Итан Хант тргнува во потрага по Синдикатот, во најневозможната мисија досега!
rnРежија: Кристофер МеквариrnrnУлоги: Том Крус, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Џереми РенерrnrnВреметраење: 131 минутаrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 30 јули 2015rnrnЖанр: акција, авантура, трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко треба да ги рангираме филмовите од серијата „Невозможна мисија“ без сомнение би кажале дека овој дел е еден од најдобрите досега. Приказната е одлично обработена, а мисијата и покрај тоа што на прв поглед делува невозможно, сепак реализацијата е и повеќе од совршена. Итан Хант повторно успева да нè воодушеви, како и да нè увери дека светот е безбеден во неговите раце.rnrnrnrnПриказната започнува со распуштање на единицата ИМФ поради нивните несекојдневни методи за работа кои ЦИА смета дека носат повеќе штета отколку добро. Токму затоа и агентите ќе бидат отповикани, а оние кои ќе решат да останат ќе продолжат да работат во рамките на ЦИА. Но, бидејќи Итан е на само еден чекор од разоткривање на организацијата Синдикат, тој ќе реши да ги игнорира наредбите, станувајќи одметник.rnrnrnrnОна што го одделува овој филм од останатите е фактот што Том Круз не користи каскадери, ниту пак сака дигитална обработка на опасните сцени, па токму затоа сè што ќе видите во филмот, како стоењето на крилото од авионот во лет, возењето автомобили, мотори и нуркањето, е реално. Тоа ги прави овие сцени уникатни и го задржуваат контактот со публиката, правејќи го целото доживување многу поавтентично од останатите.rnrn
rnРежија: Даг ЛиманrnrnУлоги:Том Круз, Емили БлантrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 6 јуни 2014rnrnЖанр:акција, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЛуѓето веќе некое време без успех се обидуваат да се изборат со вонземската раса наречена Мимичари кои имаат контрола врз поголемиот дел од Европа. Но, генералот Брингам (Брендан Глисон) се надева дека работите конечно ќе се подобрат по утрешната битка, па токму затоа му вели на офицерот Вилијам Кејџ (Том Круз), чија професија е односи со јавноста, да го покрива целиот настан од првите редови на бојното поле. Кејџ силно се противи на оваа опасна задача, бидејќи нема никакво искуство за борба, притоа обидувајќи се на сите начини да се извлече, но неговата постапка лошо ќе се одрази на целата ситуација и ќе предизвика тој да биде уапсен и соборен.rnrnrnrnКејџ ќе се разбуди со лисици на рацете и статус на дезертер во воена база каде што ќе биде одведен кај останатите војници и присилен наредниот ден да учествува во големата битка која треба да се одвива на една од плажите во Франција. Кејџ хаотично се обидува да се извлече, но сите негови напори пропаѓаат и тој набрзо ќе се најде во центарот на битката, која наместо да води кон победа, ќе биде целосен неуспех. Изгледа Мимичарите на некој начин знаеле дека ќе бидат нападнати и поставиле заседа за војската. Опколен од вонземјани, без никаква поддршка, Кејџ го губи својот живот во обид да уништи дел од Мимичарите. Но, на негово огромно изненадување, тој одеднаш се буди со лисиците на неговите раце, во центарот на базата, еден ден пред битката.rnrnrnrnНа почетокот тој е целосно збунет, прашувајќи се што се случува околу него. Тој повторно ќе го преживее целиот ден, на истиот начин како претходно и полека ќе почне да сфаќа дека веќе поминал низ сите овие настани. За жал, Кејџ нема да издржи долго време на бојното поле и набрзо ќе го изгуби својот живот и смртта повторно ќе го врати назад во базата, со лисиците на неговите раце. Тогаш тој веќе целосно сфаќа што се случува и ќе проба на сите можни начини да го спречи она што ја очекува војската на плажата во Франција, без разлика на тоа колку пати ќе треба да умре за да ја постигне оваа цел. Кејџ на бојното поле ќе ја запознае и смртоносната Рита Вратаски (Емили Блант), која ја имала оваа способност во минатото, но ја изгубила и токму таа ќе го води низ деновите, обидувајќи се покрај него да стави крај на инвазијата и да го спаси човештвото.rnrnrnrnСтанува збор за филм кој е преполн со акција, но и со богата приказна. За да можете целосно да ги следите сите настани, обидете се да обрнете внимание и на најмалите детали. И покрај тоа што овој филм трае околу 113 минути, ви гарантираме дека ќе го изгледате во само еден здив, бидејќи и иако приказната ве носи напред-назад во текот на само еден ден, постојано се случува нешто ново. Што се однесува до глумата, Том Круз како и секогаш совршено ја одигрува својата улога, а прекрасната Емили Блант со својот перформанс ќе покаже дека и таа има свое место помеѓу ѕвездите во Холивуд. Да не должиме многу, можеме слободно да кажеме дека ова е еден од најдобрите филмови во 2014 година и токму затоа ви препорачуваме да одвоите неколку часа за него. Ви ветуваме дека нема да зажалите, баш напротив, дури ќе сакате да го гледате и повеќе од еднаш.rnrnrnrn rnrn
Кога вашата работа е да се смешкате пред камерите цел ден, бисерните заби се задолжителен „аксесоар“. Токму поради тоа голем број од познатите ѕвезди, вклучително и Шерил Кол, Том Круз и Кетрин Зета Џонс, ја имаат широко отворено устата на забар извикувајќи „ааааа“, за специјалистите да им ја дизајнираат совршената насмевка, за која секој обичен човек може само да сонува. Па не за џабе се нарекува холивудска насмевка нели?! Погледнете ги познатите кои си ги коригирале забите, преку фотографии пред и потоа.rnrnШерил КолrnrnБен АфлекrnrnКетрин Зета ЏонсrnrnДеми МурrnrnКирстен Данстrnrn50 СентrnrnМајли СајрусrnrnНикол КидманrnrnТом КрузrnrnХилари ДафrnrnКети ПериrnrnМајкл ДагласrnrnМеган ФоксrnrnНиколас КејџrnrnВикторија БекамrnrnЗак Ефронrnrn rnrn
Научно-фантастична акција со човечки емоцииrnrnРежија:Џозеф КосинскиrnrnУлоги: Том Круз, Олга Куриленко, Морган Фримен, Андреа РајзенбороуrnrnВреметраење:124 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 19 април 2013rnrnЖанр: научна фантастика, акција, авантураrnrnНаша оценка:8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rn„Заборав“ припаѓа на серијата современи научно-фантастични филмови во кој крајниот производ се добива со мешање на научно-фантастичните елементи и човечките емоции. Тоа можеби и не мора посебно да се нагласува со оглед на тоа што интелигентните роботи и вонземјаните веќе не се интересни за Холивуд, кој на овој жанр сега веќе му додава малку поинаква драматика поради поизразената човечка димензија.Луѓето веќе не се инфериорната раса во овие филмови. Затоа Том Круз делува како овде да се преселил директно од последниот дел на „Невозможна мисија“. Едноставно, неговиот бестрашен и ноншалантен лик премногу потсетува на Итан Хант. Овој пат се вика Џек, и заедно со неговата сопруга Викторија (Андреа Рајзенбороу) ја сочинуваат двочлената мисија на Земјата која има за цел да го сочува овде она што останало после катастрофалната војна. Таа војна започнала кога Земјата била нападната од вонземјани, а луѓето победиле кога употребиле нуклеарно оружје. Ја добиле војната, но ја изгубиле планетата. Треба да помине време за да може повторно да се живее на неа, а дотогаш луѓето привремено се сместени на Сатурновиот сателит Титан.Џек и неговата сопруга имаат само уште две недели во самотијата на Земјата пред да се преселат на Титан кај останатите, но токму тогаш Џек открива дека во нивна близина се урнал воен брод. Таму ја спасува Џулија (Олга Куриленко), која ќе се обиде да му ја измени перцепцијата за неговата мисија, за она што тој го работи и го живее.Иако идејата за ваквиот тек на настаните не е многу експлоатиран од овој жанр, има моменти кога приказната влегува во клишеа и губи од својот сјај. Остава простор гледачот да се прашува зошто таа не е поинвентивна за перфектно да се вклопи во кадрите од бајковитиот Исланд и да создаде филм кој ќе воодушевува.Но и ваков каков што е, филмот е многу забавен. Нешто ќе предвидите, нешто не, но такви се границите на неговиот блокабстерски формат. Главен адут му е визуелниот впечаток. Сниман е во Исланд, кој и онака изгледа како од научно-фантастичен филм уште пред да му се додадат визуелните ефекти кои филмаџиите денес ги имаат на располагање. Во „Заборав“ секој кадар е уживање. И неговата намена е таква – да можете да си го пуштите кога ќе сакате да уживате со научно-фантастична акција сместена во пост-апокалиптичен, но сè уште убав свет.rnrn
Немојте да бидете во „грч“ кога вашиот омилен холивудски актер го гледате во некоја опасна филмска сцена. Слободно здивнете, бидејќи таа задача им е доверена на нивните дублери. 🙂 Погледнете неколку фотографии направени за време на снимањата.rnrnБред ПитrnrnАнџелина ЏолиrnrnЏони ДепrnrnЖерард БатлерrnrnТом Круз и Камерон ДијазrnrnТом КрузrnrnДаниел КрегrnrnРоберт ПатинсонrnrnУма ТурманrnrnШарлиз ТеронrnrnЏон ТраволтаrnrnНатали ПортманrnrnПатрик ДемпсиrnrnСара Џесика ПаркерrnrnЕн ХатавејrnrnНиколас Кејџrnrn
Автор: Димитар ГошевскиrnrnФилм кој целосно го оправдува слоганот: „без план, без бекап, без избор“ и кој успешно ќе ве воведе во ултравозбудлива двочасовна акциона авантураrnrnРежија: Бред БрдrnrnrnГлавни улоги:Том Круз, Сајмон Пег, Пола Патон, Џереми РенерrnrnrnВреметраење: 133 минутиrnrnrnЈазик:англискиrnrnrnПремиера: 16 декември 2011rnrnrnЖанр: трилер, акцијаrnrnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
Доколку ви се допадна „Брзи и бесни: Рио“, ќе го обожавате и најновиот дел од „Невозможна мисија“ на Брд, кој ќе ја исполни желбата за една добра шпионска трчаница на сите љубители на добри акциони трилери. Филмот е посебно погоден доколку ви здосадија сите оние зимско-божиќни филмови, кои веќе од средината на декември се вртат по телевизиите. Обрнете посебно внимание на три сцени: бегството од рускиот затвор, опасното искачување по највисоката зграда на светот во Дубаи (однадвор) и борбата во Бомбај со која и кулминира приказната. Овие три сцени се рангирани меѓу најдобрите, не само во изминатата година, туку воопшто во филмската индустрија.rn
rnrn
rnПриказна: Во четвртото продолжение од серијата „Невозможна мисија“, Итан Хант и неговиот тим се борат со времето за да најдат еден опасен терорист по име Хендрикс (го глуми Швеѓанецот Мајкл Њуквист, чија глума нема да ви остави некој посебен впечаток), кој во неговите раце ги држи кодовите од руските нуклеарни ракети, планирајќи напад на САД. Првиот обид да го запрат завршува безуспешно, притоа уништувајќи го половина Кремлин и приморувајќи го рускиот претседател да се повика на Протоколот дух. Непоколебливиот Итан и неговата дружина го бркаат Хендрикс до Дубаи, а од таму до Бомбај, но и по неколку спектакуларни акции, сѐ уште немаат голема шанса да го запрат.За волја на вистината, во приказната и нема некоја посебна девијација од основниот, веќе и рутински, модел кога станува збор за филм со шпиони и тајни агенти. Има нов лудак, во случајот Хендрикс, кој сака да го доведе светот на работ на војна. Тој верува дека светот мора да го помине патот на нуклеарната војна за да настапи вечен мир.Но, од друга страна, она што го комплетира филмот и што го прави интересен е специфичниот шарм на Том Круз, чувството дека не постои гравитацијата, мајсторските егзибиции и неверојатната акција. Се разбира, како и секогаш во филмовите со Том Круз, тука е и огромната брзина која ќе ве вовлече во авантурата на Итан Хант толку многу, што во ниту еден момент филмот нема да ви биде здодевен или неинтересен.Според Rotten Tomatoes филмот доби 93% позитивни критики и оценка 7.6/10. Досега само од американската публика заработил 170 милиони долари.rnrn