Понекогаш, како туристи, имаме потполно право да се жалиме и буниме во однос на недостатоците на нашиот одмор од соништата, како на пример одложување на летот, непријатни хотелски соби, скриени трошоци… Овие поплаки се оправдани. Но, некои туристи навистина треба да си ги задржат нивните фрустрации за себе. Прочитајте ги следниве комични, нелогични и патетични поплаки на туристи, колекционирани од разни туристички агенти, онлајн-компании за патување и хотели.rnrn
rnrn1. „Имаше многу Шпанци таму. Рецепционерот зборуваше шпански, храната беше шпанска. Никој не ни кажа дека ќе има толку многу странци.“rnrn2. „Никој не ни кажа дека ќе има риби во водата. Нашите деца се исплашија.“rnrn3. „Ни беа потребни 9 часа за да слетаме дома, од Јамајка до Англија. На Американците им беа потребни само 3 часа за да стигнат дома. Тоа не е фер.“rnrn4. „Јас и мојот вереник резервиравме соба со два единечни кревети, но наместо тоа нè сместија во соба со брачен кревет. Сега, сметаме дека вие сте одговорни што јас затруднев. Ова немаше да ни се случи, доколку нè сместевте во собата којашто ја букиравме.“rnrn5. „Мрзеливо е од страна на локалните сопственици на дуќани во Порто Валарта да ги затвораат продавниците попладне. Честопати имав потреба да купам некои работи во текот на нивното време определено за сиеста. Ова треба да биде забрането.“rnrn6. „Резервиравме екскурзија во воден парк, но никој не ни кажа дека треба да си понесеме сопствени костими за капење и пешкири. Мислевме дека тие се вклучени во цената.“rnrn7. „И покрај тоа што во брошурата пишуваше дека ќе добиеме целосно опремена кујна, во шкафчињата немаше сечкач за јајца.“rnrn8. „Патиштата беа нерамни и тумбести, така што не можевме да го прочитаме водичот за местото, додека се возевме со автобусот кон ресортот. Поради ова, не бевме свесни за многуте нешта кои можеа да го направат нашиот одмор поинтересен.“rnrn9. „Ме касна комарец. Во брошурата не беа спомнати никакви комарци.“rnrn10. „Откривме дека песокот не беше онаков каков што изгледаше во брошурата. Во вашата брошура, песокот изгледа бел, но всушност беше жолт.“rnrn11. „Сигурен сум дека сум престојувал во оваа хотелска соба, во некој претходен живот. Не можам да престојувам пак.“rnrn12. „Зошто не скокаат кенгури околу Сиднеј? Многу сум разочаран.“rnrn13. „Како тур-оператор, ваша одговорност е да нè предупредите за бучните или немирни патници, пред да тргнеме на пат.“rnrn14. „Не треба да биде дозволено топлес сончање на плажата. Тоа беше многу вознемирувачко за мојот маж, кој сакаше само да се релаксира.“rnrn15. „На мојот одмор во Гоа, Индија, ми се згади кога дознав дека во речиси секој ресторан служат јадења со кари. Не сакам зачинета храна.“rnrn16. „Сметам дека треба да биде објаснето во брошурата дека во локалната продавница не се продаваат соодветни бисквити. Нема бисквит со пудинг или со ѓумбир.“rnrn17. „Плажата беше премногу песочна. Моравме сè да чистиме од песок пред да се вратиме во нашата соба.“rnrn18. „Бевме на одмор во Шпанија и имавме проблем со таксистите, бидејќи сите беа Шпанци.“rnrn19. „Моравме да се построиме надвор, за да чекаме ред за влез во бродот, но таму не беше климатизирано.“rnrn20. „Ја споредив големината на нашиот еднособен апартман, со трисобниот апартман на нашите пријатели и нашиот беше значително помал.“
Tag: жалба
-

20 смешни и нелогични поплаки на туристи
-

Книга: „Жалба“ – Џон Гришам
Книга за мрачниот и корумпиран свет кој постои зад луксузната маска на големите корпорации, за вредноста на човечкиот живот и правдата до која сè потешко се доаѓаrnrnНаслов на оригиналот: The appeal – John Grisham rnrn
Пред да стане еден од најпознатите автори на правни трилери во светот, Џон Гришам работел во мала адвокатска канцеларија во Мисисипи и балансирал помеѓу неговата работа и неговото хоби – пишувањето книги. Дипломирал на правниот факултет при Универзитетот во Мисисипи во 1981 година, специјализирал во областа на кривичното право, а во 1983 е избран во Претставничкиот дом на САД каде што служел до 1990 година.rnrnНеговата прва книга „Време за убивање“ (Time to kill), како и поголем дел од неговите книги, е инспирирана од вистинска приказна. Самиот Гришам за Њујорк Тајмс има изјавено дека со неа започнала неговата успешна приказна иако всушност самата книга е базирана на тешко судење на коешто Гришам случајно присуствувал. Тој го слушал трогателното сведочење на 12-годишно девојче кое било силувано и тепано, па почнал да размислува што би се случило и како би се развивала приказната доколку нејзиниот татко се реши да се одмазди за неправдата и го убие сторителот. На книгата работел три години, станувајќи во 5 часот наутро за да украде некој час пред да оди на работа.rnrn„Време за убивање“ првично не доживеала значаен успех, но дури со неговото второ дело „Фирмата“, Гришам се издигнува преку ноќ, продавајќи ги правата за филм на „Paramount Pictures“, а самата книга се задржува цели 47 недели на врвот на листата на бестселери на Њујорк Тајмс.rnОд 1988 година кога за првпат е издадено неговото првенче Гришам пишува по една книга годишно и сите до една се интернационални бестселери. Моментално постојат повеќе од 275 милиони копии од неговите дела ширум светот кои се преведени на повеќе од 40 јазици. „Жалба“ е неговата 21-ва книга.

