КАФЕ ПАУЗА

Tag: топење

  • Животни што буквално се стопиле пред фотоапаратот

    Животни што буквално се стопиле пред фотоапаратот

    Според научниците, нашето тело е составено од 70% вода. Но ако погледнете подобро во природата ќе забележите дека некои животни се изгледа целосно составени од течност. Токму затоа и ја направивме оваа листа од животни кои пред фотоапаратите на луѓето сте стопиле од мекост, топлина и слатки соништа.rn

    Хрчак претворен во палачинка

    rn(1) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Птица што се топи во раце

    rn(2) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Мачка која преде на правилниот начин

    rn(3) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Моментот кога сонцето ве топи

    rn(4) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Патките на Салвадор Дали

    rn(5) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Кога ноќта е луда, а вие сте надвор од форма

    rn(6) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Кучето ја достигнало точката на топење

    rn(7) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrn

    Був кој полека се топи на сончева светлина

    rn(8) zhivotni-shto-bukvalno-se-stopile-pred-kamerata-www.kafepauza.mkrnrnПреминете на следната страница за повеќе слики…rn

  • 5 совети кои ќе ве спасат од бјути катастрофа во текот на работниот ден

    5 совети кои ќе ве спасат од бјути катастрофа во текот на работниот ден

    Седите неколку часа на канцелариското столче и по некое време одите во тоалет. Таму, што да видите… вашата шминка растопена, лицето изморено и безживотно. Се прашувате како можеше ова да се случи кога добро се потрудивте околу шминката утрово. Што се случило, се случило, време е да го средите хаосот.rnrn0-kazete-zbogum-na-topenjeto-na-sminkata-5-soveti-koi-ke-ve-spasat-od-bjuti-katastrofa-kafepauza.mkrn

    1. Впивање на маснотиите од лицето

    rnВо текот на работното време во кожата се создаваат многу маснотии, особено во летниот период поради зголемените температури. Затоа употребувајте марамчиња кои го впиваат вишокот маснотии од кожата. Тие ќе ви ги прочистат порите и ќе ви ја направат кожата чиста и мазна.rn

    2. Третирање на уморните очи

    rnАко голем дел од времето го поминувате пред компјутер, не е ни чудо што изгледате како тинејџер кој по цели денови игра видео игри и јаде нездрава храна. За да го сокриете уморот од вашите безживотни, крвави очи, употребете вештачки солзи со што инстантно ќе ги освежите и ќе им дадете сјај. Ако сѐ уште има знаци на умор нанесете тенка линија течен црн ајлајнер на горниот капак. Тоа ќе ги скрие проблематичните делови, а вие ќе изгледате посвежо и одморено.rn

    3. Освежување на сувата кожа

    rnКористете спреј за лице и прскајте додека не се освежите целосно. Вака ќе добиете ефект како да сте биле во спа, а не на работа.rn

    4. Покривање на темните кругови и црвенилото

    rnКвалитетниот коректор може да направи магии кога станува збор за покривање на темните кругови околу очите. Секогаш носете мал коректор во стик со вас за да ги прикриете црвените точки на лицето и темните кругови под очите. Нанесете го на проблематичните регии како делот околу носот и под очите за да го изедначите тенот на кожата и да добиете инстант енергичен изглед.rn

    5. Оживување на безживотниот тен

    rnНикогаш не ја потценувајте моќта на руменилото за оживување на уморната, безживотна кожа. Сите руменила се во ред, но најдобри и најпрактични се оние во стик. Важно е да има добра пигментација на кожата и да ви одговара со тенот.

  • 5 неодоливи постапки на мажите кои предизвикуваат секоја жена да се стопи

    5 неодоливи постапки на мажите кои предизвикуваат секоја жена да се стопи

    Мажите, понекогаш дури и без да забележат, прават некои работи кои сите жени ги сметаат за неодоливи. Тие со овие постапки имаат силно влијание врз жените, правејќи нивното срце да се разигра и да почнат да се топат од внатре. Сигурни сме дека секоја жена барем еднаш ги искусила овие ситуации и се почувствувала прекрасно, па токму затоа се надеваме дека мажите никогаш нема да престанат да ги прават…rnrn5 неодоливи постапки на мажите кои предизвикуваат сите жени да се стопатrn

    Кога ќе одлетаат со мислите додека гледаат во вас

    rnЕден од највозбудливите моменти во љубовните состаноци е оној кога ќе забележите дека тој ве набљудува, целосно изгубен во мислите и не забележувајќи дека вие сте го уловиле неговиот поглед. Ова е еден од оние моменти кои секоја жена сака вечно да траат, бидејќи токму тогаш таа се чувствува прекрасно, секси и привлечно.rn

    Кога непланирано ќе кажат некој импресивен податок

    rnИнтелигенцијата може да биде многу секси, особено кога таа ќе се покаже на неочекуван и непланиран начин. Да, жените често се привлечени од силни мажи кои изгледаат добро, но повеќето од нив повеќе сакаат мажи кои ќе можат и интелектуално да ги стимулираат. Покрај физичката привлечност, нив им е потребен и маж кој ќе знае како со зборови секојдневно да ги освојува.rn

    Кога држат бебе во своите раце

    rnЗарем има нешто што може да ви побуди посилни чувства од погледот кон мало и слатко бебе во силни и заштитнички машки раце? Се топите од самата помисла, нели? Природата на жените постојано влијае врз нивното одбирање романтични партнери, па токму затоа доколку таа смета дека тој би бил добар татко, веднаш „паѓа“ на неговиот шарм.rn

    Кога без причина ќе ве изненадат со цвеќе или чоколадо

    rnБез разлика дали станува збор за диво цвеќе кое тој го собрал по пат накај вас, прекрасен букет со црвени рози или пак, за вкусни чоколади кои се топат во вашата уста, ниту една од вас нема да успее да ја намали насмевката на лицето, ниту пак заљубениот поглед кога ќе добие ваков неочекуван подарок со многу внимание.rn

    Кога ве бакнува во образ или во чело

    rnБакнежите се составен дел од секоја љубовна врска, но кога тој без никакво предупредување ќе ја тргне косата од вашето лице и ќе ве бакне нежно во образ или во чело и потоа силно ќе ве прегрне, чувствата кои ќе заиграат во вашиот стомак се незаменливи. Токму во тој момент сфаќате дека тој целосно го освоил вашето срце.

  • Објект целосно замрзнат однатре

    Објект целосно замрзнат однатре

    Кога архитектонскатa компанија од Чикаго „Hartshorne Plunkard“ добила задача да претвори објект кој се наоѓа во реонот за месопреработувачка, во објект за производство на велосипеди, прво нешто што нејзиниот тим требал да стори, е да го одмрзне целиот простор. Откако бил користен како складиште за замрзнато месо во текот на цели 9 декади и поради лошо одржување, целиот ентериер на објектот бил целосно покриен со „вонземски“ мразулци.rnrnОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреrnrnПред тимот да започне да ги одмрзнува дебелите слоеви мраз со пропански грејачи, фотографот Гери Џенсен ја искористил несекојдневната прилика да направи неколку одлични фотографии од надреалниот ентериер. Откако ќе поуживате во интересните фотографии, погледнете го и „time lapse“ видеото, за да видите како постепено се топел масивниот ладилник.rnrnОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреОбјект целосно замрзнат однатреrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб

    Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб

    Дизајнери од британската пекарска компанија „Warburtons“ го креирале првиот нож кој има загреано сечило, со кое може ладниот и стврднат путер тукушто изваден од фрижидерот, идеално да се намачка на парче леб, без да направите дупки во лебот.Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб Во сечилото на овој нож има компонента која се загрева со помош на две стандардни батерии. Ножот се загрева до температура од 41,8 степени Целзиусови, која е одредена врз основа на истражување спроведено на 3.000 луѓе, при што било откриено дека таа е идеалната температура за размачкување на путерот.Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб Инаку, проблемот со мачкањето на путерот спаѓа во топ 5 проблеми поврзани со појадокот кај Британците, заедно со изгореното лепче и изладениот чај. Погледнете го видеото и кажете ни дали и вие би сакале ваков нож во вашата кујна. :)rn


    rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадна свеќа која можете да ја изедете

    Чоколадна свеќа која можете да ја изедете

    Замислете си чоколадна свеќа, мини тортичка и тивка музика. Совршена комбинација, нели? А сега пробајте повторно да си ја замислите чоколадната свеќа, но овој пат откако ќе ја запалите, таа полека ќе почне да се топи и по неколку минути ќе се претвори во топло чоколадо кое ќе ја прелее мини тортичката. Ви звучи подобро?rnrnЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеrnrnОваа неверојатна идеја е на Стефан Буро, кој успешно ја создал првата чоколадна свеќа во светот која може да се јаде. Десертот истовремено е практичен, уникатен и забавен. А како точно функционира, можете да погледнете на наредниве неколку фотографии…rnrnЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедете

  • Со аеробик до феноменален стомак

    Со аеробик до феноменален стомак

    Дигањето тегови со цел да направите добро тело и мускулест стомак, можеби сепак е само губење време. Новите истражувања покажуваат дека најдобар начин за топење на салото околу стомакот е преку аеробик вежби. Откако истражувачите ги следеле луѓето кои правеле аеробик вежби повеќе од 8 месеци и ги споредиле нивните резултати со оние на луѓето кои дигале тегови, првите стопиле речиси 20 пати повеќе сало околу нивниот стомак.Со аеробик до феноменален стомакГрупата која правела аеробик вежби, стопила во просек околу 16 квадратни сантиметри сало, додека онаа група која дигала тегови и правела аеробик вежби комбинирано, изгубила 9 квадратни сантиметри сало. Истражувачот кој стои зад овој проект, Крис Слентз од универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, САД вели:rn.rn

    „Тренингот за издржливост е одличен за зголемување на силата и масата на телото. Но аеробик вежбите се подобри за губење на салото, бидејќи со нив се горат повеќе калории.“

    rnИстражувањето исто така открило дека оние кои правеле комбинации од двата стила на вежбање, не добиле никакви подобрувања од оние кои правеле само аеробик вежби. Истражувачите, салото околу стомакот го дефинирале како вицерално сало, кое се наоѓа длабоко во стомакот и ги опколува внатрешните органи. Тука не станува збор за поткожното сало. Вицералното сало е поопасно за здравјето на човекот, бидејќи се наоѓа поблиску до внатрешните органи и е поврзано со дијабетес, срцеви заболувања и некои видови рак.rnrnОва истражување е објавено во американскиот дневник за физиологија, ендокринологија и метаболизам. Во него биле вклучени 196 возрасни лица, кои имале од 18 до 70 години. Сите тие имале вишок килограми и биле поделени во 3 групи.rn.rn

    „Кога станува збор за срцеви заболувања, многу поважно е каде е стационирано салото, отколку колку го имате. Најважно е колку вежбате, колку пешачите и колку калории согорувате.“ – вели Крис

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn