Многубројните легенди, богатата историја и стариот град го прават Краков еден од најпосетуваните градови на стариот континент. Во продолжение прочитајте дел од занимливостите за овој град што ги одбравме специјално за вас.rnrnrnrn1.Краков е втор по големина град во Полска, сместен во јужниот дел на државата, на брегот на реката Висла.rnrn2. Денешниот град е основан во VII век. Основан е на местото на населба која датира од камената доба и во текот на историјата станал вториот најважен град во денешна Полска. Зачетоците на градот почнуваат како селска населба на ридот Вавел и за него е важно да се каже дека бил значаен трговски центар во словенска Европа.rnrn3. Главниот плоштад на Краков, „Рунек Гловни“ се наоѓа во центарот на стариот град. Со површина од речиси 4 хектари, тој е најголемиот средновековен плоштад во Европа.rnrn4. Според една легенда, во 13 век, за време на инвазијата на Татарите, дежурниот стражар пробал да ги алармира граѓаните за приближувањето на непријателот преку свирењето на труба. Иако градските порти биле навреме затворени, сепак, една татарска стрела успеала да го погоди стражарот во грлото пред да даде сигнал со трубата. Денес, во чест на стражарот, од повисоката кула на базиликата Света Марија се слуша карактеристичниот звук на труба кој одекнува четири пати, секојпат нагло прекинат – како метафора на незавршената мелодија на трубачот.rnrn5. Јагелонскиот универзитет е основан во 1364 година под името „Краковска академија“ и е вториот најстар универзитет во Централна Европа по Карловиот универзитет во Прага. На Јагелонскиот универзитет е отворена и првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија.rnrn6. Во Краков живеат 750.000 луѓе од кои 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.rnrn7. Познатата слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“ се чува во музејот Чарториски, еден од најстарите музеи во Полска.rnrn8. Легендата за змејот е веројатно најпознатата легенда поврзана со овој град. Според оваа легенда, за време на владеењето на кралот Кракус се појавил змеј кој се населил во една пештера под ридот Вавел. Змејот ги уништил околните села и се хранел со добиток, но и со девојки. Затоа кралот наредил да го убијат змејот, во замена нудејќи ја раката на својата ќерка на оној кој ќе успее во тоа. По многу неуспешни обиди на витезите, еден чевлар успеал во мисијата. Тој купил овца, ѝ ја натопил волната со сулфур и му ја принел на змејот како жртва. Ненаситниот змеј ја изел овцата, по што почувствувал голема жед. Се спуштил до брегот на реката Висла за да ја изгасне жедта и за кратко време експлодирал. Денес, во чест на оваа легенда, секоја година во Краков се одржува фестивал на змејот.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Краков, ви препорачуваме да прочитате и за мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
Креативниот Сем решил дека неговата мачка Дени не може да спие во обична куќичка од картон. Тој го искористил неговиот миленик како инспирација и изградил уникатна куќа за мачка, целосно направена од картон и залепена со жешко лепило.rnrnrn
„Обожавам да изработувам нови работи, особено од картон. Мојата мачка исто така обожава картон, а јас ја обожавам неа“, напишал Сем на неговиот веб-сајт.
rnrnrnСтруктурата на куќичката е многу покомплицирана одошто изгледа.rn
„Ја дизајнирав оваа кула за мачки така што некои нејзини делови се движат. На тој начин Дени може да се движи како што сака во кулата. Некои делови од подот можат да се извадат, додадов рампа, прозори на лизгање и фиоки за неговите играчки“, објаснил Сем.
rnrnrnСем исто така самиот изработува играчки и приготвува храна за мачки. Доколку и вие ги обожавате мачките исто колку него, дефинитивно треба да почнете да го следите на Инстаграм.rnrnrnrnКреативноста на Сем можеби ќе ве инспирира и вие да направите нешто необично и креативно за вашиот домашен миленик.rnrnrnrnПогледнете го и видеото за да видите подобро како функционира идејата на Сем…rnrn
Артистката Аелија Петро работи со различни видови уметност, но неодамна решила да се впушти во областа на накитот. Благодарение на нејзината неверојатна фантазија, таа создала креативни и уникатни парчиња накит кои ќе ги воодушеват сите девојки ширум светот. Особено оние кои се опседнати со змејови. Погледнете ја нејзината работа и дозволете си неколку минути да се воодушевувате на овие прекрасни парчиња уметност.rnrnrnrn
Прингл е најпознатиот рептил на интернет. Тоа е мал брадест змеј кој што откако е роден пред четири години живее во Мелбурн со својот сопственик. Тој не е познат како својот миленик и својот идентитет го чува во тајност, за разлика од Прингл кој преку неговиот Тамблр профил стекнува светска слава. Сопственикот често пати го фотографира своето милениче и сликите ги постира на блогот кој го одржува во негово име. Овие фотографии се само дел од колекцијата.rnrnrnrn
Сите сакаме добри загатки, но оваа може дури и да ве изнервира. Па не за џабе е прогласена за најтешка на светот.rnrnrnrnЗа оваа загатка не ви требаат трикови и финти, само чиста логика. Осмислена е пред 20-тина години, а често се среќава под името „Зеленооки змејови“ (Green Eyed Dragons). Толку е популарна, што на Харвард ја делат во вид на дополнителна задача на сите студенти по физика. Доаѓа во неколку варијанти, со повеќе или помалку откриени траги, но во продолжение ќе ја прочитате најтешката од сите.rnrn[message_box title=”” color=”green”]rnСте посетиле некој далечен, напуштен остров на кој живеат 100 многу пријателски расположени змејови. Сите имаат зелени очи. Тие со векови не виделе жив човек и многу се возбудени заради вашата посета, па со задоволство ќе ве прошетаат на островот и ќе ви покажат каков е животот на змејовите.rnrnИзгледа како сосема нормален, барем за змејовите, но набрзо ќе сфатите нешто многу необично – на островот постои правило дека ако змеј некогаш дознаe дека има зелени очи, таа вечер точно на полноќ ќе мора да се одрече од сите змејски моќи и ќе се претвори во долгоопашеста ластовичка. За среќа, на островот нема огледала и тие никогаш меѓусебно не би зборувале за бојата на очите, така што змејовите стотици години живеат во блажено незнаење.rnrnКога сте биле спремни да си одите, сите змејови се собрале да ве поздрават, а вие низ многу солзи сте им се заблагодариле за нивното гостопримство. Потоа сте одлучиле да им кажете нешто што повеќето го знаат (бидејќи сепак, секој од нив ја гледа бојата на очите на другите змејови) – на сите им кажувате дека барем еден од нив има зелени очи. Секако, не сте мислеле на последиците, па сте си продолжиле на својот пат. Под претпоставката дека змејовите се непогрешно логични суштества, што ќе се случи потоа?rnrnДоколку се случи нешто интересно, која е новата информација што сте им ја дале?rnrn[/message_box]rnrnРешението е многу лесно да го пронајдете, но проблемот е што и после неколку читања, повторно не станува многу јасно. Она што можеме да го кажеме како помош е дека не се работи за игра на зборови или трик прашање, не постои нешто во загатката што го дава магичното решение, но сите податоци се клучни за решавање. Нема телепатии, нема преговарање и расправање меѓу змејовите, сè е само чиста логика. Толку откриваме. Среќно мислење!
Глава од змеј се појавила на хоризонтот како дел од магичниот танц на феноменот аурора бореалис во Гренланд. Ова митско суштество се формирало од различните нијанси на зелените светлини кои во форма на честички ја бомбардирале атмосферата на Земјата над Арктикот.rnrnrnrnОваа необична и по малку застрашувачка фотографија била направена од страна на фотографот Хуан Карлос Касадо. Погледнете ги и останатите неверојатни фотографии од неговата колекција за овој прекрасен природен феномен.rnrn
Мистерии, интриги, драма, мрачни семејни тајни, корупција и криминал… Сплет кој ќе ве заинтригира како ништо досега…
rnТрилогија чии наслови почнуваат со „Девојката…“ може да ви звучи по малку клише, сè додека не го чуете фактот дека станува збор за над 26 милиони продадени примероци низ целиот свет. Авторот на оваа крими-трилогија, за жал немал можност да му се израдува на својот мегауспех. Набрзо по завршувањето на книгите, Ларсон умира од инфаркт на 50-годишна возраст по искачувањето на скалите до неговата канцеларија бидејќи лифтот не работел. Зад себе го остава почетокот на четвртиот роман. Негови познаници навеле дека многуте цигари, брзата храна и премореноста се „заслужни“ за неговото прерано заминување од овој свет.rnrnНеговата смрт ќе остане загадочна мистерија. Имено, со својата новинарска и истражувачка работа, непобитен е фактот дека стекнал многу непријатели. Ларсон бил борец против криминалот, корупцијата и нацизмот, а иронијата е во тоа што 9-ти ноември, датумот на неговата смрт, во историјата е познат како „Кристална ноќ“ – кога практично започнал холокаустот.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnОригиналниот наслов на првиот дел од трилогијата „Милениум“ е „Мажи кои мразат жени“, но англиската верзија е преведена како „Девојката со тетоважа на змеј“. Не е важно кој наслов звучи попривлечно или пак е поскладен со приказната, она што е важно е самата содржина, и нема да штедам зборови – пазете се, ќе ве хипнотизира.rnrnКако и секоја година, така и оваа, на 1-ви ноември на Хенрик Вангер по пошта му стигнува подарок – суров потсетник на големата трагедија која се случила пред 36 години. Вангер се одлучува да го направи последниот обид да ја разреши мистеријата и со таа цел го ангажира искусниот новинар Микаел Блумквист давајќи му понуда која не може да ја одбие. Блумквист е скептичен, се сомнева дека би можел да разреши мистерија која не успеале да ја декодираат и најискусни детективи. Но неговиот скептицизам полека исчезнува кога почнува да наоѓа траги кои му ветуваат разрешување на многу мрачни тајни.rnrnОваа понуда на Блумквист му стигнува во прилично незгоден период од неговиот живот. Имено тој е осуден на тримесечна затворска казна поради ширење дезинформации и неправедно напаѓање на гигантот Венештрем. Иако знае дека Венештрем е расипан криминалец, Блумквист одлучува да не се брани на суд, практично да ја признае вината и мирно да се повлече пред да собере доволно докази за да нападне повторно.rnrnНа помош на Блумквист му доаѓа Лизбет Саландер – најдобриот истражувач во престижна фирма за обезбедување. Нивните патишта се вкрстуваат и Блумквист за брзо забележува дека не смее да ја проценува Саландер по нејзиниот изглед. И покрај тоа што изгледа како анорексична 15-годишна рокерка со пирсови и тетоважи, Саландер е неверојатно способна жена со фотографска меморија и еден од најдобрите хакери во земјата.rnrnОвој необичен пар бара начин да ја реши мистеријата за исчезнувањето на внуката на Хенрик Вангер, тогаш 16-годишната Хариет Вангер која се чини како да пропаднала во земја. Хенрик е убеден дека неговата внука е убиена од страна на некој член од неговото семејство, и разрешувањето на нејзиното убиство, дури и по 36 години, за него останува опсесија која го измачува.rnrnrnrnНема да помине долго време пред Блумквист да почне успешно да копа по семејните тајни на Вангерови. Еден скриен подрум со многу мрачни тајни ќе биде доволен тој да сфати дека под маската на богатата идила се кријат многу гнили тајни…rnrnСо ова негово дело Ларсон ги мава своите сограѓани по чело соочувајќи ги со суровата реалност. Шведска навидум е вистинска утопија – земја со удобен живот, здравствено осигурување, заштитени права на жените, но она што Ларсон ни го преставува е слика на нацизам, корупција, криминал, перверзија, социјални работници кои сексуално ги злоупотребуваат своите „штитеници“ и морничави семејни тајни.rnrnСе разбира, делото има и филмска верзија, ни помалку ни повеќе – со Даниел Крег во главната улога – но како што и обично практикувам, ако воопшто се одлучам да го гледам филмот прво ја читам книгата. Таквото задоволство просто не смеам да си го скратам.rnrnДа, оваа книга ќе ве заведе и вас во мрачниот и комплексен лавиринт на интриги, мистерии и драма, и ако со оваа рецензија успеав макар малку да ве заинтригирам, само почекајте дури да ја фатите книгата во раце.rnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 29 јануари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn
Оваа огромна скулптура на змеј е иновативна креација целосно направена од 10.000 кинески стапчиња за јадење. Змејот е направен за да го промовира отворањето на ресторанот„Aziatage Café“ во Екатеринбург, Русија минатата година. За да го привлечат вниманието на минувачите, маркетинг агенцијата Voskhod ги ангажирала момците од агенцијата StreetArt кои помогнале во осмислувањето на оваа интересна кампања.Секој случаен минувач кој сакал да учествува во креирањето на големиот змеј, добивал по еден пар стапчиња за јадење. Едното го сместувал во однапред направени дупчиња на таблата, притоа замислувајќи си желба, додека второто стапче служело како потврда за 10% попуст за првиот оброк во ресторанот. Големиот змеј се наоѓал веднаш до главниот влез на ресторанот, а во видеото подолу ќе можете да го погледнете целиот процес на создавање на змејот.rn
rnЗа едни тој е симбол на страв и ужас, за други народен херој, за некои голем христијанин, за некои антихрист… Безброј приказни и митови се врзани за животот на Дракула. Од досегашните записи, нема дилеми единствено околу неговото вистинско име и местото на раѓање. Се викал Влад Трети Цепеш и е роден во 1431 година, во Сигишоара, Трансилванија, која во тој период била под власт на Унгарците. Три пати бил војвода на Валахија (1448; 1456–1462; 1476).rnrnСин е на принцот и витез во братското здружение „Редот на змејовите“, Влад Втори Дракул (Дракул доаѓа од латинскиот збор „драк“ и значи змеј) и на принцезата Чнеајна од Молдавија. Цепеш имал и тројца браќа (Мирчеа Втори, Влад Чалуграрул и Раду чел Фрумос). Се претпоставува дека потекнува од кралско семејство од Валахија, а Дракула е неговиот прекар и значи „син на змејот“. Така бил наречен во чест на неговиот татко, заради неговата храброст и заслугите во борбата против Турците. Но, покрај змеј, зборот „драк“ истовремено (на романски) значи и ѓавол. Кога се потенцира темната страна на Цепеш, на површина испливува второто значење на зборот и Дракула се претвора во лошиот лик од приказните, односно во „синот на ѓаволот“.„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.Цепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rnrn
Замокот на Дракула (Замокот Бран во Романија)
rnЗамокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…rnrn
За сите нас, тропските овошја се налик малку чудни, но и многу вкусни. Доколку кога бевте деца мислевте дека ананасот е чуден, чекајте да ги погледнете овие овошја за кои сигурни сме дека ако ги видите во живо, нема да ви падне на памет дека можат да се јадат. :)rn
1. Кивано
rnКиваното е овошје кое потекнува од јужна и централна Африка, кое е уште познато и како афиканска краставица, англиски домат и желе-лубеница. Иако се смета дека е предок на класичните лубеници, сепак се смета за посебен вид овошје. Од надвор е жолто со специфични мали трнчиња кои изобилуваат со витамин C, а однатре е со изразита зелена боја. Киваното се јаде, но често се употребува само како декорација во овошни салати бидејќи има вкус, сличен на краставицата.rnrnrn
2. Змејско овошје
rnОва овошје има многу различни имиња, во зависност во кој регион се одгледува. Најчесто во англискиот јазик е познато како змејско овошје, но нативното име му е питаја. Тоа потекнува од Мексико и Јужна Америка, но се одгледува и во Источна Азија и Индонезија. Питајата е плод на кактус, кој во Мексико го нарекуваат „сладок кактус“. Однадвор изгледа како модерно декориран пламен, а внатрешноста му е бела со црни семиња. Има сличен вкус како лубеница.rnrnrn
3. Дуриан
rnДуриан е големо овошје кое во Југоисточна Азија е познато како „кралот на овошјата“. Карактеристично е по своите боцки кои потсеќаат на обвивката на дивиот костен. Може да порасне до 30 см и да тежи 3 кг. Ова овошје потекнува од Брунеј, Филипини, Индонезија и Малезија. Некои луѓе сметаат дека има пријатен вкус, за други е груб и јак. Вкусот на дурианот предизвикува секакви реакции кај луѓето, од убаво и пријатно за јадење, до длабоки гадења и опис како мешавина на бадем со скапан кромид, па дури некои велат дека има мирис на нечисти чорапи.rnrnrn
4. Раката на Буда
rnРаката на Буда е цитрусно овошје кое на јапонски се вика „бушукан“ односно цитрусната рака. Ова овошје расте на грмушка со долги и неправилни трње, која најчесто вирее во Индија, Кина и Јапонија. Има лушпа која лесно се вади и во суштина е суво овошје без течност, а понекогаш нема ни семки. Името на овошјето се поврзува со будистичките обичаи и тоа најчесто се користи при кажување на молитви кога се избира затворено овошје (односно со собрани краци).rnrnrn
5. Овошје пасифлора
rnПасифлората потекнува од Парагвај, Бразил и Северна Аргентина, но се одгледува во многу делови на Азија, Средна Америка и Австралија. Овошјето е округло со жолта внатрешност исполнета со семки. Пасифлората изобилува со бета каротен, калиум и диетални влакна. Сокот од пасифлора е добар извор на витамин Ц и е добар за луѓе со висок крвен притисок.rnrnrnrn