КАФЕ ПАУЗА

Tag: Украина

  • Само во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселената

    Само во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселената

    Во малиот украински град Перејаслав кои многумина го пропуштаат за време на посетата на Украина, се кријат вистински чуда. Освен „типичните“ музеи (иако овде ништо не е типично) поради што го нарекуваат музејски град, вреди да се спомене и Музејот за вселенски истражувања. Музеј како и сите други, ќе си речете, но занимливо е тоа што тој е сместен во една мала, дрвена црква!rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnМожеби додека поминувате покрај црквата, сепак, таа самата ќе ви го привлече вниманието без да знаете за вселенските мистерии што се кријат внатре во неа. Се работи за црква со тиркизна боја стара 130 години. Посветена е на Света Петка, заштитничка од болести и разни несреќи чиј култ е особено раширен кај православните народи.rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnДенес просториите во црквата се пренаменети за друга цел. Наместо олтар, иконостаси и исповедалница, просторот изобилува со спомените од кога СССР доминирал во универзумот. Падобран со кој тренирал Јуриј Гагарин, модели на ракети и сателити, конзерви со храна што ги јаделе астронаутите во вселената се само дел од експонатите на музејот-црква.rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnМузејот е основан во 1970 година и тоа во период кога наместо цркви се граделе музеи посветени на науката. Иако денес ситуацијата е поинаква, сепак овој музеј-црква не може да се пофали дека бил некогаш реновиран. Локалното население е загрижен за неговата судбина затоа што тој е единствениот таков музеј во светот, а ќе признаете дека изгледа феноменално.rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnГрадот Перејаслав се наоѓа на брегот на реката Днепар, на околу час и половина возење од Киев. Освен музејската поставка посветена на вселенските откритија и истражувања, тука можете да најдете и вистински „славорум“ музеј на културното наследство затоа што изобилува со колекции од стари ветерници, егзотични скулптури, па дури и воени авиони во дворот… Вистинско богатство на навидум обично место!rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnОткако прочитавте за малиот музеј-црква во Украина и неговите вселенски мистерии, можеби ќе ве интересира да прочитате и за приказната на поранешна црква претворена во ексклузивен ресторан.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Прекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денари

    Прекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денари

    Градот Лавов е во западна Украина, во близина на границата со Полска. Лежи на реката Полтва и е на прво место во Украина по бројот на зачувани културно-историски споменици, а со својата убавина, спомениците и широк спектар на различни стилови на градење се издвојува меѓу градовите на Централна и Источна Европа. Неговото прекрасно историско јадро беше запишано на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1998 година.rnrnПрекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денариrnrnПоради своите културно-историски споменици, Лавов ги има еден од најубавите плоштади во тој дел на Европа. 44-те куќи и згради лоцирани таму биле изградени во различни стилови од ренесансата до модернизмот. Препорачуваме да прошетате на плоштадот и да ја побарате, на пример, Црната куќа од источната страна – еден од најубавите примери на украинската култура во ренесансата.rnrnНа плоштадот има четири фонтани, скулптури кои симболизираат митолошки суштества: Нептун, Дијана, Амфитрит и Адонис. Голем број споменици кои доминираат во центарот на градот датираат од 16 и 17 век, а многу историчари ги сметаат за музеј на отворено. Севкупното архитектонско богатство на градот се состои од разни цркви како ерменски, православни, грчки католички и римокатолици. Врвни дела од различни стилови и различни цркви се доказ за историјата која некогаш била важна точка на трговските патишта.rnrnПрекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денариrnrnПобарајте ја Операта на плоштадот Слобода, што, заедно со преостанатите девет театри и 60 музеи, го прави овој град културен главен град на Украина. Музејот за народна култура и живот е еден од најинтересните музеи за тоа како да се запознаат Лавов и Украина. Музејот е на отворено и ги прикажува сите аспекти на традиционалниот украински живот, како што се фарми, цркви, ветерници и училишта поставени во голем парк во источниот дел на центарот на градот.rnrnНајпознатото украинско јадење е вареники, односно топчиња со пире од компири, кисела зелка, сирење, тврдо варени јајца или нивни комбинации и може да се полнат со овошје. Ние исто така препорачуваме украински палачинки од компири – деруни. Пробајте и грузиски кначапури – леб полнет со сирење и јајца. Од сегашните специјалитети, препорачуваме да пробате хорилка – украинска домашна ракија.rnrnВо Украина ќе можете да се опуштите малку повеќе отколку во попопуларните туристички дестинации. Цените се понекогаш смешни во споредба со нашите. Може да се набави пиво за 50 денари, кафе за 40 денари, а во поевтин ресторан може да се јаде за околу 160 денари.rnrnНајдобар начин да го видите градот е пеш. На овој начин најдобро ќе го искусите духот и ритамот на градот и нема да пропуштите ништо.rnrnПрекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денари Прекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денариrnrnПрочитајте за ова место во Париз каде бесплатно спиеле сите што ветиле дека ќе читаат по една книга на ден.

  • 10 причини да гледате ЕУРО 2012

    10 причини да гледате ЕУРО 2012

    Иако знаете дека нема каде да побегнете од Европското првенство во фудбал, еве ви десет причини кои и без тоа нема да ви дадат да се одлепите од телевизорот.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    1. ЕУРО 2012 е празник

    rnСекое големо фудбалско натпреварување е празник затоа што фудбалот е религија за многумина. Однесувањето на многу навивачи зависи од правилата на фер плејот, па сè до перформансите на нивниот тим. Тие преферираат за фудбал да разговараат со свои „истомисленици“ и се спремни да тргнат во „света војна“ (со зборови) со противниците. Сепак, сега е време за празнување и за славење на добрите страни на своите миленици.rn
    rn

    2. Поле за културен натпревар меѓу народите

    rnЛуѓето веќе не заминуваат во војна за да ја докажуваат силата на својата нација, туку наоѓаат мирни начини за да ја постигнат таквата цел. Веројатно тоа е една од главните причини заради која толку многу луѓе еуфорично следат што ќе се случува на турнирот. На теренот Шпанците и Португалците играат технички дотерано, брзо и со многу страст, Германците никогаш не се даваат, Италијанците играат бавно, а Балканците во момент на инспирација можат против секого. Вистинска борба на различни менталитети.rn
    rn

    3. За инает на европските политичари

    rnИако беше поканет, францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да оди на Европското првенство поради расизмот на стадионите во Полска и Украина. Навистина, во овие две земји и на стадионите низ цел свет се случуваат одвратни расистички испади на навивачите, но Оланд и некои други европски политичари се обидуваат преку овој настан да направат политички притисок врз двете земји. Гледајте ЕУРО 2012, барем за инает на овие политичари.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    4. Ќе има драма

    rnОние коишто редовно гледаат фудбал можат да ви набројат по неколку натпревари во кои за малку ќе доживееле инфаркт. Фудбалот нуди неверојатна драма, придружена со многу емоции, која кулминира кон крајот на натпреварот, а потоа останува само да се прераскажува.rn
    rn

    5. Навивачите

    rnВо отсуство на Африканците и Јужноамериканците можеби нема да биде толку шарено на трибините како што обично е на светските првенства, но Европа сè уште е микс на различни култури кој се рефлектира и на трибините. И на ова првенство ќе се нагледаме интересно „дотерани“ навивачи и интересни навивачки кореографии.rn
    rn

    6. Зозулица – украинската вувузела

    rnУкраинците имаат замена за африканската вувузела, онаа направа за дување со непријатен звук кој се слушаше за време на Светското првенство пред две години. Нивниот инструмент се вика зозулица, во минатото ја користеле повеќето словенски народи, а има далеку попријатен звук од вувузелата.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    7. Животните кои ќе ги прогнозираат победниците

    rnОктоподот Пол не е повеќе жив, но Полјаците и Украинците веќе имаат кандидати кои ќе го продолжат неговото дело. Слоницата Чита од Полска и едно прасе од Украина чие име не се открива се двете „видовити“ животни кои ќе се борат за светска слава користејќи ја својата „дарба“ да го предвидат победникот на секој натпревар. Се разбира, покрај нив се појавија уште еден куп животни кои „знаат“ кој ќе биде шампион, но само овие двајца имаат статус на „официјални прогнозери“.rn
    rn

