КАФЕ ПАУЗА

Tag: ветер

  • Зошто ова дрво дише?

    Зошто ова дрво дише?

    Ова чудно дрво снимено во Британска Колумбија, Канада, сигурно за момент ќе ве остави збунети. На интересната снимка ќе видите дрво, кое длабоко зема и испушта здив, како да е некое огромно гневно чудовиште. :)rn

    rnСепак, причината за оваа неверојатна појава е силниот ветер, кој го ниша нестабилното дно. Во секој случај, глетката е навистина ретка и исклучително интересна.Зошто ова дрво дише?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказната за глуварчето

    Приказната за глуварчето

    Скромното глуварче… Трева која ја има од вашата градина до сите агли на Земјата. Градинарите не се негови големи љубители, земајќи предвид дека е трева, иако неговото присуство го означува почетокот на медната сезона и претставува знак за добредојде.Приказната за глуварчетоНемојте да се залажете од неговиот навидум едноставен изглед. Глуварчето си има своја интересна приказна.Приказната за глуварчетоДа започнеме со значењето на неговите имиња, научни и народни. Англискиот збор на глуварчето, „dandelion“, потекнува од француското име кое оригинално значело „забите на лавот“ што се поврзува со погрешното толкување на луѓето кои мислеле дека се работи за портокаловата глава на лавот, притоа збунувајќи ги зборовите брада и заби. Всушност така се нарекува по назабената форма на листовите кои потсеќаат на средновековните прикази на забите на лавовите.Приказната за глуварчетоВо останатите земји како на пример Италија, Португалија, Шпанија и сè до северните Скандинавски земји, значењето на глуварчето е поинакво. За нашите Галски пријатели, со нивните искрено груби манири, глуварчето значи уринирање во кревет. Всушност и не биле далеку од вистината. Глуварчето е диуретик кој ја протерува урината од телото.Приказната за глуварчетоПриказната за глуварчето Во североисточна Италија зборот глуварче се однесувал на куче-скитник, тротоар или урина. Негативен пристап, нели? 🙂 Како и да е, ако отидеме северно ќе видиме дека Норвежаните имаат фино значење на ова име. Тие го нарекуваат „saffione“ што во превод значи дување. Приказната за глуварчетоПољаците успеале убаво да се справат со глуварчето така што имаат различни имиња во зависност од стадиумот на развиток. Додека е во цветна фаза тие го нарекуваат „mlecz“ што значи млеко, име добиено по млечното стебло на растението. Подоцна, кога ќе се развијат семињата се нарекува „dmuchawiec“ – се однесува на дување на семињата.Приказната за глуварчетоДа продолжиме со научното име. Родот на глуварчето се нарекува Taraxacum кој е претставен со два поголеми вида Taraxacum erythospermum и Taraxacum officinale. Тие имаат прилично мали цветови што се викаат цветчиња. Првата мала тајна на глуварчињата е тоа што се клонови, односно се репродуцираат асексуално – процес познат како апомиксис. Приказната за глуварчетоСемето се формира од јајце клетка која всушност никогаш не е оплодена. На тој начин секоја следна генерација на глуварчиња е идентична на својот родител. Причина за ова е тоа што глуварчето е триплоид, генетски гледано. Тоа значи дека има непарен број хромозоми, наместо парен што во генетскиот јазик значи дека растението би било стерилно. Но, благодарение на апомиксисот, тие се воздигнуваат над своите гени, па се размножуваат. Вакви видови растенија се карактеристични за северните области.Приказната за глуварчетоГлуварчињата кои растат во јужните делови на Европа и Азија се диплоиди и тие се размножуваат со опрашување. За постоењето на диплоиди и триплоиди од еден ист вид сè уште се дебатира и не е конкретно разјаснето. Се претпоставува дека одреден број триплоиди ги смениле своите репродуктивни навики за време на леденото доба.Приказната за глуварчетоТоа што го прави глуварчето поразлично од останатите треви се неговите прекрасни семиња. Секое мало делче од „сувиот цвет“ на глуварчето претставува едно семе. Со помош на ветер се разнесува и кога ќе слета на земја формира мало коренче од кое ќе се развие младото растение односно розетата. Друга тајна на глуварчето е тоа што од едно семе можат да се формираат повеќе стебленца што ќе процветаат во исто време.Приказната за глуварчето Едно семе има мали влакненца на краевите, распоредени кружно кои се, на некој начин, крилја на семето и овозможуваат подолго задржување во воздух, а со тоа и широко распространување. Појавата кога има масивно распространување на семињата со ветер, народски се нарекува снег од глуварчиња. Приказната за глуварчетоИ за крај, најдете некое глуварче и дувнете го со задоволство. 🙂Приказната за глуварчето
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поплавената пустина во Бразил

    Поплавената пустина во Бразил

    Националниот парк „Lençóis Maranhenses“ се наоѓа во североисточниот дел на Бразил и претставува едно од најуникатните места на планетата. Огромниот предел од околу 1.000 квадратни километри е пустина со ситен бел песок, во која има безброј прекрасни оази.rnrnПоплавената пустина во БразилrnrnБидејќи се наоѓа во непосредна близина на амазонскиот базен, регионот е погоден од редовната дождлива сезона во почетокот на годината. Водата од дождот се акумулира во долините помеѓу песочни дини и формира јасно сини и зелени лагуни, кои се најголеми во периодот помеѓу јули и септември. Иако езерата ги нема во поголемиот дел од годината, сепак во нив можат да се забележат голем број риби, бидејќи нивните јајца од реката ги носат птиците.rnrnПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилrnrnМестото е создадено пред неколку илјадници години, како резултат на таложење на песокот кој го носел ветрот од реките во близина. Најдобар период за посета е периодот од мај до септември, кога времето е топло, а езерата полни.rnrnПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во Бразил
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Куќи кои можат да издржат силен ураган

    Куќи кои можат да издржат силен ураган

    Мината недела Њујорк беше погоден од земјотрес и ураган, две екстремно ретки елементарни непогоди за овој град. Иако инспирација за овој дизајн се токму случувањата во Њујорк, сепак овој концепт би бил далеку посоодветен во краишта, каде што мајката природа почесто ја покажува својата сила. Тед Гивенс, партнер во компанијата „10 Design“ ја реализирал својата феноменална замисла за предградие составено од куќи со ултрамодерен изглед, кои можат без проблем да издржат силен налет на торнадо или ураган.Куќи кои можат да издржат силен ураганНеговиот одговор на природните непогоди се куќи на хидрауличен систем, кој се активира при појава на екстремно силни ветрови и ја спушта куќата безбедно под нивото на земјата. Откако ќе пропадне под земја, покривот на куќата се заклучува, правејќи го отпорен на ветар и вода.Куќи кои можат да издржат силен ураганЦелата населба би била поврзана со мрежа од сензори кои ќе ја интерпретираат временската состојба. Тој систем ќе функционира како човечки организам и ќе може да ги спушти куќите во земјата за само неколку секунди.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.