КАФЕ ПАУЗА

Tag: топла

  • Кога треба да пиете топла, а кога студена вода?

    Кога треба да пиете топла, а кога студена вода?

    На нашето тело му е потребна вода за многу витални функции. Таа ја одржува идеалната телесна температура, го чисти телото од токсини и помага во дигестијата. Секој знае за важноста од пиењето вода, но малкумина се свесни дека исто важна е и нејзината температура.rnrnКога треба да пиете топла, а кога студена вода?rn

    Зошто да пиете судена вода?

    rnКога сте навистина жедни, сигурно нема ништо подобро од чаша студена вода. Па во текот на топлите летни денови или после напорен тренинг, на секого му е потребна чаша студена вода. Постојат уште неколку придобивки од студената вода:rn

      rn 011

    • Помага во согорувањето калории: Кога консумирате ледено студена вода во организмот, телото почнува да троши повеќе енергија, обидувајќи се да ја врати температурата во нормала. На овој начин се забрзува метаболичкиот процес и се трошат повеќе калории.
    • rn 011

    • Ја намалува температурата на телото: Пиењето студена вода помага во спречувањето на прегревање на телото, особено доколку работите нешто на топло време. Непотребното покачување на телесната температура може да го оптерети срцето, бидејќи крвните садови настојуваат да се шират. Консумирањето студена вода ќе ја намали температурата, но и ќе ја спречи дехидратацијата која може да настане од прекумерно потење.
    • rn 011

    • Ќе ве разбуди: Дали се чувствувате уморно и летаргично, но во близина немате кафе? Наместо кафе, можете да се напиете студена вода. На овој начин ќе се зголеми бројот на отчукувања на срцето и ќе почне да се лачи адреналин, којшто ќе ве разбуди.
    • rn 011

    • Може да ви го подобри расположението: Според експертите, јадењето сладолед го активира делот од мозокот одговорен за расположението. Поради ова, и студената вода го има истиот ефект. Уште подобро е што водата ги нема шеќерот и калориите на сладоледот.
    • rn

    rnМожете да пиете студена вода секогаш кога сакате некоја од нејзините придобивки. Без разлика дали сте вежбале или само сте со лошо расположение, чашата студена вода ќе ви годи.rn

    Зошто да пиете топла вода?

    rnСпоред ајурведската медицина, пиењето топла вода го подобрува варењето на храната, ги намалува нуспродуктите на метаболизмот и го поттикнува лекувањето. Наводно, пиењето топла вода е подобро од студена, а најдобро е да ја консумирате наутро откако ќе станете. Некои од придобивките од пиењето студена се:rn

      rn 011

    • Намалување на болките: Од главоболки и менструални болки, па сè до проблеми со желудникот, консумирањето топла вода ќе ви помогне да се справите со болките без лекови. Топлата вода има смирувачки ефект на телото и ги опушта нервите и мускулите.
    • rn 011

    • Го спречува прераното стареење: Топлата вода е одличен начин да се ослободите од насобраните токсини во телото. Кога телото ќе се исчисти, вашата кожа ќе стане помека и посјајна. Исто така, топлата вода го поттикнува лачењето на колаген и еластин, кои ја затегнуваат кожата и ги намалуваат порите.
    • rn 011

    • Подобрена функција на цревата: Топлата вода помага во разградувањето на малите честички, па тие полесно ќе поминат низ цревата. Пиењето топла вода ќе ви помогне да се справите и со надуеноста, гасовите и грчевите во стомакот.
    • rn 011

    • Подобрено варење: Пиењето студена вода по оброк може да ги стврдне мастите и маслата во храната, па на овој начин да го отежни варењето. Топлата вода е добра за вашиот желудник бидејќи помага во разградувањето на храната и апсорпцијата на хранливите материи.
    • rn

    rnПогледнете и во кои ситуации не е добро да пиете вода.

  • Времето поминато под туш може да го покаже степенот на вашата осаменост

    Времето поминато под туш може да го покаже степенот на вашата осаменост

    Дали и вие уживате во долгото туширање? Доколку вашиот одговор е потврден, тогаш ова може да се разгледа и од малку подлабок аспект. Всушност, дали сте знаеле дека времето коешто го поминувате под тушот може на некој начин да го покажува степенот на вашата осаменост?rnrnrn

    Што претставува самотијата?

    rnОдделот за психологија при Универзитетот во Чикаго ја дефинира самотијата како:rn

    „Несреќа којашто произлегува помеѓу идеалните и разбирливите општествени односи.“

    rnСо други зборови, таа претставува разочарување, чувство дека не се поврзувате со другите луѓе или пак, дека не сте среќни во нивно присуство и тоа ве вознемирува.rnrnНаучниците посочуваат дека многу фактори влијаат на тоа како различни луѓе одговараат на осаменоста, почнувајќи од како тие ги регулираат своите емоции и колку сметаат дека одредена врска им е потребна.rnrnИ не секогаш осаменоста изгледа исто кај секого. Понекогаш таа не е толку очигледна како на пример кога една личност долго се загледува во празен простор или пак, кога слуша депресивна музика. Изненадувачко е тоа што еден од клучните знаци на осаменоста не е чувството како да немате доволно пријатели. Некои луѓе коишто се соочуваат со осаменост се добро социјално поврзани, но сепак се чувствуваат изолирано од другите.rn

    Долгото време поминато под туш може да биде показател за осаменост

    rnСпоред истражувањата направени од страна на Универзитетот Јејл, луѓето коишто претпочитаат долго туширање или лежење во када, може потсвесно да се водени од чувството на осаменост.rn

    „Колку една личност е поосамена, толку почесто ќе се тушира, водата ќе биде потопла и ќе останува подолго време“, вели психологот Џон Барг, истражувач од Универзитетот Јејл.

    rnСо истражувањето било откриено дека топлата вода во кадата или во тушот делува како замена за друштво, при што може да се елиминира чувството на изолација. Исто така со ова истражување било откриено и дека чувствата на социјална топлина и социјален студ може да бидат предизвикани од физичка топлина или студ. Со други зборови, ако сакате да поминете една вечер во топла атмосфера, носете нешто удобно и пријатно. Уште поинтересно е сознанието дека држењето чаша со топол пијалак може да направи да имате повеќе доверба кон другите.

  • Кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода?

    Кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода?

    Туширањето е од суштинско значење за хигиената. Но, во зависност од температурата, времето поминато под вода може да донесе и одредени здравствени придобивки. Без разлика дали претпочитате туширање со топла или ладна вода, дознајте како вашата навика за туширање може да влијае на вашето здравје.rnrnrn

    Придобивки од туширањето со топла вода:

    rn1. Туширањето со топла вода може да го намали стресот и да ги опушти вкочанетите мускули. Дозволете си топлата вода да ви биде како мала масажа на рамената, вратот и грбот.rnrn2. Истражувањата покажале дека при туширањето со топла вода може да се покачи нивото на окситоцин и да се намали анксиозноста. Секој што работи под стрес може почесто да го користи топлиот туш во своето секојдневие.rnrn3. Туширањето со топла вода исто така делува како природен лек за ублажување на симптомите на настинка. Тоа се случува бидејќи топлата пареа ги опушта носните отвори.rnrnrn

    Придобивки од туширањето со ладна вода:

    rn1. Туширањето со ладна вода е одлично за вашето тело! Намалете ја температурата на водата неколку минути пред крајот со цел да го разбудите вашето тело. Оваа моментална промена во температурата ќе го ослободи вашето тело од замор и ќе направи да останете будни подолго време.rnrn2. Туширањето со ладна вода две до три минути и еднаш до два пати дневно се препорачува од страна на истражувачите како третман за депресија. Секако, правете го ова доколку немате проблеми со здравјето, во спротивно советувајте се со вашиот лекар.rnrn3. Докажано е дека туширањето со ладна вода е подобро за вашата коса и кожа. Додека топлата вода може да ја исуши кожата, ладната вода ја хидрира и ви помага да се справите со сувата кожа.

  • Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

    Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

    Топлата вода со лимон успеа да го најде своето место во листата на здрави навики. Со неа вие можете секојдневно да го чистите вашето тело од токсините кои постојано се насобираат. Топлата вода е популарна здрава навика и за оние кои одлучуваат да го подобрат својот дигестивен систем, како и да работат со „полна пареа“.rnrnЗнаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трикrnrnНутриционистката Кери Глазман вели дека само една чаша топла лимонова вода пред појадок не само што ќе ви помогне да останете хидрирани, туку истовремено ќе ви го подобри варењето на храната и ќе ви го регулира силниот апетит. Ништо чудно што и нејзиниот ден започнува со лимонова вода.rnrnЗдравствените придобивки кои доаѓаат од лимоновата вода може да ги потврди и нутриционистката Дејна Џејмс, која вели дека таа детоксифицира така што горчливото од лимонот го активира протокот во жолчката и со тоа помага да се отстранат сите токсини во форма на маснотии.rnrnНо, постои еден чекор кој се заборава при правењето лимонова вода која ќе ви ги овозможи максималните здравствени придобивки. Станува збор за кората од лимонот. Таа го содржи флавоноидот лимонин, од каде што доаѓаат состојките за детоксикација. Па, следен пат кога ќе си подготвите топла лимонова вода, погрижете се да додадете барем половина лажица од кората на лимонот додека цедите неколку лимонови парчиња во тинктурата. На овој начин вие ќе имате можност да ги искусите сите здравствени придобивки од лимонот…

  • Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

    Зошто е добро да се пие топла вода со лимон?

    Многу е важно како го започнувате денот. Според индиската филозофија Ајурведа, изборот на вашите дневни рутини го прави вашиот организам или отпорен или пак сосема подложен на болести. Според Ајурведа, секој треба да го започне денот фокусирајќи се на утринските ритуали кои ќе го поттикнат усогласувањето на телото со природниот ритам, урамнотежувањето на трите елементарни енергии (воздух и простор; оган и вода и вода и земја), како и зајакнувањето на самодовербата и самодисциплината.rnrnКога станувате наутро можеби умот веднаш ви кажува да си проверите имејл, да го однесете кучето на шетање или да побрзате со дотерувањето за на работа, но колку и да е времето ограничено за вашиот дневен утрински ритуал, би било добро доколку најдете време за да додадете уште еден мал дел во него. Тој со сигурност ќе влијае на подобрување на вашето здравје.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rnrnЗапочнете го денот со шолја топла (не врела) вода и во неа додадете половина исцеден лимон.rnrnЕве ги придобивките од овој утрински ритуал:rn

    1. Го подобрува имунолошкиот систем

    rnЛимоните се полни со витамин Ц и со калиум. Витаминот Ц е одличен во борбата против настинките, додека калиумот ја стимулира работата на мозокот и нервите и помага во контролирање на крвниот притисок.rn

    2. Ја балансира вашата pH вредност

    rnЛимоните се високо алкална храна. Тие и самите содржат киселина, но во нашето тело делуваат алкално (киселината од лимоните не создава киселост во телото штом се обработи во организмот). Алкалното тело е клучно за добро здравје.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rn

    3. Помага за намалување на тежината

    rnЛимоните се полни со пектински влакна, кои помагаат во намалување на грчевите предизвикани од глад. Исто така, се покажало дека луѓето кои практикуваат поалкален начин на исхрана, побргу губат килограми.rn

    4. Помага во варењето на храната

    rnТоплата вода го стимулира гастро-цревниот тракт  и перисталтиката – брановите предизвикани од мускулните контракции во цревните ѕидови кои овозможуваат да се одвиваат процесите. Лимоните и зелените лимони имаат и високо количество на минерали и витамини кои помагаат во ослободување од токсините во дигестивниот тракт.rn

    5. Делува како нежен природен диуретик

    rnЛимоновиот сок помага во исфрлањето на непотребните материи стимулирајќи почесто мокрење. Токсините на тој начин побрзо и почесто се исфрлаат од организмот и го одржуваат здравјето на уринарниот тракт.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rn

    6. Ја чисти кожата

    rnВитаминот Ц помага во намалување на брчкте и дамките на кожата. Лимоновата вода ги исфрла токсините од крвта и со тоа ја одржува кожата чиста.rn

    7. Го хидрира лимфниот систем

    rnШтом го започнувате денот со хидрирање, нормално спречувате дехидрација на организмот и надбубрежен замор. Кога телото е дехидрирано не може да ги извршува правилно сите свои функции, што води до зголемување на токсините, појава на стрес, тврда столица итн.rnrnНадбубрежните жлезди се наоѓаат на врвот на вашите бубрези и заедно со тироидата создаваат енергија. Тие исто така лачат битни хормони како алдостеронот. Овој хормон го регулира нивото на вода во организмот и концентрацијата на минерали како натриумот со што помага да останете хидрирани. Надбубрежните жлезди помагаат и во регулирањето на вашето справување со стресот.rnrnЗошто е добро да се пие топла вода со лимон?rnrnДоколку почнете да пиете од оваа толку корисна напивка, за еден месец вашето утринско искуство може да изгледа сосема поинаку и комплетно да го промени вашиот вообичаен тек на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

    Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

    Hot Tub Cinema е уникатен начин на гледање филм во кино, за сите оние кои сакаат да ја соблечат својата облека пред да започне филмот и да седат само по костим за капење, опуштајќи се во топла бања. Како што е објаснето на веб-сајтот ова е „луксузен настан кој го прославува филмот на забавен и пријатен начин“. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаНастанот се одржува низ Лондон и делови од Велика Британија, во текот на целата година, во затворен простор во текот на есента и зимата и на отворено напролет и налето. Заинтересираните посетители на киното можат да ги грабнат нивните костими за капење и да купат еден билет или да ја резервираат цела бања, за да ја делат со своето друштво. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаКако што сонцето почнува да заоѓа и воздухот почнува да се исполнува со пареа од топлата бања, гледачите имаат можност да си пијат коктелче и да се социјализираат со пријателите, додека уживаат во несекојдневното окружување и неверојатната глетка. 8 луѓе во една бања можат да се опуштат во амбиентот и да уживаат во добриот филм. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака„Hot Tub Cinema“ бара од посетителите со себе да понесат практични работи, како костим за капење и апостолки, но воедно ги охрабруваат да носат и костими, смешни перики и чувство за авантура. Со план да започнат да се шират интернационално, прашање на време е кога ќе почнат вакви настани да се организираат и во САД. Звучи како забавен начин да се поминат летните ноќи нели? 🙂 Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака (10) Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Овие фотографии изгледаат како да се направени на некоја друга планета или пак како дел од некој скап научно-фантастичен филм. Сепак, фотографиите се направени во Невада, САД, а на нив можете да го видите гејзирот „Fly“. Гејзирот може да биде најден во долината Хуалапаи, но овој ретко видлив феномен се наоѓа на приватно земјиште. Па така, освен во случај да добиете дозвола за посета, ќе морате да го гледате од далеку. Изненадувачки факт за него е тоа што тој е направен по „вина“ на човекот.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДВо далечната 1916 година, сопствениците на овој имот копале со надеж дека ќе најдат вода за да создадат богато обработливо земјиште во овој пустински дел на САД. Тие нашле вода и бунарот функционирал одлично неколку декади, но дупчалката со која го правеле бунарот, погодила геотермален џеб полн со вода од кој се создал гејзир. Сепак, гејзирот кој го гледате на сликите не е истиот тој гејзир. Во 60-тите години на минатиот век, водата пронашла уште едно слабо место во земјата и самата избила, создавајќи нов природен гејзир веднаш до него. Оттогаш стариот воопшто не исфрла вода. Се верува дека новиот гејзир му ја превзема водата.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОд 60-тите до денеска, гејзирот значително е развиен и сега изгледа како огромна шарена скулптура. Водата од гејзирот постојано прска кон небото, а млазот достигнува висина и до два метра, притоа надополнувајќи повеќе од 30 околни езерца со нова свежа топла вода. Миксот од многу различни минерали во водата, меѓу кои и сулфур, реагираат со кислородот во воздухот, давајќи му ги на гејзирот овие величествени бои.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОколу неговите езерца со жешка вода има растителен свет, кој му дава уште потаинствен, вонземски изглед на местото. Тие се и порибени, а малите риби ги привлекуваат лебедите и дивите патки, создавајќи еден посебен екосистем.rnФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот насип претставува нешто навистина невообичаено и прекрасно, особено поради големиот број бои. Уште еден фактор за колоритноста на насипот е фактот што целиот е прекриен со термофилични алги, кои како микроорганизми кои толерираат топлина, без проблем растат во оваа жешка околина. Сепак, иако неколку организации се имаат обидено да го откупат земјиштето за да го отворат за јавноста, сопствениците решително одбиваат. Па така, земјиштето и понатаму останува приватно и оградено.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САД
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • За мажи: одберете облека според вашиот тен

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    Носењето боја на облека која не одговара на вашиот тен, прави да изгледате бледо и уморно, дури и ако сте спиеле 8 часа и се чувствувате супер одморено.rnrnПронаоѓањето гардероба која не доаѓа во конфликт со нијансата на вашата кожа е клучно за вашиот стил на облекување и за начинот на којшто другите ве доживуваат.rn.rn

    Определување на вашиот тен

    rnСекој човек има природна нијанса на кожата, која генерално може да се класифицира во три категории: топла, ладна и неутрална боја. Еве како да дознаете во која категорија спаѓате вие:rnrnСеднете пред огледало на силна дневна светлина. Земете накит или некои златни и сребрени предмети и приближете ги до вашата кожа. Ако вашиот тен изгледа подобро со сребро, тогаш имате ладна боја на кожа. Ако пак нијансата на вашата кожа повеќе одговара со златото, тогаш имате топла боја на кожа.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тенАко вашиот тен е маслинест или златест, тогаш вие спаѓате во категоријата топли бои на кожа, а доколку имате бледо розов тен, тогаш спаѓате во категоријата ладни бои.

    rnКога еднаш ќе го определите тенот кој го имате, ќе можете да го подобрите вашиот стил. Имајќи ги на ум боите кои добро ви прилегаат, ќе можете да го направите правилниот избор на гардероба и во секој момент да се чувствувате одлично, не грижејќи се за тоа дали изгледате добро или не.rn.rn

    Избор на облека според вашиот тен

    rnТопли бои на кожа значи дека треба да носите топли бои на облека и обратно. Ова не значи дека ако спаѓате во категоријата топли бои на кожа не смеете да носите виолетов дуксер. Бидејќи секоја боја има многу различни нијанси, вие можете да ја одберете онаа која најдобро му прилега на вашиот тен. Така на пример, виолетовата може да биде модро виолетова, лавандер и пурпурна. Во тој контекст, интензивната модро виолетова облека ќе изгледа подобро на оние кои имаат маслинест или златест тен, а лавандерот ќе одговара на оние со розов, бледникав тен. Затоа не грижете се дека треба да ја замените целата облека, туку секогаш кога ќе облечете нешто убаво погледнете се во огледало и видете како нијансата на вашата блуза одговара со вашиот тен.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Топол тен

      rn

    • rn

    rnКако што кажавме, оние кои имаат маслинест или златест тен изгледаат подобро кога се облечени во топли бои. Црвена, портокалова, жолта, беж боја и темно кафена се вистинскиот избор за типот на вашата кожа.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Ладен тен

      rn

    • rn

    rnАко констатиравте дека имате бледо розов тен, односно спаѓате во категоријата ладни тонови на кожа, тогаш вам одлично ќе ви прилегаат розова, сина, зелена и виолетова боја на облека.rn

    За мажи: одберете облека според вашиот тен

    rn

      rn011

    • rn

      Неутрален тен

      rn

    • rn

    rnОние кои не спаѓаат ни во ладни ни во топли бои на кожа, сепак се поблиску до едната или другата категорија, па во тој контекст, изборот на гардероба можат да го прават врз основа на конкретната нијанса. Во секој случај, оваа категорија на мажи се најсреќни, бидејќи ним им прилега убаво секоја боја на облека.rnrnАко ви се допадна овој текст, препорачајте ѝ на вашата девојка или пријателка да прочита кои бои на облека најдобро неа би ѝ прилегале.