Правник-идеалист и откачен Индијанец во битка против одметницитеrnrn
Режија: Гор ВербинскиrnrnУлоги: Џони Деп, Арми Хамер, Вилијам ФикнерrnrnВреметраење: 149 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јули 2013rnrnЖанр: акција, авантура, вестернrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnrnРежисерот, сценаристите и еден од главните ликови во овој филм беа заедно во „Пиратите од Карибите“ и создадоа еден од најинтересните серијали чии продолженија секогаш се очекуваат со нетрпение. Сега од Карибите се префрлија на Дивиот запад за да ја раскажат приказната за „Осамениот ренџер“, но наместо тоа ја добивме приказната за Тонто.
Главниот лик овде е Џон Рид (Арми Хамер), млад амбициозен правник кој е идеалист во поглед на примената на правото. Статусот на Осамен ренџер го добива кога сите Тексашки ренџери предводени од неговиот брат ќе бидат убиени од страна на бандата на бруталниот одметник Буч Кавендиш (Вилијам Фикнер), а тој ќе остане како единствен преживеан и единствен претставник на законот во борбата против криминалот. Преживува по желба на еден мистериозен бел коњ, реализирана од Тонто (Џони Деп), припадник на Команчите и последен ловец на злите духови вендиго. Џон веднаш се впушта во потрага по нив, но не за да го одмазди брат му, туку за да го изведе Кавендиш пред суд.rnrn
Тонто: „Осум луѓе влегоа во кањонот. Јас ископав седум гроба. Коњот вели дека ти си Духот што чекори. Човекот што бил на другата страна и се вратил. Човек што воопшто не може да биде убиен“.
rn
Всушност, овој ренџер не е сосема сам, затоа што Тонто постојано му прави друштво каде и да оди, при тоа успевајќи да го украде и вниманието на гледачите. Иако во центарот на случувањата е ликот на Арми Хамер, откачениот лик на Џони Деп е најинтересниот во целиот филм. Се разбира, Џони извонредно ја игра улогата како и обично, потврдувајќи дека може да се претвори во што и да посака. Но, не се само изразите на лицето оние кои му даваат харизма на неговиот карактер, туку тој има и доста добри реплики кои на неговиот несовршен индијанско-англиски звучат многу интересно и додаваат хумор во филмот.
Тоа што режисерот и сценаристите на овој филм се исти од „Пиратите од Карибите“ дава до знаење дека не се случајни две работи: тоа што Тонто потсетува на Џек Спероу и тоа што ликовите го носат инаку не многу инвентивното дејствие. „Осамениот ренџер“ не е филм во кој ќе се прашувате дали главните јунаци на крајот ќе го фатат олошот. Ова е само еден класичен холивудски 150-минутен производ исполнет со многу акција кој гарантира добра доза забава.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Режија:
rnrnДејството започнува две години пред почетокот на Граѓанската војна во САД и конечното укинување на ропството. Д-р Кинг Шулц (Криштоф Валц), ловец на глави и поранешен забар од Германија, ќе го откупи робот Џанго (Џејми Фокс) од своите сопственици. Потребен му е, затоа што знае како изгледаат криминалците кои тој треба да ги изведе пред правдата, живи или мртви. За возврат, откако ќе ја исполни својата цел, Шулц ќе му ја даде слободата и ќе му плати за секој од убиените. Џанго, сакајќи со парите да ја откупи слободата на својата жена (Кери Вашингтон), веднаш се согласува. Но, во текот на операцијата Шулц во него ќе препознае стрелачки талент и понудата ќе ја прошири на третина од својата заработка и голема помош во потрагата по жена му, ако му помага уште оваа зима. Разузданиот поранешен роб ќе прифати и со својот нов пријател ќе тргне низ Америка во поход кон својата слобода, слободата на својата сакана и одмазда кон оние што нему и нејзе им нанеле зло.rnrn
rn
rnrnДодека ги следите на нивниот пат, многу пати ќе помислите дека знаете што ќе се случи следно, но токму тогаш следува изненадувачки пресврт кој ќе ве држи силно заинтересирани до самиот крај. Патувањето е исполнето и со неверојатно многу насилство. Тарантино е многу критикуван поради неговото сликовито прикажување, но тој со право се вади со фактот дека периодот во кој се одвива дејството, бруталноста била секојдневна работа и одбива да се преправа дека луѓето од типот на Келвин Кенди (Леонардо ДиКаприо) биле фини.rnrn
rnrnНеговите ликови многу придонесуваат за бруталниот амбиент кој тој одлично го гради.rnrn
rnrnШтом седнете да ја гледате потрагата по слобода на Џанго, веднаш ќе влезете во неговиот свет. Без оглед на тоа дали сте фан на филмовите на Тарантино или не, приказната за разузданиот роб може толку лесно да ве обземе, што кога ќе заврши ќе се чудите кога поминале речиси три часа. Ако сакате толку долга филмска забава, тогаш „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) е филм кој не смеете да го пропуштите.rnrn
rnrn
Режија: 
Во ова градче на смртта се придружува уште еден мистериозен лик, непознат каубој, кој како свој сојузник ги има најбрзите прсти на целиот запад. И двете банди силно ги посакуваат неговите квалитети во своите редови и тој е онаа сламка која може да одлучи на која страна ќе се наведне победничкиот тас. Понатака не може веќе да се раскажува за дејството. Но не поради тоа што се губи, туку напротив се згуснува и доаѓаат на сцена голема палета на чудни ликови и неверојатни ситуации што понатамошното раскажување би го претворило во пристрасни импресии за омилените ликови и сцени.

rnrn
Режија:
„Ранго“ е извонредно интелигентна приказна која се одвива на повеќе нивоа. Покрај основната линија која јасно ни го прикажува нашиот расипнички однос кон она што ни е дадено (прскалките на зелените тревници се вртат 24-7, додека некој таму плаче за чаша питка вода) имаме и уште неколку убаво осмислени потприказни. Тука е сторијата дека секој може да се реоткрие себеси, да направи да стане подобар човек и тоа само ако сака и ако го има тоа во себе.rnrnОд друга страна, имаме и суптилни љубовни случки меѓу Ранго и борбената девојка Бинс (Исла Фишер), но тие воопшто не се потенцирани туку доаѓаат некако ненаметливо и пополека, и така си заминуваат, што е доволно. 













