Можеби до сега сте го анализирале вашиот партнер за да откриете колку си одговарате, но, покрај вообичаените работи, постојат и неколку не толку романтични работи што сепак ќе ви покажат дека до себе ја имате сродната душа. Еве едни од најчестите, секојдневни работи.rnrn
rnrn1. Обожавате заедно да практикувате досадни работи, како што е купувањето, одењето во аптека или плаќањето сметки.rnrn2. Повеќе се забавувате кога јадете во кревет отколку надвор во ресторан со пет ѕвездички.rnrn3. Една од омилените работи што сакате да ги правите заедно е да јадете што било и колку било, без да се грижите дали изгледате добро.rnrn4. Уште повеќе се заљубувате во него кога гледате како спие со отворена уста.rnrn5. И не ви смета доколку и тој ве види во ваква состојба.rnrn6. Вие, секако, си се допаѓате еден на друг кога сте убаво облечени. Но, најмногу сакате кога сте облечени во старата кошула и стари пантолони.rnrn7. Ги чувате рачно напишаните пораки од него, повеќе од најскапите работи што некогаш сте ги добиле.rnrn
rnrn8. Ве повикува да излезете кога тоа ви е потребно. Па и обратно.rnrn9. Немате потребна јавно да покажувате нежност. Повеќе се забавувате кога со насмевка гледате еден во друг преку масата и само вие го разбирате тој говор.rnrn10. Ве поттикнува и охрабрува, но истовремено одбива да ви попушта.rnrn11. Отворено можете да зборувате за своите телесни функции и да се смеете за тоа.rnrn12. Сакате заедно да одите на свадби и други церемонии каде што ќе можете да се забавувате.rnrn13. Имате развиено свој речник и свои фрази што само вие ги разбирате и имаат специфично значење за вас двајцата.rnrn14. Се познавате толку добро што би можеле да одговорите точно на 9 од 10 прашања доколку играте на квизот „Колку добро го познавате вашиот партнер?“rnrn15. Некои од вашите прекари не се класични изјави на нежност. Наместо тоа тие вклучуваат прекари како „глупчо“ или „дебел“. И тоа го обожавате.rnrn
rnrn16. Кога ќе се разболи вашиот партнер, ништо друго не ви е важно, туку само сте насочени кон него.rnrn17. Можете отворено да си кажете еден на друг кога сте си досадни или кога сте напорни, па и покрај тоа што ова е вистина, можете слатко да се изнасмеете.rnrn18. Можете долго да останете во тишина и да не се чувствувате чудно поради тоа.rnrn19. Всушност, можете да се опуштите во мир и тишина, без потреба од разговор.rnrn20. Секогаш заедно ги гледате новите епизоди од омилената ТВ серија, но сепак нема да се издадете доколку некогаш го направите тоа сами.rnrn21. Почесто ви купува благи работи и грицки од продавницата, отколку романтични поклони. Ова не би го смениле за ништо!rnrn22. Ве насмева во тешките ситуации.rnrn23. Попрво би биле мрзливи со него цел ден, отколку да одите на забава со кој било друг.
Tag: заедничко
-

Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа
-

Не двоумете се, туку веднаш заминете на патување заедно со вашиот партнер!
Многумина се прашуваат дали е подобро да заминат на патување заедно со своите пријатели, со партнерот или пак сами. Без разлика кој начин да го одберете, нема да зажалите! Секое од нив има свои предности, забавни моменти и незаборавни доживувања. Сепак, погледнете ги сите убавини на патувањето со вашиот партнер.rnrn
rn1. Ќе споделите незаборавни моменти
rnПатувањето сами може да биде едно од највредните, најинспиративните и најсамостојните активности во вашиот живот. Но, патувањето со личноста која ја сакате ќе биде едно од највозбудливите доживувања и најнезаборавните искуства во пронаоѓање и споделување на вашите заеднички интереси.rnrnПатувањето секогаш нè става на тест и ги исполнува нашите животи. Тоа е најдобрата инвестиција којашто може да ја направиме, а кога патуваме со нашата друга половина, таа инвестиција се дуплира. И да, не зборуваме за патувања при кои за цело време ќе престојувате во хотел и нема да излезете од вашата удобна зона, тука за вистински, авантуристички патувања. Кога патувате со вашиот партнер ги збогатувате вашите животи на многу начини. Пишувате заедничка историја, создавате прекрасни моменти и возбудливи авантури на кои секогаш кога ќе се сетите ќе чувствувате топлина и нежност. Врската е создадена за растење и созревање, а истото важи и за патувањата.rn
2. Ќе откриете делови од неговиот карактер кој не би ги откриле дома
rnНе е ново дека патувањето нè зајакнува, нè поттурнува да излеземе од нашата удобна зона. Овој фактор предизвикува многу аспекти од нашата личност да излезат на површина, дури и оние кои не сме свесни дека постојат. Одличен начин за меѓусебно да ги откриете и истражите вашите личности е во природа, надвор од вашата удобна зона, кога сите ваши граници се отворени. Ако планирате сериозна врска, тогаш едно авантуристичко патување е одлична идеја.rnrnОбидете се да набљудувате како вашиот сакан реагира на предизвиците, фрустрациите, ненадејната промена на плановите. Забележете како се однесува кога вашиот ранец ќе стане претежок за носење, колку е лут кога вашето возење со воз ќе се откаже или колку е забавен кога ќе види дека прекрасната куќа која сте ја нашле преку интернет во живо изгледа како вистинска депонија. Има многу ситуации коишто ќе ви дадат одличен пример за тоа како би ви изгледал животот со оваа личност.rn
3. Можете да се проучувате меѓусебно, одново и одново
rnАко сте во долгогодишна врска, без разлика дали чувствата ви се „заглавени“ или не, патувањето секогаш ќе ви отвори можности за нивно созревање. Рутината може да убие многу врски. Секојдневниот живот, стресот, работата, напорниот шеф – сето тоа негативно влијае на вас, а сето тоа може да се одложи додека патувате. Па вие ќе бидете како ново платно на кое ќе може да се наслика нова слика.rnrn
rn4. Заедничкото патување ќе го подобри вашиот интимен живот (вклучувајќи го и сексот)
rnНедостатокот на сексуален или интимен интерес од страна на вашиот партнер е уште една последица од секојдневниот стрес. Многу парови се оддалечуваат поради недостатокот на интерес до точка од која нема враќање. Ослободете се од досадното секојдневие и препуштете се на авантурата. Тоа не мора да биде долго и скапо патување. Само излезете надвор од вашата спална соба и испробајте нешто ново. Изнајмете колиба на некоја планина и уживајте заедно со вашиот партнер со чаша добро вино покрај каминот. Или можеби треба да впиете сончеви зраци на некоја плажа.rnrnЗапочнете да патувате и можеби заедно ќе пронајдете некое место во природата во кое заеднички ќе уживате. Не дозволувајте вашиот пламен да згасне. Разгорувајте го тој пламен додека гори, без разлика колку е мал, секогаш постои надеж. Заедничкото патување ви помага да се ослободите од срамежливоста и плашливоста. Започнете ги заедничките авантури.rn
5. Убаво е да имате друштво за време на долгите патувања
rnОх, тие долги патувања со воз или автобус. Чекирања, долги редици и долги паузи на станиците. Тоа се моменти кога ќе си зборувате, едноставно ќе бидете најдобри другари. Сетете се дека ништо повеќе не ги зближува паровите од разговарањето и другарството. Кога ќе разговарате со часови, вие меѓусебно ќе се поврзете, ќе ги споделите вашите очекувања, надежи и соништа.rnrnМногу парови престануваат да комуницираат после неколку години. Тие секојдневно ги извршуваат своите задачи, заборавајќи дека имаат пријател, партнер и најдобар другар до себе. Пополнете ги сите тие здодевни ситуации со разговор и смеа.rn
6. Ќе стекнете нови пријатели
rnУбаво е да запознаете луѓе кои делат интереси како вашите. Ќе се сретнете со многу истомисленици. Запознавањето на нови пријатели и други парови кои патуваат, може да ве инспирира на најразлични начини. Може да бидете инспирирани од некој пар кој ја одржува нивната љубов свежа и жестока, и покрај сите непријатности. Учете заедно со останатите кои можеби водат неконвенционален живот. Обидете се да научите нови вештини за одржување на вашата љубов и врска. Паровите коишто патуваат заедно имаат тенденција да останат подолго заедно.rnrnЗапомнете дека во која точка и да се наоѓате во овој момент, тоа е резултат на вашите мисли и дела. Започнете да го создавате денес она што сакате утре да расцвета во вашиот живот.