    8. Мајсторите на играта

    rnТука ќе бидат собрани најдобрите фудбалери од цела Европа. Овие луѓе знаат да прават спектакуларни работи со топката кои предизвикуваат восхит дури и кај оние кои не се љубители на овој спорт.rn
    rn

    9. Фудбалерите за понежниот пол

    rnНа ЕУРО 2012 ќе се појават вкупно 368 фудбалери, па девојките кои не следат фудбал имаат голем избор да најдат некој кој им се допаѓа и редовно да навиваат за него.rn
    rn

    10. Убав повод за дружење

    rnГледањето фудбал во друштво веќе стана ритуал во светот и кај нас, па ако сакате да се видите со некого додека трае шампионатот, еве еден убав повод. Можете да одите во кое било кафуле или ресторан, или пак да набавите грицки и пијачки и да соберете друштво дома. Ако ги избегнете оние кои „знаат“ кој натпревар е наместен, ја имате најубавата причина да следите натпревар од најубавата игра на светот.10 причини да гледате ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 маркантни статуи низ светот

    5 маркантни статуи низ светот

    Секоја држава има своја култура, историја и традиција. Најчесто знаменитостите и спомен-обележјата се обидуваат да дадат слика за склопот на овие три нешта и да останат да сведочат засекогаш. Секој од нив носи со себе посебна порака и има своја вредност. Овие пет примери се некои од најголемите споменици во светот, кои прават Кипот на слободата во САД и статуата на Исус во Бразил да изгледаат малечки.rn.rn

    Мајка татковина, Киев, Украина

    rnОваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. На штитот кој е поставен во левата рака се наоѓа грбот на Советскиот Сојуз. „Мајка татковина“ е дел од музејот „Големата патриотска војна“ во Киев, кој им оддава почит на оние кои се стекнале со титулата херој на Советскиот Сојуз или херој на социјалистичкиот труд.5 маркантни статуи низ светотrn

    Големиот Буда од Ушику, Јапонија

    rnСпоменикот на Големиот Буда во Ушику, комплетно бил изграден во 1993 година, а неговата височина достигнува 120 метри. Статуата е целосно обложена со бронза и тежи 4.003 тона. Самата статуа претставува музеј на 4 ката, а на висина од 85 метри се наоѓа и балкон за набљудување. На третиот кат од музејот можат да се погледнат повеќе од 3.000 златни статуетки кои го претставуваат Буда.5 маркантни статуи низ светотrn

    Изворниот храм на Буда, Хена, Кина

    rn„Изворниот храм на Буда“ е најголемата статуа во светот. Без основата која е висока 25 метри, статуата достигнува 128 метри. Статуата е завршена во 2002 година, а за нејзината изградба биле потрошени 55 милиони американски долари. Храмот своето име го добил според изворите со топла вода во неговата околина, за кои се верува дека се лековити.5 маркантни статуи низ светотrn

    Татковината повикува, Волгоград, Русија

    rnОваа застрашувачка статуа е изградена во спомен на озогласената битка за Сталинград, во која животот го загубиле околу 2 милиони лица. Во моментот кога била изградена во 1967 година, статуата со својата височина од 85 метри била највисока во светот. Иако оваа висина во денешно време е надмината, сепак останува да сведочи за тие времиња.5 маркантни статуи низ светотrn

    Петар Велики, Москва, Русија

    rnСтатуата на Петар Велики е направена во 1997 година, како спомен за 300 години од создавањето на Руската морнарица. Создадена е од грузискиот дизајнер Зураб Тсеретели, а со нејзината височина од 94 метри, таа е седма најголема скулптура во светот.5 маркантни статуи низ светотrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.