КАФЕ ПАУЗА

Tag: учесници

  • Најдосадните досадни однесувања

    Најдосадните досадни однесувања

    Сте се запрашале ли некогаш како е можно некои луѓе да бидат толку досадни? Уште повеќе, дали тие воопшто се слушаат себеси што зборуваат и како го прават тоа?rnrn(3)-najdosadnite-dosadni-odnesuvanja-kafepauza.mkrnrnПсихологот Марк Лири и уште тројца негови колеги вршеле низа истражувања на оваа тема. Што ги прави луѓето досадни, зошто баш некое однесување луѓето го сметаат за досадно и сл., се само мал дел од прашањата кои си ги поставиле овие истражувачи пред да започнат да ги бараат нивните одговори. Она кое го заклучиле е дека луѓето можат да бидат досадни не само поради тоа што го кажуваат, туку и поради начинот на кој го прават тоа.rnrnПрвото истражување било изведено во два дела. Во првиот дел, учесниците имале задача да опишат какво однесување според нив ги прави луѓето досадни, додека во вториот дел, откако истражувачите добиле листа од вкупно 43 досадни однесувања, другите учесници биле задолжени да ја погледнат листата и да ги оценат однесувањата од најмалку до најмногу досадни. Резултатот бил таков што истражувачите успеале да добијат 9 групи на досадно однесување, кои ги категоризирале почнувајќи од најмалку досадната.rnrn9. Одвлечено внимание – Гледање во телефонот, лутање со мислите или, пак, водење празни разговори, како и сѐ останато што ѝ го одвлекува вниманието на личноста спроти вас.rnrn8. Обид да се биде допадлив – Смешен, интересен, привлечен и сѐ останато што ги прави луѓето вештачки.rnrn7. Сериозност – Нема смеење, нема шеги и сѐ се сфаќа буквално и со голема доза сериозност. А што ли би се случило со малку опуштање?rnrn6. Самобендисаност – И тоа во секоја смисла на зборот. Секогаш јас, јас и само јас нема никаде да ве одведе.rnrn5. Пасивност – Немање желба ама баш за ништо, никогаш. Малку зборување, немање свој став, предвидливо однесување и согласување со сѐ што кажуваат другите се само мал дел примери за пасивно однесување.rnrn4. Монотонија – Бавно и зборување со многубројни и долги паузи, потреба од цел еден век за да се искаже мислење и влечкање на разговори до недоглед.rnrn3. Мала емоционалност – Ништо не е возбудливо, ништо не е доволно тажно, ништо не е забавно ни убаво. Особено изразено кога ќе се искомбинира со монотоно зборување и слабо гледање во очи.rnrn2. Баналност – Сите знаат дека чашата ќе се скрши ако падне на земја нели? Зборувањето за банални работи за кои нема смисла да се зборува, заинтересираност за само една тема и повторување на истите работи одново и одново – второ најдосадно однесување.rnrn1. Негативен егоцентризам – На првото место на најдосадни однесувања е она кога не само што личноста е полна со негативна енергија, туку и постојано се жали за нешто. Ова не чини, тоа не чини, вака треба, така не… Секој има проблеми, но не сите зборуваат само за нив така?rnrn(2)-najdosadnite-dosadni-odnesuvanja-kafepauza.mkrnrnВторото истражување се одвивало малку поинаку. Имено, еден дел од учесниците биле снимани додека разговарале меѓу себе, додека другиот дел биле во улога на судии со задача да дадат оцена за тоа колку тие биле досадни. Истражувачите за тоа време воделе евиденција за што се воделе разговори, а потоа воочиле 3 основни разлики меѓу досадните и интересните луѓе:rn

      rn011

    • Луѓето кои делувале интересни повеќе ги изразувале своите чувства и мисли за разлика од оние кои делувале досадни.
    • rn011

    • Интересните луѓе го искажувале својот став многу повеќе од досадните, односно во глобала повеќе се внесувале во разговорот.
    • rn011

    • Досадните луѓе често зборувале за незначајни работи, додека интересните отворале теми на разговор кои се доста интригирачки.
    • rn

    rn(1)-najdosadnite-dosadni-odnesuvanja-kafepauza.mkrnrnОна што се извлекло како заклучок од третото истражување е тоа дека доколку некој ве смета за досадна личност, тогаш веројатно ве осудува на секое поле во животот. Во последното истражување, учесниците гледале видео клипови од луѓе кои веќе претходно биле оценети како досадни или интересни. Без да знаат кој како бил карактеризиран, учесниците имале задача да ги оценат особините на луѓето кои учествувале во разговорите. Резултатот бил како и што се очекувало.rnrnДосадните луѓе биле помалку допадливи, не делувале ентузијастички, биле осудени како малку дружељубиви и слабо популарни, како слаби личности несигурни во себе. Со други зборови, учесниците осудувале и за работи кои немаат поврзаност со тоа дали некој е досаден или не. Сепак, и двата типа луѓе биле исто оценети за две работи и тоа доверливост и способност. А тоа што веројатно изненадува е фактот дека иако претходно оценети за досадни, учесниците во третото истражување добиле впечаток дека тие се попаметни од интересните луѓе.

  • Најубавиот булдог во светот

    Најубавиот булдог во светот

    Двегодишниот булдог Тајсон на натпреварот одржан во Де Мојн, Ајова, беше прогласен за најубав булдог. Натпреварот веќе 33 години се одржува во главниот град на Ајова, а Тајсон во конкуренција на уште 49 други булдози успеа да се качи на највисокото место на пиедесталот.

    rnrnrn

    Најубавиот булдог во светот
    Тајсон
    rn

    На натпреварот се пријавиле повеќе од 100 учесници, но на лотарија кругот бил ограничен само на педесет. Сопственичката на Тајсон, Челси Мотер, изјавила дека тајната на успехот се крие во тоа што нејзиниот пес е многу весел, симпатичен и препознатлив лик.

    rn
    rn

    Некои од останатите учесници:

    rnНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светотНајубавиот булдог во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Фотографот Сем Гелман, кој по потекло е од Висконсин, во последниве пет години живее и работи во Хонг Конг. Пред извесен период тој беше на четиридневно патување во  Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја. Тој имал можност да биде сведок и да го овековечи настанот „Игри на масата“ во Пјонгјанг.rnПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииМожеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат  шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииСето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииrn

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BD%D0%B3_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B3

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.