КАФЕ ПАУЗА

Tag: врвки

  • Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

    Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

    Пролетта само што ни пристигна, а ние со нетрпение чекаме да ги соблечеме дебелите џемпери и топлите чизми и да ги замениме со разлетани фустани и балетанки! Веруваме дека сте расположени за пролетен шопинг и веќе сте ги посетиле бутиците по потрага за некое ново пролетно парче. Исто така, веруваме дека сте забележале дека балетанките со врвки се сè повеќе популарни и дека можат да се најдат во бројни продавници за обувки. Сепак, за овие балетанки треба да одвоите одредена сума на пари, зар не? Ние велиме – НЕ! Можете да ги направите сами. Потребно ви е само еден пар стари балетанки и малку добра волја!rnrn1-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrnПогледнете го упатството и дознајте како брзо и лесно да ги редизајнирате старите и да направите потполно нови балетанки со врвки.rn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Обични балетанки
    • rn011

    • Кожни врвки
    • rn011

    • Алатка за правење дупчиња во кожни материјали
    • rn011

    • Маркер
    • rn

    rn2-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn1. На самата средина на балетанките, веднаш над прстите, издупчете дупка.rnrn3-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn2. Низ неа провлечете ја врвката, но внимавајте краевите да ви бидат со иста должина. Нив ќе ги провлечете низ новите две дупчиња кои ќе ги направите неколку сантиметри повисоко, од страната.rnrn4-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn3.Предлагаме да направите уште по едно дупче, отприлика околу зглобот. Потоа кожните врвки украсете ги, па протнете ги низ дупките.rnrn5-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn4. И тоа е сè. Балетанките ќе ги облечете, а кожните врвки ќе ги обвиете околу зглобовите и ќе ги заврзете.rnrn6-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

  • Намалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начин

    Намалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начин

    Понекогаш, болките во стапалата можат да бидат предизвикани од притисокот кој го создаваат врвките на одреден дел од нив. Според тоа, менувањето на начинот на врзување може брзо и ефикасно да ја пресретне болката и лесно да го реши вашиот проблем.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrn

    Отоци во горниот дел од стапалото

    rnОвој проблем често се јавува кај луѓето со висок свод на долниот дел од стапалото. Врвките го тријат горниот дел од стапалото и ја иритираат кожата или создаваат плускавци.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnЗа да го решите својот проблем, кога ќе ги местите врвките на вашите обувки, прескокнете еден ред во делот каде што најмногу ја чувствувате болката.rn

    Премногу стегнати прсти

    rnВашите прсти на нозете не можат да дишат. Решението е во врзувањето со две врвки.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnЗа оваа цел ќе ви требаат по 2 врвки за секој чевел. Почнете од долу со едната врвка и врзете ја со машничка во средината. Потоа, другата врвка протнете ја во слободните отвори над машничката, наместете ја до горе и врзете уште една машничка кога ќе дојдете до крај. Експериментирајте додека не ја добите посакуваната удобност.rn

    Отоци во сводниот дел на стапалата

    rnВашите чевли премногу ве стегаат во горниот дел од стапалата…rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnРешете го проблемот со паралелно местење на врвките. Не вкрстувајте ги врвките на секое отворче, туку одете нагоре прескокнувајќи по едно дупче во вид на скала.rn

    Лабава пета

    rnДоколку вашите пети се лизгаат нагоре-надолу, решението е во подврзувањето на врвот од чевелот.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnНаместете ги врвките нормално, но на врвот, каде што стрчи јазикот, искористите ги празните дупчиња за да ги протнете нагоре кон надвор и да направите јамчиња. Потоа вкрстете ги врвките и протнете го крајот од секоја страна во спротивната јамка од горе надолу. На крајот затегнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.