Ураганот Дориан сè уште беснее над Бахамите, оставајќи патека од екстремна штета зад себе. Досега петмина го изгубија својот живот во бурата, а десетици илјади се без кров над главата, со 13.000 домови уништени. Ова е трагедија од епски пропорции за малата карипска нација, трагедија од која многу години ќе бидат потребни за да оздрават.rnrnrnrnИ покрај целото тоа страдање, животните се најчесто заборавени. Меѓу нив спаѓаат безгласните кучиња на Насау, кои немаат безбедно место на кое би можеле да се скријат. Единственото нешто што тие го имаат е домот на Чела Филипс, која ги отворила своите врати за кучињата скитници од околината. Таа не е поврзана со ниту една организација, туку била водена од својата љубов за бездомните кучиња.rnrnrnrnПа, наместо да ги остави на улица, да се соочат со ураганот сами, таа земала колку што е можно повеќе и ги внела во својата куќа. Досега таа има 97 крзнени пријателчиња од сите големини и форми. Погледнете!rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn
Некогаш за да ви се врати вербата во целото човештво доволна е само една слика. Погледнете ги овие моќни фотографии кои ќе допрат до вас, ќе ви го разнежнат срцето а можеби и ќе ви го променат животот.rnrnФондацијата Make a wish на 5-годишното детенце болно од леукемија, му ја исполни желбата да биде облечено во мала верзија на Бетмен. Неговиот брат е облечен како Робин.rnrnНа двајца браќа им се остварува детскиот сон.rnrnДетенце кое боледува од рак си исцртува коса на огледалото.rnrnСивото куче води друго слепо куче на прошетка.rnrnЗа време на Виетнамската војна, жена држи цвеќе пред војниците.rnrnКучето го оплакува својот починат господар.rnrnГерманскиот канцелар Вили Брандт, кој бил дел на движењето против Хитлер, паѓа на колена пред меморијален споменик на едно еврејско гето.rnrnБолна мајка ја гледа венчавката на ќерка си преку Скајп.rnrnСлика која ја прикажува љубовта меѓу болниот Лукас и неговото куче Џуно.rnrnЕдна од натпреварувачките колабирала за време на трката, а другата натпреварувачка ја носи до целта.rnrnВо Индија сиромашни деца се стекнуваат со бесплатно образование од страна на учители-волонтери, под еден мост.rnrnПапата Франсис бакнува еден изобличен човек.rnrnОвој човек пробува на секаков можен начин да си ја спаси сопругата.rnrnВојникот го гледа своето дете за прв пат.rnrnЗа време на меморијалот, на ова 8-годишно момче му е врачено знамето на неговиот починат татко.rnrnМало девојче и стара жена, жртви на ураганот Катрина, се држат за раце за време на нивната евакуација.rnrnОвој брачен пар по 88 години во брак ја добива првата свадбена слика.rnrnПогледнете уште моќни фотографии тука.rnrn rnrn
Затемнувањата кои ги предизвика супер бурата Сенди му овозможи на фотографот Ренди Скот Славин да создаде серија од фотографии кои тој ги нарекол „NYC Unplugged“ каде што Менхетен е целосно во темнина. Тој излегол на улиците во раните часови на 31 октомври 2012 година за да може да ја долови мистериозната атмосфера на Големото јаболко во период кога сите светла биле изгасени. Ренди го поставил својот Никон D800 со 14-24 милиметарски леќи на триногалка и употребувал експозиции помеѓу 30 секунди и 1 минута за да го добие посакуваниот ефект.rn
„Вечерта откако ураганот Сенди помина преку Њујорк, во центарот на градот имаше прекин на електричната енергија и тој беше целосно темен. Тоа ме натера да излезам на мистериозно темните улици и да го покажам Њујорк во досега невидено светло,“ вели Ренди.
rnrn
„Овие фотографии се направени помеѓу полноќ и 3 часот, утрото на Денот на вештерките. Имаше премногу малку луѓе, а улиците изгледаа напуштено и премногу чудно мирни,“ вели тој.
Мината недела Њујорк беше погоден од земјотрес и ураган, две екстремно ретки елементарни непогоди за овој град. Иако инспирација за овој дизајн се токму случувањата во Њујорк, сепак овој концепт би бил далеку посоодветен во краишта, каде што мајката природа почесто ја покажува својата сила. Тед Гивенс, партнер во компанијата „10 Design“ ја реализирал својата феноменална замисла за предградие составено од куќи со ултрамодерен изглед, кои можат без проблем да издржат силен налет на торнадо или ураган.Неговиот одговор на природните непогоди се куќи на хидрауличен систем, кој се активира при појава на екстремно силни ветрови и ја спушта куќата безбедно под нивото на земјата. Откако ќе пропадне под земја, покривот на куќата се заклучува, правејќи го отпорен на ветар и вода.Целата населба би била поврзана со мрежа од сензори кои ќе ја интерпретираат временската состојба. Тој систем ќе функционира како човечки организам и ќе може да ги спушти куќите во земјата за само неколку секунди.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.