Топ 5 содржини за изминатата недела (14.3-20.3)

Топ 5 содржини за изминатата недела (14.3-20.3)

Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (14.3-20.3)

1. 7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

Најверојатно на секој од вас му се има случено да прими некоја шокантна СМС-порака, но уште полошо е ако вие сте испраќачот на некоја таква. Ситуациите со лошите пораки можат да бидат екстремно непријатни и да доведат до сериозни последици кои тешко се преболуваат. Овие седум ситуации ги издвоивме како најкритични, кога најбезбедно би било да не притиснете „send“ на планираната СМС-порака.
.

2. Куќата со небесна градина

Постои ли некој кој не би сакал да живее во градина, богата со прекрасна вегетација, која ги одмора очите и душата? Секако дека не постои. Но, колку и да ја сакаме природата, на сите ни е потребен покрив над глава, за да можеме да преживееме. Ќе се сложите ли со нас дека совршениот склоп на удобност, елеганција, луксуз и ефект на живеење во градина, е постигнат токму во оваа куќа?
.

3. Астрологијата и солзите

Дали ги гризете усните и се плашите да ги откриете емоциите пред семејството и најблиските во интензивните емоционални ситуации или јавно покажувате сè што чувствувате? Прочитајте кое однесување е типично за вашиот хороскопски знак во ваквите мигови.
.

4. Што значи да се биде човек?

За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите…
.

5. Како треба да се облекуваат слабите мажи

Облекувањето според формата на телото е една од вештините која мажите ја потценуваат и не се трудат да ја научат. Водечкиот принцип зад оваа вештина е да се истакнат добрите страни, а да се сокријат недостатоците. За слабите мажи, целта е да додадат малку длабочина на витката конструкција на телото и малку ширина која ќе помогне да не изгледаат како да пливаат во нивната облека, туку како возрасни мажи кои знаат како да се носат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар