КАФЕ ПАУЗА

Tag: Теоријата за Биг Бенг

  • Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

    Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

    Фиренца, Прага и Лондон со нивните планетариуми, астрономски часовници и огромни библиотеки се совршен избор за патниците кои сакаат да продрат подлабоко во мистериите на астрономијата и потеклото на времето. Еден таков град, полн со научни откритија не е дел од листата на белосветски патници. Имено, се работи за гратчето Левен во Белгија. Овој универзитетски град е местото каде што во 1931 година отец Жорж Леметр, белгиски католички свештеник, ја напишал хипотезата за почетоците на универзумот. Со други зборови, Левен е местото каде била родена теоријата за Биг Бенг, или како што Леметр го нарекол својот концепт, „денот без вчера“.rnrnДали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?rn

    Таткото на теоријата за Биг Бенг

    rnВо 1930-тите теоријата на Леметр била едноставно незамислива за неговите современици, вклучувајќи го и Алберт Ајнштајн кој ја отфрлил неговата претпоставка дека универзумот се шири.rn

    Во тоа време, физичарот му рекол: „Твојата математика е точна, но твојата физика е ужасна.“

    rn

    Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?
    Средба помеѓу Алберт Ајнштајн и Жорж Леметр во Калифорнија, 1933 година.
    rnrnРоден во 1894 година, Леметр уште на 9-годишна возраст знаел дека ќе биде свештеник и научник. Првин се обучил како градежен инженер, а потоа продолжил на студиите по математика на Католичкиот универзитет во Левен каде што на крајот станал професор. Додека ја идентификувал врската помеѓу теоријата на релативност на Ајнштајн и ширењето на универзумот, истовремено се подготвувал и да стапи во служба на епархиското свештенство. Подеднакво го интересирала вистината за човековото спасение, но и вистината од научен аспект. Неговата поврзаност со папата станала толку важна што Леметр бил избран од папата Пиј XI за член на Папската академија за науки во Ватикан, а во 1960 година станал нејзин претседател.rn

    Во потрага по Леметр

    rnЛикот на Леметр и не е толку популарен во белгиското гратче, па затоа оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за него, треба да знаат каде да бараат. Неговата извајана статуа се наоѓа во дворот на колеџот кој некогаш бил седиште на Институтот за физика на Католичкиот универзитет во Левен.rnrnДали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?rn

    Наследството на Левен

    rnПокрај Леметр, во ова мало гратче живееле и работеле и многу други научници кои дале значаен придонес во развојот на науката. Градоначалникот на Левен, Мохамед Ридујани, смета дека гратчето е поврзано со историјата преку долгата нишка на брилијантните умови кои живееле тука и нивната иновативност.rn

    „Клучниот збор е иновацијата, а уште од средниот век Левен бил безбедно место каде научниците слободно ги изразувале своите идеи“, вели Ридујани. „Овде живеат околу 100.000 луѓе, но повеќе од 60.000 се студенти. Тоа остава голем простор за поттикнување на имагинацијата.“

    rnОткако прочитавте каде била откриена теоријата за Биг Бенг, можеби ќе сакате да прочитате и 11 неверојатни факти за Млечниот пат.rnrnИзвор: nationalgeographic.com

  • 10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејми

    10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејми

    Според науката, Шелдон Купер и Ејми Фара Фаулер се совршен пар. Во епизодата „The First Pitch Insufficiency“ од осмата сезона на ТВ серијата „The Big Bang Theory“ Шелдон открива дека тој и Ејми добиле 8,2 од 10 поени на тест кој ја мери стабилноста на парот според нивното однесување. Сите парови имаат свои каприци, но доколку се обидете да ги примените наредниве совети од Шелдон и Ејми, познати и како Шејми и вие ќе станете совршен пар како нив.rn

    1. Танцувајте како никој да не гледа

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    2. Прифатете дека некои проблеми едноставно немаат решение

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    3. Секогаш говорете од срце

    rnrn

    4. Доделувајте си комплименти

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    5. Одете храбро онаму каде што ниту еден пар досега не бил

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    6. Шепотете во неговото/нејзиното уво

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    7. Запомнете дека врските се составени од компромиси

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    8. Без разлика на ситуацијата, секогаш бидете поддршка еден на друг

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    9. Бидете спонтани и романтични

    rn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrn

    10. Секогаш имајте цврст договор за врската

    rnrnrnСледете ги овие 10 чекори и многу брзо ќе станете совршен пар!rnrn10 начини да бидете совршен пар како Шелдон и Ејмиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни сцени од „Теоријата за Биг Бенг“

    Незаборавни сцени од „Теоријата за Биг Бенг“

    Одличната ТВ серија „Теоријата за Биг Бенг“ со својата оригиналност постигна огромен успех низ целиот свет. Може слободно да се каже дека ликовите Шелдон, Ленард, Пени, Хауард, Раж, Ејми и Бернадет никогаш нема да се заборават. Ниту пак некои специфични моменти како кога Шелдон чука кај Пени на врата, употребата на фразата Базинганеможноста на Раж да зборува со девојки, интелигентните периоди на Пени, како и песната „Soft Kitty“…Незаборавни сцени од „Теоријата за Биг Бенг“Искрено, ретки се сцените кои не се незаборавни од оваа ТВ серија. Но, по подолго размислување успеавме да издвоиме дел од најинтересните кои ќе ве насмеат до солзи. Погледнете ги наредниве неколку видеа и доколку сме ја изоставиле вашата омилена сцена, слободно споделете ја со нас во коментарите подолу…rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnРоден во Хјустон, Тексас, Парсонс почнал да се интересира за глумата откако ја добил улогата на птицата Кока-кола во училишната изведба на „Детето на слонот“. Во 2001 година тој завршил театарски мастер студии на Универзитетот во Сан Диего и се преселил во Њујорк со надеж дека таму ќе ја започне својата кариера како глумец. Во 2007, Парсонс конечно ја добил својата шанса за пробивање со улогата на Шелдон Купер во ТВ-серијата „Теоријата за Биг Бенг“, улога која целосно ќе му го промени животот.Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг
    rn

    „Она што најмногу ми се допаѓа кај Шелдон е начинот на кој се обидува да реши големи научни проблеми. Ми се допаѓа и како неговото научно резонирање често не функционира во реалниот свет, на пример кога разговара со Пени или со некој надвор од неговиот мал круг на пријатели-гении, но сепак, не го менува својот начин. Шелдон е премногу сигурен во себе и мислам дека тоа е одлична карактеристика.“

    rnШелдон е физичар кој нема никакви социјални вештини. Уште од самиот почеток, Парсонс верувал дека може одлично да го долови карактерот на својот лик. И покрај тоа што не чувствувал никаква сличност со Шелдон, тој постојано бил фасциниран од дијалозите кои биле пишувани за него и од начинот на кој треба да се изразува.rn
    rn

    „За жал многу малку научив за физиката. Тоа е за срам, но сепак секогаш кога има нешто научно во сценариото барам на интернет за да знам за што говорам. Но, тоа е сè. Честопати се случува експертот за физика да напише некоја формула, шега на таблата и јас да не ја сфатам. И по долго објаснување кога конечно ќе сфатам, едноставно не ми е смешно. Не сум воопшто попаметен откако сум во серијата. Всушност, мислам дека сум малку поглупав бидејќи немам многу слободно време за учење нови работи.“

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг БенгВо 2009, Парсонс ја доби наградата „Television Critics Association“ за индивидуално достигнување во комедија, во 2010 доби Еми награда за неверојатен актер во комедија и во 2011 доби Златен Глобус за најдобар актер.rnrnНа прашањето како успеваш да направиш толку да го сакаат твојот лик кога како личност никој не би требало да го поднесува, тој вели:rn
    rn

    „Писателите многу внимателно ги омекнуваат „тешките“ зборови. Другиот начин е како другите ликови реагираат на него – со вознемиреност, но и со помирување. Тоа се префрлува и на публиката, а јас воопшто не се обидувам да го доомекнам. Искрено, многу често поентата е да биде премногу иритантен.“

    rnrnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг„Теоријата за Биг Бенг“ достигна огромен успех и успеа да привлече публика од сите возрасти. Но, она што никој нема да го заборави се интересните и уникатни реплики на Шелдон. Еве еден мал дел од нив:rn
    rn

      rn011

    • Базинга!
    • rn011

    • Не сум луд, мајка ми ме тестираше.
    • rn011

    • Сакаш топол напиток? Ми дадоа до знаење дека кога некој е тажен треба да му се понуди топол напиток…
    • rn011

    • Според договорот на цимерите…
    • rn011

    • Пени не треба да плачеш зашто си глупава. Човек плаче кога е тажен. На пример, јас плачам зашто другите се глупави, а тоа ме прави тажен.
    • rn011

    • Јас ја сакам мајка ми, но чувствата за моето место на каучот се многу поголеми.
    • rn011

    • Тоа е погрешна равенка. Повеќе не е еднакво на повесело. Да имаше 2.000 луѓе во апартманов сега, дали ќе славевме? Не, ќе се гушевме.
    • rn

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенгrn

      rn011

    • Знаете дека сум многу паметен човек. Дали мисите дека ако не бев во право, немаше да знам?
    • rn011

    • Што точно значи „пријатели со бенефиции“? Дали тој ѝ овозможува на неа здравствено осигурување?
    • rn011

    • Мало недоразбирање? Галилео и Папата имале мало недоразбирање…
    • rn011

    • Ејми мора да ти признаам дека преправањето како да имам однос со тебе ми донесе многу големо задоволство.
    • rn011

    • Очигледно не можеш да го хакнеш супер компјутерот на владата и да се обидеш да купиш ураниум без Одделот за домашна безбедност да те издаде на мајка ти!
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

    Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

    На популарноста на јунаците од хит серијата „The Big Bang Theory“ ù нема крај. На интернет кружат нови модни комбинации инспирирани од нивните улоги. Наменети се исклучиво за девојките. Еве по збор-два за овие ултраинтересни ликови и за нивниот изглед во серијата…rnrnАрогантниот и параноичен гениј д-р Шелдон Купер (Џим Парсонс) ужива да ја истакнува својата интелектуална супериорност. Речиси во секоја епизода го потенцира фактот дека на факултет се запишал на шест годишна возраст, а доктор на науки станал на свои 16 години. Покрај науката, негова страст се и стриповите, видеоигрите, а огромен обожавател е и на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки“. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Шелдон воопшто не се грижи за модните трендови, но постојан е во љубовта кон маичките со суперхерои и кон карираните дезени. Неговите комбинации изгледаат смешно, но ако внимателно ја селектирате облеката, парче по парче, со малку креативност можете да добиете навистина кул изглед.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Леонард (Џони Галецки) е трпелив цимер и колега на Шелдон. Исто така е физичар и со слични хобија и интереси, но кога станува збор за љубовта, тие имаат дијаметрално спротивставени ставови. Шелдон е детинестиот цимер, а Леонард е во потрага по вистинска љубов и стабилна врска.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“За разлика од неговиот другар Шелдон, Леонард е умерен во облекувањето. Неговите парчиња облека се едноставни, но со добро искомбинирани бои. Препознатлив е по очилата со дебели рамки.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Пени (Кејлу Куоку) е типичен пример за девојка од соседството. Таа живее во станот спроти Шелдон и Леонард. Пени се надева дека еден ден ќе стане успешна актерка и сценограф, а додека ги гаи тие соништа работи како келнерка во ресторанот Чизкејк фактори. Таа одлично ги прифатила ексцентричните момци, кои повремено ја збунуваат. Но, кога станува збор за реалниот свет, тогаш на сцена стапува Пени. Тие знаат да затропаат на нејзината врата за совет, особено Шелдон со неговото специфично тропање.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот стил на облекување е едноставен и вообичаен за модерните и кул девојки. Таа е секси во град, но и обична, слатка и опуштена сосетка, која кај Шелдон и Леонард практикува да намине во своите удобни пижами.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард Воловиц (Сајмон Хелберг) е вселенски инженер и единствен во групата гении кој нема докторат. Тој живее со неговата луда мајка и себеси се класифицира во опасен женкар. На крајот љубовта ја наоѓа во колешката на Пени, Бернадет.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард има најоткачен стајлинг. Тој носи тесни, припиени панталони, ролки и карирани кошули. Ако нешто отфрлите од тоа, а нешто додадете, добивате конечен секојдневен изглед, погоден за на факултет или за на работа.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Раж (Кунал Најар) е астрофизичар и најдобриот пријател на Хауард. Доаѓа од богато семејство од Индија. Раж ја обожава американската храна и нивната поп-култура и е во постојан страв дека ќе го депортираат назад во Индија. Тој е екстремно срамежлив и има сериозен проблем во комуникацијата со девојките. Не може да изусти ниту збор пред нив, ако не е под дејство на алкохол. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Гардеробата на Раж главно се состои од елечиња во многу бои и дезени. Делуваат збунувачки. Такви парчиња облека, па и не можете баш да најдете во бутиците, но еве еден обид за „кежуал“ стајлинг кој потсетува на Раж.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Бернадет (Мелиса Раух). Таа има докторат по микробиологија и како што веќе напоменавме, работи заедно со Пени во ресторанот. Заљубена е во Хауард, го смета за нејзина сродна душа, иако многу често не ја разбира неговата чудна смисла за хумор. Бернадет е слатка и весела, но во нејзините „жолти минути“ прозвучува како мајка му на Хауард.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот изглед е по малку наивен, на парчињата облека што ги носи преовладуваат цветните дезени. Но, ако имате време и си поиграте со комбинациите, може да добиете класичен и секси изглед од 60-те години.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Па девојки, би облекле некоја од овие комбинации? Размислете за Ражовиот „аутфит“. :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за серијата „Теоријата за Биг Бенг“

