КАФЕ ПАУЗА

Tag: тест

  • Тест: Како делувате на машкиот род?

    Тест: Како делувате на машкиот род?

    За да го решите тестот не е важно дали сте во врска или уживате во „соло“ статусот. Овој тест ќе ви покаже каков впечаток им оставате на мажите и што да преземете во врска со тоа.rnrnТест: Како делувате на машкиот род?rn

    1. Како го поминавте детството?

    rnа) Во домот владееше добра комуникација проследена со многу заеднички активности.rnrnб) Ретко чувствував емоционална поврзаност со семејството, но научив да живеам со тоа.rnrnв) Семејството ме сметаше за аутсајдер и заради недостиг на самодоверба најчесто се повлекував.rnrnг) Дома постојано се случуваше нешто, а пријателите можеа до доаѓаат во секое време.rn

    2. Се подготвувате на прв состанок со познаник од Интернет. Но, некаде на половина пат ви се крши штиклата. Вие…

    rnа) Ќе продолжите да одите на прсти.rnrnб) Беспомошно стоите на улица.rnrnв) Се насмевнувате и се обидувате да држите рамнотежа со помош на рацете.rnrnг) Продолжувате да одите боси.rn

    3. Здогледувате жена која носи превез. Вашата прва помисла е…

    rnа) Тоа е многу тажно!rnrnб) Дали ужива во тоа што незабележително го гледа светот околу себе?rnrnв) Како ли изгледа?rnrnг) Превезот е навистина практичен. Ги покрива недостатоците, а и не мора да се шминка.rn

    4. Што гледате кога ќе ги затворите очите?

    rnа) Разни слики.rnrnб) Јасни бои и интересни дезени.rnrnв) Нејасна мешавина од бои.rnrnг) Одредени познати ликови.rn

    5. Освен со атрактивниот изглед, со што друго можете да го привлечете неговото внимание?

    rnа) Со отвореност и добро расположение.rnrnб) Со провокативно нишање на колковите.rnrnв) Со остар јазик и интелигенција.rnrnг) Со младешка харизма.rn

    6. Кои вредности ви се најважни во животот?

    rnа) Стабилна и емотивна врска и семејство.rnrnб) Успех во работата, патувања и хоби.rnrnв) Пријателите.rnrnг) Уживање во животот.rn

    7. Како изгледате кога одите до најблиската маалска продавничка?

    rnа) Ги носам омилените фармерки, со малку руменило на образите и сјај на усните.rnrnб) Дотерана како и секогаш. Многу е важно да изгледаш убаво во секоја ситуација.rnrnв) Истрчувам облечена како по дома.rnrnг) Се кријам зад големи наочари за сонце.rn

    8. Пронаоѓате сокриен подарок завиткан во украсна хартија. Очигледно е наменет за вас. Што правите?

    rnа) Погодувам што би можело да има внатре.rnrnб) Не го допирам.rnrnв) Ја одвиткувам хартијата за да знам како да му вратам на тој што ми го купил подарокот.rnrnг) Само ја кинам хартијата.rn

    9. Една третина од мажите велат дека би ги промениле своите навики, ако жените го побараат тоа од нив. Дали верувате во тоа?

    rnа) Не! Мажите се робови на сопствените навики.rnrnб) Ако е во прашање вистинска љубов, би ги намалила барањата.rnrnв) Секако! Но во тој случај жената треба да биде многу паметна.rnrnг) Можеби моментално, но подоцна им се враќаат на старите навики.rn

    10. Згодното момче на вашата пријателка флертува со вас. Како ќе се однесувате?

    rnа) Го прифаќам флертот.rnrnб) Го избегнувам за да не ја повредам пријателката.rnrnв) Му праќам јасна порака дека не флертувам со момчињата на моите пријателки.rnrnг) Ќе ѝ кажам веднаш на мојата пријателка.rn

    11. Кој е вашиот став во врска со сексот?

    rnа) Отворена сум за сè, најважно е и двајцата да сме задоволни.rnrnб) Егоистична сум, моето задоволство е на прво место.rnrnв) Љубопитна сум, но постојат граници кои нема да ги преминам.rnrnг) За мене сексот е потреба, исто како храната и водата.rn

    12. Дали патите од завист или љубомора?

    rnа) Јас ги надминав тие детски работи.rnrnб) Се случува, но само кога ме напаѓа соперничката.rnrnв) Ако некој ме провоцира, знам да бидам и злобна.rnrnг) Таквите чувства ми се непознати. Немам проблеми ни со мажите, ни со жените.rn

    13. Под кои услови би се согласиле да живеете заедно?

    rnа) Дури тогаш кога тој би го побарал тоа од мене.rnrnб) Кога ќе разјасниме кој за што ќе плаќа.rnrnв) Кога ќе бидам сигурна дека нема да ја загубам слободата.rnrnг) Тој би морал прво да научи да си ја пере својата облека.rn

    14. Како се сложувате со неговите пријатели?

    rnа) Тоа понекогаш е многу комплицирано. Тој знае да биде љубоморен на нивните коментари.rnrnб) Не ми пречат сè додека не ни се мешаат во врската.rnrnв) Многу добро. Лесно се вклопив во неговото друштво.rnrnг) Ми се допаѓаат и ми одговара што ме почитуваат.rn

    15. Како би ве опишале најдобрите пријателки?

    rnа) „Таа е вистинска пријателка!“rnrnб) „Малку е комплицирана, но апсолутно е сигурна.“rnrnв) „Покрај неа сите други се само бледа копија.“rnrnг) „Паметна е и знае да се наметне.“rn

    16. На една забава сретнувате згодно момче. Заедно ќе го гледате зајдисонцето…

    rnа) На море.rnrnб) Од прозорецот на луксузниот апартман.rnrnв) Од врвот на планината.rnrnг) Од прозорецот на мојот дом.rn

    17. Во серијата „Озборувачкa“ Серена го заведува момчето на најдобрата пријателка. Како би реагирале вие во таква ситуација?

    rnа) Одмаздата е слатка. Би ѝ го загорчила животот.rnrnб) Би флертувала со најдобриот пријател на моето момче.rnrnв) Веднаш би го откачила момчето.rnrnг) Би ѝ простила. Најважно е пријателството.rn

