Корисниците на Фејсбук поминуваат повеќе од 15 часа месечно на оваа социјална мрежа. И покрај тоа што голем број луѓе сметаат дека неговата интензивна употреба е негативна, постојат неколку студии кои покажуваат дека покрај лошите влијанија, тој сепак има и добри страни.rn
Ја подобрува работата на вашето срце
rn
rnrnПоминувањето време на Фејсбук може да им помогне на луѓето да се опуштат така што го успорува отчукувањето на срцето и го намалува стресот, според истражување спроведено од Институтот за Технологија во Масачусетс и Универзитетот во Милано. Во оваа студија се истражувало влијанието на панорамски пејсажи, решавањето на комплицирани математички задачи и употребата на социјалната мрежа врз 30 студенти. И покрај тоа што Фејсбук го заземал второто место на листата за опуштање на студентите, сепак се покажала чудна привлечност и возбуда при неговото користење.rn
Може да ви помогне да пронајдете работа
rn
rnrnГолем број компании покрај класичните интервјуа и психолошки тестови за личноста, употребуваат и Фејсбук „истражување“ преку кое бараат потенцијални вработени. Тие ги проценуваат нивните вкусови за музика и книги, интереси, хоби, како и социјалноста и комуникативноста според фотографиите и постовите. Најчесто впечатокот кој се добива преку оваа социјална мрежа е многу поточен од оној кој тие го добиваат за време на интервјуто.rn
Ја зголемува вашата самодоверба
rn
rnrnСпоред неколку истражувања, поминувањето повеќе време на оваа социјална мрежа им помага на луѓето да се чувствуваат добро во својата кожа. Студија спроведена од Универзитетот Корнел, која била една од првите кои ги истражувале психолошките придобивки од користењето на Фејсбук, покажала дека доволно е да го погледнете вашиот ѕид и веднаш ќе се почувствувате посамоуверено.rn
„За разлика од огледалото, кое нè потсетува какви сме навистина ние и на тој начин може да има негативен ефект врз нас бидејќи не се согласува со нашите идеали, Фејсбук ни ја покажува позитивната верзија од нас, онаква каква што ние сакаме да ја видиме. Не велиме дека тој претставува лажна слика за нас, туку дека ги нагласува нашите позитивни страни,“ вели истражувачот Џефри Ханок.
rn
Ги зголемува цените на акциите
rn
rnrnФејсбук не само што може да биде добар за вашето физичко и ментално здравје, тој може да ви помогне и при вашите инвестиции. Една студија од Универзитетот Пејс покажала дека колку е попопуларна одредена компанија на Фејсбук, толку повисоки акции има.rn
Ја зголемува продуктивноста
rn
rnrnИ покрај тоа што повеќето сметаат дека Фејсбук само им го одвлекува вниманието на вработените, истражувачите покажале дека вистината може да биде и сосема спротивна. Истражување спроведено од сајтот Кеас покажало дека доволна е 10-минутна пауза на Фејсбук за вработените да бидат посреќни, поздрави и попродуктивни.rn
„Кратки и ненаметливи паузи, како брзо „сурфање“ на интернет, му помага на мозокот да се одмори, што води до повисока концентрација во текот на денот, како и до повисока продуктивност,“ вели Брент Кокер од Универзитетот Мелбурн, Австралија.
rn
Ви помага за добивање диплома
rn
rnrnФејсбук може да им помогне на студентите да ја добијат дипломата која ја посакуваат. Едно истражување покажало дека студентите кои се активни на Фејсбук во помал број се откажуваат од оние кои не ја употребуваат социјалната мрежа. Ова истражување опфатило скоро 400 студенти од прва и втора година на факултет и меѓу другото се покажало и дека студентите кои се активни на Фејсбук се одликувале со повеќе ентузијазам во нивната факултетска околина.rn
Го подобрува вашиот љубовен живот
rn
rnrnФејсбук дефинитивно одлично се покажал како стројник. Истражувањата покажале дека околу 60% од слободните корисници додаваат нови пријатели веднаш откако ќе ги запознаат во живо. Доколку им се допаѓа тоа што ќе го видат, 25% од нив веднаш ја контактираат личноста за која се заинтересирани преку порака или чет.rnrnИ за крај, не заборавајте дека за сè постојат граници. Фактите кои се прикажуваат во овие истражувања не треба да ве охрабрат уште повеќе да го користите Фејсбук, бидејќи на тој начин дефинитивно нема да можете да ги почувствувате неговите придобивки. Умереноста секогаш е позитивна и обидете се постојано да ја одржувате при употребата на оваа социјална мрежа.


rn
rnrnСледуваат неколку бенефиции кои ќе ги осетите доколку редовно пиете умерена количина.rn
rn
rn
rnrnСпоред експертските анализи, еден просечен возрасен човек треба да пие 200-300 милилитри кафе дневно, што би значело 2 шолји кафе. Секако, во оваа бројка е вклучено само чистото кафе, без додатоци како млеко, засладувачи, преливи и слично. Редовното внесување на поголема количина кафе од просечната може да ви предизвика несоница, немир, нервоза, главоболки, неправилни и забрзани отчукувања на срцето, па дури и дијареа.rnrn
rnrnНо, и откажувањето од кофеинот може да има лоши последици. На организмот ќе му треба време на се навикне на новата состојба, па затоа во првите недели би требало да чувствувате немоќ, константно да имате главоболки, да чувствувате болки во мускулите и слично. Доколку сте решени да го сторите ова, би ви било многу подобро доколку во тој период внесувате кофеин преку црн и зелен чај, чоколадо, енергетски пијалаци и други слични алтернативни производи кои содржат помало количество на кофеин.rnrn