КАФЕ ПАУЗА

Tag: тантела

  • Дел од шармот на годинешниот Fashion Week во Скопје

    Дел од шармот на годинешниот Fashion Week во Скопје

    Автор: Софија Сионоваrn Фотографија: Христина ТрајкоскаrnrnИмавме можност да присуствуваме на четвртиот ден од Модната недела во Скопје. Префинетост и хипи боем, блескави, нежни и шарени бои е она што го видовме на деветтото издание на FWSK. Во продолжение ви ги претставуваме креациите на Оливера Штакоска, Ивана Јованоска, Јасмина Дракул.rnrndel-od-sharmot-na-godineshniot-fashion-week-vo-skopje-kafepauza.mkrn

    Хипи боемски стил: Оливера Штакоска

    rnПод насловот „Lace“, Оливера Штакоска за првпат во рамките на FWSK, преку сопствената призма ни ја претстави својата хипи боемска колекција исполнета со весели и игриви бои надополнети со пријатни и лесни материјали покажувајќи како треба да се изгледа во топлите летни денови. Едноставните и секојдневните комбинации исполнети со племенски мотиви беа полн погодок, а најзастапени беа свилените фустани со детали од тантела и долгите макси фустани со џебови, во цигански стил. На нозете манекенките носеа лесни римјанки со мали чантички во рацете, а косата им беше во релаксирана варијанта, најчесто во бушава плетенка.rnrn

    rn

    Моден перформанс: Ивана Јованоска

    rnОсвен Штакоска, деби перформанс имаше и Ивана Јованоска која со својата елеганција и префинетост ќе ве остави без здив. Иако за првпат се претстави на Модната недела, Ивана Јованоска покажа дека целосно го заслужи вниманието, пофалбите, како и местото покрај веќе добро познатите дизајнери. Манекенките пленеа со својата убавина, слатките лица и интересните кокови, а често се слушаше и звук од златните синџири кои елегантно висеа на фустаните така што акцентот беше ставен на рамениците. Најзастапена беше белата боја со примеси од злато, а целокупниот изглед беше надополнат со златни или крем шпиц чевли.rnrn

    rn

    Во полн сјај: Јасмина Дракул

    rnСофистицираност, грациозност и шарм се зборовите кои најдобро ја опишуваат колекцијата на Јасмина Дракул. „Во полн сјај“ е насловот на колекцијата, а Дракул ни ја претстави својата замисла за пролетта со грациозни коктел фустани и неколку величествени тоалети. Палетата на бои се движеше од жолта до бела, со по некој црн фустан, а необично беше тоа што на свиленикавите делови беа рачно додадени и цветови. Фризурите беа со ретро кадрици, карактеристични за златната ера во Холивуд, а моделите чекореа во беж и црна боја високи потпетици.rnrn

    rnrnНа настанот ја сретнавме модната блогерка Фросина Дамјановска. Низ муабет таа ни откри дека трендот за оваа сезона ќе биде цветниот принт, кроп топот, високите шпиц потпетици и белата боја, а според Фросина, на овој FWSK најубава била ревијата од Мила Кадриу.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolce&Gabbana“

    Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolce&Gabbana“

    Доколку сте љубители на модата која ги рефлектира доцните 50-ти години од минатиот век, тогаш со сигурност ги почитувате моделите кои ги прави модната куќа „Dolce&Gabbana“.Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Овие ретро кроеви се фантастични, а на скоро секое мало ремек-дело од оваа колекција, централен материјал е скапоцената сицилиска тантела.Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“ Најубавите фустани од најновата колекција на „Dolceamp;Gabbana“
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

    9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

    Во летниот период е навистина важно гардероберот да ви е полн со разни модерни здолништа, од кои секогаш ќе можете да одберете нешто, за секоја пригода. Носејќи го вистинското здолниште за вашето тело, можете да изгледате исклучително женствено и елегантно. Доколку сакате сите очи да бидат вперени кон вас, погледнете кои типови здолништа се „ин“ за лето 2013.rn

    1. Здолниште со набори

    rnЗдолништата со набори, особено оние изработени од меки материјали во пастелни бои, се едни од најмодерните за ова лето. Овој тип здолниште ќе направи да изгледате многу женствено и сензуално. Можете да го комбинирате со свилена блуза или маичка и немојте да заборавите да облечете и високи потпетици, особено доколку сте пониски. Ваквото парче гардероба е прикладно и за дневна и за ноќна шема.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    2. Кратко здолниште

    rnМини-здолништата направија голем „камбек“ и се застапени на сите модни шоуа оваа сезона, и покрај тоа што може да се каже дека тие никогаш не ни излегле од мода. Тие се јавуваат во различни облици: класични, ретро, асиметрични, направени од светкави и металик материјали, со реси, дури и со пепла. Можете да ги комбинирате со поширока блуза за да постигнете контраст или доколку имате здолниште со висок струк, можете да го комбинирате со топ со должина до над папокот.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    3. Здолниште со ластик

    rnОва стилско здолниште исто така брзо стана хит на модните писти ова лето. Доколку се решите за ваков модел во повеќе бои, треба да бидете многу внимателни со изборот на блузата, бидејќи е тешко за комбинирање. Во вакво здолниште ќе се истакнете помеѓу гужвата. За да привлечете уште поголемо внимание, можете да искомбинирате црно здолниште со ластик, со неонска блуза и еден пар високи потпетици.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    4. Здолниште со тантела

    rnДруго најпродавано здолниште на модните шоуа оваа сезона, се прекрасните здолништа со деликатна тантела. Можете да направите комбинација од црно здолниште со тантела и блуза широка во рамената или со рамена дотерани со панделки, врвки или ракави со монистри. Дефинитивно сите погледи ќе бидат вперени кон вас. Ваквите здолништа доаѓаат во сите облици и должини, па доколку сте во потрага по интелигентен и шик изглед, можете да изберете класично здолниште со тантела, но доколку сакате да се чувствувате кул и удобно, треба да одберете здолниште со тантела на ластик.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    5. Неонско здолниште

    rnОсвојте го најдречливиот тренд оваа сезона и купете си неонско здолниште. Притоа, треба да обрнете многу внимание на начинот на кој ќе го искомбинирате. Блузата треба да биде во неутрална, па дури и во црна боја. Затоа, можете да си играте со разни аксесоари кои ќе ги носите во разни прилики. Одлучете се за неколку дреч алки и крупна, доминантна огрлица.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    6. Миди-здолниште со висок струк

    rnОва лето, миди-здолништата со висок струк, се поелегантната алтернатива на основното мини-здолниште. Овој вид здолниште убаво прилега на речиси секоја фигура и можете да го носите за на работа или за вечерно излегување, а воедно да се чувствувате многу удобно. Можете да го комбинирате со краток горен дел за секси изглед или со малку поширока блуза со асиметричен раб, доколку сакате да изгледате поелегантно и сакате да ја истакнете вашата сензуалност.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    7. Макси-здолниште

    rnМакси-здолништата се едни од омилените типови здолништа кај жените во текот на жешката сезона, особено во текот на летните одмори, бидејќи овозможуваат одлична удобност. Големите модни брендови како Шанел и Луј Витон, ја вратија модата на овие здолништа, експериментирајќи со различни материјали и висок струк. Ваквиот тип здолниште може да се комбинира во многу различни стилови. Можете да се одлучите за асиметрично макси-здолниште (кусо однапред, долго до земја одзади) или симетрично ретро макси-здолниште, па дури и со набори, за додатна елеганција.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    8. Асиметрично здолниште

    rnАсиметричните здолништа се апсолутен хит во светот, но и во нашата држава, оваа и минатата година. Колку е поголема разликата во висината на предната и задната страна и колку се полелеави, толку подобро! Честопати се нарекувани и долго-кратки здолништа, па дури и водопад-здолништа. Комбинирајте ги со тесна блузичка вметната внатре во здолништето или со кратка маичка над папок. Не заборавајте да се накитите и со специфичен, разигран накит.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    9. Здолниште со пепла

    rnОвој тип здолниште ги истакнува облините на женското тело и создава визуелен ефект дека половината ви е потенка, а бутините позаоблени. Стои добро на голем број девојки, создава една мистериозна сензуалност и може да се комбинира со различни маици, топови и блузи. Станаа тренд минатата година, а се носат и оваа сезона.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас

    Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас

    Автор: Симона РистоскаrnrnДоколку во 2011 не успеавте да испробате некоја нова фризура, еве неколку идеи кои можат да ве инспирираат во годината што е пред нас. А ако изминатата година ја одбележавте со креативност и различност во стилот, нема причина зошто да не продолжите така и во 2012. Следните неколку идеи опфаќаат повеќе стилови, од елегантни и префинети фризури до диви и несекојдневни. Ваше е да се пронајдете во некоја од нив и да измамите погледи при следното излегување во град.rnrnКопирајте го стилот на Мерлин во неколку едноставни чекори. За да го добиете овој изглед, прво треба да нанесете пена за коса и да ја сушите косата со главата наведната надолу за да добиете на волумен. Потоа, повлечете ја косата на едната страна, издвојте повеќе покрупни прамени и свиткајте ги во топчиња прицврстени на крајот со шнола. Оставете ја косата така некои 10 минути, пуштете ги прамените и нежно со четка чешлајте ја косата нанадвор за да ги добиете глатките кадрици со гламурозен ефект.Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насТантелата е секогаш ин и може да ви даде особено шик изглед за вечерните излегувања. Прво, нанесете средство за волумен на мокра коса, а потоа исправајте ја со помош на фен и четка. Соберете ја косата во опавче на страна и истапирајте ја така фатена за уште повеќе волумен. Прамените зацврстете ги со помош на шноли за да формирате пунџа. Тантелата, којашто треба да биде прилично долга, поставете ја над челото, околу пунџата и зацврстете ја под и околу неа со шноли. Пунџата не мора да биде совршена, тантелата ќе си го направи своето. Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насТрикот кај оваа дива и воочлива фризура повторно лежи во спрејот за волумен. Добро исушете ја косата, нема потреба да употребувате четка. Колку понесреден изглед добиете, толку подобро. Издвојте дел од косата над челото, некои 2-3 сантиметри, зависно од изгледот што сакате да го постигнете. За подобар ефект, патецот поставете го што повеќе на едната страна. Издвоениот прамен можете да го зацврстите со шноли зад ушите или пак, за ефект како на сликата, соберете го на крај со остатокот од косата.rnrnОстанатиот дел можете да го истапирате или пак да ги свиткате прамените во екстра широки виклери кои ќе ги чувате некои десеттина минути. Откако ќе ги одвиткате прамените, истапирајте ја лесно косата и напрскајте ја со лак или пак со сув шампон, повторно за волумен. Соберете ја целата коса во ниско опавче. Спремни сте за журка. Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насКратката фризура е нешто што дефинитивно треба да го пробате доколку сакате да експериментирате со должината на косата. Треба многу помалку труд за да го добиете посакуваниот ефект отколку што изгледа дека е потребно. Секако, прво ќе ви треба помош од фризер. Тајната е во разиграните степени низ целата коса, што ќе изгледаат како сами да сте ја крателе. Доколку имате густа коса ќе треба да ги изретчите краевите, а доколку имате тенка коса фризерот нека ги остави прамените долги барем до рамениците. Сè што треба вие да направите е да нанесете крема за обликување и лесно да ја изгужвате косата и имате „средена“ фризура секој ден.Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насСледува една интересна фризура која ќе го зачини вашиот изглед и со која сигурно ќе бидете забележани. Сè што треба да направите се следните едноставни чекори. Прво, измазнете ја косата и фатете ја во ниско опавче. Изберете интересно шалче или марама и закачете го едниот крај на стегачот. Поделете го опавчето на два дела и користејќи го материјалот како трет, сплетете плетенка која на крајот можете да ја свиткате во пунџа. Најважно е да биде шарено! Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ели Сааб – безвремена елеганција

    Ели Сааб – безвремена елеганција

    Автор: Елена ЈошескаrnrnЛибанскиот дизајнер Ели Сааб веќе одамна е водечко име во високата мода на Блискиот Исток, каде што неговите романтични и украсени со кристали наметки, ги привлекле принцезите во неговото ателје во Бејрут, кое го отворил во 1982 година, на 18-годишна возраст. Неговата конфекциска линија која се лансираше во 1998 година во Милано, ги навести истите женствени и елегантни карактеристики, што се застапени кај неговите скапоцени фустани, со свилени ткаенини во светли бои, шифон, бисери и тантела. Спојот од деталите од Блискиот Исток и сензибилитетот од Европа во фустаните на Сааб често може да се забележи и на холивудскиот црвен тепих.Ели Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаЕли Сааб – безвремена елеганцијаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.