КАФЕ ПАУЗА

Tag: тренд

  • Монохроматскиот тренд ја освојува есента: Дури ни најпознатите дами не можат да му одолеат!

    Монохроматскиот тренд ја освојува есента: Дури ни најпознатите дами не можат да му одолеат!

    За стилот кој воодушеви многу дами нема да треба да потрошите ниту еден денар. Сигурни сме дека веќе имате сè што ви е потребно во вашиот гардеробер. Имено, монохроматскиот стил, што подразбира комбинирање една боја од глава до пети, оваа есен ќе биде еден од најчесто забележуваните трендови на улиците. Оваа комбинација е многу атрактивна и интересна, па без сомнение ќе ве издвои каде и да одите.rnrnЕдно од правилата што треба да ги почитувате е да ја изберете омилената боја и за само еден миг ќе имате стил како светските убавици. Погледнете во продолжение како тие го носат овој тренд есенва.rn

    Пријанка Чопра со светли нијанси зачекорува во есента

    rnrn

    Кајли Џенер воодушевува со костимот во црвена боја

    rn

    Викторија Бекам со овој стил ги врти сите погледи кон себе

    rnrn

    Кендал Џенер суптилно привлекува внимание со помирни тонови

    rnrnrnСакате да останете во чекор со модата? Погледнете го и овој розов мек капут за разбивање на есенската монотонија.

  • Розов мек капут за разбивање на есенската монотонија

    Розов мек капут за разбивање на есенската монотонија

    Иако времето и понатаму е прекрасно како за есен, ладните температури полека но сигурно пристигнуваат, па затоа е и време да го освежиме својот гардеробер со атрактивни и истовремено удобни класични парчиња облека, како мекиот капут којшто се очекува да биде еден од водечките хитови за оваа зима.rnrnrnrnГолемите брендови веќе подготвиле богата понуда за интересни капути, во која секоја од нас дефинитивно ќе си пронајде барем едно совршено парче за себе. Топлиот мек капут е најдобриот избор за да бидеме заштитени од студенилото додека истовремено ќе останеме и во чекор со најновите трендови.rnrnrnrnИако сме навикнати да го гледаме овој капут само во зимските топли и земјени тонови, сепак оваа есен вниманието е насочено кон една сосема различна, поразиграна нијанса. Розовиот мек капут е идеален за дневните кежуал комбинации, што вклучуваат фармерки, маички и чизми, а подеднакво одлично изгледа и со здолништа и фустани.rnrnrnrnДознајте и кои се 5-те најсекојдневни трендови во моментов.

  • 5-те најсекојдневни трендови во моментов

    5-те најсекојдневни трендови во моментов

    Сигурно сè уште ја гледавте вашата листа со летни активности кога трепнавте и одеднаш есента пристигна. Иако ретко кој се радува на студените денови, сепак тоа во што многумина уживаат се есенските парчиња облека. Вие можете да комбинирате многу нешта, во различни слоеви, а тоа отвора многу можности. Па, ако сакате да останете во тренд, еве на што треба да обрнете внимание…rn

    1. Високи чизми

    rnrnrnБез разлика дали вашиот модел е под или над колена, овој тренд е навистина лесен и соодветен за сите прилики.rn

    2. Топли кардигани

    rnrnrnЗаборавете на сè што досега сте знаеле за кардиганите и погледнете ги од сосема нова перспектива. Наместо бабина облека, тие се едни од најмодерните парчиња оваа сезона!rn

    3. Огромен накит

    rnrnrnСекој накит кој е предимензиониран и доаѓа до израз дури и на неколку метри оддалеченост е добар избор за оваа сезона!rn

    4. Сатенско здолниште

    rnrnrnДолгите здолништа имаат сосема нов изглед оваа сезона! Сатенското здолниште е софистицирано парче облека што е неверојатно лесно за комбинирање и носење.rn

    5. Крокодилски принт

    rnrnrnОдамна не сме имале можност да видиме крокодилски принт на улиците од нашиот град, но изгледа дека оваа сезона тој ќе биде еден од највпечатливите!rnrnПрочитајте ги и најдобрите есенски модни правила.

  • Есенски модни правила: Стилски грешки што треба да ги избегнувате за време на ладните денови

    Есенски модни правила: Стилски грешки што треба да ги избегнувате за време на ладните денови

    Со оглед на тоа дека ладните денови скоро дојдоа, време е да ги споделиме со вас овие модни совети од стилистката Катерина Оспина што ќе ви помогнат одлично да изгледате во текот на есента и да ги избегнете сите грешки што жените најчесто се прават.rnrnrn

    Избегнувајте светли бои

    rnБез разлика колку многу ги сакате белите панталони, тие не се добар избор за есенските, ниту пак за зимските денови. Стилистката открива дека најдобро е да се одлучите на „есенски бои“ и да бирате по неколку нијанси од нив. Најдобар избор би биле кафена, тегет, сива и бордо боја.rn

    Избегнувајте преголеми јакни и капути

    rnЕсента е одлично време за купување нови јакни и капути, а најголемата грешка што повеќето жени ја прават е што бираат облека која не одговара соодветно на нивното тело. Стилистката советува да купите јакна или капут што ќе ја нагласи вашата линија наместо да ја скрие, на тој начин правејќи ве поголеми одошто сте.rn

    Не ги игнорирајте деталите

    rnПосветете внимание на деталите. Зашијте го копчето што ви паднало од капутот… Заменете го истрошениот ѓон на чевлите… Дури и најмалите промени можат да направат да изгледате префинето и убаво. И секако, секогаш водете сметка облеката што ја носите да биде добро испеглана.rn

    Немојте да им робувате на трендовите за чанти

    rnЗаборавете на премалите и преголемите чанти, дури и ако се први на топ листите. Најдобро е да изберете некој класичен модел во неутрална боја, која освен тоа што е во тренд, изгледа убав и префинето.rnrnПрочитајте и како да ја подготвите косата за студеното време.

  • Есенски тренд кој никогаш не излегува од мода

    Есенски тренд кој никогаш не излегува од мода

    Изгледа дека животинскиот принт никогаш нема да излезе од мода. За тоа сведочи и големата популарност на капутите со леопардов дизајн што беа претставени на последните ревии на светски познатите дизајнери како Сен Лорен, Роберт Кавали и Миу Миу.rnrn

    rnrnИмено капутите со овој дизајн ја претвораат секоја есенска комбинација во вистински „чик“ изглед, кој делува како навистина да сте се потрудиле за својот изглед – многу повеќе одошто реално сте направиле.rnrn

    rnrnВие нема да згрешите ни ако се одлучите за бунда од вештачко крзно со овој принт, бидејќи таа без сомнение ќе ви се најде за време на студените зимски денови.rnrn

    rnrnОд друга страна пак, капутот со леопардов дизајн можете да го пронајдете и во шкафот на мајка ви, меѓу старата гардероба, како и во половните продавници што значи дека не мора да дадете цело богатство за нов модел.rnrnКадифе, животински принт и пердуви: дознајте кој е совршениот есенски тренд за секој хороскопски знак.

  • Лето во есен: Ментол бојата ги освојува сите социјални мрежи

    Лето во есен: Ментол бојата ги освојува сите социјални мрежи

    Ментол бојата важи за една од најнежните нијанси на зелената боја, но и за една од најубавите бои од сите. Таа е симбол за сонцето, пролетта, летото и морето, боја поради која едвај чекаме да пројдат студените месеци за да можеме да ја носиме. Оваа љубов кон неа е толку голема, што оваа сезона познатите дами решиле да ја понесат со нив и во есента, а можеби дури и во зимата.rnrnrnrnНекои од овие жени што поставуваат трендови се Викторија Бекам и Меланија Трамп кои едноставно не сакаат да се откажат од оваа боја, притоа започнувајќи вистинска револуција на социјалните мрежи. Како што можете да видите во фотографиите подолу, жените сè повеќе и повеќе се охрабруваат да го следат нивниот пример, поставувајќи нов моден тренд.rnrnШто мислите вие? Дали би сакале да ја комбинирате оваа летна облека и во студените месеци?rnrn rnrnПогледнете и кои се топ 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки.

  • Нов тренд во сексот: Многумина мислеа дека е здодевен, но сега сѐ повеќе мажи го практикуваат, а жените го обожаваат

    Нов тренд во сексот: Многумина мислеа дека е здодевен, но сега сѐ повеќе мажи го практикуваат, а жените го обожаваат

    Бавниот секс е во тренд и сѐ попопуларен помеѓу паровите – тука нема притисок колку е некој добар љубовник.rnrnНов тренд во сексот: Многумина мислеа дека е здодевен, но сега сѐ повеќе мажи го практикуваат, а жените го обожаваатrn

    „Со бавниот секс човек може да научи некои нови работи: дека оргазмот не е секогаш неопходен и дека поважно е да се доживее поголема возбуда. Овој вид секс е како детоксикација“ – објаснува секс-инструкторката Џела Кремер.

    rnБавниот секс е „измислен“ од страна на Џон Хамфри Нојис, американски пионер во слободната љубов во далечната 1884-та. Со т.н. кареза метод (милување) сакал после неколкуте спонтани абортуси на неговата сопруга да го спречи излевањето на спермата и евентуалната бременост, па така практикувал водење љубов наместо репродукција.rnrnИзразот бавен секс (slow sex) се појави во 2011 година во истоимената книга на експертката за тантра Дијана Ричардсон.rn

    „Сексот е нежен и се базира на емоционална блискост“ – објаснува Џела Кремер и додава дека „така се прекинува затворениот круг од очекувања, повлекување и фрустрација.“

    rnКако прво, потребно е доста време – бавниот секс може да трае 3 часа или подолго. За тоа време не смее да ви ѕвони телефонот или ѕвончето на вратата. Ако некој од партнерите е под стрес, треба прво да се опушти со длабоко дишење – земете воздух длабоко со стомакот и слушајте го шумот на вашето вдишување и издишување. И едно нешто мора да ви е јасно: оргазмот не е важен.rn

    „Првите седум пати вреди да се забрани оргазмот за да имате повеќе слобода за други искуства“ – објаснува Кремер.

    rnПотоа доаѓа фазата на загревање.rn

    „Лежете заедно голи во кревет, бидете блиску, не се допирајте, опуштете го телото и немојте премногу да се возбудувате. Во следната фаза милувањето е дозволено. Тој смее да ја стави раката на вашата интимна зона, а вие на неговата, но нежно, без стимулација“, објаснува Џела Кремер.

    rn

    „Во искушение сте да притиснете некоја точка која знаете дека функционира кај партнерот? Подобро не. Гледајте се во очи, кажете си точно што чувствувате и што сакате еден кај друг. Во фазата на обединување, нежно спојте се без премногу движења. Тоа може да се направи и со блага ерекција. Ова се нарекува мека пенетрација“, дополнува Кремер.

    rnНајдобрите пози за бавен секс се позите лажица и ножици, при кои пенисот со слаба ерекција може сепак да остане во вагината.rnrnКога ќе заврши бавниот секс, немојте веднаш да станете и да се вратите на обврските од секојдневието. Заблагодарете се еден на друг и свесно раздвојте се.rnrnПрочитајте и: За дамите кои сакаат да доминираат: Секс позата „џокеј“ е сѐ повеќе во тренд.

  • 3 есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода

    3 есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода

    Класичните есенски модели се носат од година во година, па затоа и ни се исплати да вложиме во нив. Квалитетните парчиња облека ќе направат вашиот стил да остане свеж и впечатлив, дури и по неколку години. Па, доколку сакате да бидете безгрешни при комбинирање на есенските трендови, еве во кои модели треба да инвестирате.rn

    1. Капут

    rnrnrnДобриот капут одлично се комбинира со сите есенски модни комбинации. Неговиот строг крој и должината ви овозможуваат моќен и впечатлив изглед, додека истовремено ќе ви даде и елеганција и префинетост.rn

    2. Кожно здолниште

    rnrnrnНе мора да бирате само црно кожно здолниште, можете слободно самите да ја одберете бојата. Ако се решите за нешто повесело, оваа сезона доминираат белите и маслинесто зелените кожни здолништа.rn

    3. Чизми до глуждови

    rnrnrnЧизмите до глуждови се популарни секоја есен и одлично се вклопуваат во сите модни комбинации. Можете да си играте со боите и дезените, а оваа година најпопуларни се црните и белите модели.rnrnПогледнете ги и овие 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки.

  • Син чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежи

    Син чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежи

    Ако пребарате на Инстаграм Butterfly pea flower ќе најдете безброј фотографии со чаши исполнети со прекрасна сина течност. Се чини дека овој напиток од растението син грашок веќе го замени популарниот мача чај, што го гледавме на социјалните медиуми во сите форми во последните неколку години.rnrnСин чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежиrnrnСиниот чај не само што е фотогеничен, туку е и одличен како дел од исхраната за секој што практикува холистички пристап кон здравјето. Имено, тој со векови се користи во традиционалната ајурведска медицина при третирање на анксиозност, стрес, но и како седатив.rnrnСин чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежиrnrnОвој екстракт од син грашок се користи и во подготовката на десерти за додавање боја на разни јадења, а во некои делови на Азија, цветот се користи и како деликатес – мариниран во мешавина од брашно и пржен во масло.rnrnСин чај: Тренд кој ги освои социјалните мрежиrnrnГастро блогерите постојано истражуваат нови трендови, па не пропуштија на своите профили да споделат фотографии од најновиот тренд – синиот чај. Сите оние кои го пробале, велат дека синиот чај е вкусен во топла или ладна варијанта, а исто така богат е со антиоксиданти.rn

    Автор: Ана Ќурчиевска

  • Топ 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки

    Топ 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки

    Септември е идеално време да ја обновите гардеробата и да го освежите својот шкаф со нови парчиња облека. Трендсетерките и блогерките веќе почнаа да ги покажуваат најголемите есенски хитови, па инспирирајте се од нив! Во продолжение следуваат 5-те модни комбинации кои предизвикаа најмногу внимание, а можете да ги носите секојдневно.rnrnКожните модели оваа сезона ќе бидат голем хит. Токму затоа нема да згрешите дури ни ако се облечете во овој материјал од глава до пети.rnrn

    rnrnРозовата боја е водечка во оваа сезона. Иако не е карактеристична за есен, сепак оваа сезона e на врвот и заедно со сите други силни бои доминираат.rnrn

    rnrnЌе оставите силен впечаток ако ја комбинирате вашата омилена кошула и со змиски принт.rnrn

    rnrnШироките панталони ќе бидат апсолутен хит ова лето. Заврзете ја кошулата и ќе имате многу впечатлив изглед.rnrn

    rnrnИ панталоните со висок струк и широки ногавици ќе бидат во тренд. Покрај нив, најдобро оди кошула со необичен крој.rnrn