    18. Каков однос сакате да имате со неговата мајка?

    rnа) Колку што е можно похармоничен.rnrnб) Љубезен, со взаемно почитување.rnrnв) Одмерен и на дистанца.rnrnг) Семејно–пријателски.rn

    19. Жената е најсекси кога…

    rnа) Е закопчана до грло во тесен фустан.rnrnб) Носи бикини.rnrnв) Под деловната облека носи чорапи со жартиери.rnrnг) Носи високи потпетици.rn

    20. Дали заради љубовта би се одрекле од луксузот?

    rnа) Никогаш! Само личноста која е задоволна може да пружи вистинско задоволство на друг.rnrnб) Секако! Луксузот не ми значи ништо.rnrnв) Не, ако под „луксуз“ се подразбираат моите чевли, чанти и облека.rnrnг) Многу тешко. Можеби на некој начин би се одрекла од нешто…rnrnБОДУВАЊЕ: Соберете ги бодовите и дознајте го резултатот.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    А Б В Г
    1 20 15 10 5
    2 15 10 5 20
    3 5 10 20 15
    4 5 10 15 20
    5 5 15 20 10
    6 10 20 5 15
    7 10 20 5 15
    8 15 10 5 20
    9 5 10 20 15
    10 10 5 20 15
    11 15 20 10 5
    12 10 20 15 5
    13 5 10 20 15
    14 15 20 5 10
    15 5 10 15 20
    16 10 15 20 5
    17 15 10 20 5
    18 10 15 20 5
    19 15 5 20 10
    20 20 5 10 15

    rn rn

    До 115 бодови

    rn

    Искрена и спонтана

    rnПредности: Вашата ведрина и отвореност, искреноста и одредената доза наивност ги воодушевуваат припадниците на посилниот пол. Момчињата покрај вас се опуштени и свесни се за вашето разбирање и поддршка. Со тоа им посветувате доволно внимание и им ги исполнувате желбите.rnrnНедостатоци: Момчињата првенствено во вас гледаат добри другарки, а не нежни љубовници. Причините за тоа се вашата скромност и понизност поради кои не можете да ги привлечете на друг начин, освен на пријателски.rnrnСовет: Истакнете ја женственоста и обидете се да бидете малку попровокативни. Лесен фустан, високи потпетици и малку шминка ќе направат да изгледате помистериозно и ќе го привлечете вниманието на момчињата.rnrnПример: Камерон Дијаз – освојува со својата ведрина.rn

    Од 120 до 220 бодови

    rn

    Кревка девојка

    rnПредности: Момчињата ги освојувате со својата слатка беспомошност. Делувате незаштитено, нежно и кревко, како да ви е потребна силна личност која ќе ве заштити. Затоа момчињата се подготвени да ве чуваат како капка вода на дланка.rnrnНедостатоци: Ранливоста всушност е во спротивност со вашиот карактер. Вие сте самостојни и многу попаметни отколку што делувате на прв поглед. Заради тоа, постојано имате чувство дека партнерот ве потценува.rnrnСовет: Момчињата сакаат да бидат заштитници и затоа вашата тактика е прилично успешна. Но, задржете ја индивидуалноста. Покажете сила и бидете упорни кога се работи за исполнување на вашите желби.rnrnПример: Ен Хатавеј – заведува со својот префинет шарм.rn

    Од 225 до 305 бодови

    rn

    Фатална и недофатлива

    rnПредности: Момчињата ве следат и подготвени се да направат сè за да дојдат до вас. Зрачите со еротска енергија и со своето однесување како да ветувате незаборавни моменти полни со страст. Со својата недостижност ги излудувате момчињата.rnrnНедостатоци: Не заборавајте дека си играте со оган. Сериозните момчиња се чувствуваат несигурно покрај вас. Се плашат дека ќе бидат напуштени. Често тие побегнуваат први и ве напуштаат.rnrnСовет: Покажете емоции и сочувство, бидете стабилни и сериозни. Престанете да се однесувате ладнокрвно. Откријте ги духовитоста и разиграноста и бидете вистински пријател.rnrnПример: Скарлет Јохансон – делува навистина неодоливо.rn

    Повеќе од 310 бодови

    rn

    Моќна жена

    rnПредности: Ги фасцинирате момчињата со атрактвниот изглед, сексапилот, со својата енергија и интелигенција. Во сексот секогаш му пружате поголемо задоволство на партнерот, отколку што очекува тој.rnrnНедостатоци: Вие сте силни личности и затоа момчињата покрај вас немаат шанса да се докажат. Тие се чувствуваат мали, несигурни и помалку вредни. Заради тоа полека ја губат желбата да бидат со вас.rnrnСовет: Наместо да се фалите, поддржете го партнерот. Дозволете му да згреши и не докажувајте се дека сте подобри од него. Побарајте ја неговата прегратка.rnrnПример: Анџелина Џоли – мажите се плашат од нејзината доминантност.

  • Тест: Брзината на пишување го открива вашиот карактер

    Тест: Брзината на пишување го открива вашиот карактер

    Дали сте знаеле дека можете да дознаете нешто за себе, врз основа на брзината со која пишувате? Вклучете ја штоперицата, земете лист и пенкало и пишувајте една иста реченица цела минута, а потоа пребројте ги карактерите и прочитајте ги резултатите.rnrnТест: Брзината на пишување го открива вашиот карактерrn

    Многу бавно пишување

    rnПишувањето помалку од 100 карактери во минута укажува на многу мирна, сочувствителна и внимателна личност. Овие луѓе се многу аналитични и пасивни и тешко можете да ги импресионирате.rn

    Бавно пишување

    rnПишувањето помеѓу 100 и 130 карактери во минута укажува на многу интелигентни личности и внимателни набљудувачи, кои лесно ги прилагодуваат своите потреби спрема условите во средината. Имаат одлична меморија и ведар дух.rn

    Пишување со средна брзина

    rnЛуѓето кои пишуваат помеѓу 130 и 170 карактери во минута имаат стабилен карактер. Поседуваат добро развиени социјални вештини и имаат одлична смисла за организација.rn

    Брзо пишување

    rnОние кои пишуваат помеѓу 170 и 200 карактери во минута се личности кои брзо размислуваат, имаат одлични идеи и јасно ги воочуваат сите димензии на одредениот проблем. Овие луѓе не поднесуваат монотонија и обично се родени лидери.rn

    Супербрзо пишување

    rnПреку 200 карактери во минута пишуваат луѓе кои имаат исклучително остар и брз ум, но понекогаш се површни и непрецизни. Љубопитни се и нестрпливи и сакаат да се занимаваат со уметност. Лесно можете да ги воодушевите, но уште полесно можете да ги разочарате.

  • Што би ви се случило доколку паднете во вулкан?

    Што би ви се случило доколку паднете во вулкан?

    Дали некогаш сте се запрашале што би ви се случило доколку паднете во вулкан? Еден млад човек направил тест, со тоа што фрлил вреќа со ѓубре, тешка 30 килограми, во која имало остатоци од храна. Вреќата ја фрлил од 80 метри височина, во вулканот Ерта Але во Етиопија.Што би ви се случило доколку паднете во вулкан?Вреќата симулира човечко тело, бидејќи остатоците од храна се од органско потекло. Проследете ја реакцијата на вулканот.rn

    rn
    rnrn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тестирајте ја вашата креативност

    Тестирајте ја вашата креативност

    Да се биде креативен не подразбира само способност за цртање или свирење на некој инструмент. Креативноста е начин на размислување и перцепирање на сè она што нè опкружува. Без разлика колку и да сте убедени дека креативноста не е ваша јака страна, секој од нас е способен да создаде нешто ново или пак во нешто сосема обично да види нешто што другите не го гледаат.rnrnТестирајте ја вашата креативностrnrnАко некогаш сте се запрашале кое е вашето ниво на креативност сега имате можност да се тестирате, и иако за ваквите тестови не е научно докажано колку се прецизни, сепак се забавни, а и ќе ве натераат да почнете да размислувате „надвор од кутијата“. Решенијата на предизвиците ви ги нудиме на крајот од постот.rn

    1. Кои се алтернативите?

    rnОвој тест е осмислен уште во 1967 година од страна на Џ.П. Гилфорд, а ја развива вашата креативност на тој начин што ве предизвикува да изнајдете што е можно повеќе алтернативни употреби на секојдневни предмети. На пример, шолјата за кафе може да се користи и како:rn

      rn011

    • свеќник
    • rn011

    • саксија
    • rn011

    • вазна
    • rn011

    • касичка
    • rn011

    • наместо кутија за моливи и пенкала
    • rn

    rnОценете се од аспект на тоа колку одговори сте смислиле, колку се оригинални и прецизни. А колку повеќе се трудите, толку подобри ќе бидете следниот пат. За почеток можете да пробате со зборови како: лажица, пенкало, столица и слично.rn

    2. Недовршена фигура

    rnНа работата на Гилфорд се надоврзал психологот Торенс, создавајќи ги Торенс тестовите за креативно размислување во 60-тите. Намената на овие тестови била да се изнајде нов начин на мерење на интелигенцијата која ќе биде ориентирана кон креативните способности на една личност. Еден од најпознатите Торенс тестови е „недовршената фигура“ а целта е од најобична форма да се обидеме да создадеме целосна слика или приказна. Најчесто употребувана форма е онаа како на сликата подолу.rnrnТестирајте ја вашата креативностrnrnОбидете се да креирате некаков цртеж тргнувајќи од базична форма слична како на сликата.rn

    3. Загатки

    rnСигурно се сеќавате на старата загатка „Вар варосно, ѕид ѕидосано, никаде ни ѕирка ни проѕирка… што е тоа?“ Загатките поставуваат прашања за кои што навидум нема одговор сè додека не ни светне во секунда „Аха, јајце!“ Всушност станува збор за доста ефективен начин да го активираме мозокот и да почнеме да размислуваме пошироко. За разлика од првиот тест за алтернативни употреби, каде што целта е да се изнајдат што е можно повеќе одговори, тука се концентрираме на само еден точен одговор.rnrnСамо за вас, еве една интересна загатка:rn
    rn

    „Еден човек си ги извршува вообичаените обврски на работа. Открива дека облеката му е скината. Набрзо потоа умира. Како е можно?“

    rn

    4. Тест со свеќа

    rnОва е типичен тест за креативно решавање проблеми, а е развиен од страна на психологот Карл Данкер во 1945 година. На учесниците во експериментот им биле дадени свеќа, кутивче со ќибритчиња и уште едно кутивче со клинци. Задачата е да се пронајде начин запалената свеќа да се закачи на ѕидот, а притоа да не капе восок на масата под неа. Сето тоа може подобро визуелно да се види на сликата подолу. Дали се сетивте кој е најлесниот начин да се реши проблемот?rnrnТестирајте ја вашата креативностrn

    5. Што ги поврзува?

    rnСтанува збор за Remote Associates Test (RAT) развиен од страна на Марта Медник во 1962 година, а целта на тестот е да се најде поврзаноста на три дадени збора. На пример, групата зборови „бакнеж – љубов – помош“ можат да се поврзат со зборот „прв/а“ па така добиваме „прв бакнеж“, „прва љубов“ и „прва помош“. Многу психолози им го препорачуваат овој тест на учениците и студентите, затоа што вежбањето на мозокот на овој начин ни помага полесно да ги поврзуваме нештата и во текот на учењето. Обидете се да го најдете решението на следните примери:rn

      rn011

    • Гласна – класична – жива
    • rn011

    • Повик – именик – линија
    • rn011

    • Врата – шише  – градина
    • rn011

    • Фармерки – заљубен – ножици
    • rn

    rn

    Решенија

    rnОдговор на загатката: космонаутrnrnКако би изгледало едно од можните решенија (воедно и најпрактичните) на тестот со свеќата:rnrnТестирајте ја вашата креативностrnrnОдговори на групите зборови последователно: музика, телефонски, стаклена, парrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои мора да ги направите барем еднаш во животот

    Работи кои мора да ги направите барем еднаш во животот

    Во секој посериозен разговор со вашите блиски се случува некој да каже „никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот утре“. Но, оваа изјава всушност и нема многу мистериозно значење. Позади неа се крие очигледен одговор кој најчесто се наоѓа во темата на која сте разговарале непосредно пред изјавата. Секако вие можете целосно да ја промените „секојдневноста“ кај луѓето околу вас и да им покажете дека навистина не може да се знае што им подготвува животот со помош на овие неколку интересни и необични предизвици:rnrnРаботи кои мора да ги направите барем еднаш во живототrnrn

      rn011

    • Влезете возбудени во продавница и прашајте која година е. Кога ќе ви одговорат, викнете на цел глас: „УСПЕА“ и истрчајте надвор пресреќни…
    • rn011

    • Купете папагал и научете го да кажува: „Помош! Ме претворија во папагал.“
    • rn011

    • Направете пудинг од ванила и ставете го во тегла од мајонез. Отидете во парк, седнете на некоја клупа и почнете да јадете.
    • rn011

    • Најмете двајца приватни детективи (или ангажирајте ги двајцата најдобри пријатели). Натерајте ги да се следат измеѓу себе.
    • rn011

    • Секогаш кога треба да одговарате на табла, носете со вас неколку креди (маркери) во боја. Доколку сте теле за прашањето, нацртајте голема шарена врата на таблата и почнете да гледате замислено во неа.
    • rn011

    • Влезете во преполн лифт и кога ќе тргне застанете пред сите и кажете: „Се кладам дека се прашувате зошто ве собрав денес сите тука.“
    • rn011

    • Ако сте доктор, сменете си го презимето во Акула. Обидете се да се потпишете.
    • rn011

    • Одете на џогирање, пуштете ја гласно песната „Еye of the Tiger“ и трчајте како на забавена снимка и почнете да ги повикувате сите околу вас да ви се придружат.
    • rn011

    • Направете „јадица“ со конец и врв од закачалка. Почнете да „ловите“ цреши од вашата тераса (без разлика дали се наоѓаат на дрвото покрај вашата зграда или на терасата кај комшиите под вас…)
    • rn011

    • Ако сте професор, направете тест во кој сите одговори ќе бидат под В. Внимателно набљудувајте ги промените на лицата кај студентите…
    • rn011

    • Во моментот пред некој да кивне гласно викнете: „ПИКА ПИКААААА…“
    • rn011

    • Составете чудни и интересни имиња со скриено значење додека сте на аеродром (Мисеоди Домаведнаш) и пријавете ги вашите „пријатели“ од странство како исчезнати. Натерајте ги да ги прочитаат имињата на разглас со инструкции како да ве пронајдат. Доколку сте на странски аеродром, можете да се инспирирате и од овие незаборавни примери. Уживајте во шоуто.
    • rn011

    • Поканете некој во вашата канцеларија. Кога ќе влезе завртете се со столот велејќи „Ве очекував“ со сериозен тон на гласот.
    • rn011

    • Влезете во преполн автобус и почнете без прекин на цел глас да ја пеете насловната мелодија од филмот „Бетмен.“
    • rn011

    • Научете ја Морзеовата азбука и разговарајте со пријателите во јавност преку звуците „Бииип, Бип, Бип, Бииип, Бип…“
    • rn011

    • Започнувајте ја секоја реченица со „У ла лааа…“
    • rn011

    • Додека се возите во лифт отворете ја вашата ташна/ранец/актовка и прашајте загрижено „Имаш ли доволно воздух таму?“
    • rn011

    • На автобуска станица одеднаш викнете: „Го слушнавте ли тоа?“ Кога ќе ве прашаат: „Кое?“, одговорете им: „Ништо, помина.“ Повторете го прашањето и одговорот неколку пати по ред, исто како да не сте прашале ниеднаш.
    • rn011

    • Застанете наеднаш во центарот на градот и зачудено погледнете нагоре. Стојте така сè додека некој не ве праша што се случува, потоа чудно погледнете го и продолжете со одење…
    • rn011

    • Закажувајте состаноци на 32-от ден од месеците со 31 ден или на 31-от ден од месеците со 30 дена. Не прифаќајте „не“ како одговор за терминот.
    • rn011

    • Во лифт правете звуци од тркачка кола секој пат кога некој ќе влезе/излезе.
    • rn011

    • Нацртајте X со натпис „закопано богатство“ на некоја мапа, одете на кафе кај најдобриот пријател и „заборавете“ ја кај него… Скријте се некаде во близина на означеното место и фотографирајте го додека копа.
    • rn011

    • Облечете костим кој е карактеристичен за некој од претходните векови. Излезете надвор и одете збунето на улица. Прашувајте ги луѓето околу вас зошто се толку чудно облечени…
    • rn011

    • Одете во парк, закачете конец на банкнота и почекајте некој да ја забележи. Кога ќе посегне по неа – повлечете ја неколку сантиметри накај вас. Повторувајте го тоа сè додека не сфати дека станува збор за шега.
    • rn011

    • Секогаш кога ќе ви свират или викаат за време на најголемиот сообраќај, обраќајте им се со изреката „Не лути се човече“ проследено со широка насмевка на вашето лице.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Темно, горко и јако

