Сакате да ги прекриете вишокот килограми и да изгледате витки, а не знаете како да го постигнете тоа? Облеката е најдобар сојузник на добриот изглед, а за да ги маскирате нагласените облини, одбирајте парчиња кои ќе ја издолжат вашата фигура. Затоа носете облека во комбинација со високи потпетици и придржувајте се до советите од стилистите.rnrn
rn
1. Избегнувајте ги набраните панталони
rnНаборите прават да изгледате пошироко, додека правите панталони го сокриваат стомачето и ги издолжуваат нозете, па така ќе изгледате поскладно.rnrn
rn
2. Покажете ги рамената
rnСо блузите со овален израз или со модели кои го откриваат само едното рамо, ќе го оттргнете вниманието од „критичните“ делови на телото.rnrn
rn
3. Завиткајте ги ракавите
rnНа тој начин ќе го истакнете најслабиот дел од рацете, од лактот до зглобот, а истиот ефект може да го постигнете и со блуза со три-четврт ракави.rnrn
rn
4. Внимателно изберете го градникот
rnПоставениот пуш-ап градник може да ги урамнотежи пропорциите на телото, додека градникот со премногу опуштен заден дел не ја пружа потребната потпора на градите и може да ги нагласи „перничињата“ на грбот.rnrn
rn
5. Носете облека со подлабок израз околу вратот
rnНа тој начин ќе го свртите вниманието на лицето и горниот дел од телото. Ако имате големи гради носете фустани и блузи со V-израз, а малите гради визуелно зголемете ги со округло деколте.rnrn
rn
6. Пронајдете фармерки од темен тексас со висок струк
rnОвој модел визуелно ги стеснува бедрата и нозете, додека од фармерките со низок струк стомачето може да „искокне“. Истиот ефект можете да го постигнете ако носите панталони со висок, широк појас. Секако високите потпетици се задолжителни.rnrn

n
n
n
n

rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn