Невозможно е да ја дефинирате љубовта. Сигурно честопати имате слушнато дека не постојат зборови со кои може да се опише љубовта, но не се важни зборовите, туку луѓето кои ги изговараат. Љубовта е природна, логична последица од средбата на две компатибилни души. Но, како да знаете дали сте го пронашле вистинскиот партнер? Следниве прашања ќе ви помогнат да откриете.rnrn
rn
1. Дали животот драстично ви се подобрил откако сте заедно?
rnДали сте посреќни? Дали имате подобар поглед кон животот? Дали проблемите ви изгледаат помалку страшни и сметате дека лесно ќе ги решите? Имате ли повеќе добри денови отколку лоши? Ако можете да се сложите со ова, најверојатно вашиот партнер е вистинскиот. Немојте да правите чекор понатаму во врската сè додека не можете потврдно да одговорите на ова прашање.rn
2. Дали се насмевнувате секогаш кога ќе го видите, ќе се слушнете или кога ќе помислите на него?
rnАко одговорот е „Да“ тогаш навистина сте вљубени, а ова е најважниот знак. Ако чувствувате среќа кога ќе се сретнете, тогаш станува збор за вистинска љубов. Ако помислата на партнерот ви го разубавува денот, покрај вас имате личност којашто треба да ја зачувате. Без овие чувства никогаш нема да создадете блискост која е неопходна во здравите врски. Преголемата приврзаност не е најважната работа, но е сепак важна во љубовта.rn
3. Можете ли да разговарате со часови без да ви стане здодевно и без да се чувствувате чудно?
rnФизичката страст е важен дел од врската. Но, постојат и поважни фактори кои треба да ги земете предвид. Важно е вашиот партнер да ве стимулира интелектуално. Разговорот и дружбата се оние нешта кои ве држат заедно. Љубовта и пријателството ќе направат вашата врска да трае. Ако разговорот со партнерот не ви е едно од омилените нешта, тогаш запрашајте се зошто сте со него.rn
4. Дали е покрај вас кога ви е потребен?
rnДали тој навистина ви е партнер или само дечко? Дали е покрај вас кога ви е навистина потребен? Дали ве поддржува, мотивира и ви помага да се движите по вистинскиот пат, или е покрај вас само кога тој сака? Ако вашиот партнер повеќе сака да е сам отколку со вас, тоа е знак дека вие не сте пар, барем не во вистинска смисла на зборот.rn
5. Дали ви се отворил и ве пуштил во неговиот живот?
rnНа некои луѓе им е потребно многу време за да се отворат, дури и пред саканите. Но, некои луѓе едноставно никогаш не си дозволуваат да бидат ранливи. Причината за ова можеби е тоа што партнерот не верува во вашата врска. Најчесто вие не сте виновни за ова. Понекогаш луѓето не можат да се отворат бидејќи длабоко во себе знаат дека она што го чувствуваат не е вистинска љубов.rnrnИскажувањето на љубовта е различно кај секого. Начинот на којшто вие го сакате партнерот се разликува од начинот на кој тој ве сака вам. Но ако често се прашувате дали ве сака или не, веројатно веќе го знаете одговорот, само не сакате да ја прифатите реалноста. Ако вашиот партнер не ве сака, продолжете понатаму. Вие заслужувате партнер кој ќе ве сака со секој дел од неговото битие.rnrnДали знаете кои се клучните разлики помеѓу сродна душа и животен партнер?