    Темно, горко и јако

    Кога е здодевно се вртат и по малку глупави муабети, колку да ти мине времето. Се излежаваме кај Ена дома, ми се чини дека цел ден го поминавме така „оптегнати“ насекаде низ нејзината соба. Па добро, се прашувам, како е можно најјаките муабети да ни текнуваат на места каде не можеме слободно да зборуваме? А во вакви околности, ништо ич!Темно, горко и јакоЕ сега, од нигде–никаде ù текнува на Кики Карамел, да нè праша какво кафе пиеме. Но не само горко, благо или средно, туку сè во детали. Го пиеш жешко, ладно, со млеко, или со некаков засладувач? Навечер, насабајле, колку кафиња дневно пиеш, во друштво или сам? Бог да чува, што треба сега ова да значи? Кики ни е една од најпаметните во друштвото, без неа дури и плаќање сметка во кафуле станува вистинска конфузија. Па си велам, за ова прашање мора да постои некаква јака психолошка основа.rnrnНи на крај памет – какво си го пиел кафето, таков си бил во сексот! Што е следно, како ги јадеш шпагетите, таква ќе ти биде иднината? Можеби ги јадеш со вшмукување или пак ги загризуваш? Не знам од каде го чула овој „психолошки“ тест, ама добар е за „бош“ муабети. А чекај, тогаш што значеше тоа дали го пиеш во друштво или сам? Направивте обичното пиење кафе да се граничи со перверзност! Сега секогаш кога ќе си направам кафе, ќе си мислам што ми се „сака“ во моментот и зошто баш такво сум го направила? Не знам дали Кики ја постави темава само за да се пошегува со нас или да ни ги открие нашите „најскриени тајни“. Што значеше ако го пијам жешко и горко? Навистина? Епа се премислив, не го сакам такво! А ако сакаш инстант кафе две во едно, си бисексуалец?! Ајде сега да те видам кажи дека кафето го пиеш со многу шлаг-пена одозгора!rnrnИ не е само ова, слободно пребарајте на Гугл, има да најдете еден куп слични тестови. Ајде сега замисли си коцка. Ја замисли? Каква е, опиши ја коцката. ОК, тоа значи дека ти си таков, таков и таков човек. Ма немој, сето тоа според коцката која си ја замислив? Експерти! А ако утре ми текне да си ја замислам поинаку? Само си ги лажеме умовите. За некој да открие каков си психички, би требало истиот тој човек да биде психијатар, со диплома, да се разбира од човековата психа, зашто секој си е различен и свој. Ама не, во нашево општество ако одиш на психијатар си „мрднат“. Во ред, тогаш седете си дома, гледајте си на кафе, и муабетете за некакви бабини деветини и суеверија, па бидете нормални! Од толкав страв да не испаднеш ненормален пред другите, твоето скриено лудило сè повеќе расте.rnrnДојде време на самопрогласените експерти, секој е тоа што сака да биде без ни малку труд. Да, јас навистина верувам дека и во нашите најобични постапки се крие некакво психолошко значење, ама погрешно го толкуваме, даваме значење на погрешни работи. Не да се сконцентрираме на тоа што можеме да направиме денес за да си го подобриме животот, ние ќе останеме цел ден дома и ќе безделничиме зашто сме сонувале лош сон. Самите сме си саботери, ние си се уназадуваме, никој друг не ни е пречка. Во 21-век, кога за толку многу работи постојат докази и научни истражувања, кога имаме одговори за многу прашања, ние го величиме суеверието.rnrnВо минатото луѓето биле суеверни бидејќи врска немале зошто врне, или од каде доаѓа грмотевицата. Епа кое е тогаш нашето објаснување, зошто сме ние суеверни? Науката докажала дека може човек да биде полубуден во фаза на заспивање и да биде парализиран, ама не, нејзината баба кажала дека во тој случај ја „газат“ сенки. Абе биди свесна додека си будна и пази како одиш по улица да не те згазне камион, тоа е лошото.rnrnТопло ве поздравувам, и ви велам внимавајте какво кафе пиете на првиот состанок, каква храна јадете и на која страна од масата се навалувате, можеби вашиот партнер потајно ви прави психоанализа. И немој попладнево да сте метеле низ дома, зашто може никој да не сака да ве земе за жена. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години

    Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години

    Научниците велат дека можат да предвидат дали некој може да ја доживее 100-та година од својот живот и тоа со точност од 85%. Ова е возможно со помош на тестот за здраво генетичко стареење. Тие дошле до сложена формула, по проучување на ДНК кај стогодишници и ги идентификувале генетските варијации кои им овозможиле да ја достигнат оваа возраст. Откриени се серија маркери, за кои се мисли дека ги прават луѓето генетски предиспонирани за долг и здрав живот, со тоа што се одолговлекува процесот на стареење на кожата како и спречување на можноста за појава на кардиоваскуларни болести. Овие гени помагаат во разбирањето на фактот дека појавата на подолг животен век, се манифестира во повеќе генерации од истата фамилија, додека кај други луѓе тоа не е пример, иако се внимавало на начинот на живеење, пушењето цигари, пиењето алкохол и други параметри.rnГенетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОвој тест е со точност од 60-85 % во зависност од годините на испитаникот, но малку е веројатно дека може со сигурност да потврди колку точно ќе живеете. Сепак, можноста да се одберат група луѓе кои имаат голема веројатност да ја достигнат 100-та година е корисна за научниците, кои ќе можат понатака да се усовршуваат во изнаоѓање третмани кои ќе се борат против болестите кои се појавуваат во староста.rn
    rn

    „Понатамошните студии на овие генетски карактеристики, можат да доведат до подобро разбирање на генетските и биолошките основи за одложување на  болестите поврзани со стареењето и овозможување подолг опстанок.“ – вели Д-р Томас Перлс.

    rnГенетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОваа студија е започната во 2010 година на Бостонскиот универзитет и резултатите од неа биле објавени во научниот магазин „Sciencе“, но поради проблеми со подадоците, овој артикл бил повлечен. Во новиот документ, кој бил независно потврден од Универзитето Јеил, се додаени дополнителни податоци за исклучително стари луѓе, со просечна старост од 107 години. Овие луѓе, биле идеален модел за здраво стареење, бидејќи тие генерално не чуствувале потешкотии или дисфункции на организмот се до нивната 90-та година.rnrnДодека генетските фактори се само мала влијателна сила за доживување на 85-та година (20-30%), студијата сугерира дека тие би имале многу поголема улога после 85-тата година од животот. Научниците ги скенирале геномите на 801 стогодишник и ги споредиле резултатите на 914 „нормални“ испитаници. Биле откриени 216 генски варијации кои се наоѓале само кај постарата група и се верува дека тие играат улога во побавното стареење. Овие варијации може да се сместат во 26-те т.н „генски потписи“ кои биле карактеристични за 90% од испитаниците во постарата група.Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниrnТим Спектор, професор на Кралската академија во Лондон изјави:rn
    rn

    „Ова е интересна студија на ретки стогодишници. Таа укажува дека гените се многу помоќни од вашата одлука за тоа дали ќе живеете 100 години или пак 85 години. Со стотици гени кои одлучуваат за вас, личните претпоставки за тоа колку години би живееле никогаш не излегуваат точни. Големата вест е тоа дека нема еден ген кој е одговорен за стареењето, туку се буквално илјадници од нив, но сè уште не се знае како тие функционираат и како го даваат свој допринос. Кoга ќе се разјасни таа мистерија, ќе биде многу полесно во наоѓањето соодветни терапии и третмани против стареењето“.

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

    Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnСите ние имаме денови кога стануваме од кревет сабајле и зјапаме „бледо“ во нашиот плакар мислејќи: „Што ли да облечам денес?“ Овој проблем лесно можете да го решите. Направете го следниов тест за да ја откриете бојата која го отсликува вашето моментално расположение.rnrnИнструкции: Запишете ја на посебен лист буквата која најмногу одговара на дадената изјава. На крај од тестот, пресметајте која буква најмногу пати сте ја заокружиле и откријте која е бојата која одговара на вашето расположение.rnrnТест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rnrn

    1. Дали се чувствувате уморно?

    rnа) Малку – би сакала да дремнам барем уште половина час.rnrnб) Малку сум уморна, но не дозволувам тоа да ми пречи.rnrnв) Премногу сум уморна – може да се вратам одма на спиење?rnrnг) Воопшто не сум уморна.rnrnд) Уморна? Секогаш се будам полна со енергија.rn
    rn

    2. Што е прво на вашата листа денес?

    rnа) Хм, денес има маратон на мојата омилена ТВ серија.rnrnб) Милион нешта – цел ден ми е резервиран, но знам дека на крај ќе се исплати.rnrnв) 3 предавања, па на работа и на крај започнување на есејот кој треба да го завршам до утре.rnrnг) Одбирање на совршената облека и средување на мојата фризура веднаш! Потребно е многу труд за да изгледа сѐ добро.rnrnд) Уживање на сонцето, па одење на предавање.rn
    rn

    3. Какво е времето надвор?

    rnа) Врне дожд/снег? Го обожавам!rnrnб) Малку е ладно, но ќе се облечам потопло. Треба да одам на неколку места!rnrnв) Многу е мрачно надвор – посакувам да можев да останам дома.rnrnг) Сончево е – одлично време за забава.rnrnд) Топло и сончево – едноставно совршено!rnrnТест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rnrn

    4. Каква шминка планирате за денес?

    rnа) природнаrnrnб) пудра, моливче, маскара и сјај за усниrnrnв) едноставна: маскара, сјај за усни, можеби и моливче за очи ако имам времеrnrnг) Мислам да пробам нешто ново – можеби посветло моливче за очи или посмел сјај.rnrnд) пудра, сјај за усни, маскара, сенка, моливче за очи, руменило – секојдневната рутинаrn
    rn

    5. Каков вид облека би сакале да носите денес?

    rnа) Нешто удобно и опуштено.rnrnб) Нешто професионално и софистицирано.rnrnв) Нешто едноставно и класично.rnrnг) Нешто уникатно што би привлекло внимание.rnrnд) Нешто тренди и интересно.rn
    rn

    6. Кои од следниве активности би сакале да ги правите денес?

    rnа) Да се завиткам во ќебе со добра книга и кафе.rnrnб) Да работам – и покрај тоа што не е забавно, ќе ми се исплати подоцна.rnrnв) Да се дружам со пријателите или роднините дома.rnrnг) Да правам нешто сама – можеби да одам во друг град или да посетам фитнес-центар.rnrnд) Да излезам со пријателите – на шопинг или на добра забава вечер.rn
    rn

    7. Каква музика би сакале да слушате во моментов?

    rnа) Нешто релаксирачко и весело.rnrnб) Класична музика – ми помага да останам фокусирана.rnrnв) „Old school“ музика која ме враќа назад во друга ера.rnrnг) Што било – ќе го пуштам мојот плеер на рандом.rnrnд) Сѐ на што би можела да танцувам!rn
    rnРезултати: Проверете која буква најмногу сте ја одбирале, и видете подолу која боја ѝ припаѓа. За секоја боја има предлог комбинација за да ви помогне при изборот на вашата облека денес.rn
    rn

    Најмногу одговори под а)

    rnЛадни бои: светло сина или зеленаrnРасположение: релаксирано и смиреноrnrnОваа облека би била совршена за опуштен ден поминат дома или со пријателите. Едноставната маичка, откопчаната кошула и удобните фармерки кои се во нежна зелена, сина или сива боја го надополнуваат вашето смирено расположение. Додадете шал и удобни патики и целосно ќе бидете подготвени за денот кој следува.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под б)

    rnУкрасни тонови: смарагд, рубин, сафирrnРасположение: амбициозно и мотивираноrnrnДенес се чувствувате амбициозно и инспирирани сте да ги постигнете своите цели. Знаете дека овој ден ќе имате многу работа и дека облеката е само мал дел од вашите идни постигнувања кои ве мотивираат да поминете преку сѐ. Овој виолетов фустан и црно сако ќе ви помогнат да го започнете денот на „десна нога“. Додадете едноставни златни обетки и мал прстен како завршни детали за вашиот изглед.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под в)

    rnНеутрални бои: црна, кафена, сива, темно сина, белаrnРасположение: мрзеливо и без енергијаrnrnНеутралните бои создаваат елегантен изглед. Оваа облека е класична, но истовремено носи и елементи клучни за денешната мода – совршена е за денови кога сакате да изгледате убаво, но немате многу време за подготвување. Маичката без ракави и темните фармерки ѝ овозможуваат безвременска основа на облеката без никаков труд, додека пак сакото, саатот и чевлите додаваат малку инспиративен допир кој ќе ви помогне да го започнете денов.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под г)

    rnСмели бои: црвена, портокалова, светло зеленаrnРасположение: храбро и незапирливоrnrnДенеска се чувствувате храбро и најдобар начин за доловување на тоа расположение е носењето црвени панталони. Бидејќи тие сами по себе се многу впечатливи, најдобро е да ги комбинирате со понеутрална маичка и капут. Додадете удобни црни балетанки и необични обетки и постојано ќе привлекувате внимание околу себе.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под д)

    rnСветли бои: розово, светло сино, жолтоrnРасположение: весело и разиграноrnrnКој вели дека зимската облека треба да е темна и досадна? Денес вашиот дух ќе го разубави денот на сите околу вас, па затоа погрижете се да носите облека која ќе одговара на вашето весело расположение. Жолтиот капут ќе ве истакне во морето од црни и сиви капути во центарот од градот, додека пак сивите фармерки ќе овозможат интересен контраст на шарениот топ. Црните високи чизми и розовиот грејач за глава ќе ви помогнат со студеното време.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Колку сте самоуверени?

    Тест: Колку сте самоуверени?

    Степенот на самодоверба има силно влијание на среќата на луѓето, а немањето доволно самодоверба може да биде голем животен хендикеп. На некои луѓе им недостасува самодоверба и тоа ги кочи во животот, но соочувањето со сопствените стравови може да им биде од голема помош. Тестот ќе ви помогне да откриете на кое ниво е вашата самодоверба и кои карактерни особини треба да ги коригирате за да ја избегнете ароганцијата.rnrnТест: Колку сте самоуверениrn

    1. Која од следните земји би сакале да ја посетите?

    rnа) Шпанијаrnrnб) Перуrnrnв) Алжирrn

    2. Што се случува кога сте лути?

    rnа) Ништо особено, ја кријам лутината во себе.rnrnб) Си давам време да се смирам.rnrnв) Сите го забележуваат тоа и во состојба сум да викам по секого.rn

    3. Дали барате помош во продавница без да ви биде незгодно?

    rnа) Да, ако продавачот ми пријде, во спротивно не сакам да му пречам.rnrnб) Се разбира дека ќе побарам помош ако ми е потребна.rnrnв) Штом ќе влезам во продавница веднаш барам помош.rn

    4. Што правите кога некој ви се допаѓа?

    rnа) Се надевам ќе забележи дека сум заинтересирана.rnrnб) Во текот на разговорот ќе му предложам состанок.rnrnв) Ќе го доведам во кревет, бидејќи сум неодолива.rn

    5. Како се справувате со конфликтни ситуации?

    rnа) Мразам конфликти и се трудам да ги избегнувам.rnrnб) Се обидувам да бидам јасна, но се трудам да ги разберам и другите.rnrnв) Напаѓам уште пожестоко отколку другите.rn

    6. Колку често јадете во ресторан?

    rnа) Не сакам да јадам во ресторан, освен во посебни прилики.rnrnб) Прилично често, онолку колку што ми дозволуваат финансиите.rnrnв) Секоја вечер, бидејќи готвењето е губење време.rn

    7. Дали сакате екстремни спортови?

    rnа) Не, бидејќи нема зошто себеси да се доведувам во опасност.rnrnб) Некои од нив изгледаат интересно и можно е да испробам некој.rnrnв) Колку поекстремно толку подобро, бидејќи сакам возбуда.rn

    8. Се чувствувате ли сигурно?

    rnа) Не особено, бидејќи светот стана прилично несигурно место.rnrnб) Се чувствувам прилично сигурно.rnrnв) Се чувствувам сосема сигурно. Никој ништо не ми може.rn

    9. Вашиот пријател доведува непозната личност на кафе.

    rnа) Се чувствувам неудобно кога сум во друштво на непознати луѓе.rnrnб) Мојот пријател е супер, па е супер и неговиот пријател.rnrnв) Ми пречи, биејќи тоа требаше да биде само наше кафе.rn

    10. Дали сами би излегле во некој клуб, ресторан или кино?

    rnа) Не. Ќе излезам само ако имам друштво.rnrnб) Се разбира, ако сакам да излезам, тогаш тоа и ќе го направам.rnrnв) Ако излезам секогаш може некој да ми се придружи.rn

    11. Дали сте привлечни?

    rnа) За жал, не сум привлечен/а.rnrnб) Мислам дека сум привлечен/а и покрај тоа што вкусовите се различни.rnrnв) Всушност сум прекрасен/а.rn

    12. Знаете ли што сакате?

    rnа) Повеќе сум фокусирана на туѓите желби.rnrnб) Да, знам кој сум и го прифаќам тоа.rnrnв) Го заслужувам и го барам само најдоброто.rn

    13. Дали уживате во големи забави?

    rnа) Не. Повеќе сакам интимно дружење со пријателите.rnrnб) Да, бидејќи тоа е добра прилика да се запознаат нови луѓе.rnrnв) Се разбира. Колку е поголема забавата, толку ќе биде поголема мојата „публика“.rn

    14. Дали имате среќа?

    rnа) Обично немам среќа.rnrnб) Да, имам прилично среќа.rnrnв) Среќата е за губитници. Својата среќа ја создавам сам/а.rn

    15. Која е вашата животна насока?

    rnа) Немам насока. Живеам ден за ден.rnrnб) Имам идеја каде одам, иако е менлива.rnrnв) Одам директно кон врвот и останувам таму.rn

    16. Што правите кога некој се обидува да ве заведе?

    rnа) Никој не се обидува да ме заведе.rnrnб) Тоа е секако ласкаво. Ако ми се допаѓа ќе прифатам.rnrnв) А што би правела кога не би се обидувале да ме заведат?rn

    17. Што е најблиску до вашиот идеален одмор?

    rnа) Една недела мир и тишина во село.rnrnб) Патување во странство, убаво време и култура.rnrnв) Луксузно одморалиште со многу послуга.rn

    18. Некој пријател неочекувано ве моли да му помогнете.

    rnа) Ќе ми биде задоволство да му помогнам.rnrnб) Ќе му помогнам ако можам.rnrnв) Вистинските пријатели немаат такви неочекувани барања.rn

    19. Дали се шетате низ својата населба?

    rnа) Не, не се чувствувам доволно сигурно.rnrnб) Се разбира, убаво е да го истражуваш своето соседство.rnrnв) Не, за таа цел служат автомобилите.rn

    20. Дали би сакале да доживеете „surprise party“?

    rnа) Дефинитивно не.rnrnб) Зошто да не, би било интересно.rnrnв) Не би им успеало да го направат тоа без мое знаење.rnrnТест: Колку сте самоуверениrnrnОдговори под „а“ 0 бодовиrnrnОдговори под „б“1 бодrnrnОдговори под „в“2 бодаrn

    5 или помалку бодови:

    rnВие за жал немате самодоверба и тоа ви го уништува животот. Неопходно е да направите пресврт и да се соочите со своите стравови, а тоа значи да се обидете да  направите некои храбри потези кои вообичаено не би ги направиле. Секогаш кога ќе се охрабрите да го направите тоа , ќе забележите дека вашиот страв станува се помал.rn

    Од 6 до 12 бода:

    rnВашето ниско ниво на самодоверба ве попречува во важните животни настојувања. За вас е поедноставно да им дозволите на другите да биде по нивно, а вие да се залажувате дека тоа е така затоа што сте добра личност која не сака конфликти. Но, колку повеќе ги игнорирате своите потреби, ќе станувате покревки, почувствителни и огорчени.rn

    Од 13 до 28 бода:

    rnЛуѓето кои го достигнале овој број на бодови имаат здрав и добро избалансиран однос со самите себе и со својот живот. Доволно сте самоуверени за да знаете да се изборите за сопствените потреби, но сепак имате разбирање и за другите. Јасниот став со кој зрачите е одраз на вашата сигурност, а не на вообразеност и тоа многу ви помага во животот.rn

    Од 29 до 35 бодови:

    rnВие не сте само самоуверени, туку и самобендисани. Вам веројатно тоа ви се чини одлично и ви помага во животот, но луѓето би можеле да ве изолираат поради таквиот став. Повеќето луѓе не сакаат личности кои се премногу сигурни во себе, па поради тоа би можеле да имате проблеми со воспоставување пријателства. Би требало малку да се „приземјите“.rn

    Од 36 до 40 бодови:

    rnВие навистина сте дошле до врвот, но на ароганција. Многу малку луѓе можат и сакат да се справат со толку арогантни личности, а уште помалку луѓе го сметаат таквиот став за привлечен. Вам тоа веројатно не ви е важно, бидејќи и онака тие „губитници“ не ви се потребни. Меѓутоа таквото однесување честопати е замена за некоја голема болка која ја криете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашиот стил на учење за тест

    Астрологијата и вашиот стил на учење за тест

    Учењето пред испит може да биде застрашувачки за некои ученици/студенти. Родителите можат да им помогнат на своите деца да бидат поуспешни, ако ги поддржат на ефикасен начин, а околу одбирањето вистински метод на мотивација, ќе им помогне токму астрологијата.rnrnАстрологијата и вашиот стил на учење за тестrnrn

    Овен

    rnОвенот сака да биде победник, така што неговите родители треба да смислат некоја награда која  нивното дете ќе ја добие ако го положи тешкиот тест, за да го мотивираат. Овните брзо губат трпение, поради што за да останат фокусиранi, им се потребни почести паузи од учење, кои вклучуваат физичка активност.rnrn

    Бик

    rnБавниот и стабилен бик, може да се исфрустрира ако некој го форсира да биде побрз во завршувањето на задачите. На него му требаат многу часови за темелно да ја заврши започнатата работа, за што му е потребна тивка и мирна работна средина.rnrn

    Близнаци

    rnКако најсоцијален и најкомуникативен знак, близнаците најдобро ги завршуваат нивните задачи кога имаат со кого да си ги прераскажат лекциите. Приватен професор или пријател кој ја учи истата материја, е она што ним им е потребно за да останат фокусирани.rnrn

    Рак

    rnРакот може да потроши повеќе време мечтаејќи како ја завршува задачата, отколку што стварно работи на случајот. Нив им е потребна малку храброст и нежен поттик, за да им тргне работата. Претставниците на овој хороскопски знак се познати по тоа дека уживаат во храната, па некои здрави грицки и витамини добро ќе им дојдат, додека учат за тест.rnrn

    Лав

    rnПризнавање и почитување на талентот кој тој го поседува, ќе му помогне да остане мотивиран. Фокусирајќи се на своите успеси, на лавот може да му се зголеми желбата за создавање нов успех. На претставниците на овој знак би им годел систем на наградување, за добро завршената работа.rnrn

    Девица

    rnВнимателната, уредна и трудољубива девица сака совршено да си ги извршува своите обврски, така што таа може и воопшто да не го учи предметот, ако смета дека нешто не прави како што треба. Родителите треба да ја мотивираат, така што ќе ѝ дадат на знаење дека грешки секому му се случуваат и да ѝ влеат храброст и позитивна енергија за да може да ги реши сите проблеми.rnrn

    Вага

    rnНа дружељубивата вага ќе ѝ користи да биде во друштво додека учи. И покрај тоа што таа може да се дефокусира од учењето, правејќи си муабет, сепак доколку е опкружена со добар ученик/студент, голема е веројатноста да остане концентрирана на предметот.rnrn

    Скорпија

    rnСкорпијата сака да навлезе во суштината на материјата и да го разреши секој проблем или дилема која ја има. Таа не сака да работи на површни задачи, кои немаат никаква поента. За да останат фокусирани на тематиката, на скорпиите добро би им дошол квалитетен тутор, на кој тие му веруваат и го почитуваат.rnrn

    Стрелец

    rnНајдобриот наставник во зодијакот е токму стрелецот, па поради тоа тој останува мотивиран доколку паралелно додека учи, им помага и на други колеги/соученици да ја сфатат материјата. Објаснувајќи му ја проблематиката на некој друг, стрелецот си помага и себеси побрзо и поквалитетно да сфати за што станува збор.rnrn

    Јарец

    rnСериозниот јарец сака концизен план додека учи, па родителите можат да му помогнат на начин што ќе му одредат време и место кое ќе го посвети на учењето. Јасно поставени граници ќе му помогнат на овој знак да сфати што точно се очекува од него како студент/ученик.rnrn

    Водолија

    rnНа оригиналната водолија може да ѝ претставува проблем секојдневното седнување на маса пред отворената книга. За да не ѝ досади брзо, родителите треба да смислат разни начини на кои ќе ја наградат ако ги положи тестовите. На тој начин, на водолијата учењето ќе ѝ биде поинтересно и плус ќе биде помотивирана да научи сè што е потребно за да положи.rnrn

    Риби

    rnСензитивната риба можеби изгледа како повеќе да мечтае, отколку што реално ги завршува домашните задачи за на училиште/факултет. Но, ако ѝ дадете добар распоред на време, таа сè ќе научи во дадениот рок и ќе постигне успех на тестовите. На рибата исто така, може да ѝ годи слушањето музика додека се спрема за испит.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.