КАФЕ ПАУЗА

Tag: забавен

  • Како да бидете поинтересна личност?

    Како да бидете поинтересна личност?

    Да бидете интересни значи да имате способност позитивно да влијаете на некоја личност со помош на вашето однесување и размислување. Оваа карактеристика е многу значајна бидејќи најчесто е основата за добра љубовна врска или пријателство. Добрата вест е дека да се биде интересен не е нешто што може да се пренесе преку гените или со наследство. Тоа е повеќе како способност или вештина, нешто што може да биде научено и извежбано. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да станете многу поинтересна личност.rnrn

    Подобрете го вашето знаење

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnЕдна од карактеристиките на забавната индивидуа е тоа што секогаш придонесува во разговорите. Тој/таа секогаш знае нешто интересно за споделување, како на пример, некои факти кои ве ќе изненадат или замислат. Оваа личност никогаш не стои на страна, слушајќи и кимајќи со главата на она што другите го говорат. Токму поради тоа, почнете да учите. Гледајте документарни филмови, читајте книги, сурфајте по интернет или едноставно учете од вашето лично искуство. На овој начин, вашите идеи и мисли побрзо ќе се создаваат и ќе имате многу нешта кои би можеле да ги споделите со вашите пријатели. Вие не само што ќе бидете позабавна личност, туку ќе бидете и во тек со она што се случува во светот.rnrn

    Бидете социјално активни

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnКриењето во една просторија и поминувањето многу време со самите себе на никој начин не е интересно. Секој од нас одвреме-навреме има потреба да се изолира од светот, но не дозволувајте тоа да ви премине во навика. Забавните личности се секогаш опколени со други луѓе. Тие лесно започнуваат разговори, дури и со непознати луѓе. Токму поради тоа, почнете повеќе да излегувате од дома. Одете со пријателите во парк, на кафе или пак на забави. На овој начин ќе го проширите вашиот круг на познанства и истовремено ќе се забавувате многу повеќе од порано.rnrn

    Смејте се

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnИнтересните личности едноставно знаат како да го привлечат вниманието на луѓето околу нив. И ништо на светов не може да привлече онолку внимание како среќата и смеењето. Овие две нешта функционираат како магнети за внимание. Доколку сакате да бидете во добро расположение, обидете се да бидете околу среќни луѓе. Избегнувајте ги оние кои секогаш ви префрлаат негативно расположение и тага.rnrn

    Бидете онаа личност која навистина сте

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnИнтересните индивидуи никогаш не се обидуваат да бидат нешто што не се. Тие не ги имитираат останатите и не се преправаат дека се интересни. И најважно од сè, знаат дека доколку лажат, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина и со тоа брзо ќе ја изгубат својата репутација. За да го одржувате вашето вистинско ЈАС, најдобро е да бидете во контакт со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што навистина сте. Обидувајте се да го намалите контактот со луѓето кои се обидуваат на каков било начин да ве сменат.rnrn

    Правете го она за што сте страсни

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnОна што ги одделува забавните луѓе од оние кои не се е нивната страст. Тие се опседнати со тоа што го прават и секогаш го прават она што ги прави среќни. Токму поради тоа планирајте ги вашите активности така што подоцна ќе ве одведат до она за што сте страсни. Исто така многу е добро доколку никогаш не престанете да го практикувате вашето омилено хоби.rnrn

