КАФЕ ПАУЗА

Tag: Унгарија

  • 5 евтини дестинации за патување во 2023 година

    5 евтини дестинации за патување во 2023 година

    Сигурно сте го забележале фактот дека луѓето патуваат повеќе од кога било досега. Една од причините за тоа е и пандемијата која го погоди целиот свет, па не е ништо чудно што луѓето се желни за нови патувања и откривање нови места. Туристичките агенции веќе работат со полн капацитет, а сè што треба да направите е да го изберете посакуваниот термин и место, бидејќи речиси секој викенд има нови дестинации. Во продолжение прочитајте кои земји ги издвоивме како достапни и евтини дестинации за патување во 2023 година.rn

    Турција

    rnРепублика Турција е евроазиска земја која се наоѓа во југоисточниот дел на Европа и југозападниот дел на Азија (Мала Азија). Задолжително посетете го Истанбул, прекрасната турска престолнина. Ќе бидете воодушевени од културата, храната и турското кафе, а крстарењето со брод по Босфор ќе ви понуди прекрасен поглед кон градот.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Бугарија

    rnБугарија е една од најевтините дестинации во Европа и секој нејзин дел е посебен за истражување. Задолжително посетете го главниот град Софија, но и други мали градови каде што можете да ги истражувате знаменитостите и културата.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Романија

    rnРоманија е земја во Југоисточна, делумно во Централна Европа која се карактеризира со разновиден пејзаж, од ридови и планини до плажи. Она што е исклучително привлечно за оваа земја е националната кујна и затоа мора да пробате некои од нивните локални јадења.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Чешка

    rnЧешка, официјално Чешка Република, е земја во Централна Европа, која се граничи со Полска на североисток, Словачка на југоисток, Австрија на југ и Германија на запад и северозапад. Главен град на Чешка е Прага, кој се нарекува и Златен град и град на сто кули. Посетете го Стариот град и Карловиот мост, како и музејот Кафка. Чешка е првата земја во светот според количината на консумирање пиво по жител годишно. Затоа, не пропуштајте да го пробате нивното пиво!rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Унгарија

    rnУнгарија и нејзиниот главен град Будимпешта се дел од дестинациите што мора да ги видите барем еднаш во животот. Се одликуваат со прекрасен пејзаж, локална храна, архитектура… Освен тоа, оваа земја е посебно позната по фактот дека овде се наоѓа езерото Балатон, најголемото во Централна Европа. Во зависност од тоа како патувате, можете да најдете хостели во кои можете многу евтино да преноќите.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrnrnОткако прочитавте за нашиот избор на евтини дестинации за патување во 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те најевтини европски градови за викенд патување.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • 3 совршени дестинации за зимски меден месец

    3 совршени дестинации за зимски меден месец

    Секако, во текот на летото можете да одите каде било во светот, да уживате во сонцето и во љубовта на вашиот животен сопатник. Но, доколку планирате свадбено патување во зимскиот период сакаме да ве охрабриме дека не е сѐ изгубено. Одложувањето на патувањето не е единствената опција. Дури и во зима можете да поминете меден месец во романтична и топла атмосфера, далеку од морето или океанот. Тоа можете да го постигнете на следниве 3 прекрасни дестинации:rn

    Меден месец во Унгарија

    rn3 совршени дестинации за зимски меден месецrnrnУнгарија е земја позната по своите исклучителни национални специјалитети и величествената архитектура. Ве советуваме да ја посетите Будимпешта. Градот е познат по присуството на бројни термални извори. Во топлите бањи не само што ќе ги згреете вашите коски, туку ќе го подобрите вашето здравје, кое можеби било малку нарушено од напорните подготовки за свадбата. Во Будимпешта има вкупно 13 лековити извори.rnrnКултурната програма може да ги опфати и следниве знаменитости: Будимскиот Замок, Рибарската кула, Тунелот Будим, Океанариумот (во рамките на трговскиот центар Кампона), како и Кралската Палата. Секако не смеете да го игнорирате гастрономскиот дел од патувањето. Вие и вашиот партнер може да уживате во унгарската национална кујна за малку пари. Ве советуваме на вашиот меден месец во Унгарија да пробате унгарски гулаш, пилешка чорба, штрудла од вишна и секако, да наздравите со чаша унгарско вино.rn

    Меден месец во Швајцарија

    rn3 совршени дестинации за зимски меден месецrnrnАко вие и вашиот брачен партнер сте вљубеници во скијањето, тогаш ова е одлична прилика за скијање во Швајцарија. Најпопуларните ски центри се Сент Мориц, Енгелберг, Вербие и Зермат. Не морате само да скијате, туку може да ги посетите и базените со минерална вода, да учествувате во трките со кучиња и да играте поло на мраз. После ваквите активности на отворено, сигурни сме дека ќе огладните. Задоволете го гладот со локални јадења како пржен компир со колбас, а потоа заблажете се со слатки чоколадни бакнежи.rn

    Меден месец во Данска

    rn3 совршени дестинации за зимски меден месецrnrnАко сте уморни од бучавата и метежот и сакате медениот месец да го поминете на мирно место, тогаш ви препорачуваме да ја посетите Данска и Копенхаген. Главниот град на Данска, иако се смета за најмирен во Европа, сигурно нема да биде досадно место за вашиот свадбено патување. Во Копенхаген може да го посетите Националниот музеј, Паркот Тиволи, како и Данската кралска библиотека. Додека шетате низ улиците на Данска уживајте во познатите дански сендвичи.

