КАФЕ ПАУЗА

Tag: тоалетна хартија

  • Од пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

    Од пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

    Иако секојдневно го користиме и е првото нешто кое луѓето го земаат во ситуација како сега, со  пандемијата, ретко се поставува прашањето што би правеле доколку не се измислела тоалетната хартија во средината на 19 век.rnrnОд пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?rnrnДипломат од Блискиот исток ја посетил Кина во древните денови и напишал: „Тие не се особено внимателни во однос на хигиената и не се мијат со вода откако ќе одат во тоалет, но се бришат со хартија“.rnrnЗа оние кои потекнуваат од култура каде имаат навика да се мијат со вода по користење на тоалетот, употребата на хартија била шокантна. Така, еден од најстарите почетоци на употребата на она што денес ни е задолжително средство за хигиена биле во Кина во VI век, кога богатите луѓе користеле нешто како сноп хартија за секојдневна потреба.rn

    Тоалетната хартија потекнува од Рим

    rnЗа време на владеењето во династијата Сунг, царот донел одлука да биде обезбедена хартија со ширина од околу 60 см за неговите потреби во бањата.  Тоа било првпат кога тоалетната хартија била официјално забележана да се користи од страна на император. Иако денес не ни помислувате на тоа, употребата на тоалетната хартија и како таа настанала го следи развојот на општеството, а нејзините корени потекнуваат од античкиот Рим.rnrnВо тоа време популарни биле јавните тоалети, а посетителите не користеле хартија туку терсориум, сунѓер на стап, кој се чувал во солена вода или оцет кога не се употребувал. Често овој сунѓер се распарчувал, а не ретко се користел и погрешниот крај на стапчето, што доведувало до инфекции, па дури и до смрт.rnrnСенека ја раскажува приказната за германскиот гладијатор од 65 година п.н.е. кој се самоубил баш со таа четка за да се спаси од ужасната судбина која го чекала во Колосеумот. Необично било и во античка Грција, каде исто така се користел сунѓер на стап, кој се нарекувал ксилоспангиум, но префериран метод бил со парче керамика наречен песои. Парчињата се користеле со стругање, и историчарите процениле дека за просечно бришење биле потребни три парчиња.rnrnВообичаено било физолошките потреби да се задоволат надвор, и само оние одбраните членови во општеството можеле да го користат тоалетот со можност за измивање.rnrnСе верува дека најстарите форми на тоалет во светот се наоѓаат во минојската палата Кносос во Крит, каде можат да се видат нивните остатоци стари 4000 години. Членовите на кралското семејство седеле на дрвено седиште над глинен сад, кој се чистел со вода која се влевала во камена канализација.rnrnВо античка Јапонија, користеле метален уред наречен чуги кој личел на јазичен депресор (уред за чистење на јазик) за да ги исчистат сите места кои се тешко достапни. На Блискиот Исток, користеле проточна вода и левата рака за да го насочат протокот на вода таму каде што е потребно, а потоа, по употребата, внимателно и темелно ја миеле раката.rn

    Крпи кои се переле и пченкарен кочан

    rnВо Европа било вообичаено да се користат крпи кои се перат и се користат повторно, но многу од нив завршиле во канализацијата така што не е можно да се знае колку пати се користеле пред да бидат фрлени. Во Америка, вообичаено се користел изронат кочан од пченка. Тоа било многу популарен метод, бидејќи бил лесно достапен и изненадувачки мек и флексибилен.rnrnТоалетот со измивање бил измислен во 1596 година, додека пак првата тоалетна хартија била произведена во 1857 година. Тогаш американскиот пронаоѓач Џозеф Гајети започнал со продажба на првата терапевтска хартија богата со алое вера. 500 парчиња од оваа хартија се продавале за 50 центи. Во почетокот, била претставена за медицинска потреба наменета за луѓе кои се борат со хемероиди.rnrnСтанала многу популарна, така што луѓето почнале да користат сè што било слично, а што можеле да најдат. Каталозите и публикациите биле омилени, а се користеле и парчиња мов, крзно, дури и школки, осебно остриги. Иако Гајети бил горд на неговиот изум, тој бил запишан како неуспешен. На крилата на неговиот изум, многу други се обиделе да ги претстават своите хартии на пазарот.rnrnНе успеале, сè до 1867 година, кога браќата Томас, Едвард и Кларенс Скот успешно пласирале на пазарот хартија во ролна, каква што и денес се користи. Хартијата почнала да се појавува во весниците па во 1942 година во Велика Британија била претставена и мека, двослојна тоалетна хартија.rn

    Започнале со додатоци

    rnОд тој момент до денес многу се работело за развој на совршен производ, се спроведувале истражувања за проценка на големината, тежината, отпорноста, грубоста и.т.н. Така, на пример, дошло до додавање на алое вера во хартијата.rnrnКвалитетот на производот зависел од сето наведено, а помеката хартија се состоела од неколку слоеви. Ја збогатувале и со ласиони и кремови кои давале мекост и одреден мирис. Често на неа се наоѓале и некој принтови и сликички кои оставале впечаток и посебна карактеристика на она што сите го користиме, а што воопшто не е луксузно.rnrnРазлики постојат секако и во цената, која особено варира баш кај таквите посебни тоалетни хартии. Денешната потреба за тоалетна хартија не е променета, а купувачите ја избираат според една од сите значајни карактеристики, мекоста. Цената на меката хартија се менувала со тек на годините, а особено голема разлика имало во 20 век, откако се вселила во сите бањи. Таму ќе остане засекогаш, или се додека не се појави некој посовремен изум кој како сунѓерот на стап ќе ги револуционизира нашите основни човечки потреби.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои 12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка.

  • Еве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолја

    Еве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолја

    Некои од јавните тоалети може да бидат средени и чисти, додека пак други може да изгледаат навистина одвратно. Секако, никој не сака да седи на тоалетна шолја знаејќи дека претходно таму биле илјадници луѓе. Па, што правите во вакви ситуации? Дали и вие ставате тоалетна хартија, сметајќи дека така е почисто? Новите студии ни покажуваат дека оваа навика е сосема погрешна.rn rnЕве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолјаrn

    Тоалетната хартија и другите материјали на местото за седење на тоалетната шолја го прават истото понечисто

    rnХартијата ставена врз местото за седење на тоалетната шолја го прави истото повалкано отколку ако седнете директно. Сигурно сте зачудени и се прашувате како ова може да биде вака. Верувале или не, местата за седење на тоалетните шолји се дизајнирани за да останат чисти. Нивната форма и материјал од кој се направени се способни да ги убијат бактериите. Всушност, тие и не може да преживеат таму. Од друга страна пак, облогите или тоалетната хартија кои ги ставате на местото за седење, се сосема друга приказна. Меките и сунѓерести материјали од кои тие се направени се погодно место за бацилите и бактериите. Со седењето на хартијата, наместо на самото седиште, вие всушност седите на повеќе бактерии. Колку за споредба, сунѓерот за миење садови може да содржи 200.000 пати повеќе бактерии отколку јавната тоалетна шолја.rn

    Науката го докажува ова

    rn

    „Седењето на тоалетната шолја не предизвикува инфекција“, вели Вилијам де Паоло, асистент професор по имунологија и микробиологија на факултетот за медицина при Универзитетот во Јужна Калифорнија. „Многу од бактериите кои се присутни на површината на тоалетот или другите делови од бањата не се пренесуваат лесно преку кожата.“

    rnВо суштина, на бактериите им треба влажно (а по можност и топло) место за да живеат. Местото за седење на тоалетната шолја го нема ниту едното ниту другото. Површината нема дупки кои би можеле да апсорбираат вода, а сите знаеме дека тоа место никогаш не е топло.rn

    Мијте ги рацете за да ги спречите бактериите

    rnНаједноставниот и најефикасен начин за да ги избегнете бактериите е да ги миете вашите раце. Покрај ова, важно е да ги исушите. Што се однесува пак до електричните уреди за сушење на рацете, тие може да бидат повалкани и од тоалетната шолја, пред сѐ поради тоа што луѓето копчето го допираат со влажни раце кои овозможуваат ширење на бактерии.rnrnЕве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолјаrn

    Постојат многу други места за кои треба да бидете загрижени

    rnПокрај бањата и сунѓерот за садови, постојат многу повалкани места за кои треба да се грижите. Еве на што да внимавате:rn

      rn011

    • Мијалникот во кујната. Овде миете месо и друг вид храна кои носат големи бактерии. Дали некогаш сте го чистеле одводниот канал? Бактериите живеат токму таму. Да не ги споменуваме и славината или пак рачката на чешмата. Верувале или не, би требало да го чистите вашиот мијалник во кујната барем два пати неделно.
    • rn011

    • Авионите. Вклучувајќи ги нивните тоалети, завесите за прозорците, како и масичките. Малите простори, особено тоалетите, имаат многу делови кои е тешко да се исчистат, што наведува на тоа дека тие се особено валкани.
    • rn011

    • Вашиот мобилен телефон. Според Чарлс Герба, микробиолог при Универзитетот во Аризона, мобилните телефони содржат 10 пати повеќе бактерии во споредба со поголем дел од местата за седење на тоалетните шолји.
    • rn011

    • Влажните алишта. Особено долната облека. Кога ја преместувате облеката од машината за перење, во машината за сушење алишта, на вашите раце може да се појави бактеријата Ешерихија коли. Еден микроб може да биде доволен за да се зафати целата облека која е во машината. Најдобриот начин да се заштитите од ова е да користите белило на сета ваша бела облека, а долната да ја перете одделно.
    • rn

    rnПа, сега знаете дека постојат многу други места на кои треба да внимавате, со цел да се заштитите од бактериите.

  • Направи сам: Уметност од ролни од тоалетна хартија

    Направи сам: Уметност од ролни од тоалетна хартија

    За некој тие се само парче ѓубре, додека пак за други претставуваат инспирација за корисни предмети во домаќинството – зборуваме за ролни од тоалетна хартија! Не мора да бидете уметник за да создадете нешто убаво од ова парче хартија, а овде ќе најдете неколку кул предлози.rnrn0-napravi-sam-umetnost-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrn

    1. Ѕидна декорација

    rnrnrnОва е навистина едноставен начин да го украсите вашиот ѕид, а не бара некоја посебна вештина при изработката. Неколку ролни и малку лепак – тоа е сè.rn

    2. Пеперутки како украс

    rnrnrnМалку украсна хартија, ножици и лепак за хартија, па можете да уживате во овој прекрасен украс или играчка.rn

    3. Организирање на вашите кабли

    rn3-napravi-sam-umetnost-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrnrnПрекрасна идеја, зар не?rn

    4. Саксии за садници

    rnrnrnНе спаѓа во доменот на креативни изработки, но е секако креативно решение за одгледување градинарски садници.rn

    5. Држач за салфети

    rnrnrnРолните можете да ги обложите со платно и да ги украсите по своја желба. Ваквите држачи за салфети ќе го привлечат вниманието на вашата трпеза.rn

    6. Торбичка за подарок

    rn6-napravi-sam-umetnost-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrnrnВакви торбички за подарок се идеални за која било специјална прилика. Едноставно е: облепете украсна хартија на ролните или нацртајте нешто по своја желба, завијте ги краевите, ставете го подарокот и залепете. Украсете по желба со машнички, бисери и сл.

  • Внимавајте: Зошто никако не смеете да користите миризлива хартија во боја?

    Внимавајте: Зошто никако не смеете да користите миризлива хартија во боја?

    Розова, жолта, сина, со мирис на лаванда, рози, јасмин… Денес тоалетната хартија се произведува во сите бои и сите мирисаат прекрасно, но само мал број луѓе знаат дека баш ваквата хартија треба да се избегнува. Знаете ли зошто?rnrn0-vnimavajte-zoshto-nikako-ne-smeete-da-koristite-mirizliva-hartija-vo-boja-kafepauza.mkrnrnУште во 1987 година, Американската администрација за храна и лекови ја забранила употребата на одредени бои и мириси во фармацевтската индустрија. Откако ги испитувале на животни, забележале дека одредени бои и мириси предизвикуваат појава на тумор.rnrnИако денес технологијата за производство е прилично променета, сепак загриженоста поради употребата на обоена и мирисна тоалетна хартија е сѐ уште присутна. Додавањето хемикалии како што се бојата, избелувачите и разните мириси го загрозуваат човечкото здравје и ја загадуваат животната средина, а ова се само некои од можните последици.rn

    1. Инфекција на мочниот канал

    rnОбоената тоалетна хартија може да ја иритира вагиналната околина, така што нејзината употреба може да биде причина за инфекција на мочниот канал.rn

    2. Рак на грлото на матката

    rnВаквиот вид тоалетна хартија има директно влијание врз женскиот репродуктивен систем и неговата употреба може да ги зголеми шансите за развој на рак на грлото на матката.rn

    3. Ректални проблеми

    rnУпотребата на обоена и парфимирана тоалетна хартија може да предизвика воспаление и јадеж, особено во подрачјето на ректумот. Како што одите во тоалет, пожелно е одвреме-навреме да обрнувате внимание на столицата и евентуалното присуство на крв во неа.rnrnКога користите обоена тоалетна хартија, ако настанат промени во столицата тешко дека би можеле да ги забележите, особено ако хартијата е црвена. Крвавите траги во столицата се најчест знак на рак на дебелото црево, а употребата на црвената тоалетна хартија може да го спречи откривањето на оваа болест.rn

    4. Габични инфекции

    rnЕдно од прашањата на гинеколозите до жените кои имаат габична инфекција е дали користат обоена и/или миризлива хартија. Всушност, стручњаците откриваат дека постои врска помеѓу габичните инфекции и користењето на обоена тоалетна хартија.rn

    5. Нарушување на животната средина

    rnДодавањето на бои и мириси во тоалетната хартија дополнително ја загадува животната средина. Употребата на белата тоалетна хартија е мал, но значаен чекор во зачувување на животната средина. Меѓутоа, не секоја бела хартија е безбедна.rnrnМногу од луѓето не знаат, но и белата тоалетна хартија може да биде опасна по здравјето. Некои произведувачи ја избелуваат тоалетната хартија со хлор, а хлорот испушта опасни токсини кои можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.rnrnЗатоа, кога купувате тоалетна хартија, секогаш читајте ги наведените состојки на амбалажата. Ако видите дека меѓу нив наведен е хлорот, тогаш пронајдете друга тоалетна хартија од друг произведувач кој не користи хемикалии.

  • Евтино и прекрасно: Декоративен венец од ролни од тоалетна хартија

    Евтино и прекрасно: Декоративен венец од ролни од тоалетна хартија

    Автор: Сара ТурановиќrnrnОткако почна празничната еуфорија се трудиме што е можно почесто за вас да пронајдеме креативни празнични декорации кои би можеле да ги направите сами.rnrn8-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrnrnСтанува збор за декоративен венец за врата направен од, нема да поверувате, ролни од тоалетна хартија. Елегантно и креативно.rnrn1-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrn

    Сè што ви е потребно е:

    rn

      rn011

    • Ролни од тоалетна хартија
    • rn011

    • Спреј во зелена боја
    • rn011

    • Украсни црвени топчиња (по желба)
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Лепак
    • rn

    rnСекоја ролна испрскајте ја со спреј од внатрешната и надворешна страна и оставете да се исуши. Кога ќе се исуши, секоја ролна малку сплескајте ја и исечете ја на пет еднакви дела. Секој дел преставува еден лист од цветот. Лепете по пет ливчиња за да формирате еден цвет (како на сликата).rnrn2-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk3-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrnrnКога ќе направите доволно цветови, почнете да ги лепите еден до друг за да добиете форма на круг, а потоа оставете лепакот да се исуши. Направете два круга, еден поголем и еден помал. Врз првиот поголем круг залепете го помалиот.rnrn4-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk 5-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk6-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrnrnЦветовите на горниот круг украсете ги со мали украсни црвени топчиња кои ќе го дадат тој посебен празничен ефект.rnrn7-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk 8-evtino-i-prekrasno-dekorativen-venec-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Венчаници изработени од тоалетна хартија

    Венчаници изработени од тоалетна хартија

    Автор: Софија СионоваrnrnРачно изработени цветови, повеќеслојни здолништа и тантела се само дел од личните украси кои ја красат високата мода. Со помош на малку креативност, неколку жени направиле венчаници на кои сите модни дизајнери би им позавиделе. Сите модели на фустани се специјално направени за натпревар за венчаници од тоалетна хартија на кој главната награда била 10.000 долари. Погледнете ги финалистите.rnrn

    Сузан Бренан, добитничка на 1-ва награда, чија венчаница се претвора во прекрасен коктел фустан
    Сузан Бренан, добитничка на 1-ва награда, чија венчаница се претвора во прекрасен коктел фустан
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хартијата е мртва, освен кога најмногу ти треба

    Хартијата е мртва, освен кога најмногу ти треба

    Факт е дека сме опкружени со електронски уреди заради кои во секојдневието е намалена потребата од употреба на хартија. Сепак, во некои ситуации, таа е незаменлива.Хартијата е мртва, освен кога најмногу ти требаОваа забавна реклама го покажува тоа. :)rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери

    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери

    Не е лесно да се дели домот со други луѓе, особено не со цимери кои секогаш прават лом и не се грижат за домаќинските работи. Колку и да сте блиски, секогаш ќе има некои работи кои ќе ви сметаат. Испровоцирани од таквите постапки, американските студенти го изразуваат револтот преку пресмешни, хистерични белешки, посветени на цимерот. :)rnrn

    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Драг Еван, моите родители доаѓаат денес. Ќе можеш ли, те молам, да носиш панталони цел ден? Фала – Рајан
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ако не ги измиеш твоите садови, тој ќе добие еден во главата. Бум!
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Крис, доколку ме разбудиш пред 9, ќе те претепам. Не се зезам. Врати се назад на спиење или гледај ТВ, МНОГУ тивко. Со љубов, Мишел.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Жал ми е што морав да ја ставам мојата урина во фрижидерот. Ја затворив во пластична кеса, потоа во оваа кутија и на крај ја залепив убаво со селотејп.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Дибек
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ијан, ако те фатам како јадеш од овие вкусни житарки, ќе те убијам на спиење. – Ден
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Драг цимеру, еден интересен факт: путерот е млечен производ, а млечните производи се расипуваат!! Освен доколку не планираш да не убиеш сите, те молам престани да го оставаш путерот надвор. Одговор на белешката: Драг цимеру, еден интересен факт: прочистениот путер од млечна маст, содржи конзерванси кои спречуваат да се расипе. И покрај тоа што уживав во твојата артистичка интерпретација на горенаведениот путер, морам да кажам дека луѓето од Скандинавија не би можеле да јадат путер уште во 12 век, доколку се расипуваше преку ноќ. Немаше потреба путерот на цртежот да изгледа толку тажно.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Доколку си го употребил последното парче хартија, фрли го ова и стави нова ролна.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Кога веќе виде дека оваа ролна е завршена, не пишувај порака. Едноставно замени ја ку*ко, е*аго. Го направи токму спротивното од она што си го напишал.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Исчисти го фрижидерот, те молам.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ерик, имав секс во твојот кревет. Извини за тоа. Не ја користи твојата перница. – Мет
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Ешли е онесвестена гола на подот во купатилото. Те молам проверувај ја повремено. Фала ти.
    rnrn
    Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
    Садовите не се мијат сами.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија

    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија

    Француската уметничка Анастасија Елија која најчесто црта и создава илустрации, започнала еден необичен проект, во кој трансформира ролни од потрошена тоалетна хартија во исклучително креативни уметнички дела.Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартијаСече мали парчиња од хартија и ги забодува во процепи во внатрешноста на ролната. Така таа ги создава овие неверојатно слатки, малечки сцени сместени во ролни од тоалетната хартија, кои секојдневно ги фрламе во ѓубре.Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    rn

    „Еден ден погледнав во ролната од потрошена тоалетна хартија и се запрашав дали можам да направам нешто со неа.“

    rn

    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Фризерски салон
    rnrnАнастасија вели дека за изработката на една сцена ù се потребни неколку часа работа поради тесниот обем на ролната.rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Лулање

    rnrn

    „Се служам со пинцета за да манипулирам со разните хартиени облици. Користам иста боја хартија како бојата на ролната. Тоа создава илузија дека фигурите произлегуваат од самата ролна.“.

    rn

    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Далеку на север: ирвас
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Далеку на север: був
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Боксување
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Реновирање
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Риболов
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Фудбал
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Танго
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Зоо
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Жирафа во Зоо
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Снег
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Пазар
    rnrn
    Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
    Пружање алишта
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.