-

Што можат заедничките фотографии да откријат за вашата љубовна врска?
Заедничките фотографии можат да кријат тајни сигнали кои претходно не сте ги забележале, но кои можат да ви помогнат подобро да го истражите вашиот однос и да откриете дали можете да направите нешто за да го подобрите.rnrn
rnrnПонекогаш е многу очигледно кога одредени парови поминуваат низ лош период во врската, но некогаш дури ни самите партнери не се свесни за оваа состојба. Тие можеби се задоволни, но им недостасува нешто што тие во тој момент едноставно не можат да го објаснат. Постојат многу причини за завршување на врската, но познатата авторка и сексуална терапевтка, Трејси Кокс, тврди дека моменталната состојба на врската може да се процени на многу едноставен начин. Сè што треба да направите е да ги погледнете вашите заеднички фотографии.rnrnЗаедничките фотографии можат да кријат во себе тајни сигнали кои претходно не сте ги забележале, но секако се причина за набљудување на вашиот однос и за наоѓање начини на кои можете да го подобрите. На пример, одберете фотографија на која сте позирале. Нека биде што посвежа, а ако подолго време сте во врска, можете да ја споредите со фотографии од претходните години. Па, што кажува таа за вашата љубовна врска?rnДоколку можете да ги забележите следниве знаци, тогаш вие моментално се наоѓате на добро место:
rn
- rn011
- Гледате директно во вашите очи или пак, еден партнер насмеано гледа во камерата, додека другиот го гледа во очи – овој поглед ни открива дека немате што да криете.
- Седите на столица или кауч, еден покрај друг или пак, тој или таа застанале одма до вас – ова покажува дека вие не сакате да бидете физички многу одвоени.
- Вашето торзо е исправено кога сте прегрнати или пак, сте ја префрлиле вашата рака еден врз друг – подвиткувањето на грбот може да биде знак дека тој или таа не сака да биде на оваа фотографија.
- Вашите карлици се близу – колку се тие поблизу, толку повеќе вашата близина е природна, што укажува на редовен и исполнет сексуален живот.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Доколку не ги забележувате овие нешта на вашите фотографии, тогаш погледнете ги следниве знаци кои укажуваат на потешкотии во врската:
rn
- rn011
- Вие и вашиот партнер стоите оддалечени еден од друг, односно не се допирате со ниту еден дел од телото – физичката оддалеченост се поврзува и со емоционалната.
- Единственото време кога се допирате е при поздравување, збогување или за време на сексот – вие сте ја изгубиле физичката интимност и сте се претвориле во пријатели со придобивки.
- Многу ретко се гледате во очи, а додека разговарате еден од вас гледа на друго место или во својот мобилен телефон.
- Ако тој или таа ненадејно ве допре, вие се сепнувате и обратно.
- Кога седите блиску еден до друг, поставувате физички бариери – ги вкрстувате рацете, поставувате перници помеѓу вас или се вртите со грб.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
-

Кога е вистинското време да почнете да живеете заедно?
Живеењето под ист покрив пред стапување во светата заедница брак, не е веќе табу тема. Модерните парови сè почесто се одлучуваат за заеднички живот пред брак. Но за многумина претставува голема дилема кога е вистинското време да го направат тоа. Што ако избрзаат? Што ако нивниот избраник или избраничка се покаже дека е сè спротивно од она што мислеле дека е?rnrnСтапувањето во брак е сериозен чекор, а нема подобар начин за вистински да се зближите и запознаете со личноста од делењето на иста куќа или стан. Работата е во тоа што заедничкото живеење пред брак може да значи само две нешта: или работите ќе тргнат сосема наопаку или ќе се убедите себеси дека тој/таа е вистинската личност за вас.rnrn
rnrnМногумина веруваат дека пред да се одлучат на ваков чекор треба да помине одреден временски период. Дали чекањето 6 месеци или 3 години е само мит? Дали може да биде вистинско губење време, кога всушност би требало да се вселите заедно многу поскоро?rnrnОбидете се да размислите на овие три прашања поврзани со вашата врска за сами да си дадете одговор дали токму сега е вистинско време со партнерот да почнете да живеете заедно.rnДали имате ефективна комуникација?
rnСо започнување на заеднички живот, треба да сфатите дека вашиот партнер не ви е цимер, туку потенцијален животен сопатник. Меѓу 4 ѕида нема да можете да го кажете своето и да свртите грб. Кога ќе ве изнервира нема да можете да треснете врата, да се заклучите во соба и да пуштите музика до максимум, сепак сте возрасни личности и делите ист дом.rnrnНесогласувања ќе има, но дали би можеле да направите компромис? Никој не е совршен, дали ќе можете да се носите со мааните на вашиот партнер? Доколку умеете да си ја погазите гордоста, а и тој/таа е личност која може да се извини и признае вина, тогаш би можеле да живеете заедно со разбирање и правење компромис.rnrn
rnrnЗатоа првото прашање кое треба да си го поставите е: Дали сум доволно зрел/а за да изнесам аргументи, да сослушам, признаам вина, и најважно од сè, дали двајцата сме подготвени за компромис и мирно решавање на несогласувањата? Доколку имате ефективна комуникација, одговорот на овие прашања би бил потврден.rnДали имате финансиска стабилност?
rnФинансиската стабилност е многу важна и треба да се сфати сериозно. Доколку не можете да седнете и отворено да разговарате за вашите примања, потреби и трошоци, влетувањето во заеднички живот нема поента.rnrnОна на што треба да бидете подготвени е прелистување огласи и посетување разни станови можеби и со месеци. Извадете ги картите на виделина. Колкава кирија би можеле да плаќате или дали би можеле да си дозволите да купите стан? Колкави ќе бидат вашите месечни потреби и дали ќе успевате да ги подмирите месечните трошоци? Од кои луксузи или непотребни трошоци ќе треба и двајцата да се откажете?rnrnВселувањето заедно е сериозен чекор. Кога станува збор за финансиската стабилност, не брзајте. Можеби и на двајцата или на еден од вас ќе ви биде потребно време да заштедите повеќе пари или да добиете работно место кое е повеќе платено.rnrn
rnДали на повидок ви е заедничка иднина?
rnНе станува збор за заеднички викенд или одмор на далечна дестинација. Тоа сте вие двајца и живеете заедно. Нема да можете да ја уживате слободата и приватноста како сега. Со вас не се родителите кои ќе ве извадат од секоја каша туку одговарате самите за себе. Кога ќе започнете кавга или ќе копнеете по својата приватност, не можете да кажете дека ви треба пауза, бидејќи врската веќе сте ја однеле на многу понапредно и позрело ниво.rnrnВо секој случај, живеењето заедно подразбира компромис и прифаќање на туѓите маани и слабости. Доколку во иднина не се замислувате заедно со личноста, или имате некои поголеми двоумења и мисли кои ве враќаат назад, не брзајте се. Тоа што вашиот партнер е подготвен да го направи тоа не значи дека сте и вие. Започнувањето заеднички живот не е одлука која се носи според инстинкт.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Важни настани во секоја врска
Во секоја љубовна врска постојат одредени настани на кои треба да им се пријде со внимание и свест, значајни моменти кои можат да променат многу и мигови кои секогаш остануваат во сеќавањата.rnrn
rnrnНекои од нив се:rn- rn011
- Првиот бакнеж
- Првиот подарен цвет
- Одбирање на вашата заедничка песна
- Првиот филм гледан заедно
- Првото запознавање со неговото/нејзиното друштво
- Првата заедничка фотографија
- Првиот долг поглед очи во очи
- Првото приредено изненадување
- Кога за првпат ќе ве одбрани пред други
- Првото заедничко гледање на зајдисонцето
- Одење во неговиот/нејзиниот дом за првпат
- Првата подготвена вечера
- Првиот сексуален однос
- Првата ноќ помината заедно
- Првиот заеднички одмор
- Запознавање со семејството
- Првата прегратка за утеха
- Изјавувањето љубов за првпат
- Првата кавга
- Првото смирување
- Првиот подарок
- Првата заедничка одлука
- Купување заедничко милениче
- Почеток на заедничко живеење.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНе заборавајте да ги повторувате овие први и значајни моменти, тоа ќе ја оддржи вашата врска во живот и нема да дозволите романтиката да изумре. Можеби клучот за внесување возбуда во врската е новото, но некогаш подобро е да го повторите старото во уште подобро издание.
