бидејќи секој од нив ги балансира недостатоците на другиот. Сексуалната привлечност помеѓу нив двајца е многу голема.Скорпија и бик - љубовна комбинацијаБикот и скорпијата имаат многу заеднички интереси, но поради нивните моќни карактери, може да се случи страсната љубов да се претвори во страсно несогласување. И двата знака имаат длабоки желби – бикот за богатство, а скорпијата за моќ. Обајцата се заинтересирани за создавање богатство и стекнување вештини и ги извршуваат своите работи со голема страст. Бикот е малку повеќе насочен кон себеси за разлика од скорпијата, која е секогаш заинтересирана за својот љубовник и за градењето семејство во иднина. Двајцата имаат голема, длабоко вкоренета потреба да се чувствуваат сигурно во врската, но нивниот фокус е различен. Скорпијата сака да се чувствува безбедно во врската, во смисла да биде сигурна дека во секој момент емоционалната поврзаност со нејзиниот партнер е цврста. Добрата ствар е дека и на бикот му е потребна таквата гаранција за да се чувствува спокојно и е желен да ѝ ја овозможи на својата скорпија.rnrnДодека бикот ја цени искреноста и отвореноста, а ја презира прељубата, скорпијата сака да биде мистериозна. Бикот е предводен од Венера (љубов и пари), а скорпијата од Марс (страст) и Плутон (моќ). Комбинацијата од влијанијата на планетите го прават ова љубовно партнерство многу длабоко, страсно и цврсто, во кое постои прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Скорпијата и бикот ја формираат основата која е потребна за сите љубовни врски – љубов и страст. Бикот ја цени убавината на романтиката, а скорпијата ја обожува страста на романтиката.rnrnСкорпијата го потиснува гневот во себе и често се чувствува напнато. Тоа ја прави неверојатно секси, а бикот како сензуален и неуморен љубовник, е привлечен од нејзиниот интензитет. Од друга страна скорпијата ужива во посветеноста и преданоста на бикот во врската. Чувствата на скорпијата се длабоки и разбранувани како океан. Кога таа е повредена од својот љубовник, тој подобро да се пази од нејзината отровна опашка, со која ќе го боцне без никакво предупредување.rnrnДобра вест е што овие два знака се многу лојални еден кон друг. Но, додека бикот е директен и го кажува она што го мисли, скорпијата е често таинствена и несфатлива за него. Како пар, бикот и скорпијата можат меѓусебно да се научат за спротивставените погледи кон светот – јасен наспроти комплексен. Друг фактор кој додава извонредна привлечност на оваа комбинација, е тенденцијата на двата знака да бидат прилично љубоморни. Бикот обожава кога скорпијата ја демонстрира нејзината љубомора, бидејќи тоа за него претставува знак дека таа го почитува и љуби. И скорпијата и бикот се прилично тврдоглави и откако еднаш ќе донесат некоја одлука – не се колебаат. Да се надеваме дека нивните умови ќе се согласат, бидејќи во спротивно тие ќе се борат за она што го сакаат како ниедни други два астролошки знака и никој од нив нема да попушти.rnrnБикот најчесто преовладува како доминантен партнер. Но тоа не е секогаш случај. Скорпијата на позаобиколен начин може да го „победи“ бикот, манипулирајќи ги неговите чувства, за да го добие тоа што го сака. Овие партнери мора да научат да дискутираат за нивните различни гледишта и да настојуваат да постигнат компромис, доколку сакаат долго да уживаат во нивното љубовно гнездо. Колку врската ќе издржи, во најголем дел зависи од способноста на скорпијата да научи да му верува на бикот. Нивната врска единствено нема да успее доколку тврдоглавите, самоуверени и драматични партнери не успеат да ги надминат нивните спротивставени ставови.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу скорпија и бик, е нивната блескаво моќна конекција, која двајцата партнери може да ги направи многу среќни, доколку успеат да најдат начин да ги надминат бариерите во нивната блискост. Кога скорпијата ќе сфати дека бикот е тука за неа на долги стази и нема да ѝ го направи животот мизерен – оваа врска ќе може да цвета.rnrn

  • Вага и бик – љубовна комбинација

    Вага и бик – љубовна комбинација

    Љубовната врска составена од партнери родени во знаците вага и бик е проследена со одлична карма при што тие се чувствуваат како две половини кои формираат една прекрасна целина. И покрај тоа што на почетокот на врската навидум може да изгледа дека партнерите не делат исти интереси, кога подобро ќе се запознаат ќе откријат дека имаат многу заеднички работи. И бикот и вагата споделуваат интерес за уметност, музика и театар, уживаат во естетиката, физичкото задоволство и се вистински експерти за додворување.Вага и бик - љубовна комбинацијаНа тврдоглавиот бик му се допаѓа нежноста на вагата, бидејќи кога тој ќе се налути зашто работите не излегле по негово, дипломатската вага умее да ги „измазни“ работите во името на мирот во врската. Од друга страна, вагата ужива во финансиската стабилност и луксузот кој бикот може да ѝ го овозможи. Двајцата можат многу да научат еден од друг. На тој начин, вагата може да му помогне на бикот да почне да ги гледа двете страни на ситуациите, а тој пак може да ѝ помогне да ја надмине непоправливата неодлучност. Овој пар може да ужива во големата љубов, страст, луксуз и убавина.

    rnКомбинацијата од нивните шармантни карактери можат да ја претворат во една хармонична романтична врска. Меѓутоа како и кај сите парови, така и кај нив можат да се појават проблеми, бидејќи и двата знака имаат тенденција да се однесуваат снобовски и мрзливо. Бикот во донесувањето одлуки секогаш се потпира на својата практичност, прашувајќи се „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“, а вагата од друга страна секогаш се потпира на своите интелектуални стимуланси, без разлика дали тие се практични или не. Конфликт во оваа љубовна врска може да настане доколку бикот стане премногу опсесивен, а вагата почне премногу да се дружи и да флертува. Понекогаш овие два знака едноставно не можат да застанат на иста бранова должина.rnrnАко сакаат нивната врска долго да трае, ќе мораат да научат да ги прифатат нивните разлики и поинакви гледишта кон животот. Бикот не знае да попушта, па затоа вагата ќе мора да ја прифати неговата тврдоглавост. Од друга страна, неодлучната вага може да го иритира директниот и упорен бик, кој секогаш е насочен кон остварување на замислената цел. Со нежно убедување сè е возможно, а не постои хороскопски знак понадарен со нежност, суптилност и шарм од вагата. Сè додека бикот се труди да избегнува да изјавува дека неговото гледиште кон работите е единствено и правилно, вагата ќе биде желна да ги прифати неговите одлуки. Најубавиот аспект од оваа љубовна врска е нивниот сличен „вкус“ за работите, кој е двигател на нивната меѓусебна почит и посветеност, како и  исполнетиот заеднички живот.rnrn