Скала по скала до тврдината Св. Иван, погледот кон градот се менува, се откриваат нови убавини, се истражува сценографијата поставена во античкото минато и се вдишува мирисот на природата. Има доволно скали на приближно 260 метри до врвот, но сите се љубопитни да видат повеќе.rnrnМудрите се искачуваат рано наутро или рано навечер, а на оние кои сакаат да спијат подолго, им се препорачува шише вода и капа. Штом темнината падне, може да биде вистинска авантура, па затоа е паметно да земете и светилки. Ако немате, не чекајте долго по зајдисонцето, бидејќи темнината се спушта веднаш.rnrn
rnrnАко не сте во форма, не грижете се – само забавете и уживајте во погледот до еден од најубавите глетки во Црна Гора. Патеката не е страшна, а целата работа ја олеснува тоа што не можете да видите колку далеку е врвот. На пат нагоре, можете да се одморите во близина на црквата Богородица, која ќе ве пречека по 15-тина минути, како и единствената „продавница“ што продава само вода. Секако, не е ефтино, но оние кои се искачуваат со задоволство ќе платат онолку колку што им треба.rnrnПо околу половина час до 45 минути искачување, или 6,4 километри, ќе стигнете до вашата дестинација и ќе можете добро да ги разгледате античките ѕидови што биле градени со векови, камен по камен за да го заштитат градот. Средновековните ѕидови се широки до 16 метри и високи до 20 метри, а долги се 4,5 километри.rnrnОд врвот на тврдината ги имате најубавите разгледници на Котор создадени во комбинација на sидови кои се преплетуваат со поглед на моќни планини, заливи и небо, кои не може да се опишат со зборови. Глетка поради која вреди да се премине повеќе од 1300 камени скали. Најдобро е да се уверите сами!rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој медитерански град кој е единственото место во светот каде што растат овие необични рози.
Tag: тврдина
-

1300 скали до врвот: Тврдина со една од најубавите глетки во Црна Гора
-

Оваа тврдина е изградена на езеро и е една од најзачуваните во Италија
Сирмионе е гратче што се наоѓа на брегот на езерото Гарда, помеѓу градовите Бреша и Верона, во регионот Ломбардија. Езерото Гарда се смета за најубаво езеро во цела Италија, а Сирмионе е најубавото место покрај езерото. Покрај тоа што гратчето е убаво за разгледување, тука се наоѓа и една од најзачуваните тврдини во Италија. Погледнете како изгледа оваа тврдина изградена на езеро.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnАко сте љубител на патувањата, погледнете кои 10 европски градови треба да бидат на вашата листа за патување затоа што имаат најмногу туристички атракции. -

Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: 9-те најубави тврдини во Русија
Московскиот Кремљ е најпопуларната туристичка атракција во Русија, но, таа не е и единствената. Во Русија постојат десетина тврдини, а единствената разлика помеѓу нив и московската (освен во архитектурата), е тоа што не се пишуваат со голема буква. Имено, зборот „кремљ“ на руски јазик означува средновековна тврдина во центарот на градот. Во текот на 18 и 19 век, повеќето од овие тврдини изгубиле стратешко значење, поради што нивните ѕидови биле разрушени, со цел да се искористи градежниот материјал, а она што останало, било претворено во музеј.rnrnПогледнете кои се најубавите тврдини во Русија.rn
1. Ростовски кремљ
rnИзграден помеѓу 1670 и 1683 година, Ростовскиот кремљ е еден од ретките кој не бил изграден за одбранбени цели, туку како седиште на хиерархиската православна црква.rnrn
rn2. Казански кремљ
rnКазанската тврдина, под заштита на УНЕСКО, доминира во овој интересен град. Таа е изградена помеѓу 1554 и 1562 година, а специфична е затоа што во рамките на нејзините ѕидови се наоѓа и црква и џамија.rnrn
rn3. Кремљ во Коломна
rn„Црвената тврдина“, како што ја нарекуваат, е изградена во 1521 година, кога била една од највисоките на светот. Благодарејќи на царот Николај први, таа останала во нејзината оригинална состојба со сите 17 кули.rnrn
rn4. Псковски кремљ
rnПсковската тврдина е една од најстарите во Русија и е изградена на темелите на дрвени тврдини од 8 век. Оваа импресивна градба ја нарекуваат и руска Помпеја, поради големиот број археолошки остатоци кои научниците постојано ги откриваат во нејзината околина.rnrn
rn5. Кремљ Нижни Новгород
rnКамената тврдина во Нижни Новгород е изградена во 16 век кога служела како една од клучните одбранбени тврдини на Големото Московско Кнежество против Златните Орди.rnrn
rn6. Астрахански кремљ
rnИсторискиот центар на Астрахан растел околу тврдени изградени помеѓу 1562 и 1589 година. Темелите биле поставени во времето на Иван Грозни, а поради големиот број уметнички богатства и музеи, тој е ставен на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.rnrn
rn7. Кремљ во Тула
rnГрадот Тула одиграл голема улога во руската историја. Тој е изграден помеѓу 1515 и 1520 година, а бил проектиран од страна на италијански архитекти коишто го направиле и московскиот кремљ.rnrn
rn8. Кремљ во Тоболск
rnВо Тоболск се наоѓа единствената камена тврдина во Сибир. Таа е изградена помеѓу 1683 и 1799 година.rnrn
rn9. Новгородски кремљ
rnТврдината Велики Новгород е можеби најстарата во Русија. Таа исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно богатство, а според легендата, таа настанала кога после големи масакр, врз дрвената црква на Света Софија слетал галеб и ја претворил во камен.rnrn

-

Првата куќа во светот која е изградена да издржи напад од зомбиња
Овој иновативен проект наречен „Безбедна куќа“ е дизајниран од полското архитектско студио „KWK Promes“. Главната цел на дизајнот е сопственикот да се чувствува максимално безбедно во својата куќа и токму поради тоа таа наликува на модерна тврдина која е скриена зад непробоен ѕид. Но, она што навистина изненадува е дека, и покрај ваквата заштита, оваа куќа е истовремено и прекрасна отворена вила.
Куќата има форма на правоаголна призма со надворешни ѕидови кои можат да се движат. Кога куќата се отвора кон градината, источните и западните ѕидови се движат кон надворешната ограда и создаваат мал двор кој е затворен од сите 4 страни. Откако ќе ја поминете главната порта, морате да почекате во оваа безбедна зона пред да добиете дозвола за влез во куќата. На овој начин, истовремено не постои никаков ризик некој да провали во домот ниту пак, децата да истрчаат неконтролирано на улица додека си играат во дворот.
Безбедната куќа е идеален дом за сите оние кои сакаат приватност и безбедност. Или пак, доколку некогаш навистина се оствари некое од илјадниците предвидувања за апокалипси како на пример, светот да го освојат зомбиња, тогаш не постои подобро место на кое би можеле да преживеете… :)rnrn

rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Прекрасното бело село во Шпанија
Олвера е прекрасно мало село лоцирано во срцето на планините Кадиз во Шпанија. Самиот град претставува своевиден споменик, поради специфичноста на градбата и белата боја на куќите, како и нагорните улички кои водат кон импресивниот замок и црквата на врвот од ритчето.rnrn
rnrnРидовите околу селцето се преполни со плантажи на маслинки, од кои се произведува најдоброто маслиново масло во Андалузија. Се верува дека селото, своето име го добило токму поради големиот број дрва во неговата околина. Во Олвера живеат околу 8,5 илјади жители.rnrn






rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Некогаш озлогласени затвори – денес туристички атракции
.Алкатраз (Alcatraz), Калифорнија, САД
rn

rn
Можеби најпознатиот затвор во светот, Алкатраз,е првиот во САД кој имал максимално обезбедување и кој не нудел никакви привилегии за затворениците. Сместен на карпест остров и опкружен со многу ладна вода од заливот на Сан Франциско, се сметало дека од него е невозможно да се избега. Од 36 мажи кои се обиделе да извршат бегство, 23 биле фатени, 6 биле застрелани и убиени, а двајца се удавиле. Останатите 5 затвореници никогаш повеќе не биле видени. Денес Алкатраз е комплетно отворен за посетителите како туристичка атракција и се наоѓа под покровителство на „National Park Service“.
rnrn
Лондонската кула (Tower of London), Лондон, Англија
rn

rn
„Лондонската кула“ функционирала како затвор од 1100-тата година, до средината на 20-от век. Во него биле задржувани најголемите злосторници и криминалци од Англија меѓу кои и Сер Томас Мур, кралот Хенри VI, Ана Болејн, Катерина Хауард и многу други. Денеска замокот е најпопуларната туристичка атракција во Англија, а во неа се чуваат богатството и накитот на кралската круна.
rnrn
Островот Робен,(Robben Island) Кејп Таун, Јужна Африка
rn

rn
Островот се наоѓа во близина на Кејп Таун и во текот на годините имал многу функции. Сепак, најпознат е по тоа што претставувал затвор под режимот на апартхејдот. Познатите Нелсон Мандела и Кгалема Мотланте, се само дел од многуте политички затвореници кои го отслужиле своето време во овој затвор. Денеска Островот Робен е популарна туристичка атракција, а до нејзе се стигнува со ферибот од Кејп Таун.
rnrn
Замокот на Иф (Chateau d’If), Марсеј, Франција
rn

rn
„Chateau d’If“ е добро познат поради неговото споменување во романот „Грофот од Монте Кристо“ од Александар Дима. ОД 1634 година до крајот на 19 век, овој замок се користел како затвор за верски и политички затвореници. Во тоа време, оние од повисоките класи со подлабок џеб, во затворот имале поголеми привилегии од оние помалку среќните. Замокот бил демилитизиран и отворен за посети во 1890 година. Денеска е еден од најпознатите затвори во светот.
rnrn
Островот на ѓаволот (Devil’s Island), Француска Гвајана
rn

rn
За првпат затворот бил отворен во 1852 година под владеење на царот Наполеон III. За време на 94-годишното постоење, во ова историско место одлежале многу затвореници, од политички злосторници до најопасни криминалци. Невозможно било да се избега поради густата шума и водената површина полна со пирани која го опколувала островот. Затворот е затворен од 1952 година и оттогаш секоја година го посетуваат илјадници туристи.
rnrn
Замокот Елмина (Elmina Castle), Елмина, Гана
rn

rn
Замокот „Елмина“, изграден во 1492 година, е најстарата европска градба, која се наоѓа јужно од Сахара. Повеќе од 300 години служел за чување на лицата кои биле грабнати со сила, за подоцна да бидат продавани како робови. Понекогаш една ќелија делеле повеќе од 200 души, без простор да можат да прилегнат. Во 18-от век повеќе од 30 000 робови циркулирале низ замокот. Денес замокот е признаен од УНЕСКО како светско културно наследство и претставува популарна туристичка организација.
rnrn
Островот Гори (Goree Island), Сенегал
rn

rn
Илјадници робови поминувале низ овој остров, пред Франција да ја укине трговијата со робови во 1848 година. Едно од најозлогласените места на островот е „Maison des Esclaves“ или „Домот на робовите“ каде што се чувале робовите пред да бидат качувани на бродови и упатувани во правец накај Новиот Свет (Америка). Сега островот претставува музеј и е заштитен од УНЕСКО како светско културно богатство, а истовремено претставува почетна точка на Афро-американците за наоѓање на своите корени.
rnrn
Туол Сленг (Tuol Sleng), Пном Пен, Камбоџа
rn

rn
Започнал со работа во 1975 година во време на владеењето на Црвените Кмери. Сместен во зградата на поранешното средно училиште, „Туол Сленг“ бил еден од најстрашните затвори во светот. Затворениците биле секојдневно рутински измачувани, сѐ со цел да ја признаат вината за своето зло дело. Откако ќе го признаеле злосторството или ќе ги кажеле соучесниците и нарачателите, тие биле убивани. Од 17 000 луѓе приведени во затворот, за време на неговото четиригодишно постоење, познати се само неколкумина преживеани. Од 1979 година, затворот работи како музеј за потсетување на делата направени за време на владеењето на Црвените Кмери.
rnrn
Хоа Лоа, (Hoa Loa) Ханој, Виетнам
rn

rn
Изграден е од Франција со цел да ги затвора виетнамските политички злосторници. Војската на Северен Виетнам го употребувала за затворање на заробеници во Виетнамската војна. Во него затворениците биле изложувани на глад и мачење, а често биле и убивани. Интересен факт е тоа што противникот на Барак Обама на последните избори за претседател на САД, Џон Мекејн одлежал во овој затвор пет и пол години откако бил фатен од Виетнамците. Само дел од затворот моментално функционира како музеј. Остатокот бил срушен во 1990 година додека се граделе висококатниците кои сега се наоѓаат околу него.
rnrn
Пристаништето Артур (Port Arthur), Тасманија, Австралија
rn

rn
Од 1833 година до 1850 година, бил дестинација за најголемите криминалци од Британија и Ирска. Денеска се останати многу од зградите како казнено-поправниот дом, болницата, менталната институција и црквата која ја изградиле затворениците. Овој затвор спаѓа во светското културно наследство на УНЕСКО и секоја година е цел на многу туристи.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.