  • Мултиталентираниот Азиз Ансари

    Мултиталентираниот Азиз Ансари

    Азиз Ансари е американски актер, писател, продуцент и неверојатно забавен стенд-ап комичар. Роден е на 23 февруари, 1983 година во Колумбија, Јужна Каролина. Меѓу неговите најпознати појавувања на филмското платно се оние во „Смешни луѓе“ (Funny People), „Те сакам, човеку“ (I Love You, Man), „За помалку од 30 минути“ (30 Minutes or Less)…rnrnСвојата кариера пак, како стенд-ап комичар ја започнал во 2001-та година, во Њујорк, каде и го продолжил своето образование. На ова поле денеска може да се каже дека е најдобар и најдокажан.Мултиталентираниот Азиз АнсариМеѓу неговите најнови точки се „Губење време на интернет“ и „СМС комуникација со девојките“, како дел од последно лансираниот стенд-ап материјал „Опасно вкусни“, достапен по цена од 5 американски долари на неговиот официјален веб-сајт.rn

    rn

    rn

    rnrnНеговото најпопуларно Јутјуб видео пак, е кога зборува за неговиот млад роднина Харис.rn

    rnАнсари не ги штеди ниту пријателите од јавниот живот. Покрај со актуелните случувања, настапите често ги зачинува и со шеги на нивна сметка. Како јавно деклариран фан на рап музиката, инспирацијата за неговите стенд-ап точки најмногу ја црпи од неговите пријатели-рапери.rn

    rn

    rn

    rn

    rnrnВо последните неколку години тој стана особено интересен за медиумите. Чест гостин е и во познатите полноќни шоуа. Како највпечатливо и најзабавно го издвојуваме неговото појавување кај Џими Кимел, каде отворено зборува дека се плаши од бебињата.rn

    rn

    Ансари важи и за еден од 10-те најзабавни твитерџии. Прочитајте мал дел од неговите твитови, меѓу кои е и преписката со претседателот Обама.

    rn
    rn

    „Имам повеќе твитер следебеници од тебе, човеку“ – порака на Обама до Ансари

    rnrn

    „Обама ме предизвикува, тврдејќи дека имам недостаток на твитер следбеници. Нереално“ – реакцијата на Ансари за претседателскиот коментар.

    rnrn

    „Не сум белец, но блиску сум до Мексиканец.“

    rn

    „Мала помош за вашата ‘полноќна акција’: Извинете, но дали некој некогаш ви кажал дека личите на афроамериканска верзија од Џенифер Анистон?“

    rn

    „Му оставив говорна порака со доооолга пцовка на оној што ми го украде ајфонот, за да подоцна сфатам дека всушност јас сум единствениот што ќе ја слуша таа порака.“

    rn

    „Ве прогласувам за маж и ноже (I now pronounce you man and KNIFE…).“

    rn

    „Не ги сакам атрактивните жени. Тие никогаш не ја држат вратата од лифтот отворена за мене и мислат дека секогаш можат да влезат преку ред во заедничките купатила.“

    rn

    „Њујоршки гангстер во Норвешка? Како е тоа можно?“

    rnrnВо продолжение, погледнете уште неколку од настапите на фантастичниот Ансари:rn

    rn

    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“

    Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“

    Конечно се исполни сонот на сите обожаватели на овие две, веќе култни игри, бидејќи паркот официјално ги отвори своите порти и започна да работи. Тој се наоѓа во Кина, малку северно од Шангај и е наречен „World Joyland”.Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“За жал, паркот не е со одобрение ниту од „Activision“ ниту од „Blizzard Entertainment“, но доколку не разбирате кинески, тоа може и да не го сфатите. Делот од паркот кој е посветен на играта „World of Warcraft“ е наречен „Terrain of Magic”, додека оној на „Starcraft“ е познат како „Universe of Starship“. Паркот е распослан на неверојатни 600.000 квадратни метри, а за неговата изработка биле потрошени 31 милион американски долари.Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го освоите Стрелецот по кој копнеете?

    Како да го освоите Стрелецот по кој копнеете?

    Мажите родени во хороскопскиот знак Стрелец се весели, палави, забавни и паметни личности. Некои од нив се големи „филозофи“, други се шегаџии, трети се комбинација од претходните две, но во секој случај стрелците поседуваат еден куп интересни карактеристики поради кои не можете, а да не ги сакате. Тие не можат да останат на едно исто место долго време и се секогаш во потрага по некоја нова авантура која ќе им го забрза пулсот на срцето. Во продолжение следуваат карактеристики кои ги одбележуваат машките стрелци.rn

    Вешти и брзи

    rnОвие мажи се агилни и во телото и во умот. Секогаш се подготвени да научат нови работи, да се усовршат во спортовите и снаодливо да се извлекуваат од напнати и „затегнати“ ситуации. Тие се вешти и паметни личности, кои сакаат добро да се запознаени со одредена тема, пред да се вклучат во дискусија за истата.rnrnКако да го освоите стрелецот по кој копнеете?rn

    Филозофи

    rnСтрелците се познати по тоа што за себе мислат дека се непогрешливи и сакаат да го споделуваат нивниот филозофски поглед кон животот на секој што ќе им „влета“ на патот. Ако сакате да освоите некој Стрелец, остварете контакт со очи и за кратко тој ќе почне да ве распрашува од каде сте, кои сте, што правите таму и сл. Откако ќе ги прецизира податоците кои му се потребни за вас, тој ќе побара ваше мислење за одредена тема и кога ќе се обидете да го лансирате вашиот став, тој шармантно но вешто ќе ве пресече додека зборувате и ќе ви го побие вашиот став со сопствениот. Вие дури нема ни да го забележите тоа, бидејќи ќе бидете обземени од неговиот добар изглед, шармантна насмевка и вулканска пасија за стекнување знаење и вештини.rnrnКако да го освоите стрелецот по кој копнеете?rn

    Забавни личности

    rnНекоја привлечна енергија секогаш кружи околу Стрелецот. Тој не само што успева да пронајде забава во сè, туку обожава да ги развеселува и расположува другите луѓе.rnrnНишто не го депримира Стрелецот повеќе од намуртени луѓе. Тој веднаш ќе почне да се однесува будалесто и ќе проба да ве насмее за да ви го подобри расположението, но ако не му успее, тој ќе се повлече. Стрелецот не гледа поента во залудно потрошеното време со вас, ако вие го влечете со вас во меланхолично расположение. Тоа е последното нешто кое тој го сака.rn

    Стрелецот на љубовен план

    rn

    Многу арно не е на арно

    rnАко вашето момче е Стрелец, по извесно време може да почнете да чувствувате дека оние работи кои најмногу ви се допаѓале кај него на почетокот, се истите кои сега „ве вадат од кожа“.rn

      rn011

    • Неговата темпераментност може да почне да ве нервира: „Зошто никогаш не можеш да седиш мирно?“
    • rn011

    • Од неговите филозофски реченици може да посакате да врискате: „Зошто не можам да добијам конкретен одговор?“
    • rn011

    • А неговата авантуристичка страна, може да се претвори во прашања од ваша страна од типот: „Зошто никогаш не знаеш да бидеш сериозен?“
    • rn

    rnКако да го освоите стрелецот по кој копнеете?rn

    Тајминг

    rnПромената во однесувањето на Стрелецот настанува кога врската се задлабочува и односите стануваат посериозни. Ништо нема да направи Стрелецот побрзо да избега од својот партнер, од сериозното приврзување. Последно нешто кое сака да му се случи на љубовен план, е од брз тигар да го претворите во куќен мачор. :)rn

    Неговото срце може да се освои

    rnЗа да го освоите овој човек, потребно е да го примамите со ветување дека никогаш ништо нема да се смени, дека вие двајца секогаш ќе се забавувате, ќе бидете безгрижни и подготвени за секој предизвик кој ќе ви застане на патот. Доколку успеете да направите тој да се почувствува дека врската со вас ќе биде најзабавното и највесело животно патување, Стрелецот ќе има волја да се „врзе“. Патот до освојување на неговото срце не е лесна задача, но ако се потрудите често да ја одржувате насмевката на вашето лице кога сте со него, тој ќе почне да се фаќа на мамката. Верувајте, ова момче е вредно за да се потрудите околу него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.