Пријателството помеѓу различни животински видови е секогаш симпатично за набљудување. Овојпат, неверојатното пријателство помеѓу семејство орангутани со некои видри во белгиската зоолошка градина го привлече вниманието на Интернет и ги освои срцата на многумина.rnrn
rnrnОрангутаните и видрите за првпат се сретнале кога вработените во зоолошката градина „Паири Даиза“ во Бругелет ја отвориле патеката на видрите низ делот каде се сместени орангутаните. Па така се формирала здрава, магична врска меѓу двата вида.rnrnСимпатичните фотографии многу кажуваат, затоа продолжете да читате и подгответе се да се изненадите и да се појави широка насмевка на вашите лица. Следуваат информации добиени од Матие Гедефро, портпарол на зоолошката градина „Паири Даиза“.rn
Семејство орангутани посебно се поврзало со група видри во белгиската зоолошка градина
rnОва е тато Уијан кој има 24 години.rnrn
rnrnТој формирал особено силна поврзаност со видрите.rnrnТато Уијан кој има 24 години, мама Сари (15) и нивниот син Берани (кој штотуку наполнил 4 години) го сочиниваат семејството орангутани во зоолошката градина. На една од фотографиите, Берани игра криенка со своите мали азиски пријатели видри.rnrn
rnrnМатие изјавил дека орангутаните и видрите главно играат брканица или криенка. Видрите се криеле под големи стебла на дрва или дрвени конструкции, тогаш Берани, бебето Орангутан, доаѓало да ги бара. Понекогаш, по некое време излегувале и го задевале. Навистина било неверојатно да се види како си играат.rnrnСпоред Матие, зоолошката градина вложувала многу во збогатување на нивните животински домови. Тоа не значело само на големината, туку и квалитетот на животот бил многу важен. Еден од начините на кој се правело тоа (покрај доставувањето храна, правење сложувалки, организирање мисловни игри, поставување на нови лулашки или нови дрва) било и доближување на животни кои можат да комуницираат едни со други во блиски или исти простории на кои им давале можност да се гледаат едни со други.rnrnНивните горила живеат заедно со мајмуни колуби, пингвините живеат со фоки, кенгурите го делат својот дом со пеликани, има верверички кои живеат со лилјаци, носорог со пеликани, жирафи со ноеви, азиски слонови со азиски газели, зебра со биволи итн.rnrnМатие потврдил дека зоолошката градина во моментов е затворена за јавноста сè додека не се дозволи повторно да се отвори. Во моментов и Белгија се соочува со блокада поради коронавирусот. Но, ова не ги запира секој ден да им пружаат најдобра нега на животните.rn
Ова е 4-годишниот Берани кој сака да игра со своите пријатели и е премногу симпатичен
rn
rnrnБерани е љубопитен мал орангутан и сака да си игра криенка.rnrnДва фактори биле многу важни за благосостојбата на животно кое е затворено: големината на неговиот затворен простор, но и квалитетот на неговото живеалиште. Тоа значи дека животните, уште повеќе кога орангутани се во прашање, со кои луѓето делат 97% од својата ДНК, мора да се забавуваат, ангажираат, предизвикуваат и исполнуваат ментално, емоционално и физички во секое време.rnrnМатие истакнал дека уште од 2017 година, кога орангутаните се преселиле од Германија во зоолошката градина „Пари Даиза“ видрите едноставно сакале да комуницираат со своите „големи крзнени пријатели“.rnrn
rnrnВоглавно, бебето Берани и тато Уијан развиле многу посебна приврзаност со соседите, споделил Матие. Доближувањето го направило животот на двата животински видови позабавен и поинтересен, што го направило експериментот многу успешен.rnrnНасадите со палми во Борнео и Суматра се закана за популацијата на орангутани кои се таму. Матие изјавил за CNN дека зоолошката градина „Паири Даиза“ собрала средства за да се засадат 11.000 дрва во Борнео за да се обнови шумата и да им се помогне на тамошните орангутани.rnrnЛуѓето обожуваат да гледаат фотографии на кој животните си играат заедно.rnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие 19 фотографии кои докажуваат дека и животните имаат чувства.