rnrn
Синопсис
rn
Што друго може да држи купче луѓе во неизвесност и страв како едно големо и долго судење чијашто пресуда треба да биде донесена во секој момент? Главните играчи во овој возбудлив трилер ги запознаваме додека очекуваат одлука на поротата за случајот против корпорацијата Крејн Хемикал обвинета за испуштање канцерогени хемикалии во околината на малото гратче Боумор. Од едната страна ги имаме претставниците на напатениот град – „Канцер-околијата“ како што новинарите милуваат да го нарекуваат, брачниот пар адвокати Вес и Мери Грејс Пејтон, а од другата страна го имаме Карл Трудо, мултимилијардер и сопственик на Крејн Хемикал, истовремено бескурпулозен, но успешен бизнисмен.
rnКога поротата суди во корист на жената која ја застапуваат сопружниците Пејтон, чии сопруг и син починале од рак предизвикан од хемикалиите на корпорацијата, Крејн Хемикалс доживуваат легендарен пораз. Пресудата гласи 3 милиони долари за реална штета и 38 милиони долари казна и вкупно земено тоа е цифра што Крејн Хемикалс сепак може да ја поднесе, во случај секако кога акциите не би доживеле катастрофален пад. Карл Трудо е запишан во историјата како човекот чија компанија изгубила 1,1 милијарди долари во еден ден.
Сето ова звучи како добра завршница на еден трилер, само што во ова ремек дело на Гришам тука започнуваат вистинските интриги и сплетки. Карл Трудо е решен да не даде ниту еден цент на луѓето чии животи толку небрежно ги има уништено без разлика на цената што треба да ја плати на останатите типови како него кои треба да му помогнат да се издигне од пропаста. Иронично нели? Она што следи е возбудлива приказна за американскиот правосуден систем, огромните корпорации кои ги држат конците и границите кои се спремни да ги поместат во име на парите.rnrnЛична критика
rnМорам да признаам дека книгите на Џон Гришам ми се неистражена територија, но верувам дека тоа најмногу се должи на фактот што првата која ја прочитав беше „Да го избегнеш Божиќ“ и долго време остана единствена. Не дека книгата беше лоша туку тогаш не сфатив дека тоа не е типичниот жанр на Гришам и секогаш го асоцирав неговото име со лесни дела кои ги читаш за време на празници и не сакаш премногу да се заморуваш. Среќа, подоцна бев просветлена и овој одличен трилер падна во мои раце.rnrnКога слушаме за големите корпорации тоа обично е врзано за огромни зделки, незамисливи пари, донации до не толку среќните луѓе и секако луксузниот живот на висока нога за кој сите ние обичните смртници сонуваме. Но одвреме-навреме, имињата на овие гиганти ги среќаваме на насловните страници ширум светот вплеткани во разни интриги, тужби и скандали, па книга посветена на сурова корпорација која губи огромна сума пари поради судски процес со малечко гратче не може, а да не нè заинтригира.rnrnВо суштина, книгите на Гришам се базирани на вистински приказни и не е ништо ново да слушнеме дека на кожните фотелји поважни им се парите отколку човечките животи. Она што ја прави книгата интересна не е толку основата на тужбата, колку подоцнежните обиди и сплетки коишто Крејн Хемикалс е спремен да ги направи за да се задржи до зелените доларчиња. Затоа што кога името ти е извалкано, кога си директно одговорен за смртта на 17 луѓе, болестите на многу други и уништувањето на еден цел град, сè што ти останува е да мислиш на парите кои во никој случај не треба да завршат кај нив, нели?rnrnДобрите правни трилери се обично напнати, комплицирани и возбудливи до крај а „Жалба“ е и повеќе од тоа. Бројните информации, ликови и вештото префрлање на Гришам од сцена во сцена нема да ви го олесни читањето, но со сигурност ќе направи да уживате.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Справете се со вашиот неправеден шеф
Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.rnrn
rnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn.rnРеагирање на вашиот неправеден шеф
rnШто треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?rnrnНекоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.rnrnШто друго некоректно прават шефовите?rn
- rn011
- Праќаат имејл со лични напади
- Комуницираат со сарказам или задевање
- Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
- Ги игнорираат вработените
rn011
rn011
rn011
rn
rnСите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.rnrn
rnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn- rn011
- Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
- Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
- Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.
rn011
rn011
rn
rn
rnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn.rnПријавување на неправеден шеф
rnАко вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.rnrnНо, претходно треба да се подготвите:rn
- rn011
- Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
- Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
- Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
- Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.
rn011
rn011
rn011
rn
rnПред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.rnrn
rnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrn