КАФЕ ПАУЗА

Tag: змии

  • Поучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу вас

    Поучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу вас

    Една жена имала возрасен питон, змија која многу ја сакала. Оваа нејзина змија од 4 метри одеднаш едноставно престанала да јаде. По неколку недели поминати со неуспешни обиди да ја нахрани, нудејќи ѝ се што една змија би посакала да изеде, очајната жена решила да ја одведе на ветеринар.rnrnПоучна приказна: Научете да ги препознавате „змиите“ околу васrnrnВетеринарот ја сослушал целата приказната и мака на жената, а потоа ја прашал: Дали вашата змија спие со вас за време на ноќта, се замотува околу вас или се приближува многу близу, па се раширува по целата своја должина?“rnrnЖената се изненадила и со многу надеж одговорила: Да! Да! Тоа го прави секојдневно и многу ме растажува бидејќи знам дека бара нешто од мене, а јас не можам да ѝ помогнам да се почувствува подобро.rnrnВетеринарот со загрижен тон во гласот ѝ одговорил: Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Секој пат кога тој се припива до вас и ве ‘прегрнува’, мотајќи се околу вашето тело, тој ја мери вашата големина со цел да открие колку голем оброк сте и колкав треба тој да биде пред нападот. И да, не јаде со цел да има доволно место за вас откако ќе ве удави и проголта.“rnrnПоуката и пораката на оваа приказна е дека мора секогаш да ги препознавате „змиите“ околу вас и нивната вистинска намера. Само затоа што некој кој е во ваша близина често ве прегрнува и бакнува, не значи и дека неговите или нејзините намери се добри…

  • Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко

    Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко

    Во зависност од тоа кого ќе прашате, змиите се застрашувачки или прекрасни животни. Без разлика дали ги сакате или се плашите од нив, мора да признаете дека со ваков моден детаљ, изгледаат доста симпатично. Идејата произлегла од Шенон Хамер, артистка која работи со полимер глина. Таа им ги закачила шеширчињата и мустаќите на нејзините миленици, со путер од кикирики, а не со штетно лепило. Оттогаш овој тренд за дотерување змии, стана хит на интернет. Погледнете ги овие господа со шеширчиња и мустаќи и споделете го вашето мислење со нас. :)rnrnОва е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Соочување со најголемиот страв

    Соочување со најголемиот страв

    Кој е вашиот најголем страв? Сте се запрашале ли некогаш зошто се плашите токму од тоа во тој степен и дали сте преземале нешто за да го надминете?rnrnСоочување со најголемиот стравrnrnЛинда Харисон имала фобија од змии. Нејзиниот страв бил толку голем што дури и кога ќе видела змија на телевизија, морала да ги затвори очите или да излезе од просторијата за да избегне напад на паника.rn
    rn

    „Знам дека звучи патетично и ирационално, но дури и самата помисла на змии прави да треперам од страв.“

    rnТаа решила да се соочи со својот страв со помош на работилница каде што ќе треба да одржува одредени јога положби во соба полна со змии. Станува збор за час по „Kumara Serpent Healing“, кој е многу сличен на традиционалната јога, но на крај сите кои учествуваат имаат шанса да погалат змија. Овој курс се наоѓа во „Центарот за јога, медитација и многу повеќе од тоа“ во Лондон, Англија.rn
    rn

    „Часот беше многу напорен и се работеше многу брзо. Една јога положба, сигурно претпоставивте дека е наречена кобра, беше проследена со многу склекови. Но, болката која ја чувствував ми помогна да не размислувам на змиите во просторијата. Имаше и неколку чудни положби при кои се чувствував како идиот, но според инструкторката Квали Кумара, тие требаше да го трансформираат нашиот страв во љубов.“

    rnПо 2 напорни часови поминати во вежбање, целата група застанала во круг. Линда сè уште била преплашена од змиите и покрај изјавувањата на Квали Кумара дека се пријателски настроени.rn
    rn

    „Земав воздух длабоко, ја испружив раката и допрев една змија, кралски питон. Таа се завитка околу мојата рака и почна да се движи накај моето рамо. Успеав да издржам контакт со сите 17 змии во просторијата и со секоја од нив се чувствував сè посигурно и повеќе под контрола на ситуацијата.“

    rnМожеби ќе ви звучи чудно и невистинито, но по сè ова Линда успешно ја совладала својата фобија. Доколку и вие имате некаков страв или фобија која ви пречи во нормалното функционирање во текот на денот, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со нив:rnrnСоочување со најголемиот стравrn

      rn011

    • Дајте си слободно време. Одвлечете си го вниманието од стравот така што ќе излезете на воздух. Прошетајте 15 минути во најблискиот парк. Доколку не сте во можност да излезете направете си чај кој ќе ви помогне да се смирите. Никако не дозволувајте им на емоциите да преовладуваат со вас, бидејќи има големи шанси потоа да не можете да ги контролирате.
    • rn011