rnrnСаолата спаѓа во групата на цицачи и единствено може да се види во планинскиот предел Анами во Виетнам и Лаос. Според Светскиот фонд за животински свет, овој вид е откриен во 1992 година. Саолата е позната и како азиски еднорог, а се смета за критично загрозено животно кое ретко може да се види.rn
rnrnНајголемата џиновска лигња до која научниците имаат дојдено тежи речиси еден тон. Океанот е огромен свет, а џиновската лигња живее во неговите длабоки делови, поради што не може да се улови, па дури ни да се види. Повеќето сознанија за џиновските лигњи се резултат на мртвите трупови кои испливуваат на површината на океаните, кои ги пронаоѓаат рибарите.rn
rnrnИндри е голем лемур кој живее во Мадагаскар. Во заробеништво, ниеден лемур од овој вид не преживеал повеќе од една година. Истражувањата покажале дека индри лемурите јадат одредена храна во одреден период од денот, па затоа оваа нивна животна навика не може да биде заменета во заробеништво. Исто така, ако бидат оттргнати од природната средина, дивината, овие лемури не се репродуцираат од некоја непозната причина.rn
rnrnНајреткиот цицач на планетата е јаванскиот носорог и според Светскиот фонд за животински свет, ниту еден не е во заробеништво. Тие се срамежлив вид и навикнати се да живеат во бујната вегетација на тропските шуми, што е тешко да се создаде во вештачки услови. Има вкупно 63 носорози од овој вид и сите живеат во Националниот парк Ујунг Кулон, во Индонезија.rn
rnrnЖивотниот фокус на една ластовичка ѝ е да лета. Поради тоа, тие се премногу осетливи птици кои не можат да бидат во заробеништво.rn
rnrnМорскиот еднорог е карактеристичен по својот долг и тесен рог. Тоа е чудно животно кое лови во големи длабочини, па затоа не може да се фати.rn
rnrnВо текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, имало многу обиди да се фати и одгледува загрозениот вид планинска горила, се вели во извештаите на Меѓународната програма за зачувување на горили. Сѐ уште не е јасно зошто оваа горила не може да преживее во заробеништво, а другите видови можат. Експертите наведуваат дека причината може да е нивниот специфичен начин на исхрана или стресот што предизвикува многу брзо да се разболат.rn
rnrnРозовиот вилински оклопник е настанат во Аргентина и ретко може да се види дури и во дивината. Зоолошката градина во Сан Диего соопштила дека овој вид оклопник во зоолошка градина може да живее само неколку години. Поради тоа, за нив не се знае многу, но заробеништвото и промените во исхраната се покажале како значаен извор на стрес.rn
rnrnНекои аквариуми се обиделе да чуваат голема бела ајкула во заробеништво. Во 2016 година, во аквариум во Јапонија ајкула од овој вид умрела за само 3 дена, бидејќи одбивала да јаде. Исто така, оваа ајкула е позната по тоа што сака да „лута“ по длабочините.rn
rnrnНо, изгледа дека оваа зоолошка градина во Кина нашла интересен начин да ги доближи луѓето до дивиот свет, без притоа да затвора животни помеѓу решетки. Станува збор за зоолошката Лехе Леду, каде што дивите мачки и другите животни, како мечките, слободно шетаат во просторот, додека посетителите се движат во кафези. На овој начин, луѓето имаат можност да го видат дивиот свет одблизу, без да чувствуваат жал за животните кои се заробени во мали кафези, како што се случува во повеќето зоолошки ширум светот.rnrn
rn
rnrnСпоред Чен Ланг, сите посетители се предупредени да ги држат прстите и рацете во внатрешноста на кафезот, бидејќи гладниот тигар не би можел да направи разлика помеѓу нив и својот појадок. Имајќи го ова на ум, сепак концептот добил многу критики од оние кои сметаат дека е премногу опасно да се набљудуваат дивите животни од оваа близина. Некои дури и велат дека оваа необична атракција е „несреќа која чека да се случи“.rnrn
rnrnНо, и покрај сè, зоолошката градина изгледа секојдневно станува сè попопуларна, дури и покрај сите опасности. Всушност, откако била отворена, во 2015 година, сите билети се продаваат по 3 месеци однапред. Изгледа дека луѓето сепак преферираат да ги гледаат животните како слободно шетаат во нивната природна средина, отколку кога се затворени во кафези.rn
rnrnТие се во зоолошката уште од мали нозе, кога биле одземени од некој дилер на дрога кој се обидувал да ги дресира за сопствени потреби притоа малтретирајќи ги. Плашејќи се дека кога-тогаш ќе почнат да се борат меѓусебно, луѓето од зоолошката се обиделе да ги раздвојат и да ги стават во посебни живеалишта, но наишле на одговор кој не го очекувале. Трите животни покажувале јасни знаци дека не сакаат да живеат одвоено еден од друг. Решиле да ги остават заедно извесен период и да ја следат состојбата меѓу нив пред конечно да ги раздвојат, но тие веќе 12 години живеат во хармонија која сите ги изненадува. Доколку денеска ја посетите оваа зоолошка градина може да ги забележите Балу, Лео и Шир Кан како трчаат и си играат заедно наоколу, како се бркаат еден со друг, се забавуваат со топка или јадат заедно.rnrn
rnrn rnrn
Овие интересни фотоманипулации на различни животни се дело на графичкиот уметник од Барселона, 

















rnrn
Иако зоолошката е многу возбудена што има нов член, тие сега собираат пари за да можат да изградат живеалиште за малото поларно мече. Досега имаат собрано 14 милиони долари, а нивната цел е да стигнат до 18 милиони за изградба на живеалиштето.





rnrn
rnrnНа фотографиите можеме да забележиме дека сведоци на нивната љубов, се двете камили. :)rnrn
rnrnШто можеме да речеме друго освен: „
rnrn










rnrn
rnrnАлбинизмот е еден вид вродено хипопигментарно нарушување, кое се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигментот меланин во очите, кожата и косата. Тој се наследува преку рецесивни гени и досега е откриен кај цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите, птиците, рептилите и водоземните животни.rnrn





















Овој храбар Дедо Мраз, лично и без ниту една гребнатинка, им подари играчки, храна и млеко на суматранските тигри Баши и Сунита, кои живеат во зоолошка градина во Австралија. Внимателно избегнувајќи ги канџите на овој загрозен вид мачки, успева дури и да ги нахрани.
rn