  • Видео прошетка низ прекрасната Будимпешта

    Видео прошетка низ прекрасната Будимпешта

    Видео продуцентот Џо Сајмон добил нова камера која добил можност да ја тестира токму кога се нашол во преубавата Будимпешта. Уживајте во неговиот извонреден резултат.rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?

    Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?

    Дури и да отпатувате на само еден ден во прекрасниот град Будимпешта, можете да видите многу доколку направите добар план за шетање и разгледување на метрополата на Унгарија. Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Будимпешта е град со широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од Австроунгарското царство. Градот е совршен за шетање пешки, па затоа тргнете од центарот, а потоа лутајте по грандиозните булевари и воодушевувајте ѝ се на прекрасната архитектура.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Во центарот на градот се наоѓаат два важни музеи, Унгарскиот национален музеј и Меморијалниот центар на Холокаустот. Улицата Ваци отсекогаш била главна шопинг-улица во Будимпешта. Оживела веднаш по промената на политичкиот режим во 1989 година и оттогаш е место каде што можат да се најдат многу реномирани домашни и странски брендови.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Од улицата Ваци упатете се кон шеталиштето покрај Дунав, а следејќи ја трамвајската линија број 2 ќе стигнете до плоштадот „Kossuth“. Плоштадот се наоѓа пред парламентот кој е еден од симболите на Будимпешта и воедно најголем парламент во Европа. Задолжително посетете го, нема да се покаете. Главната фасада на парламентот гледа кон Дунав, а градбата е во неоготски стил со неоренесансна купола. Градењето е завршено во 1902 година, кога е издигната куполата која е со висина од 96 метри. Ова е многу важен број за Унгарците, бидејќи во 1896 година тие прославиле илјада години од нивното постоење.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Од парламентот тргнете југоисточно и по 200 метри ќе се најдете на плоштадот „Szabadsag“, кој всушност е прекрасен парк во кој се наоѓа колосалниот споменик на Советскиот сојуз кој го слави ослободувањето на Унгарија и крајот на Втората светска војна. Тоа е единствениот споменик останат во градот од тоа време, бидејќи сите останати се отстранети.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Потоа тргнете назад кон парламентот и на околу 400 метри јужно се наоѓа познатиот Сеченов синџирест мост. Идејата за градење на овој мост кој ќе ги поврзува Будим и Пешта ја спровел и финансирал унгарскиот реформатор, грофот Иштван Сечени. Според легендата, поради страшна бура, грофот не можел да ја пројде реката, додека од другата страна неговиот татко бил на смртна постела. Тој чекал 8 дена да пројде бурата, но во меѓувреме неговиот татко починал. Мостот го проектирал Англичанецот Вилијам Тиерни Кларк, а свечено е отворен во 1849 година. Во тоа време бил еден од најголемите висечки мостови.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?По мостот ќе стигнете кај замокот Будим кој е историски комплекс во кој биле сместени унгарските кралеви. Целосно бил завршен во 1265 година, а во минатото се нарекувал и кралската палата. Изграден е во средновековен и барокен стил.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Преку мостот се доаѓа и до рибарските кули кои се изградени во неоготски и неокласичен стил. Тие се наоѓаат околу црквата Св. Матијаш. Од кулите има прекрасен панорамски поглед кон Пешта. Бастионот го има добиено своето име според рибарите кои го одбраниле овој дел од градот во Средниот век.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Плоштадот на хероите се наоѓа на крајот на булеварот Андраси, веднаш до градскиот парк. Од левата страна се наоѓа Музејот на ликовна уметност, а од десната Палатата на уметноста. На плоштадот се поставени статуи на водачите на седум племиња кои ја основале Унгарија, а тука исто така има и статуи на важни личности од унгарската историја.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта? Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Место кое задолжително морате да го посетите е базиликата Свети Стефан. Изградена е во 1905 година во неокласичен стил и е посветена на првиот унгарски крал Иштван I.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?Будимпешта е познат и како градот на бањите. Во 1934 година и официјално Будимпешта била избрана за „Град на бањите“, бидејќи термалните извори ги има насекаде.Зошто морате да го посетите магичниот град Будимпешта?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Будимпешта во 70 гига пиксели

    Будимпешта во 70 гига пиксели

    Кршејќи го хоризонтот и сите правила, 360 World спонзорирани од Epson, Sony и Microsoft, направија да може да патуваме до саканата дестинација преку монитор со само еден клик. Убавините на Будимпешта и целиот овој убав град кој се наоѓа во срцето на Унгарија, може да видите како изгледа дење и ноќе.rnrnБудимпешта во 70 гига пикселиrnrnПанорамското фотографирање траело два дена, а се користеле два 25-мегапикселни Sony A900s фотоапарати и 400мм Minolta леќи.rnrnПогледенте го градот и сите негови познати знаменитости на дневна светлина, а потоа видете ја и магијата на градот Будимпешта ноќе.