-

Совети за подобар заеднички живот
Започнувањето заеднички живот со партнерот е голем чекор за секоја врска. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги надминете најчестите несогласувања кои се јавуваат на почетокот на заедничкото живеење.
Проблем: Нечистите садови остануваат во мијалникот сè додека некој не стане пасивно агресивен.rnrnРешение: Кога се работи за задолженијата, сите ние мора да завршиме по некоја валкана работа. На таквата работа најдобро е да се гледа како на добар гест кој го правиме за партнерот. Доколку вашиот избраник ја заврши оваа работа за вас, покажете му дека го цените тоа.rnrnПроблем: Спортскиот натпревар и серискиот филм се емитуваат во ист термин.rnrnРешение: Најидеално решение за овој проблем би било едниот да се откаже и да ја гледа репризата за сметка на другиот. Многу жени во вакви случаи се одлучуваат омилената серија да ја гледаат кај пријателките. Истото важи и за мажите кои можат да го следат натпреварот кај некој пријател. Денес од голема помош е и технологијата која овозможува снимање на програмата.
Проблем: Неговиот другар повторно престојува во вашиот дом.rnrnРешение: На почетокот многу парови преговараат за заедничкиот простор во домот и просторот во кој би ги сместиле гостите. Затоа потребно е да постават основни правила со кои секој член во домот ќе се чувствува удобно. Доколку најавениот гостин не му се допаѓа на партнерот, најдобро е да го сместите во хотел. На тој начин ќе го сочувате мирот во врската.rnrnПроблем: Подот од купатилото е постојано влажен, а огледалото е испрскано со дамки од паста за заби.rnrnРешение: Оставањето мали вирчиња вода зад себе е нешто што жените не можат да го поднесат. За овој проблем има само едно решение, а тоа е секој да внимава зад себе и да ги остави работите такви какви што ги нашол. Ако партнерот „заборави“ на ова правило, предложете му следниот пат да облече чорапи и да згазне во вирчето што го направил.rnrnПроблем: Дали секој да ги подмирува своите трошоци или да отвориме заедничка сметка во банка?rnrnРешение: Парите се многу чест проблем за секој пар кој започнува заеднички живот. Финансискиот стрес е нормален и може да предизвика долгорочни ефекти доколку не функционирате како тим. За да се реши ваков проблем потребно е да ги „отворите картите“. Што ако се случи еден од вас двајца да ја загуби работата? Зошто сте „за“, а зошто „против“ заедничка сметка? Запишете ги одговорите и анализирајте ги. Така ќе го добиете одговорот на вашата дилема.
Проблем: Сами, а заедно.rnrnРешение: Нормално е после напорен ден да дојдете дома и веднаш да сакате да се изолирате од партнерот. Наместо тоа, одвојте неколку минути за прегратка и накратко објаснете му на партнерот колку тежок ден сте имале. Така партнерот ќе ја сфати вашата потреба за изолација, а вие ќе можете да се повлечете без тој да мисли дека го игнорирате.rnrnПроблем: Тој сака целовечерна забава во дискотека, додека таа сака да ја преспие ноќта.rnrnРешение: Колку повеќе време сте заедно, толку помалку ќе ви значи индивидуалноста на партнерот. Со текот на времето настанува еден вид на постепена смрт на индивидуализмот. На почетокот може да биде многу тешко да се издржат различните идентитети. Доколку имате голем проблем со усогласувањето на социјалните навики, ни вие, а ни партнерот не треба да заборави дека треба да е благодарен што има некој кој го чека да се врати дома.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата
Ве обземаат емоции за бившиот партнер и едноставно не можете никако да си помогнете. Седнувате на компјутер и почнувате да го „манијачите“ неговиот профил на социјалните мрежи и го молите Господ никогаш да не дознае за тоа. Сакате да го видите, некаде да го сретнете, да поразговарате, со надеж дека работите можат да се вратат назад какви што биле некогаш. Со многуте можности за поврзување кои денес ги нудат интернетот и социјалните мрежи и ве предизвикуваат да паднете во искушение да му/и пишете, едноставно не знаете кој начин да го одберете за да му/и пристапите.rnrn
rnrnКој хороскопски знак е вашиот екс партнер? Астрологијата може да ви помогне со некои предлози и совети за тоа како да стапите во контакт со него/неа од нигде-никаде.rnОвен
rnБидете директни! Овенот сака да знае што сакате од него и зошто. Ако сте искрени, овенот ќе го почувствува тоа и ќе ви возврати љубезно.rn
Бик
rnПокажете му кои сте (и што сте постигнале во животот од минатиот пат кога сте се виделе). Бикот не може, а да не праша за вашите успеси. Ако имате нови достигнувања во животот за кои бикот не знае, тоа ќе ве направи само посексапилни во неговите очи.rn
Близнаци
rnШто и да кажете – направете го тоа со стил и бидете интересни. Близнаците сакаат да се присетат на елоквентниот и досетлив другар, со кој некогаш биле во љубовна врска.rn
Рак
rnБидете истовремено слатки и кисели. Ракот е идеален микс од нежност и цврстина и сака да ја запамети неговата некогашна љубов како таква.rn
Лав
rnПотрудете се повеќе! Овој знак сака да се прикажува себеси во најдоброто можно светло, па стравувајќи да не му го повредите егото, ќе сака да знае дали доволно ви е грижа за него, и дали вреди да се вознемирува околу вашата неочекувана средба.rn
Девица
rnЗапомнете некој детаљ! Девиците ќе ги ценат оние мали нешта кои што сè уште ги помните од вашата врска.rnrn
rnВага
rnСпомнете некој заеднички пријател. Вагите ги ценат заедничките работи што сте ги имале, совпаѓањето на вашите интереси и нештата од кои имате обострана корист.rn
Скорпија
rnБидете искрени! Скорпијата ќе ја почитува вашата самокритичност, хуморот на ваша сметка и храброста да ги прикажете нештата токму онакви какви што се.rn
Стрелец
rnИзмамете го! Овој знак сака да слушне дека „тревата е позелена кај комшијата“, па играјте ја неговата игра.rn
Јарец
rnПредизвикајте го! Јарец – знакот кој ја обожава потрагата, ќе сака да дознае која е вашата цел. Изнесете му ја на виделина, јасно и гласно.rn
Водолија
rnРечете и „Еј, се сеќаваш на мене?“ Тоа е сè што е потребно да направите. Вашиот бивш партнер има магловито сеќавање за вашата добрина, љубезност и дарежливост. Потсетете го! Бидете најдарежливата личност во универзумот.rn
Риби
rnСтанете дел од нивниот имагинарен свет. Овој духовен знак сака да патува во мислите на некое подобро место, како на пример во рајот, а вие треба да направите да се чувствува како да ги разбирате неговите илузии. Едноставно кажано замислете си дека вие двајца сте најсреќниот пар во светот, пред воопшто да се обидувате да стапите во контакт со рибите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.