КАФЕ ПАУЗА

Tag: злоупотреба

  • 15 предупредувачки знаци дека сте во насилна врска

    15 предупредувачки знаци дека сте во насилна врска

    Патот до побезбеден, поздрав и посреќен живот често започнува со стекнување на потребното знаење. Ако препознаете некое од следниве однесувања кај вашиот партнер, тие може да бидат знак дека партнерот ве злоупотребува во врската.rnrn15 предупредувачки знаци дека сте во насилна врскаrn

    1. Ве притиска да му се посветите многу брзо

    rnТој станува агресивен велејќи: „Никогаш досега не сум се чувствувал толку сакано од никого“. На тој начин ве притиска да му бидете посветени само нему.rn

    2. Постојано е љубоморен

    rnВашиот партнер е претерано посесивен, постојано ви се јавува или ве посетува ненајавено.rn

    3. Ве контролира

    rnПостојано ве прашува со кого разговаравте и каде сте биле, го проверува бројот на поминати километри на вашиот автомобил, тој ги чува сите пари или ви бара сметки и инсистира да побарате дозвола за да одите некаде или за да направите нешто.rn

    4. Има многу нереални очекувања

    rnТој очекува совршенство од вас, а вие треба да ги исполните сите негови потреби.rn

    5. Тој ве изолира

    rnСе обидува да ве отсече од семејството и од пријателите, ве лишува од телефонот или од автомобилот или се обидува да ве спречи да одите на работа.rn

    6. Ги обвинува другите за сопствените грешки

    rnШефот, семејството, вие – секогаш некој друг е виновен ако нешто тргне наопаку.rn

    7. Ги прави сите други одговорни за своите чувства

    rnНасилникот вели: „Ме лутиш“ или „не би се изнервирал ако ти не…“ наместо „лут сум“.rn

    8. Тој е пречувствителен

    rnЛесно се навредува и постојано се жали за неправдите кои се дел од неговиот живот.rn

    9. Се однесува сурово кон животните и кон децата

    rnТој ги убива или ги казнува животните брутално. Исто така, може да очекува децата да прават работи надвор од нивните способности или да ги задева сè додека не почнат да плачат.rn

    10. Употребува сила за време на сексот

    rnТој ужива да ве држи против вашата волја, идејата за силување му е возбудлива, ве заплашува, манипулира со вас или ве принудува да правите нешто што не сакате.rn

    11. Подложени сте на вербална злоупотреба

    rnТој постојано ве критикува или ви кажува сурови работи. Ве деградира, пцуе и ве нарекува со погрдни имиња. Ги користи вашите слаби точки против вас.rn

    12. Инсистира на старомодни родови улоги во врската

    rnТој очекува да му служите, да бидете покорни и да останете дома.rn

    13. Има ненадејни промени во расположението

    rnТој преминува од нежност во лутина за неколку минути.rn

    14. Во минатото ги тепал другите

    rnТој признава дека ги тепал жените во минатото, но вели дека тие или ситуацијата го довеле до тоа.rn

    15. Се заканува со насилство

    rnПонекогаш вели: „Ќе ти го скршам вратот“, но потоа го негира тоа велејќи: „Јас навистина не го мислев тоа“.rnrnПрочитајте кои 8 работи ги кажуваат мажите само кога навистина ве сакаат.

  • 5 причини поради кои луѓето бараат доминантни партнери

    5 причини поради кои луѓето бараат доминантни партнери

    Иако јакнењето на жените сè повеќе го зафаќа целиот свет, сепак некои дами повеќе би сакале да имаат доминантни партнери. Истражувањата покажале дека девојчињата кои се одгледани на таков начин потсвесно ги привлекува партнер кој презема одговорност и ги носи сите одлуки. Многумина од нас дури не се ни свесни дека привлекувањето доминантни партнери и самиот карактер играат значајна улога во овој случај. Познавачите на областа велат дека одбирањето доминантен партнер е повеќе шаблон отколку избор.rnrn6 причини поради кои луѓето можеби бараат доминантни партнериrn

    1. Жените се привлечени од „лошите момчиња“

    rnОва не е стереотип, туку факт сам по себе. Доминантните мажи обично прекумерно пушат и пијат, имаат тетоважи и импулсивно однесување. Овие особености едноставно ги воодушевуваат жените, па затоа тие стануваат лесни цели и се однесуваат како девојчиња во неволја. Ова, пак, ги прави „лошите момчиња“ самоуверени и со чувство дека ја контролираат ситуацијата. Не е ни чудо што се занесени по моќните мажи!rn

    2. Избираат некој што може сите одлуки да ги носи во име на двајцата

    rnПостои едно уверување дека нивниот живот би бил многу полесен, ако не мора сами да одлучуваат да донесат какви било одлуки. И заради оваа иста причина, претпочитаат да бидат со партнери кои можат да ги преземат уздите и да ја донесуваат секоја одлука наместо нив. Потоа се навикнуваат на оваа шема, што ги прави целосно зависни од нив.rn

    3. Љубезните луѓе ним им се досадни

    rnТие не сакаат партнер кој само ќе ги носи на романтични прошетки, држејќи ги за рака. Наместо тоа, претпочитаат партнер кој има авантуристичка страна, некој кој може да ги однесе на диво возење каде и двајцата се воодушевуваат од она што животот им го нуди. Ова се вистински реални „цели“ за нив како пар.rn

    4. Но, доминантноста не е иста со агресијата и злоупотребата

    rnСекако, да се биде доминантен човек е одлично, но понекогаш доминацијата може да предизвика тој да стане и насилен. Ова значи дека доминантните луѓе не сакаат вистински, тие сакаат само целосно да го контролираат партнерот. Треба да ја разберете разликата помеѓу злоупотребата и доминацијата. Ако треба да правите нешта против вашата волја, ова е злоупотреба. Ако се најдете во ваква ситуација, побарајте помош на кој било начин.rn

    5. Детството има поголемо влијание врз вашата личност отколку што претпоставувате

    rnНа крајот, врската со ваков човек е под влијание од начинот на кој сте воспитани. Најчесто жената имала еден или двајцата родители кои биле или сè уште се доминантни по природа. Па таа е навикната на овој начин на живот и потсвесно, бара исти карактеристики и кај нејзиниот партнер. Има покорна природа, па поради тоа привлекува доминантни партнери за повторно да се исполни веќе утврдениот шаблон. Израсната е на тој начин, па истото го очекува и од нејзиното надворешно опкружување.rnrnМожеби сакате да прочитате и како реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?

  • Дали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?

    Дали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?

    Во последно време, многу влијателни мажи се соочија со обвинувања за сексуално злоупотребување. Тоа ги поттикна момците да се чувствуваат непријатно и да коментираат дека „тешко е да се биде маж во денешно време“, бидејќи мора внимателно да размислуваат за секој контакт што ќе го воспостават со нивни колешки, пријателки, бивши девојки и сите останати жени кои би можеле нивното однесување да го сметаат за несоодветно.rnrnДали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?rnrnВака се чувствуваат сите мажи, дури и оние кои го поддржуваат феминизмот. Но, сите тие забораваат на една работа: Како жените се чувствуваат секој ден? Суровата вистина е дека мажите не мора да се грижат за нивната физичка безбедност кога се опкружени со жени толку многу колку што жените треба да се грижат за својата безбедност во присуство на мажи.rnrnИако станува збор за многу необична и бизарна атмосфера, погрешно е да се користи терминот „лов на вештерки“ кога се зборува за откривањето на сексуалните злоупотреби извршени од страна на моќни мажи. „Ловот на вештерки“ е историска појава кога сингл жените биле неправедно казнувани со смрт, па затоа метафората во овој случај е крајно несоодветна и навредлива. Влијателните и насилните мажи сѐ повеќе се плашат поради тоа што секојдневно излегуваат нови и нови обвинувања. Но, тоа би требало да ги поттикне момците да се преиспитаат себеси и да размислат за нивното однесување. Колку што е тешко да не се биде расист во расистички свет исто толку тешко е и да не се биде сексист во околина каде што сексистичкото однесување се смета за нешто нормално. Потребни се голема посветеност и свесност за да се одбегне сексизмот.rnrnМажите немаат никакво право да се жалат поради тоа што се случува моментално, бидејќи конечно имаат можност да видат како им е на жените постојано. Жените постојано се соочуваат со начини на однесување кои ги преминуваат нивните сексуални и лични граници. На девојките постојано им дофрлуваат на улица, ги допираат на незгодни места, им даваат непристојни коментари, па дури и физички ги малтретираат. Во денешното општество, жените постојано мора да бидат на „штрек“, бидејќи опасностите демнат од секој агол.rnrnДали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?rnrnИако можеби некоја жена немала негативни искуства, таа постојано прави стратегии како би се одбранила доколку дојде до такво нешто. Во денешниот современ свет, жените стекнале несвесни рефлекси за одбрана од мажи кои би можеле да им предизвикаат непријатност, физичка опасност или психичко малтретирање. Жените цврсто ги држат клучевите во раце кога си одат накај дома доцна навечер, ставаат слушалки со исклучен звук за да чујат ако некој ги следи, не влегуваат во автобус доколку забележат дека има пијан човек, внимаваат на нивните насмевки, погледи, зборови и тела затоа што НЕ САКААТ ДА ИСПРАТАТ ПОГРЕШНА ПОРАКА. Тие постојано се плашат да не бидат погрешно разбрани. Се плашат дека нивната љубезност ќе биде сфатена како флерт. Се плашат дека нивниот избор на облека ќе испровоцира некого. Се плашат дека мислењето на шефот и колегите се базира на нивниот физички изглед, а не на нивните работни способности.rnrnКога жените се наоѓаат во присуство на мажи кои не ги познаваат и на кои не им веруваат, тие стануваат претпазливи. А мажите кои никогаш претходно не помислиле дека нивната мажественост можеби претставува закана за некого, сега веројатно ќе станат посочувствителни кон жените кои секој ден внимаваат на нивното однесување и постапки.rnrnСекако дека мажите не треба да се плашат од жените. Треба само да ги почитуваат. Тешко е да се биде маж во денешно време за оние поединци кои ги малтретираат, навредуваат и злоупотребуваат жените. И треба да биде тешко за нив! Тешко им е на оние кои си ја имаат мувата на капата. За сите останатите, воопшто не е тешко да се биде маж во денешно време.rnrnЗа да дознаете повеќе во врска со тоа како е да се биде жена во денешно време, дознајте со кои неправди се соочуваат амбициозните жени.

  • Црно-бели фотографии кои носат моќна порака: Ниту една жртва на насилство не си го заслужила тоа!

    Црно-бели фотографии кои носат моќна порака: Ниту една жртва на насилство не си го заслужила тоа!

    Како што и многу често се случува, 2 или 3 збора знаат да кажат многу повеќе од цели реченици. Овој пат, тие зборови се поткрепени со фотографии кои носат една многу моќна порака, а тоа е дека никој не си го бара насилството сам и дека злоупотребувањето на луѓето е секогаш апсолутно неоправдано.rnrn

    (9)-crno-beli-fotografii-koi-nosat-mokjna-poraka-nitu-edna-zhrtva-na-nasilstvo-ne-si-go-zasluzhila-toa-kafepauza.mk
    Обвинете го оној кој силува, не жртвите
    rnrnПроектот „Сè уште не си го барам“ од австралиската фотографка Рори Банвел претставува збирка фотографии кои имаат за цел да ја разбудат свеста на народот за степенот на домашно насилство и силување кој расте со секој нов ден. На фотографиите можат да се забележат мажи и жени, млади и стари, од кои некои и самите се жртви на насилство, а на чии полуголи тела се испишани фрази кои на различен начин го кажуваат истото – никој не заслужува да биде злоупотребен и малтретиран на кој било начин.rnrnМотивацијата за овој проект е ќерката на Банвел, Рори, и нејзиниот сопруг. Дознавајќи дека таа е бремена со женско дете, додека самата е жртва на насилство, решила да преземе нешто во врска со тоа, па така овој проект претставува надеж дека нејзината ќерка ќе живее во подобар свет. Според неа, овие неколку фотографии се само почеток и таа планира да продолжи со овој проект, фотографирајќи многу повеќе жртви и активисти од секоја раса, возраст, религија и пол.rnrn

  • Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“

    Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“

    Унгарскиот артист Миклос Кис ја користи фотографијата за да ја подигне свеста на луѓето за насилството врз жените кое секојдневно се случува пред нашите очи низ целиот свет.rnrn

    (1)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Германско потекло
    rnrnВо неговата серија фотографии „Тивка согласност“ можеме да видиме фотографии од жени кои потекнуваат од различни земји во светот и припаѓаат на различни етнички заедници. Сите тие имаат нешто заедничко, а тоа е зборот „ДА“ кој е испишан на 11 различни јазици на нивните усни, во боите на знамето на земјата која ја претставуваат.rnrnМотивиран од бруталната вистина дека секој ден сѐ повеќе и повеќе жени се злоупотребувани и малтретирани на секој можен начин, овој артист решава да го освести народот преку оваа фотосесија која го симболизира молчењето на жените кои во тишина го трпат насилството врз себе.rnrn
    (2)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Арапско потекло
    rnrn
    (3)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Кинеско потекло
    rnrn
    (4)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Руско потекло
    rnrn
    (5)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Бразилско потекло
    rnrn
    (6)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Јапонско потекло
    rnrn
    (7)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Американско/Британско потекло
    rnrn
    (8)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Унгарско потекло
    rnrn
    (9)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Израелско потекло
    rnrn
    (10)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Француско потекло
    rnrn
    (11)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Мексиканско потекло

  • Емоционално злоупотребените луѓе сакаат поинаку. Еве како…

    Емоционално злоупотребените луѓе сакаат поинаку. Еве како…

    Емоционалните рани оставаат траги кои засекогаш го обележуваат животот на злоупотребената личност. Никогаш не се забораваат, никогаш не се преминува преку нив, никогаш човекот целосно не продолжува понатаму. Тешко е и некогаш невозможно да се биде со други луѓе бидејќи стравот дека повторно постои можност да се изложат себеси на таква болка е поголем од сè. Но, животот продолжува и тие мораат да научат да живеат со тој страв, прилагодувајќи се на околностите најмногу што можат. А кога и доколку бидат подготвени, ќе сакаат повторно. И ќе сакаат поинаку…rnrn(1)-emocionalno-zloupotrebuvanite-lugje-sakaat-poinaku-eve-kako-kafepauza.mkrn

    1. Подолго ќе се држат на дистанца

    rnКолку и да им се допаѓа некој, факт е дека претпазливоста е неодминлив дел во секоја нивна комуникација. Ова значи дека зголемениот интензитет со кој тие внимаваат со кого зборуваат, каде одат и кога се гледаат ќе предизвика тие подолго време да се држат на дистанца која им ја обезбедува потребната сигурност. Со други зборови, ќе им биде потребно долго време да се опуштат и да бидат со некого.rn

    2. Ќе молчат повеќе отколку што ќе зборуваат

    rnЗборувањето значи откривање повеќе за себе, а тоа го прави човек ранлив пред останатите. Секој кажан збор кажува нешто за личноста која го изговара, а кога сте биле емоционално злоупотребени, веројатноста е дека ќе бидете претпазливи што зборувате и уште повеќе, колку зборувате. Овие луѓе нема да споделуваат многу со останатите, дури и кога станува збор за некој кој навистина им се допаѓа и тоа поради едноставна причина дека така се чувствуваат побезбедно.rn

    3. Нема да брзаат

    rnЕмоционалните повреди оставаат лузни и оние кои биле повредени ќе сакаат да се заштитат себеси од можноста и во иднина да се здобијат со такви рани. Тоа најверојатно ќе значи дека врската ќе оди побавно од која било друга врска. Емоционално, умствено и физички, овие луѓе нема да брзаат и ќе си го дадат себеси сето време кое им е потребно.rn

    4. Ќе се сомневаат повеќе од нормално

    rnНека не ве чуди доколку сосема вообичаени ситуации бидат сомничави за нив. Нивниот страв и претераната претпазливост потсвесно ќе ги натераат да се сомневаат дури и кога нема никаква причина за тоа. Тие биле злоупотребувани и изложени на коментари поради кои се чувствувале како да не вредат доволно, а тоа значи дека ќе бидат несигурни во себе и во другите. А значи и дека ќе се сомневаат во тоа дека некој сака да биде со нив.rn

    5. Ќе се двоумат дали да ги запознаат вашето семејство и пријатели

    rnЕдноставно, запознавањето на блиските значи дека врската влегува во посериозна фаза, а тоа е страшно само по себе. Нив им требало долго време да научат да бидат сами и да живеат со сите незгоди кои им се случиле, но истовремено успеале повторно да се чувствуваат безбедно. Токму затоа, многу е веројатно дека долго време ќе го одложуваат моментот на запознавање на семејството на личноста со која се. Нивниот живот е веќе доволно искомплициран со тоа што пуштиле еден човек во него.rn

    6. Ретко ќе се галат

    rnВообичаените врски се често такви што паровите постојано се гушкаат и бакнуваат, се галат и се држат за раце, не се одвојуваат едни од други ни во јавност ни во приватноста на својот дом. Но, врската со некој кој бил емоционално злоупотребуван е поинаква. Таа личност ретко ќе ги изразува своите чувства физички, а и нема да се чувствува најпријатно кога партнерот ќе се обиде да го направи тоа. Дали од страв или бидејќи не знае како, ќе биде потребно повеќе време за да ја развие блискоста на тоа ниво.rn

    7. Ќе го претпоставуваат најлошото, потајно надевајќи се на најдоброто

    rnТие виделе и почувствувале полошо, биле понижувани и омаловажувани, контролирани и манипулирани по волја на некој друг. Биле доведени во ситуација да се чувствуваат безвредни, ја изгубиле самодовербата, слободата и довербата во луѓето. Може да ја имаат најдобрата личност до себе, но долго време ќе веруваат дека таа врска нема никакви шанси бидејќи тоа го знаат како логично и тоа го очекуваат. Тие ќе го претпоставуваат најлошото бидејќи не сакаат да бидат повторно повредени.

  • Научете како да ги препознавате емоционалните манипулатори

    Научете како да ги препознавате емоционалните манипулатори

    Скоро сите се способни да го препознаат физичкото насилство и веднаш да го осудат. Законот за тоа прашање е дефиниран, како и некои општо прифатени морални стандарди. Но, кога станува збор за емоционалното насилство, границите помеѓу дозволеното и недозволеното понекогаш брзо се губат, најмногу затоа што овој вид насилство не е секогаш лесен за препознавање.rnrnНаучете како да ги препознавате емоционалните манипулаториrnrnОдносот со емоционалниот манипулатор, без разлика дали е партнер, пријател, колега или член на семејството, може да биде прилично стресен и да нанесе долготрајна штета на личноста која е жртва. Па, како можете да ги препознаете овие емоционални насилници?rn

    Тие секогаш ги извртуваат нештата во нивна корист

    rnНа пример, ако ѝ кажете на вашата пријателка: „Лута сум ти затоа што заборави дека вчера требаше да се видиме“, а таа ви одговори: „Многу ми е жал што мислиш дека сум заборавила да дојдам на нашата средба. Можеби требаше да ти кажам дека моментално сум под страшен стрес поради проблемите на работа, но не сакав да те загрижувам. Па да, излгеда требаше сè тоа да го тргнам настрана и да се фокусирам на нашето излегување.“ Додека таа го кажува ова, нејзиниот глас може да почне да трепери, па дури и да пушти некоја солза. И најлошото е што во тој момент вие знаете дека воопшто не ѝ е жал, но таа толку многу ви го одвлекла вниманието со нејзиниот монолог, што едноставно сте останале без зборови.rnrnСовет: Никогаш не прифаќајте извинување кое е во форма на напад. Ако извинувањето звучи шупливо, тогаш тоа најверојатно навистина е такво. Верувајте му на вашиот здрав разум и не им дозволувајте на емоционалните манипулатори да ве контролираат. Исто така не заборавајте дека ако еднаш им дозволите да се извлечат со нешто вакво, тие ќе почнат постојано да го повторуваат истото.rn

    Тие секогаш сакаат да се прикажат себеси како жртва

    rnНајлошото нешто што можете да го направите е да побарате помош од емоционален манипулатор. Во најголемиот број случаи тие ќе го прифатат тоа и токму тука ќе настане вашиот проблем. Секоја друга личност ќе се обиде да го направи она што сте ја замолиле, притоа не правејќи драма од истото, додека пак емоционалниот манипулатор ќе предизвика да зажалите затоа што воопшто сте го замолиле за помош. На пример, ако сте го замолиле сопругот на враќање од работа да застане во маркет и да купи млеко, тој ќе дојде дома со млекото жалејќи се за сите „неволји“ кои притоа му се случиле. Тој ќе ви раскаже како не можел да најде паркинг, па морал да пешачи по дожд. Потоа, кога влегол во маркетот налетал на гужва на касата каде што му било толку многу лошо од умор и глад што едвај додржал да не падне. Тој брзал накај дома за да го гледа филмот кој толку долго го чекал, но поради тоа што морал да купи млеко ги пропуштил првите 5 најважни минути…rnrnСовет: Бидете одлучни и во иднина инсистирајте на отворен однос. Ако оваа личност прифати да направи нешто, откако сте ја замолиле, погрижете се едноставно да го направи тоа без никаква драма. Во случај да не сака да ја заврши оваа работа за вас, нека ви каже отворено и искрено пред да се нафати на истата, наместо потоа да ви се жали за стореното.rn

    Тие често ќе тврдат дека не го кажале она што го кажале, и обратно

    rnОваа изјава навистина знае да биде непријатна, па доколку често се случува може да ве натера да се посомневате во вашиот здрав разум. Вие јасно се сеќавате дека во среда попладне сте седеле со својата девојка на кафе и дека таа ви кажала оваа сабота, ако времето биде убаво, дека таа ќе биде слободна да одите на излет. За да бидат работите уште поинтересни, тоа всушност било нејзина идеја. Но, саботата пристигнува, а од вашата девојка нема ни трага ни глас. Откако конечно успевате да ја најдете, некаде по 3 попладне, таа ви вели дека е излезена со пријателките од утрото и дека се подготвуваат да одат на „луда“ журка. Во тој момент го спомнувате вашиот план за овој ден и таа почнува да ве убедува дека вие никогаш не сте се договориле за нешто такво. Без разлика колку се обидувате да ја разубедите, таа цврсто стои на својот став.rnrnСовет: Многу е тешко да се справите со овој вид луѓе, па токму затоа треба да си го поставите прашањето дали навистина вреди да ја одржувате врската со нив. Доколку се грижите за оваа личност и сè уште не сте подготвени да ставите крај, тогаш почнете да ги правите овие планови исклучиво преку пораки или мејлови. На овој начин, во секое време ќе имате доказ дека вие навистина сте разговарале за тоа што емоционалниот манипулатор се обидува да го скрие.rn

    Тие се обидуваат да ви ја наметнат нивната вина

    rnЕмоционалните манипулатори се експерти кога станува збор за наметнување вина, дури и во оние моменти кога вие ни најмалку не сте виновни. На пример, вашата мајка ви вели дека воопшто не ве гледа, па токму затоа постојано ви се јавува да ја посетите, додека по телефон звучи многу уморно. Откако ќе се согласите да ја посетите, таа ќе почне да ви зборува дека премногу време поминувате со вашиот сопруг или сопруга и дека поради него/неа таа воопшто не ве гледа. Но, додека го прави овој разговор заборава да спомне дека во текот на месецот, вие сигурно еднаш, до два пати неделно ја посетувате и седите со неа по неколку часа. Од друга страна пак, ако сакате да одите на патување со пријатели, таа ќе се обиде со целата своја сила да ве разубеди дека тие само ве користат, сакајќи да ве натераат да ги потрошите вашите пари за џабе. Можеби дури и да ви каже нешто како: „А што ќе правам јас кутрата толку долго без тебе? Зарем не ти е жал да ја оставиш својата мајка тука сама? Згора на сè и болна сум…“rnrnСовет: Имајте на ум дека нема смисла да се води туѓа битка. Ако некој се чувствува несигурно во својата кожа, тоа е проблем кој мора сам да си го реши, без притоа да ги нервира сите околу себе. Извинувањето треба да се каже доколку навистина нешто сме згрешиле, но не смееме никако да дозволиме некој со помош на неговите чувства на несигурност да ни наметне чувство на вина кога ни најмалку не сме виновни.rnrn

  • Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

    Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

    Според една група истражувачи од неколку различни држави во светот, луѓето кои страдале од злоупотреба за време на нивното детство имаат поголеми шанси да бидат дијагностицирани со клиничка депресија отколку оние кои имаат генетска предиспозиција за оваа состојба.rnrnНајголемата причина за појава на депресија ширум целиот светrnrnЗа време на 3-годишниот експеримент, научниците анализирале пациенти од 41 различна здравствена установа во 7 различни шпански провинции. Тие биле на возраст од 18 до 75 години.rnrnОна што го откриле преку генетско тестирање било неверојатно. Учесниците кои покажувале ограничена функција на гените поврзани со протеинот BDFN (невротрофичен мозочен фактор) и со пренесувањето на серотонинот, биле многу посензитивни во однос на штетните ефекти од злоупотребата во детството – без разлика дали била психолошка, физичка или сексуална. Со други зборови, овој конкретен недостаток на активност во генот кој е измешан со насилна историја може да резултира со зголемен ризик од развивање депресија.rnrnБланка Гутиерез, професор во одделот за психијатрија на Универзитетот во Гранада и водечкиот координатор на оваа студија вели дека овие пронајдоци се клучни во однос на третманот.rn

    „Тоа е важен резултат кој ни укажува на тројната генетска поврзаност, што има многу поголема важност доколку се земе предвид дека реакциите на антидепресивите се чини се фундаментално условени од протеините кодифицирани од страна на двата гени кои ги проучувавме.“

    rnНово слично истражување покажало и дека 8% од жителите на Америка доживуваат умерена до сериозна депресија, а само третина од нив бараат помош од експерт за ментално здравје. Националниот центар за статистика открил дека депресијата е почеста кај жените на возраст од 40 до 59 години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со „голи“ слики во борба против злоупотреба на приватноста

    Со „голи“ слики во борба против злоупотреба на приватноста

    Велат дека што и да ни се случи во животот и колку и да е лошо, треба да се обидеме да го извлечеме максимумот од тоа и да го свртиме на најпозитивно што може. Токму тоа го направи Ема Холтен, активистка од Данска, откако пред три години нејзиното поранешно момче постави голи слики од неа на интернет. Иако за жал и веројатно голем процент од девојките во оваа ситуација би се засрамиле и би се повлекле чекајќи целата фама околу тоа да помине, Ема одбила да се срами од своето голо тело и го направила она што малку би го очекувале од неа.rnrn(0)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mkrnrnТаа решила да се избори со ова така што направила фотографии на кои позира топлес, но овој пат целосно по нејзин избор и со една единствена порака: Не постои сексуална, визуелна и прифатлива слика без мое одобрување. Без мое одобрување има само прекршок.rnrnФотографиите на кои Ема позира правејќи секојдневни работи се направени од фотографката Сесил Бодкер Џенсен, а со цел да ја претстават Ема како човечко суштество, а не како сексуален објект. По претходното појавување на нејзините голи слики на т.н.creepshotвеб сајт, таа добила многу навредувачки и лоши пораки од луѓе кои ги виделе тие фотографии. Дел од нив се следниве: Дали твоите родители знаат дека си ку*ва?; Дали те отпуштија од работа?; Која е приказната позади ова?; Кој ти го направи ова?; Испрати ми повеќе слики на кои си гола или ќе му ги пратам овие кои ги имам на твојот шеф.rnrn(1)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mkrnrnХолтен се надева дека со оваа фотосесија ќе успее да им помогне на многу жртви од овој тип да се отворат и да преземат нешто во врска со тоа што им се случило. Таа признава дека единствено поради огромната поддршка и разбирањето од нејзиниот шеф била во можност да ги направи овие фотографии, свесна дека и покрај тоа што многумина ја немаат таа поддршка, сепак ќе успеат да најдат начин да го кажат тоа што го имаат.rnrn(2)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mkrnrn rn

    „Им кажувам на жртвите: Во право сте, иако сте сами. Живеете во патријархална култура која тежнее да ве осуди поради личноста која сте и ТИЕ НЕ СЕ ВО ПРАВО, вие сте во право! Имавте право да се сликате или да направите видео, мажите кои ве контактираат се женомрзачки идиоти кои имаат за цел да ве растргнат само за да се чувствуваат подобро. Добрите луѓе веруваат дека сте во право, ние се бориме за вас.“

    rn(3)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mkrnrnЗа жал, многу луѓе се жртви на вакво прекршување на нивната интимност и приватност. Дури 10 проценти од бившите партнери се заканувале дека ќе објават интимни фотографии, а неверојатни 60 проценти од нив го направиле тоа. 90 проценти од овие жртви се жени. Активисти низ целиот свет се обидуваат да издејствуваат овој прекршок да биде казнив со закон, како што веќе е во 13 земји со САД. Ема Холтен се надева дека овие фотографии ќе придонесат во таа борба.rnrn(4)-so-goli-sliki-vo-borba-protiv-zloupotreba-na-privatnosta-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблуди

    Реалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблуди

    Светот наголемо зборува за домашното насилство откако во јавност се појави снимка во која јасно се гледа како познатиот рагбист Реј Рајс ја нокаутира својата свршеница (сега негова жена), па ја влече надвор од лифтот додека таа е во несвест. Факт е дека домашното насилство не е ниту табу тема, а уште помалку новост. Секој од нас познава најмалку една жена или девојка која била жртва на насилство од својот сопруг односно дечко. Би рекле зошто остануваат и понатаму со нив? Моментално на Твитер популарен е хаштагот #whyistayed каде жените кои биле жртви на насилство објаснуваат зошто и понатаму останале со насилникот.rnrnРеалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблудиrnrnДомашното насилство е ужасна појава која со себе повлекува многу жртви, за жал најчесто тоа се децата, кои се принудени во животот да растат со лоши спомени од своето детство. Никој не сака да памети како мајка му била тепана од страна на таткото, никој не сака да го доживува својот дом како место на злосторот наместо безбедно прибежиште.rnrnЕксперти одговараат на најголемите заблуди поврзани со домашното насилство, а за да ја поттикнеме свеста за оваа појава, вклучуваме и изјава од познатиот американски доктор Фил кој објаснува зошто, иако за нас несфатливо, многумина одбираат да останат во насилен брак.rnrnРеалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблудиrn

    1. Домашното насилство е ретко

    rnСтатистички 1 во 4 жени и 1 во 7 мажи се жртви на домашно насилство. Многумина мислат дека домашното насилство не е така честа појава, дека речиси и не постои во денешно време кога жените имаат толку права. Тоа е огромна заблуда. Тоа што таквите парови не го покажуваат тоа во јавност не значи дека не им се случува, а обично баш насилниците умеат добро да се преправаат пред други.rnrnВсушност, луѓето не го земаат предвид и емоционалното насилство. Дури и ако никогаш не сте биле удрени, може да имате трауми од многубројните вербални навреди и омаловажувања. Една жена која сведочи за својата судбина изјавила „Сè уште можам да го чујам гласот на мојот сопруг како ми одѕвонува во ушите.“rnrnСепак, за среќа, макар во развиените земји, сè помала е трпеливоста кон домашното насилство. За навистина да се намали бројот, јавноста, односно ние како совесни граѓани мора да преземеме нешто. Наместо да молчиме за жртвите кои ги познаваме, јасно да се знае кое е нашето мислење за таа појава – во никој случај не е прифатливо и е казниво! Сè додека се водиме по заостанати принципи дека мажот е глава на куќата и може да прави што сака, бројот на нездрави семејства ќе биде голем. Нашите деца мора да ги воспитуваме противстереотипно – не си маж ако покажуваш сила во домот.rn

    2. Невозможно е да се сака некој кој те злоупотребува

    rnКако незасегнати набљудувачи може остро да искоментираме дека нема шанси да сакаш некој кој е толку груб кон тебе. Сепак, најголем број од жртвите, иронично, вината ја бараат кај себе и иако се жртви се чувствуваат посрамено. Оваа тема е навистина комплексна, така што овие жени, иако знаат дека не е правилно, може сепак да имаат љубов за својот насилен партнер и упорно да веруваат дека може да го променат. Најчесто кога насилникот сака да ја намали тензијата по нападот, ќе ѝ изјави љубов на жртвата, дури и ќе се расплаче. Жртвата „паѓа“ на ова и му верува.rn

    3. Насилникот е вон себе кога напаѓа

    rnЕкспертите велат дека домашното насилство се случува бидејќи еден партнер чувствува дека има целосна контрола над другиот, дека е повреден и помоќен од другиот. Неретко насилството се случува кога насилникот е под дејство на алкохол, иако не мора да значи. Насилниците прават секакви нешта со цел да имаат контрола над жртвата, од изолација до криење на финансиските средства, така што во никој случај не можеме да речеме дека се надвор од контрола или пак дека го прават тоа несвесно. Психологот Реј Џонс тврди дека 18 години работи со жртви на насилство и досега не сретнала ниедна жена на која домашното насилство ѝ се случило само еднаш. Насилникот ќе тврди дека нема да го стори тоа повторно, но секогаш лаже и секогаш знае дека лаже.rnrnРеалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблудиrn

    4. Домашното насилство е секогаш физичко

    rnКако што споменав претходно, тука се вбројува и емоционалното насилство, навредите, изолацијата, заканите, внесувањето страв. На почетокот насилникот најчесто е добар и харизматичен, барем како таков се прикажува, за набрзо да почне претерано да ја критикува својата жртва, навредува и изолира од светот. Постојат многу форми на физичко насилство, не само физичкиот удар. Покрај навредите тука е и присилбата на сексуален чин, која не смее да се запостави. Запрепастувачки е што 1 во 3 жени жртви на насилство морала да остане со насилникот, откако била принудена на незаштитен сексуален однос.rn

    5. Ако некој те малтретира, решението е очигледно, излези од таа врска/брак

    rnВсушност не е толку едноставно за жртвите на насилство. Најчесто поставуваното прашање е: Зошто ли останува во таква врска? Но, кои сме ние да судиме? Ситуацијата е многу комплексна, не може да се запостави стравот, а уште потешко е доколку жртвата има деца и се плаши за нивната безбедност. Најголем страв е за тоа што ќе се случи откако ќе го напуштат партнерот, што ако проба да им наштети? Факт е дека жртвите на насилство не се слободни и не можат да прават што сакаат.rn

    6. Жртвата може едноставно да повика полиција

    rnПовикувањето полиција е правилното нешто што жртвата мора да го стори, но не е ни најмалку лесно за неа. Некои не сакаат нивниот партнер да оди во затвор, или се плашат дека повикот само ќе предизвика повеќе насилство или дека нема да бидат соодветно згрижени и заштитени. По повикувањето полиција следи давање изјава од што жртвите се плашат. Доколку тука ја вброиме и нашата култура, односно фактот дека најголем број ако не и секој од соседите нема да ѝ помогнат на жртвата и ќе останат глуви и слепи пред насилството, сфаќаме дека воопшто не е едноставно.rn

    7. И двете страни се виновни за избувнување на насилството

    rnНародот рекол дека за кавга се потребни двајца, но не постои ниедна логична и морална причина ниту пак оправдување за насилството. Точка.rnrnНасилникот итро ќе направи жртвата да се чувствува како соучесник, како да го заслужила тоа, како да не е доволно добра сопруга/мајка/девојка, како да го испровоцирала и сл.rn

    8. Речиси еднаков е бројот на жени и мажи жртви на насилство

    rnНе одрекуваме дека постојат мажи кои се жртви на насилство, но да се верува дека бројот е еднаков, едноставно е смешно. Тоа што некои ќе се потпрат на своја измислена статистика не го прави овој проблем помал ниту пак понеопасен. Гледајте на ова вака, на секој маж хоспитализиран поради домашно насилство, има 46 жени кои се хоспитализирани поради истата причина (оваа бројка важи за САД, кај нас, верувам, бројот на жени е многу поголем).rnrnРеалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблудиrn

    9. Домашното насилство им се случува само на жени кои се сиромашни, зависни од мажот и неедуцирани

    rnНајголем број од жртвите се од оваа категорија, иако има исклучоци. Домашното насилство не дискриминира ни според статус ни според образование. Секој може да биде жртва на насилство. Сепак, финансиските средства играат голема улога. Жените кои имаат финансиска сигурност полесно би се оттргнале од насилникот, додека зависните и сиромашни жени се поранлива категорија.rn

    10. Дрогата и алкохолот го предизвикуваат домашното насилство

    rnТочно е дека го поттикнуваат, дека голема е веројатноста пијаниот маж да ја малтретира својата жена, но не може алкохолот да биде наведен како виновник. Постојат многу луѓе кои пијат, но не се насилни со своите жени и уште поважно, пијаните насилници не се насилни кон себе, нема да си наштетат себеси, што значи дека се свесни што прават.rnrnИако алкохолот го поттикнува насилството, многу фактори играат улога во емоционалното и физичкото насилство. За жал, многу од жртвите исто така ќе почнат со употреба на дроги и алкохол како начин да се справат со тоа што им се случува.rn

    Како да ѝ помогнам на пријателка која е жртва на насилство?

    rnНајпрво не смеете да се поставите супериорно ниту пак да осудувате. Поставувањето прашања како „Зошто веќе еднаш не си заминеш?“ не помага многу. Мора да покажете големо разбирање и трпение, да сочувствувате, да направите вашата пријателка да се чувствува доволно безбедно и сакано за да ви се довери вам. Во никој случај не смеете да бидете груби мислејќи дека така ќе ѝ ги отворите очите, таа знае во каква ситуација е. Информирајте се за активните организации кои би можеле да ѝ помогнат и да ѝ обезбедат правна помош и безбедно место. Но, најпрво разговарајте со жртвата бидејќи нема да можете насила да ја оттргнете од насилникот додека самата не стане свесна дека треба да си замине. Жртвата може да лаже пред полицијата и да каже дека никогаш не ѝ била нанесена повреда поради многу причини.rnrnРеалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблудиrn

    Како насилникот управува со своите жртви и зошто им е тешко да си заминат?

    rnДоктор Фил гостува во емисијата на Венди Вилијамс каде таа го поставува она прашање што сите жени, кои не биле жртви на насилство лесно ќе го постават бидејќи навистина не им е јасно: Зошто жените и понатаму остануваат во таква врска? Зошто не си заминат?rnrnДоктор Фил одговара дека е многу потешко отколку што звучи и притоа ги објаснува фазите на насилникот и како тој управува со жртвата:rn

      rn011

    • Прва алатка која насилникот ќе ја употреби е изолацијата. Тој ја изолира својата жртва од семејството, пријателите, црквата, продолжува со одземање на мобилниот, финансиските средства, за да ја остави сосема изолирана.
    • rn011

    • Продолжува со намалување на самодовербата додека не ја донесе до состојба на парализа – неможност да се направи што било. Насилникот секојдневно ја „опсипува“ жртвата со погрдни зборови и подли навреди за да се чувствува супериорно, истовремено правејќи ја неа да се чувствува слабо, незаштитено, да мисли дека не вреди ништо и дека всушност треба да биде благодарна што тој е со неа. Ќе направи да се чувствува како да не прави доволно за него, дека е лесно заменлива и дека е лоша мајка.
    • rn011

    • Кога жртвата конечно ќе реши да го напушти насилникот, најчесто поради последниот најстрашен напад, започнува периодот кога таа најмногу се плаши од она што би можело да ѝ се случи. Доколку жртвата не е згрижена и заштитена, може да биде повторно нападната. Всушност, во тие две или три недели по разделбата во просек се случуваат повеќе напади отколку што имало во текот на врската. Затоа жртвата задолжително треба да се обрати до организација и да побара заштита.
    • rn

    rnhttp://youtu.be/tKt_9EnXyrI?t=2m55srn

    Запамтете, не сте должни да трпите насилство и имате право на заштита и љубов. Доколку вие сте жртви на насилство или познавате жени кои се жртви на домашно насилство, пријавете, не молчете, постојат луѓе и организации кои ќе ве згрижат, не сте сами!

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.