    • Размислете што би било најлошото нешто што може да се случи. Ако имате лист и пенкало во близина почнете да ги запишувате сите мисли кои ви поминуваат низ глава и потоа прочитајте ги. Дури и да ви се оствари најлошото сценарио, големи се шансите дека ќе останете живи. 🙂
    • rn011

    • Изложувајте се себеси на стравот. Ако се соочувате со него, тој ќе почне да бледнее бидејќи вашиот мозок ќе почне да сфаќа дека навистина не е толку страшно колку што сте мислеле претходно. Не мора одеднаш да се соочите целосно со стравот. Смислете си неколку помали предизвици кои ќе ги надминувате на дневна база.
    • rn011

    • Визуелизирајте. Кога ќе се почувствувате нервозно, затворете ги очите, замислете си мирно и безбедно место (плажа, вашиот кревет…) и дозволете им на позитивните чувства да ве смират.
    • rn011

    • Разговарајте отворено за вашите стравови. Споделете ги со најблиските и објаснете им детално кога се јавуваат тие и што е потребно да направите за да се смирите. Овие разговори многу често влијаат смирувачки на личноста и помагаат при полесно прифаќање на стравовите.
    • rn011

    • Наградете се себеси. При секое успешно соочување и надминување на вашите стравови дозволете си масажа, прошетка во природата или пак, направете си го вашето омилено кафе.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот (18+)

    11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот (18+)

    За да се релаксираат после секојдневните притисоци и тензии, некои луѓе одморот го зачинуваат со таканаречените супстанци за „ослободување“ на умот, кои во најголемиот број земји се забранети со закон. За да избегнат судир со законот, решението го гледаат во ексклузивен одмор на некоја од следните дестинации (18+ забранети супстанци):rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    1. Кава на островот Фиџи

    rnТрадиционалниот напиток на Фиџи е Кава. Се прави од растението кава-кава (метистинов пипер). Начинот на подготовка на овој пијалак е по малку одвратен. Млади момчиња и девојчиња со здрави заби, џвакаат парчиња од коренот на растението и ги плукаат во чинија или врз бамбусови лисја. Сето тоа го мешаат со вода. Подоцна врз ваквата мешавина се гази за да се исцеди водата. Под влијание на ензимите кои се наоѓаат во усната празнина, настапува ферментација, како резултат на која се добива напиток со боја на кафе со млеко. Ефектот од овој напиток е силен и потсетува на опивање со класичен алкохол.rnrnРечиси секој хотел на Фиџи на туристите им предлага да го погледнат целиот ритуал на подготовка на овој напиток. За вистинско уживање, тие советуваат посетата да биде индивидуална, а не во организирани тури, со цел кава-ритуалот да се доживее на вистински начин. Пиењето кава е всушност дел од ритуал, во кој спаѓа и танцувањето. Ако не сте расположени за танцување, после две-три чаши од напитокот верувајте ќе станете. :-)rnrnВнимание! Тој што веќе одлучил да седне во кругот на кава, враќање назад нема, сè додека не се испие и последната капка.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    2. Марихуана во Амстердам

    rnОвде „смајли“ цигарата може слободно да се нарача и спокојно да се испуши и тоа во ултрамодерна атмосфера, во специјални кафулиња или во некоја пријатна хотелска соба. Идеално место? New Dampkring coffeeshop. Или пак, можеби барате повеќе визуелни стимулации? Тогаш, вистинскиот избор е Green House Namaste.rnrnСепак, не можете да се расфрлате со марихуната. Дозволени се само мали количества за лична употреба и тоа на точно одредени места. Погрешно е мислењето на многу туристи дека во Холандија „тревата“ можат да ја конзумираат колку сакаат и каде било. Уште еден повод за внимание: пушењето на јавни места во Холандија е забрането од 2008 година. За непочитувачите, следуваат соодветни казни.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    3. Волшебните печурки на Девствените острови

    rnКој не ги пробал печурките, треба да знае дека после кул чувството доаѓа грозно чувство. Следуваат вртоглавици и нагони за повраќање. Но, туристите не треба да очекуваат дека со една печурка ќе гледаат „марсовци“. Халуцинациите се повеќе во вид на лебдење во воздух и дезориентација во времето.rnrnВо Тортола е легално да се конзумираат „волшебните“ печурки, но не и да се продаваат. Затоа во Bomba’s Surf Shack, тие се нудат во облик на чај. Традиционалната денс забава во ова кафуле е доста еуфорична, но ако ви дојде премногу, удрете еден ладен туш. Локалните жители толку многу свикнале на „издрогираните“ туристи, што воопшто и не ги забележуваат.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    4. Темаскал во Мексико

    rnУчесниците во овој древен централноамерикански ритуал лежат во круг околу оган. Шаманите прават пареа од билки како арника, камилица, алое и салвија. Целосна еуфорија од вдишувањето на пареата се постигнува после еден до три часа, на температура од над 30 степени Целзиусови.rnrnАко се заинтересирани, туристите сепак, на овој ритуал треба да се подложат во проверени центри, како што е на пример, Maya Spa Wellness Center. Има цели одморалишта и хотели специјализирани за темаскал, како луксузниот Zoëtry Paraiso de la Bonita. Ако пак, туристите бараат максимална автентичност, тогаш за нив е Posada del Tepozteco. Во благодетите на ова место уживале дури и холивудските актери Анџелина Џоли и Антонио Бандерас.rnrnПредупредување: ако не пиете вода, дехидратацијата е загарантирана. :-)rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    5. Кокаин во Боливија

    rnВо главните земји-производители на кокаин во Јужна Америка е забранета употребата на оваа дрога. Сепак, локалното население ги џвака лисјата на растението од кое се добива кокаинот, исто како што европејците го џвакаат тутунот. Ефектот не е како при користење кокаин, но чувството е пријатно и е еден од начините да се избегнат вртоглавиците од патувањето низ пресечените планински терени во Боливија.rnrnПретседателот на државата, Ево Моралес го заштитува правото на локалните жители да ги џвакаат лисјата од кокаин и да заработуваат од нив. Така Боливија успеала да ги избегне крвавите судири, кои се вообичаени во Колумбија. Во Ла Паз има цел музеј на кокаинот, во кој е претставена социјалната, економската и културната историја на ова национално растение. На брегот на езерото Титикака пак, туристите можат да џвакаат, сè додека имаат сила. :-)rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    6. Хашиш во Мароко

    rnВо Мароко, хашишот може да се најде во кое било време од годината. Мароканскиот „деликатес“ е надвор од законот, но сепак, му носи најмногу приходи на туризмот. Токму заради големите приходи, неговата употреба практично е декриминализирана, полицијата нема никаков интерес да ги апси туристите за поседување минимална доза за лична употреба.rnrnХашишот во Мароко се продава како Ролексите во Кина – насекаде. Локалните жители го нарекуваат киф и со него ги зачинуваaт лебот и слатките. Најинтересно е да се пуши со долго луле. Гратчето Шефшауен, кое се наоѓа близу Тангер е прогласено за главен град на хашишот. Па освен да се „напушите“, таму можете да уживате и во преубавата колоритна архитектура.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    7. Банг (Bhang) во Индија

    rnЗа време на годишниот фестивал на цвеќињата во март, Индијците си приготвуваат банг. Пупки и листови од марихуана се толчат и се варат со млеко, во кое се додаваат чисто масло и зачини. Банг се користи и за подготовка на слатки. Иако, марихуаната во Индија е забранета, сепак, властите затвораат очи за време на религиозниот фестивал.rnrnГратчето Барсана (помеѓу Делхи и Агра) е своевиден банг-шампион. Таму за време на фестивалот, дел од ритуалот е жените да ги бркаат мажите со стапчиња. Тој што ќе го фатат го тераат да танцува сè додека не ја изгуби свеста. Мажите пак, ги гаѓаат жените со боја. И сето тоа е зачинето со добра доза банг.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    8. Пејотл во Мексико

    rnОва растение има неверојатен психотропен ефект: 15 часа халуцинации и најмалку еден напад на повраќање. Многу од луѓето коишто пробале од ова растение ги опишуваат халуцинациите како средба со Бог и тврдат дека постигнале целосна хармонија со себе и со околината.rnrnКактусот Пејотл расте во реонот на некогашното рударско гратче Реал де Каторсе во Централно Мексико. Секој може да најде водич, кој може да го одведе во пустината за да бара пејотл. Сепак, иако потрошувачката е декриминализирана, собирањето на овие кактуси е забрането, освен за религиозни цели. Затоа е добро водичот да е човек, на кој може да му се верува, а и треба да знае како да го исече растението за да не го уништи. Пејотл е свето растение за Индијанците од племето Хуичол.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    9. Змиско вино во Виетнам

    rnКога животот ќе ти даде лимон, направи си лимонада. Во Виетнам животот нуди многу отровни кобри, па затоа Виетнамците си приготвуваат змиско вино.rnrnЖителите на северновиетнамското село Ле Мат се општо познати по вештините да ловат змии. На крајот на април и почетокот на мај, тие прават фестивал на змиското вино, кое се смета за силен афродизијак. Во Ле Мат сите ресторани сервираат змиско вино, како и ферментирана змиска крв, змиски ликери и оризова ракија со препарирана кобра во шишето. Од Velo Asia организираат цели „змиски“ тури, а и повеќето од останатите тур-оператори не би одбиле молба на турист да го посети Ле Мат.rnrnВнимание: змиското вино опива!rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    10. Ајахуаска во Бразил

    rnПовеќе од 3.000 години, амазонските племиња прават чај од лисјата на растението ајахуаска. Пијалакот содржи DMT (диметилтриптамин), што значи дека ефектот е како на екстазите и трае од два до пет часа, во зависност од испиеното количество.rnrnАмериканската организација Heart of the Initiate нуди работилници за ајахуаска во еко одморалиште на брегот. Таму употребата на растението за верски и ритуални цели е заштитено со закон. Работилниците трат 8 или 17 дена, а во првите два дена учесниците се прочистуваат за да ја издржат церемонијата. Од компанијата предупредуваат дека по халуцинациите следува непријатност. Укажуваат и дека, дури и самата церемонија би била доста наелектризирана за неискусниот турист. Повраќањето пак, се смета како дел од ритуалот за прочистување. Тие што го пробале овој пијалак, тврдат дека делува позитивно врз нервниот систем.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrn

    11. Апсинт во Париз

    rnАпсинтот бил практикуван од Винсент ван Гог и Оскар Вајлд, како и од многу други уметници. Сите тие имале репутација на лоши момчиња, поради халуцинациите и налудничавото однесување по консумацијата на апсинтот. Тој бил забранет во Франција цели 100 години, односно сè до 2001-та година.rnrnВистината е дека оној што конзумирал апсинт не видел ниту едно зелено човече, ниту пак, си го исекол увото. Пијалакот единствено може да ве натера да го видите светот во посветли бои. 🙂 Откако забраната на апсинтот се укинала, напитокот започнал да се става во многу коктели, особено поради неговото својство да ја менува бојата и густината по разредување со ладна вода. Огромна разновидност се нуди во Les Caves du Roy во Париз. Во октомври пак, илјадници туристи патуваат од Париз до Понтарлие (Источна Франција), за да го посетат традиционалниот фестивал на апсинтот.rnrn11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умотrnrnВнимание! Ако одлучите да го „ослободите“ духот на ваков начин, најпрво консултирајте се со лекар, потоа купувајте од проверени места кои ќе ви ги посочат агенциите (доколку патувате преку туристичка агенција) и бидете уверени дека супстанците се со јасно потекло. Претходно, задолжително пријавете се во конзулатот на земјата од која доаѓате.

  • Што кажува миленичето за вашата работа?

    Што кажува миленичето за вашата работа?

    CareerBuilder е американски веб-сајт на кој може да побарате работа, да поднесете си-ви и да барате разни совети и информации за работењето во Америка. Веб-сајтот спроведе едно истражување во кое ги прашуваше вработените какво милениче чуваат дома, колку пари заработуваат месечно и колку се задоволни од работата која ја работат. Еве ги резултатите од испитувањето:Што кажува миленичето за вашата работа?Сопствениците на кучиња најверојатно имаат виша менаџерска позција. Работниците кои имаат змии или рептили најверојатно заработуваат шестоцифрена плата. Работниците кои чуваат птици се оние кои имаат најголемо задоволство во работата која ја работат.Што кажува миленичето за вашата работа?

    rn

    Сопственици на птици:

    rnrn

      rn011

    • работа во рекламирањето
    • rn011

    • трговски претставници
    • rn011

    • градежни работници
    • rn011

    • административни работници
    • rn

    rnШто кажува миленичето за вашата работа?rnrnСопственици на мачки:rn

      rn011

    • лекари
    • rn011

    • агенти на недвижности
    • rn011

    • лаборанти и медицински техничари
    • rn011

    • оператори на машини
    • rn

    rnШто кажува миленичето за вашата работа?rnrnСопственици на кучиња:rn

      rn011

    • професори
    • rn011

    • медицински сестри
    • rn011

    • забавувачи
    • rn011

    • информатичари
    • rn

    rn

    Што кажува миленичето за вашата работа?

    rnРаботници кои чуваат риби:rn

      rn011

    • финансиски работници
    • rn011

    • работници во хотели
    • rn011

    • транспортни работници
    • rn011

    • луѓе што се занимаваат со земјоделство, рибарство и шумарство
    • rn

    rnШто кажува миленичето за вашата работа?rnrnРаботници кои чуваат змии и рептили:rn

      rn011

    • инженери
    • rn011

    • социјални работници
    • rn011

    • писатели
    • rn011

    • уредници
    • rn011

    • полицајци
    • rn011

    • вработени во маркетинг и односи со јавноста
    • rn