Во игра влегува нов рецепт за појадок од авокадо благодарение на изненадувачки вкусната комбинација на банани и авокадо. Што и да правите, не помислувајте дека сè е готово откако ќе ставите парче леб во тостерот. Тостирањето само на едната страна од лебот ќе направи чуда. Кога ќе го гризнете, тој е мазен однадвор, мек однатре и крцкав. Ако визуализацијата на крцкав тост како се топи во устата не ве убедува да го подготвите овој појадок од авокадо, неговата хранлива вредност сигурно ќе го направи тоа. Полн со растителни влакна, здрави масти и калиум, овој тост ќе ве држи сити до попладневните часови.rnrnrn
Потребни состојки:
rn
rn 011
2 парчиња пченичен или ‘ржан леб
rn 011
1 авокадо, насечете 4 тенки парчиња, остатокот направете го пире
rn 011
1 средна банана, насечкана
rn 011
1 лажичка рендана лимета, плус 2 лажички сок од лимета
rn 011
мелен црвен пипер
rn 011
1-2 лажички мед
rn
rn
Начин на подготовка:
rnТостирајте го лебот додека не добие златна боја од едната страна. Растопеното пире од авокадо нанесете го на тостираната страна од лебот. Одозгора наредете парчиња банана и авокадо. Посипете со лимета, па со сок од лимета и потоа додајте прстофат мелен пипер. На крајот, премачкајте со мед и послужете.rnrnПогледнете го овој рецепт за празнични колачиња од лешник и карамела.
Зарем има подобар начин да се наградите за добро завршената работа?
rnrn
Потребни состојки:
rn
За тостот:
rn
rn011
2 јајца
rn011
120 милилитри млеко
rn011
2 лажици кафеав шеќер
rn011
1/2 лажица екстракт од ванила
rn011
6 парчиња сладок леб
rn
rn
За компотот:
rn
rn011
200 грама шумско овошје
rn011
1 лажица шеќер
rn011
Шеќер во прав, по избор
rn
rnrn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во тава. Во плиток сад измешајте ги јајцата, млекото, шеќерот и екстрактот од ванилата. Исечете го секое парче леб на 3 линии (ќе добиете 18), и поставете ги во групи по две, едно врз друго (за да добиете 9 подебели парчиња).rnrnНатопете ги сите дебели парчиња во мешавината со јајцата и млекото, малку протресете ги за вишокот да падне од нив и потоа поставете ги на хартијата за печење. Ставете ги во рерната и печете околу 20-тина минути.rnrnДодека лепчињата се печат, измешајте го шумското овошје со шеќерот во мало тенџере и поставете ги на среден оган, околу 5 минути, цело време мешајќи, со цел да ги спречите да не се залепат за дното. Ако шумското овошје е премногу кисело, додајте повеќе шеќер. Варете ги додека не добиете компот, односно околу 20 минути.rnrnИзвадете ги тостовите од рерната и сипете го врз нив компотот. По желба, додајте и шеќер во прав. Добар апетит.rnrn
Во истиот момент кога ќе помислите дека сте виделе сè, ќе налетате на нешто што ќе ви го преврти целиот свет. Денес, тоа нешто е тост со кашкавал во боите на виножитото кој е голем хит во Хонг Конг. Универзумот никогаш повеќе нема да биде ист!rnrnrnrnБоите во кашкавалот доаѓаат од лаванда (сино), босилек (зелено), домати (црвено) и комбинација од 4 видови сирења (жолто). Не знаеме дали овие вкусови одат добро заедно или не, но тостот без сомнение вреди да се купи токму поради својата колоритност. Па, што мислите, би му дале ли и вие шанса на овој нов специјалитет кој има шанса да ви го промени животот засекогаш?rnrn
Верувале или не, она што обожавате да го јадете наутро може многу да каже за вашиот карактер. Затоа, пронајдете го вашиот омилен појадок и откријте што тој вели за вашиот карактер.rnrnrn
1. Колбаси, јајца и сендвич со сирење
rnЛуѓето кои го сакаат овој појадок важат за вистински љубители на забавата. Тие едноставно најдобро функционираат во вечерните часови, а најзадоволни се ако вечерта е исполнета со добра забава.rnrnrn
2. Џус и само џус
rnВие сте неверојатни чистотници и вешти сте да го средите вашиот дом да блеска како аптека. Вашата самоконтрола е зачудувачка, но и моќта да предизвикате чувство на вина кај другите луѓе.rnrnrn
3. Мафин и лате
rnВие воодушевувате со својата појава каде и да се појавите. Едноставно, не може да се појавите некаде, а луѓето да не се завртат по вас. Главниот виновник за тоа е вашата неверојатна енергија со која плените.rnrnrn
4. Житарици
rnВие длабоко во душата сте дете. Зрачите со невиност, вашиот поглед е детски, а луѓето ве сакаат зашто секогаш им го разубавувате денот. Меѓутоа, секогаш сте во својата сигурна зона, па би било добро понекогаш да излезете надвор од неа.rnrnrn
5. Јогурт и овошје
rnВие сте зрели и сите ваши обврски ги сфаќате сериозно. Секогаш сте одговорни и за вас сè е како по правило. Никогаш не доцните, а тоа не го сакате ниту кај другите луѓе.rnrnrn
6. Палачинки
rnВие сте традиционалист и често со носталгија се сеќавате на старите времиња и жалите што не живеете во некој минат период. Меѓутоа, тоа не значи дека не сте оптимист, баш напротив, бидејќи верувате дека сè што е вистинско ќе се оствари порано или подоцна.rnrn
7. Тост
rnОбожавате луксуз и уживате во сè што ви дава животот. Едноставно, настојувате да си го обезбедите она што е најдобро и да ги искористите сите предности на лежерниот живот.rnrnrn
8. Кафе
rnВие едноставно се борите за подобар свет и никогаш не се откажувате од таа борба. Само така продолжете!rnrn
rnЗагрејте го млекото, па потоа додајте во него брашно и мешајте сè додека не зоврие. Кога ќе почне да зоврива, намалете ја температурата со цел млекото малку да се згусне. Додајте го кашкавалот и мешајте на ниска температура сè додека не се стопи целосно, а потоа додајте ги и презлата, сенфот и темното пиво. Мешајте додека смесата не се соедини целосно.rnrnТргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се олади. Откако ќе се олади додадете ги жолчките и добро промешајте, а потоа додадете го и кромидот. Сипете ја смесата на лепчињата и потоа ставете ги во рерна да се загреат. Печете сè додека не поруменат и не добијат златно-кафеава боја. По желба, можете да печете со претходно подготвени печурки.rnrn rnrn
rnСтавете ги во сад двата вида сирење, лимоновата кора и босилекот и добро измешајте ги. Секое од парчињата леб премачкајте го со маслиново масло, а потоа и со смесата со сирење, лимон и босилек. Направете сендвичи од нив и ставете ги во тостер за да се испечат. Ако немате тостер, може да ги испечете и во тавче со капак.rnrn rnrn
Една нова студија покажала дека амбициозните луѓе јадат топло тост лепче кое ја вклучува и корката и без проблем мачкаат џем со истата лажица која ја користат и за путерот. Од друга страна пак, перфекционистите ги сечат своите парчиња во триаголници, без корките и ги мачкаат со џем кој нема семки, оставајќи уредна рамка околу рабовите. Големиот број одлуки кои ги донесуваме несвесно за време на појадокот ни овозможуваат поделба на луѓето во 15 карактерни типови.rnrnrnrnЗаштитникот одбира тенко исечен леб, направен од целосни зрна, со мал слој мед. Оние кои се „во тренд“ сакаат полубел леб, хоризонтално исечкан, со корките, намачкан со џем од јагоди и путер, додека пак, оние кои живеат според мотото YOLO (само еднаш се живее) се одлучуваат за тенко исечкан бел леб, препечен со цел да крцка и намачкан со тенок слој џем.rnrnСекој аспект од начинот на кој ние го јадеме нашиот домашен тост им помага на истражувачите да состават слика за нас, започнувајќи од нашиот избор на леб, па сè до тоа што сакаме да намачкаме на него. Тие дури сакаат да знаат и дали ножот кој го користиме за путерот го користиме и за џемот или пак, користиме посебна лажица.rnrnСите овие нешта се знаци кои откриваат дали сте природен лидер, следбеник, опуштена личност или имате потреба сè да контролирате. Студијата била спроведена од страна на произведувачите на мармалад „Duerr’s“ во соработка со „Robert’s Bakery“.rnrnЦелосната листа на 15-те видови личности базирана според начинот на кој го јадеме нашето тост лепче е:rn
rn011
Ангелски
rn011
Во тренд
rn011
Трагачи по возбуда
rn011
YOLO (само еднаш се живее)
rn011
Перфекционисти
rn011
Заштитници
rn011
Лидери
rn011
Амбициозни
rn011
Бунтовници
rn011
Статус-кво љубовници
rn011
Одржувачи на мирот
rn011
Попустливи
rn011
Опуштени
rn011
Оние кои секој ги сака за партнер
rn
rnСите овие категории се базирани на следниве знаци за начинот на кој го јадеме нашиот појадок:rnrnПутер намачкан до работ – Вие сте перфекционисти кои сакаат нештата да бидат под конец.rnrnПолубел леб – Правите компромиси во кои сакате да го искористите најдоброто од двата света.rnrnСами го сечете лебот – Сакате да имате контрола!rnrnСекое утро различен појадок – Копнеете по разновидност и возбуда во вашиот живот, мразите рутина!rnrnОтстранување на корките– Вие сте нетолерантни за сите оние нешта кои се лоши во светот.rnrnЕгзотични вкусови на џем – Вие сакате да правите експерименти со цел да најдете нови и свежи доживувања.rnrnТенко исечкан леб или тенок слој путер/џем – Вие сте хедонисти, бидејќи знаете дека вредите.rnrn rnrn
Јапонците сѐ почесто ги среќаваме како креатори на храна која изгледа неодоливо слатко. Овој калап за тост лепчиња е јапонски изум кој обичната храна ја претвора во нешто многу интересно и креативно, правејќи ни го појадокот омилен оброк. Веројатно овие слатки тост мечиња би биле најзабавни за најмалите, но признајте, нели и вие не би можеле да одолеете на овие слатки лепчиња?!rnrnrnrn rnrn
Јајцето на око е омилен појадок на огромен број луѓе ширум светот, но ако пречесто го јадете, ќе ви досади. За да не се случи тоа, применете некој од овие кул начини да си приготвите уникатно јајце на око во облик на круг, цвеќе или срце, кои не само што изгледаат интересно, туку имаат и одличен вкус. Бонус: вашите гости ќе бидат воодушевени од креативноста. :)rn
1. Јајце на око во прстен од кромид
rnДоколку сакате да си приготвите јајце на око во совршен кружен облик, на загреано масло во тавче ставете прстен од кромид со дебелина од околу 1 см и оставете го малку да се испржи. Потоа искршете едно јајце во средината. Сипете малку масло врз јајцето, оставете го да се испржи на средна температура, а доколку сакате да биде пржени од двете страни, обидете се да го превртите неколку пати. На крај, зачинете со сол и бибер и послужете го со лепче и домат.rnrnrn
2. Јајце на око во резанка од бабура
rnЗа да зготвите јајце на око во интересен, цветен облик, исечете резанки од широкиот крај на бабурата, загрејте малку масло на тава, ставете ги парчињата во неа и во секое ставете по едно резанче патлиџан. Потоа искршете по едно јајце во секое од парчињата бабура и гответе ги на тивок оган, додека не се испржат. На крај додадете и зачини по ваш избор: сол, бибер, оригано, сечкан власец…rnrnrn
3. Јајце на око во виршла
rnЗа да подготвите вкусен романтичен ручек за вашиот партнер, подгответе јајце во срце, направено од виршла. Сварете виршли и потоа исечете ги на половина, оставајќи го врвот споен. Со помош на вашите раце, обликувајте ги двата дела од виршлата во форма на срце и поврзете го аголот со помош на чепкалка. На загреано масло ставете ги срцата и во секое од нив скршете по едно јајце, оставете го да се испржи на средна температура и послужете го со двопек и зачинето по ваш вкус.rnrnrn
4. Јајце на око во авокадо
rnНаправете си уникатно јајце на око во парче авокадо, за да добиете кремаст, необичен и убав вкус кој се памети. На загреано масло ставете го парчето авокадо и во него искршете едно јајце. Почекајте неколку минути да се испржи на средна температура и на крај декорирајте со зелено кромитче и црвена бабура.rnrnrn
5. Јајце на око во парче леб
rnЗа да си направите ваков креативен појадок кој честопати во рецептите се наоѓа под името „јајце во птичјо гнездо“, најпрво ќе ви треба парче леб за тост. Со калапче за колачи отсечете го средишниот дел од лебот. Потоа пуштете ја ринглата на средна температура и во тавата ставете 1 лажица путер да се растопи. Ставете го лепчето во тавата и во средишниот дел искршете едно јајце. Не поместувајте го лепчето околу 30 секунди. Потоа посолете го јајцето со сол и бибер, превртете го со шпатула и од задната страна ставете сол и бибер. Мрдајте со лепчето низ тавата за да го впие преостанатиот путер. Јадењето ќе биде готово кога лепчето ќе добие златеста боја и жолчките ќе се згуснат, но треба да останат малку течни.rnrnrn
6. Јајце на око во кора од портокал
rnОва е одличен рецепт доколку сте љубители на кампувањето. Сè што ви е потребно е портокал и јајце. Пресечете го портокалот на половина и извадете го средишниот дел, за да остане само кората. Скршете едно јајце во кората и печете на жар околу 4-5 минути. Влажноста на кората од портокалот спречува јајцето да загори и му додава убав, свеж вкус.rnrnrnrnПогледнете ја постапката во видеото:rnrnrn rnrn