Во човечката природа е постојано да донесуваме заклучоци за другите луѓе без да знаеме сè за нив или без да ја знаеме причината за нивното однесување. Сигурно сте чуле повеќе пати дека не треба никому да му се суди, но сепак тоа е навика од која тешко е да се ослободите. Никогаш не треба им судиме на другите луѓе пред сè затоа што никогаш не можеме да ги знаеме сите детали, а и луѓето самите честопати кријат или додаваат одредени ситници кои немаат никаква врска со вистината. Оваа приказна ќе ве увери во тоа дека не треба никогаш да ги осудувате луѓето, за и тие да не ве осудуваат вас на истиот начин.rnrn
rnrnПостар човек влегол во воз со неговиот 25-годишен син и седнале на нивните седишта. Младиот човек седнал покрај прозорецот, а татко му до него. Само што возот тргнал, момчето ја извадило раката низ прозорецот за да го почувствува струењето на воздухот и возбудено викнало:rnrn„Тато, гледаш ли како сите дрвја одат наназад!“rnrnПостариот човек на тоа само се насмевнал. Покрај младиот човек седел еден брачен пар. Тие биле малку збунети од тоа што 25-годишен младич се однесува како мало дете. Одеднаш младиот човек повторно извикал воодушевено:rnrn„Тато, ги гледаш ли животните, езерото… Облаците патуваат заедно со возот!“rnrnСакајќи некако да помогне, брачниот пар го прашал постариот маж:rnrn„Зошто не го однесете синот во некоја клиника на консултација?“rnrnПостариот човек одговорил:rnrn„Само што излеговме од клиника. Денес мојот син за прв пат во животот прогледа.“
Трогателна приказна која ќе ве научи дека не треба да им судите на луѓето