rn


rnrnДоколку не се плашите од езера, отсега па натаму ќе почнете. Лимничките ерупции се природна катастрофа при која разни видови гасови, најмногу јаглерод диоксид и метан, се натрупуваат на дното од длабока водна површина и одеднаш се ослободуваат како последица на некоја сеизмичка активност, ерозија или стрес. Кога меурот од гасови ќе ја достигне површината, настанува ерупција од вода и гасови кои го надвладуваат чистиот воздух и уништуваат сѐ пред себе. Во 1986, лимничка ерупција во езерото Ниос убила 1.700 луѓе во радиус од 25 километри, многу од кои се згушиле од ослободениот јаглерод диоксид. Оваа катастрофа се случила во рурална област, а сепак оставила многу жртви. Доколку нешто вакво се случи во урбана област, бројот на жртви би бил незамислив. Лимничките ерупции се многу ретки, но сепак откако ќе дознаете за нив нема да можете да гледате во длабочините на езерото без да се прашувате што се крие на дното.rn
rnrnБолтон стрид на прв поглед делува како тесен, тивок поток која ја разладува шумата, толку мал што би можеле да го прескокнете во еден обид. Но, неговата длабочина е всушност непозната и има многу силна водна струја. Од него нема никој излезено жив, а телата на жртвите никогаш не биле пронајдени иако се верува дека ги има многу. Се наоѓа во Јоркшир, Англија и е дел од текот на реката Варф. Горниот тек на реката е широк околу 9 метри, но во близина на Болтон се стеснува на 2 метри. Потокот е можеби тесен, но камењата околу него предизвикуваат водата да тече неверојатно брзо и длабоко создавајќи празнина под брегот каде што разни предмети, вклучувајќи и луѓе, остануваат заробени. Доколку сте љубопитни погледнете го следново видео од Болтон Стрид…rnrnrn
rnrnСтанува збор за растение кое ако го допрете ќе ви предизвика неверојатна болка која може да трае со години. Болката претставува еден вид пецкање кое може да доведе до агонија. Во 1963 година, Ерни Рајдер имал блиска средба со растението и завршил со повреди на лицето и торзото.rn
rnrnСибирските замки се голема формација на вулкански камења во Русија кои можеби не се повеќе активни, но голема е веројатноста дека биле најстрашното нешто на планетата за време на Пермијанскиот период пред околу 250 милиони години. Периодот завршил брзо и ненадејно со мистериозното „Масивно изумирање“ за време на кое најмалку 90% од растителниот и животинскиот свет бил уништен во најголемото истребување познато во историјата на Земјата. Каква улога имаат замките во сето ова? Се верува дека Сибирските замки се остатоци од масовните вулкански ерупции кои во голема мера имале удел во Пермијанското изумирање.rn
rnrnОва ужасно нешто е познато и под прекарот зомби габа. Станува збор за паразитски габи кои ги колонизираат инсектите, а популарни се по тоа што можат да го контролираат мозокот на домаќинот. Кога оваа габа ќе влезе во телото на мравка, на пример, нејзините клетки ослободуваат разни хемикалии кои го контролираат нејзиното однесување. Габата потоа ја присилува мравката да се вгнезди на дното од некој лист пред да ја убие и пред да израсне стебло од главата на жртвата преку кое ќе пренесе уште спори на останатите мравки.
rnrnПријателството е една од најцврстите и најсвети врски кои некој човек може да ги има. Пријателите се луѓето кои се секогаш тука за нас, кои нè советуваат, слушаат и критикуваат кога е тоа потребно. После семејството, тие се единствените кои нè трпат такви какви што сме, па и не е чудно кога ќе се искараме дури и за најмала ситница. Но што ако караницата е за нешто преку кое не можете да поминете? Како се соочувате со губењето пријател? Дали некогаш можете да се опоравите од тоа? Губењето пријател може да биде многу поболно отколку раскинување со дечко или девојка. Иако машките и женските различно се справуваат со таа загуба, факт е дека влијае и на едните и другите.rnrnБез разлика на причината поради која пријателството веќе не постои или, пак, дали станува збор за машки или женски пријателства, кога губиме пријател поминуваме низ следниве неколку фази.rnrn
rnrnВелат дека сѐ во животот се случува со причина. Можеби во моментот таа причина не ви е јасно видлива, но сепак постои. Крајот на пријателството не е воопшто лесен, но никогаш не знаете кон што може да ве одведе. Прифатете ја ситуацијата и обидете се да ја извлечете лекцијата од сето тоа гледајќи позитивно на работите.rnrn rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn