По повод 50-годишнината од појавувањето на серијалот филмови за Џејмс Бонд, ова се најпопуларните автомобили на тајниот агент 007, препознатливи по својата брзина и неверојатните додатоци.
rn
Бентли Марк 4 во филмот „Од Русија со љубов“ (1963)
rnАвтомобилот Бентли Марк 4 е исто толку легендарен колку и Астон Мартин ДБ 5; тој се појавува во многу романи на Флеминг. Но, за жал, овој автомобил е фиктивен исто како и неговиот сопственик, Џејмс Бонд. Ваков модел на Бентли всушност никогаш не е произведен. Возилото во филмот „Од Русија со љубов“ е кабриолет со кој Шон Конери ќе ја заведе Силвија Тренч.
rn
Астон Мартин ДБ 5 во филмот „Голдфингер“ (1964)
rnЕден од најпознатите автомобили на тајниот агент 007, без сомнение е Астон Мартин ДБ 5. Овој уникатен автомобил веднаш стана заштитен знак на серијалот филмови за Џејмс Бонд. Дизајнот на Астон Мартин ДБ 5 вклучува автоматски пушки, стакла отпорни на куршуми, ротирачки регистарски таблички и фамозното седиште за исфрлување.
rn
Тојота 2000 ГТ во филмот „Само двапати се живее“ (1967)
rnКон крајот на 60-тите години, многумина сметаа дека Тојота 2000 ГТ е само уште еден футуристички автомобил. Но, се покажа дека не е така. Тојота произведе 350 возила од овој модел и секој од овие автомобили поседуваше напредни инженерски техники, тркалезни сопирачки на секое тркало, 6-цилиндричен мотор, видео монитор, безжичен телефон и стерео систем со гласовна контрола – додатоци кои во тоа време не биле стандардни.
rn
Форд Мустанг Мак 1 во филмот „Дијамантите се вечни“ (1971)
rnОткако веќе ги покори злобните организатори, Советскиот Сојуз и заводничките, беше само прашање на време кога Џејмс Бонд ќе го освои и американскиот Форд Мустанг. Во една од многуте спектакуларни акробатски сцени, Џејмс Бонд (Шон Конери) го вози Мустангот во една тесна уличка само на две тркала.
rn
АМЦ Матадор Купе во филмот „Човекот со златен пиштол“ (1974)
rnНајдобриот автомобилски трик во серијалот филмови за Џејмс Бонд е дефинитивно автомобилот кој се претвора во авион. Франциско Скарамана и Ник Нек го користат овој автомобил за да ја киднапираат Мери Гуднајт и за да го реализираат планираното бегство. Трансформацијата се случува кога крилјата, опашката и пропелерот биле прикачени на вистинскиот автомобил кој, пак, ја имал функцијата на трупот на авионот.
rn
Лотус Есприт во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ (1977)
rnУште една сензационална трансформација на автомобилот на Џејмс Бонд беше претставена во филмот „Шпионот кој ме сакаше“. Во моментот кога Бонд (Роџер Мур) излета во Средоземното Море, неговиот автомобил веднаш се претвори во вистинска подморница вооружена со проектили земја–воздух и торпеда. Лотус Есприт беше толку популарен што си обезбеди место и во следниот филм „Само за твоите очи“.
rn
Цитроен 2 ЦВ во филмот „Само за твоите очи“ (1981)
rnНеверојатно е како автомобилот на Џејмс Бонд, Цитроен 2 ЦВ, за време на една потера помина низ два автомобила Пежо 504. Тоа што го прави овој автомобил посебен е фактот дека секој дел од оригиналниот Цитроен бил заменет со елементи со високи перформанси, инаку веројатно брзо би се распаднал.
rn
Рускиот тенк Т – 55 во филмот „Златно око“ (1995)
rnИако официјалниот автомобил на Џејмс Бонд во филмот „Златно око“ е БМВ, рускиот тенк Т-55 со својата тежина од 40 тони, вооружен со 100-милиметарски топ, две автоматски пушки и мотор со 580 коњски сили, го надминува БМВ-то. Со помош на овој тенк, Бонд (Пирс Броснан) поминува преку автомобили, низ згради и пука во воз на патот.
rn
БМВ 750 ИЛ во филмот „Утрото никогаш не умира“ (1997)
rnИако во споредба со другите автомобили на Џејмс Бонд, БМВ 750 ИЛ е помалку спортски, но не и помалку спектакуларен автомобил. Тој е опремен со неколку предвидливи подобрувања, како ракетни лансери, засилени гуми и секачи на жици. Едно од позначајните подобрувања беше можноста агентот да управува со возилото користејќи го мобилниот телефон.
rn
Астон Мартин В 12 во филмот „Умри друг ден“ (2002)
rnКон крајот на 1990-тите години БМВ беше заштитен знак на Џејмс Бонд сè до 2002 година, кога во филмот „Умри друг ден“ тајниот агент му се врати на британскиот производител Астон Мартин. Моделот Астон Мартин В 12 беше опремен со веќе познатата опрема (седиште за исфрлање, ракетни лансери, митралези, зашилени гуми за возење по мраз, како и со уред кој го прави автомобилот невидлив).
rn
Астон Мартин ДБС во филмот „Казино Ројал“ (2006)
rnПочетоците на Астон Мартин ДБС се наоѓаат во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ од 1969 година, но својот врв го достигна во 2006 година во филмот „Казино Ројал“ кога, според Гинисовата книга на рекорди, автомобилот се преврте седум и пол пати во еден спектакуларен трик. Во однос на опремата, Астон Мартин ДБС е скромен, поседувајќи само полуавтоматски пиштол со придушувач, медицински комплет и компјутерски линк до МИ6.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn„
rnrn„
rnrn„
rnrn„
rnrn„
Режија:
За волја на вистината, во приказната и нема некоја посебна девијација од основниот, веќе и рутински, модел кога станува збор за филм со шпиони и тајни агенти. Има нов лудак, во случајот Хендрикс, кој сака да го доведе светот на работ на војна. Тој верува дека светот мора да го помине патот на нуклеарната војна за да настапи вечен мир.
Но, од друга страна, она што го комплетира филмот и што го прави интересен е специфичниот шарм на Том Круз, чувството дека не постои гравитацијата, мајсторските егзибиции и неверојатната акција. Се разбира, како и секогаш во филмовите со Том Круз, тука е и огромната брзина која ќе ве вовлече во авантурата на Итан Хант толку многу, што во ниту еден момент филмот нема да ви биде здодевен или неинтересен.
Според 
Крајниот резултат е едно хумористично 6-минутно беснеење по улиците на Вашингтон, додека нашиот херој се бори да се спаси себеси и светот од хаосот предизвикан од еден гладен гулаб. Воодушевувачките визуелни ефекти и сеопфатниот саундтрак ја отсликуваат работата на стотина талентирани уметници и музичари, а филмот е тестамент за она што може да биде постигнато од тим сочинет од посветени волонтери, кои работеле од љубов кон нивниот занает. Добро завршената работа ја докажуваат и многуте добиени награди: Прва награда за најдобар краток филм на светскиот филмски фестивал во Монтреал, најдобра анимација прогласена на филмскиот фестивал во Савана и уште многу други.