КАФЕ ПАУЗА

Tag: веридба

  • 4 хороскопски знаци што најверојатно ќе се верат за време на празниците

    4 хороскопски знаци што најверојатно ќе се верат за време на празниците

    Убаво е да имате некој покрај вас што ќе ви помогне да ја победите ладната зима, па оттука произлегуваат и љубовните врски за време на празничната сезона. Но, за некои хороскопски знаци празничната сезона има потенцијал да ја направи врската многу посериозна.rnrn4 хороскопски знаци што најверојатно ќе се верат за време на празницитеrnrnВсушност, постојат фактори што можат да ве натераат да ја однесете вашата врска на следното ниво. Празниците се популарно време во годината за започнување нови врски, но понекогаш прават врската да изгледа посериозна отколку што е. За тоа можете да ги обвините романтичните филмови што прикажуваат вистинска љубов под сјајот на снегот, како и семејните ручеци и вечери каде што најверојатно ќе ги доведете вашиот партнер или партнерка.rnrnДодека на некои хороскопкси знаци љубовната врска може да им тргне во лоша насока, други ќе ја официјализираат за време на новогодишните и божиќните празници. Погледнете кои хороскопски знаци најверојатно ќе го сторат тоа.rn

    Овен

    rnВо последниот период ви се случија многу пресврти, но конечно среќата ќе биде на ваша страна. Но, кога станува збор за празниците, тогаш ве очекува уште поголема среќа. Личностите родени во овој хороскопски знак ги очекуваат промени, а тоа можеби вклучува и веридба. Овие промени ќе ги натераат да сфатат дека љубовната врска во којашто се може да трае доживотно.rn

    Рак

    rnСезоната за празници секогаш ги погодува личностите родени во овој хороскопски знак, но во последно време тие се подготвени да ја покажат својата ранливост и чувствителност пред саканата личност и да бидат свои во врската. Токму поради тоа, нивната врска ќе стане уште посилна и подлабока. Па, немојте да се изненадите ако вашата врска премине на следното ниво за време на празниците.rn

    Девица

    rnБидејќи Венера е во земјен знак, вашиот љубовен живот ќе биде многу страсен. Колку и да сте пребирливи кога станува збор за романтиката, сепак ќе почувствувате пеперутки во стомакот иако сте во долготрајна врска. Вие постојано размислувате за вашата врска, но и вашиот партнер размислува за истото. Бидејќи е заљубен, тој можеби ќе се обиде и да ви стави прстен на раката. Бидете подготвени за можноста за преминување на врската на следно ниво.rn

    Јарец

    rnПланетата на љубовта е во вашиот знак, па за време на празниците ќе се чувствувате како романтична личност. Тоа не личи на вас, но да се биде заљубен е навистина добро чувство, зарем не? Послушајте го своето срце. За време на празниците ќе бидете расположени да ја подигнете врската на повисоко ниво, па можеби на партнерот ќе му го поставите судбоносното прашање.rnrnМожеби ве интересира кои се трите хороскопски знаци кои ги чека голема среќа во следната година.

  • До девојките кои неодамна кажале „Да“: Со што ги нервирате луѓето на социјалните мрежи?

    До девојките кои неодамна кажале „Да“: Со што ги нервирате луѓето на социјалните мрежи?

    Голем број девојки сонуваат за романтично запросување како од филмовите. И се надеваме дека секоја од вас ќе го добие или веќе го добила, бидејќи го заслужувате, но она што следува по овој голем настан кај некои жени се претвора од бајка во малтретирање на следбениците на социјалните мрежи. Погледнете дел од најголемите грешки на социјалните мрежи кои не само што не го пренесуваат запросувањето во вистинското светло, туку и ги нервираат сите оние што редовно ве следат…rnrn1-so-shto-novopechenite-verenici-gi-nerviraat-lugjeto-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу слики од прстенот

    rnДоволна е само една убава фотографија на која се гледа прстенот за вашите пријатели да сфатат дека има убава промена во вашиот живот.rn

    2. Видео од вашиот прстен

    rnПо примерот на светските ѕвезди, голем број девојки кои го кажале судбоносното „Да“, често знаат да снимат видео на кое главната ѕвезда е нивниот прстен што тие го мрдаат лево-десно заедно со раката за тој да сјае… Ова се случува барем 2, 3 минути… Сфаќаме дека сте среќни, но на овој начин не ја пренесувате вашата среќа, туку ги нервирате вашите следбеници.rn

    3. Премногу хаштагови

    rnСекако дека ќе го споделите овој настан со вашите пријатели на социјалните мрежи, но не претерувајте ниту со хаштаговите. Изберете еден или два кои целосно го доловуваат вашето расположение и задржете се на нив.rnrn2-so-shto-novopechenite-verenici-gi-nerviraat-lugjeto-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Детали за венчавката

    rnИако вашите гости навистина се интересираат за овие детали, социјалните мрежи не се платформа за такви податоци. За тоа служат поканите.rn

    5. Идна госпоѓа

    rnВие наскоро ќе се омажите, па промената на името и презимето пред тој настан навистина не е потребна, освен ако баш сакате да ги збуните и изнервирате луѓето околу себе.rnrnКако надоврзување на ова, погледнете ги и овие урнебесни „веренички фотки“ кои ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук.

  • 7 одлуки кои треба да ги донесете веднаш после вашата веридба

    7 одлуки кои треба да ги донесете веднаш после вашата веридба

    Веридбата е еден прекрасен и возбудлив момент во кој треба апсолутно да уживате. Но, истовремено оние што го преземаат овој чекор знаат да се најдат под голем стрес, бидејќи е време да ја планираат иднината и нивниот заеднички живот, а многумина не знаат од каде да почнат. За да го избегнете ова, ви откриваме 7 работи за кои треба да почнете да размислувате веднаш после вашата веридба.rnrn1-7-odluki-koi-treba-da-gi-donesete-vednash-posle-vashata-veridba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Туѓи мислења кои се важни за вас и за вашиот партнер

    rnОд оној момент кога ќе се верите, многу луѓе во вашиот живот ќе имаат одредени мислења и сопствени предлози за вашата венчавка. Па затоа, веднаш одлучете чии мислења ќе ви бидат важни и чии совети ќе сакате да ги послушате, бидејќи колку повеќе одложувате и колку повеќе луѓе слушате, толку повеќе ќе бидете под поголем, непотребен стрес.rn

    2. Граничен буџет за вашата венчавка

    rnНе морате веднаш после веридбата да седнете и да разговарате за точниот износ за венчавката и прецизно да одредите колку пари ќе одвоите за овој важен ден. Но, морате да се сложите барем за некоја гранична бројка. Би било добро да разговарате и со родителите и да ги прашате дали можат финансиски да ви помогнат. Исто така, веднаш подгответе и тетратка за планирање, бидејќи ќе размислувате за голем број детали, па најдобро е да ги запишувате за да не ги заборавате.rnrn2-7-odluki-koi-treba-da-gi-donesete-vednash-posle-vashata-veridba-www.kafepauza.mk_rn

    3. Точен датум за вашата венчавка

    rnКолку побрзо ќе се одлучите за датумот на венчавката, толку полесно ќе ви биде. Тогаш ќе можете остатокот од планирањето да го прилагодите според тоа и поедноставно ќе донесувате одлуки за она што го сакате на вашата венчавка. Земете предвид дека сезоната на венчавки трае од мај до септември, што значи дека тогаш поголемиот дел од работите ќе бидат поскапи, а некои локации однапред резервирани. Но, од средината на октомври до крајот на април, шансите дека ќе потрошите помалку пари се поголеми, како и фактот дека ќе имате поголем број опции кога ќе избирате локација за вашата венчавка.rn

    4. Најважни нешта на денот на венчавката

    rnПред да почнете со официјалното планирање, договорете се околу тоа што ви е најважно. Односно, дали ваш приоритет ќе биде квалитетната храна, атмосферата во текот на венчавката или пак, фустанот. Нема вистински или погрешен приоритет, само е важно вие и вашиот партнер целосно да се согласувате околу тоа што ќе ви биде најважно на денот на венчавката.rn

    5. Граничен број на гости кои сакате да ги повикате

    rnВажно е уште на почетокот да го знаете граничниот број на гости. Поточно, дали сакате голема венчавка или интимна прослава со најблиските. Тоа ќе ви го олесни самиот почеток на планирањето, бидејќи според бројот на гостите ќе ја барате и соодветната локација. Кога официјалното планирање ќе започне, тогаш можете да одлучите и за точниот број гости, односно кого сакате да повикате, а кого не.rnrn3-7-odluki-koi-treba-da-gi-donesete-vednash-posle-vashata-veridba-www.kafepauza.mk_rn

    6. Локација за прославата

    rnНе можете да започнете да барате локација додека не одлучите каков вид свадба сакате. Сепак, првиот чекор за планирање венчавка е пронаоѓање идеална локација. Постојат многу опции, но сигурно не сакате да трошите време за разгледување на оние кои со сигурност нема да ги изберете за вашата венчавка.rn

    7. Договор за трајно место на живеење

    rnУште една голема животна одлука за која би требало да размислувате е и местото на живеење. Или пак, за заедничкиот живот доколку не сте живееле заедно. Младите парови честопати немаат целосно решение за местото на живеење, односно би било добро да одлучите за тоа пред да започнете официјално да ја планирате вашата венчавка.rnrnДоколку планирате венчавка, а немате многу идеи и инспирација, погледнете ги овие Инстаграм профили кои се наменети за оние кои наскоро планираат венчавка.

  • Што треба да знае вашиот партнер за вас уште пред да ве побара за сопруга?

    Што треба да знае вашиот партнер за вас уште пред да ве побара за сопруга?

    Веридбата е можеби највозбудливиот период во секоја врска. Но постојат некои важни работи кои треба да му ги кажете на партнерот пред да се одлучите за овој чекор. Кога ќе ги споделите овие размислувања, вие ќе знаете дали сте добри еден за друг. Па, доколку веридбата ви е во план, подобро е да седнете и да разјасните некои работи.rn

    1. Дали сакате да имате деца?

    rn(2)raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-pred-da-dojde-vreme-za-venchavka-kafepauza.mkrnrnДали ќе имате деца или не е многу важен разговор во секоја врска. Доколку вие не планирате да бидете родител, а вашиот партнер сака деца, треба да го откриете тоа пред да го направите следниот чекор во врската. Можеби некој ќе го промени мислењето и ќе најдете компромис, но постојат големи шанси и секој да остане на своето, па ова само ќе води кон проблеми. Разговарајте за да знаете дали го делите истото мислење за родителството.rn

    2. Какви се вашите погледи кон сексот?

    rn(3)raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-pred-da-dojde-vreme-za-venchavka-kafepauza.mkrnrnМожеби мислите дека ова не е нешто за коешто треба да разговарате. Сметате дека бидејќи планирате веридба, вашиот сексуален живот е најдобар досега. Но, разговорот за секс е навистина важен. А во овој случај важно е сè во врска со него – колку пати неделно, кои се вашите фантазии, што е лојалност за вас, вашите видувања за моногамијата… Можеби ќе ви биде чудно, но штом планирате да го поминете целиот живот со некого, треба да бидете способни да разговарате за сè. Треба и двајцата да знаете што да очекувате.rn

    3. Кои се вашите вредности?

    rn(4)raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-pred-da-dojde-vreme-za-venchavka-kafepauza.mkrnrnЗборот „вредност“ има различно значење за секого. За некои вредност е религијата и одењето во црква, за други вредност е животниот стил како на пример, веганство или пак, често волонтирање. Без разлика кое е вашето значење на овој збор, треба да го дискутирате со партнерот. Важно е да знаете дека иако можеби немате исти вредности, сепак можете да се почитувате. Пред да планирате венчавка сериозно разговарајте за работите кои ви се важни вам и на вашиот партнер, и како двојка и како индивидуи. Ова ќе ви помогне да ги намалите проблемите бидејќи ќе знаете што сакате.rn

    4. Каква е вашата способност за справување со пари?

    rn(5)raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-pred-da-dojde-vreme-za-venchavka-kafepauza.mkrnrnКога ќе му кажете на партнерот како се справувате со парите, можеби ќе го намалите бројот на идни караници. Не мора да заработувате и да трошите исто, но кога ќе ги знаете вашите навики, полесно ќе се разбирате. Секако, важно е да имате и добар финансиски план пред да се венчате.rn

    5. Како се расправате?

    rn(6)raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-pred-da-dojde-vreme-za-venchavka-kafepauza.mkrnrnНекои луѓе повеќе се расправаат, некои повеќе разговараат. Во која група и да спаѓате, важно е да му кажете на вашиот партнер. Откако ќе се венчате и ќе го почнете заедничкиот живот, ќе има стресни ситуации поради оваа голема промена. Важно е да му кажете на партнерот како реагирате на вакви промени, дали ќе се расправате, што ви е потребно после расправијата и како најлесно наоѓате решенија.rnrnИако веридбата е возбудлива, треба да бидете свесни за работите (и добри и лоши) кои доаѓаат со неа. Сепак вие се обидувате да споите два различни живота во еден. Кога однапред ќе разговарате за овие работи, полесно ќе се справувате со проблемите на кои ќе наидувате во текот на заедничкиот живот.rnrnДоколку веќе сте се одлучиле за овој чекор, погледнете ги работите за веридбата кој никој нема да ви ги каже.

  • Урнебесни „веренички фотки“ ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук

    Урнебесни „веренички фотки“ ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук

    Кога станува збор за некаков вид прослава, особено за веридба, многумина решаваат да го споделат тоа на Фејсбук со своите пријатели, најмногу за да соберат што е можно повеќе лајкови и да привлечат што повеќе внимание. И тоа најчесто се случува, иако поголемиот дел од луѓето воопшто не се грижат за оваа промена во вашиот живот, но сепак ќе се преправаат дека се радуваат за вас така што ќе се вклучат во дискусијата и честитките. Изгледа на еден човек толку му здодеало ова однесување, што решил да направи некаква промена и да го каже своето мислење на темата. Зек сакал да покаже и колку луѓето бесцелно се расфрлаат со лајкови на социјалните мрежи, па објавил фотографии од сопствената веридба… но со различни луѓе!rnrnНа првата фотографија ги гледаме заедно со вереницата Сомали која го покажува прстенот пред камерата. „Конечно е официјално!!!“ пишува во објаснувањето на фотографијата, заедно со 342 лајкови и 70 коментари.rnrnrn

    rn

    „Конечно е официјално!!!“

    rn

    rnВозбуден од вниманието што го добил на првата фотографија, Зек сакал повеќе и објавил уште една фотографија за целиот свет да ја види. Но овој пат станува збор за сосема различна жена (додека претходната вереница плаче во позадината). Оваа фотографија добила неверојатни 213 лајкови и 21 коментар.rnrnrn

    rn

    „Не можам да поверувам колку голема онлајн поддршка добив затоа што се верив! На толку голем дел од вас им се допадна мојата објава што решив да направам и втора веридба! Ви благодарам на сите за целиот поттик!“

    rn

    rnЗек продолжил да прави будали од сите негови пријатели и следбеници, така што објавил уште три фотографии со две различни жени и еден фин маж. И покрај тоа што лајковите и коментарите се намалувале со секоја наредна објава, сепак тие не исчезнале целосно, покажувајќи ни дека понекогаш луѓето притискаат лајк само колку да го направат тоа и на некој начин да се вклучат во толпата, наместо прво да сфатат што точно се случува, а потоа да реагираат.rnrnrn

    rn

    „Благодарение на вашата онлајн љубов и поддршка, успеав да направам и трета веридба! Премногу сум возбуден за нашата заедничка иднина!“

    rn

    rn

    (4) Урнебесни „веренички фотки“ ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук

    rnrn

    rn

    Едноставно неверојатно! Моите веридби беа толку популарни онлајн, што запросив и по четврти пат денес! Им благодарам на сите што помогнаа ова да биде можно. Тешко е да ви доловам колку ми значи вашата онлајн љубов и поддршка, но сакам да ви се заблагодарам на сите што ме охрабрувате со лајкови!“

    rn

    rn

    rnrn

    rn

    „Поддршката што ја добив за веридбата го промени мојот живот и сакав да ви платам однапред, мои фанови, така што ќе направам и петта веридба. Ви благодарам на сите за вашето онлајн охрабрување и ги цениме сите лајкови и споделувања што ги понудивте како поддршка на нашиот заеднички живот!“

    rn

  • 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

    7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

    Во истиот момент штом се верите, се отвора врата низ која наидува поплава од прашањата: „Дали одбравте датум?“ „Имате ли омилени ресторани?“ Каква музика ќе има на свадбата?“ „Размислуваш ли за венчаницата?“ Доколку сè уште не сте верени, тогаш можеби е време да ве предупредиме дека веднаш штом го добиете прстенот на раката, луѓето ќе почнат да очекуваат да ги знаете сите детали поврзани со свадбата и нема да прифаќаат „Не знам“ за одговор. Мразите изненадувања? Погледнете ги следниве 7 нешта на кои мора да бидете спремни доколку тој планира или пак, веќе ве побарал за сопруга.rn

    1. Има големи шанси дека ноктите ќе ви бидат несредени

    rn(1) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnИли дека косата ќе ви биде мрсна, а згора на сè носите и пижами. Можеби дури и ќе имате мозолче на лицето. Не судиме, знаеме дека сигурно сте планирале да го прошетате кучето низ маало. Обидете се да заборавите на запросувањето од фантазиите, бидејќи големи се шансите дека тоа нема да се случи. И тоа е сосема во ред. Плус, приказната со пижамите е многу подобра за раскажување!rn

    2. Сосема е во ред заедно да го изберете прстенот

    rn(2) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnПостои погрешно сфаќање дека сите „добри“ запросувања дошле во форма на изненадување. Реалноста е дека нема ништо лошо во тоа да комуницирате повеќе на оваа тема. Избирањето заедно прстен не само што има смисла, бидејќи ќе се погрижите да ви одговара на прстот и буџетот, туку може да биде и дел од вашата љубовна приказна. Попладневна прошетка низ златарите, по што следува романтична вечера? Зарем има нешто подобро? Покрај тоа, само затоа што сте избрале прстен не значи и дека одма ќе го добиете, па сепак моментот може да остане како изненадување.rn

    3. Подгответе се за совети што не сте ги побарале

    rn(3) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnИзгледа дека одеднаш сите сакаат да помогнат, па ви се мешаат во одлуките со совети за кои тие самите сметаат дека се најдобри за вас. Да бидеме реални, вие најдобро знаете што сакате и што ви одговара, па и покрај тоа што е културно да ги ислушате, сепак имајте на ум дека е сосема во ред да кажете „Не, не ми се допаѓа таа идеја“. Доколку се согласувате со предлозите, супер, неколку пара очи плус може многу да ви помогне со организацијата, но ако нешто ви е неприфатливо, не плашете се да го искажете тоа.rn

    4. Ќе развиете нова почит кон Пинтерест

    rn(4) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnАко досега не сте ја разбирале опсесијата со Пинтерест, особено при организирање свадби, тогаш ви препорачуваме да си направите профил и да го доживеете ова искуство на ваша кожа. Не само што Пинтерест ќе ви даде безброј мали и креативни идеи, туку и ќе ви помогне полесно да одлучите што сакате, а што не сакате да направите на вашиот голем ден.rn

    5. Мислите дека ќе имате контрола над финансиите? Размислете повторно

    rn(5) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnСигурно сте биле оптимистични и во моментот кога сте почнале да ја планирате вашата свадба сте си рекле: „Супер, имаме добар буџет, можеме многу да направиме со овие пари.“ Но што поблизу ќе се приближувате до датата, толку повеќе овој ентузијазам ќе се намалува и ќе почнете да се запрашувате дали навистина ви требаат сите оние работи што сте ги замислиле, сте ги порачале или веќе сте ги добиле. Не грижете се, лесно можете да бидете понесени од лудилото на организирање свадба, па за да се заштитите, најпрво почнете со најмалите работи, а потоа движете се кон поголемите.rn

    6. Изговарањето на зборовите „вереник“ и „вереница“ ќе ви звучи многу чудно

    rn(6) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnЌе ви биде потребно малку време да се навикнете, но искрено, вие можете да се нарекувате онака како што вам ви е најпријатно. Само затоа што носите прстен на вашата рака, не значи и дека мора целосно да се претопите во новиот статус.rn

    7. И за крај, вашата врска ќе остане сосема иста

    rn(7) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбатаrnrnДа, вие ќе имате дополнително парче накит, но тоа ќе биде единствената разлика меѓу вас. Само затоа што сте верени не значи и дека сè ќе се промени или пак, дека ќе се чувствувате поразлично од претходно. Вашиот партнер сè уште ќе се смее на вашите глупави шеги, а вие ќе продолжите да уживате во неговата прегратка. А за сите оние што мислат дека љубовта се зголемува по овој чин, сакајќи така да решат некој постојан проблем, жал ни е но мора да ви кажеме дека тоа не се случува. Ако сте имале проблеми досега, истите ќе останат и понатаму. Без разлика дали станува збор за веридба, брак, деца…rnrnАко сакате да бидете уникатни, погледнете ги овие нови адети за невообичаена свадба!

  • 3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбата

    3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбата

    Веридбата е огромен чекор во секоја врска. Во оваа фаза, вие веќе треба да знаете многу нешта за вашиот партнер, како и да сте ги направиле овие 3 разговори кои се важни за вашата иднина. Со нивна помош, вие можете да откриете дали размислувате во истата насока за вашата врска и доколку не се согласувате за некое од нив, можете со време да разјасните дали има шанса за промена или не.rnrn3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбатаrn

    1. Деца

    rnЕдно од најважните нешта, пред да почнете сериозно да ја планирате вашата заедничка иднина, е разговорот за основањето семејство и имањето деца. Дали вашиот партнер сака да стане родител или не? Тоа е прашање на кое мора да го знаете одговорот, без разлика дали вие сакате да имате деца или не. Разговорот на оваа важна тема можете да го започнете така што ќе го искажете вашиот став и ќе објасните колку ви е важно да го почитувате. Кога ќе го изнесете своето мислење, прашајте го партнерот какви се неговите или нејзините ставови, односно откријте дали го посакува истото како вас и ако не, дали има шанса за промена на мислењето.rn

    2. Пари

    rnВеридбата најчесто значи и заеднички живот, а тоа води кон делење на финансиите. Токму затоа и вие имате право на увид во финансиската ситуација на вашиот партнер. Прашајте го/ја дали има некои невратени долгови и неотплатени кредити, како и дали има заштедени пари. Исто така разговарајте и за плаќањето на свадбата. Понекогаш е многу тешко да се разговара за пари, но во овие моменти вие мора да бидете искрени. Разговарајте и за приоритетите кога станува збор за трошење пари, како и за начините на кои најдобро можете да заштедите. Многу е важно да ги познавате вашите размислувања на оваа тема со цел да откриете каде се согласуваат, а каде е потребно да се направат компромиси.rn

    3. Навики

    rnБидејќи ќе живеете заедно, треба однапред да откриете точно што ќе ве очекува. Токму затоа разговарајте со партнерот за вашите навики, завршувањето на домашните обврски, дневниот ритам… Вие мора да бидете свесни дека делењето живот со друга личност, без разлика колку сте заљубени во неа, има свои предности, но и маани. Важно е предностите да бидат повеќе од мааните со цел да можете да живеете во хармонија.

  • Веридби како од бајките и покрај лошите временски услови

    Веридби како од бајките и покрај лошите временски услови

    Времето не е секогаш на наша страна, без разлика дали станува збор за еден од најубавите денови во нашиот живот. Дожд, снег, ветaр… Но тоа и не е секогаш така лоша работа. Овие 24 парови го докажуваат тоа не дозволувајќи лошото време да им ја расипе веридбата. Играјќи на дождот и бакнувајќи се на снегот, овие парови добиле фантастични фотографии направени баш во вистинскиот момент.rnrn(0)-veridbi-kako-od-bajkite-i-pokraj-loshite-vremenski-uslovi-kafepauza.mkrnrnУживајте во магијата!rnrn

  • 10 уникатни и необични идеи за фотографии со кои ќе ја овековечите вашата веридба

    10 уникатни и необични идеи за фотографии со кои ќе ја овековечите вашата веридба

    Во последно време е сè потешко да се направат оригинални и креативни фотографии за веридба кои веќе не се видени на социјалните мрежи. Бидејќи сè се сведува на бајковити сцени кои немаат допирна точка со реалноста, фотографиите се движат по иста шема, па токму затоа и наликуваат едни на други. Со цел да се издвоите од останатите и да направите нешто што не е видено, ниту пак досадно, погледнете ги следниве 10 интересни и свежи идеи за овековечување на вашата веридба.rnrn

    10 уникатни и необични идеи за фотографии со кои ќе ја овековечите вашата веридба
    1. Банката во која сте го зеле кредитот за да можете да платите за венчавката.
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 убави веренички прстени

    25 убави веренички прстени

    Погледнете ја оваа колекција од 25 веренички прстени кои се изработени од материјали кои не чинат многу, а се навистина многу убави…rnrn

    25 убави веренички прстени
    Прстен од розово злато со срце
    rnrn