    Интересни факти за серијата „Теоријата за Биг Бенг“

    Серијата „Теоријата за Биг Бенг“ започна да се снима во 2007 година и инстантно стана хит секаде во светот. За нејзиниот успех говори и просечната гледаност од 14 милиони гледачи на последните две сезони, само во САД. Распродадена е во повеќе од 70 земји низ светот и е добитничка на многу награди. Најверојатно нејзиниот успех се должи на специфичните ликови кои од епизода во епизода сè повеќе изненадуваат. Моментално се прикажува петата сезона, а серијата има договор за уште дополнителни две.Интересни факти за серијата „Теоријата за Биг Бенг“1. Оригиналниот наслов на серијата гласел „Лени, Пени и Кени“. rnrn2. Неспособноста на Раж да зборува со жени, освен кога е пијан, е особина инспирирана од поранешен колега на продуцентот Бил Преди, кога тој работел во компјутерска компанија. rnrn3. Пени е единствениот карактер чие презиме сè уште не е откриено во серијата. rnrn4. Имињата на сите епизоди се поврзани со терминологија од некоја наука и неретко немаат никаква поврзаност со случувањата во истата.rnrn5. Шелдон често носи маички од супер херои во разни бои. Секоја од нив го претставува неговото моментално расположение (црвена – лутина, портокалова –  лакомост, жолта – страв, зелена – храброст, сина – надеж, индиго – сожалување, виолетова – љубов). rnrn6. Мајим Бијалик, глумицата која го игра ликот на Ејми, „девојката“ на Шелдон, е единствената од екипата која има титула доктор на науки во вистинскиот живот.rnrn7. Во поголемиот дел од епизодите, Леонард нема стакла на очилата. rnrn8. Џим Парсонс (Шелдон), иако во серијата нема положено возачки испит и цело време инсистира некој од другите ликови да го однесе до некаде, во реалниот живот всушност има огромен проблем бидејќи му се слошува при патување, па затоа инсистира тој да вози.rnrn9. Многумина не знаат дека Џим Парсонс е геј и дека кога во 2010 година ја доби наградата „Еми“ го запроси својот долгогодишен дечко.rnrn10. Првите две години од снимањето на шоуто, Кејли Куоко (Пени) и Џони Галеки (Леонард) биле во врска. Но исто како и во серијата, тие раскинаа во 2010 година и сега се само пријатели.rnrn11. Во серијата Леонард често го задеваат за неговата висина. Тој е висок само 165 сантиметри.rnrn12. Кејли Куоко во 2002 била рангирана како тенисерка во аматерска категорија, но потоа се посветила целосно на глумата.rnrn13. Сајмон Хелберг (Хауард Воловиц) е професионален пијанист.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.