КАФЕ ПАУЗА

Tag: свето

  • Ренесанса на душата

    Ренесанса на душата

    Знаете што не е фер? Цела недела куќата да ти мириса на највкусни велигденски специјалитети, а ти да не смееш да пробаш ништо од тоа. Се работи за јак карактер или фактот што ќе добиеш по рака со дрвената лажица ако посегнеш по нешто предвреме? Па доаѓа Велигден и се давиш во руска салата… или што и да е тоа што ти е омилено. Јас сакам да предложам еден договор. Ќе бидам умна, послушна, а за возврат сакам да можам да јадам сè и сешто без да накачам некое килце плус, нека биде како договор со Дедо Мраз за Нова година. Само не знам каде да се обратам и да го предложам договоров, ама во секој случај мислам дека е добра идеја…Ренесанса на душатаКога станува збор за празниците, не мора да излегувам од дома за да најдам инспирација или да соберам податоци. Тука е мајка ми. Експерт за сè живо и неживо, за сè што лета, оди, се јаде… Детален познавач на секоја област, секогаш подготвена да даде подробни информации, и најважно од сè – секогаш е во право, а спротивното е невозможно да се докаже. Не, сериозно, за нејзините познавања од областа на верата и духовноста ѝ симнувам капа.

    rnПо разговорот со жената која мора да ме сака каква што сум бидејќи таква ме родила, се прашувам колку сите ние вистински се концентрираме на светоста на празникот? Во целата збрка да се исчисти домот, секоја да се покаже колкава домаќинка е, да се вапсаат јајцата, да се оди по гости и во црква бидејќи таков е адетот, кој колку обрнува внимание на сржта на овој ден?rnrnСтанува збор за ден кој е симбол на вечниот живот, на надежта и бесмртноста. Јас лично го доживувам како ренесанса на душата. Нова шанса, нов почеток, повторно раѓање. Ден кога те обзема сета светост и кога се ежиш од биењето на камбаните или кога Џокси ја пее „На Велигден“. Кога кршењето со јајца е толку забавно и предизвикува во тебе да се разбуди натпреварувачкиот дух – твоето јајце да биде кршалче. И плус, секогаш е во пролет, уште една поврзаност со симболите за преродба. Колку е прекрасно тоа?rnrnСега се прашувам, дали вербата денес е потценета? Во денешно време, со таков напредок на технологијата и медицината, со такви достигнувања, дали да се бара од нас да веруваме во нешто што не го гледаме е премногу? Но да ве прашам нешто, ја гледате љубовта? Не, но сепак верувате во неа, бидејќи ја чувствувате кон семејството, пријателите, сопругот или сопругата. Нели тие нешта кои не се гледаат, не може да се допрат, но се чувствуваат, се најсвети и најмили?rnrnМожеби треба да престанеме да бидеме самобендисани, да се доживуваме себеси како да сме семоќни и како да никој не ни може ништо. Вистината е сепак, дека времето лета, дека вербата ѝ е потребна на душата, дека треба да постојат вакви денови кога ќе се сетиш на твоите пријатели и роднини, поблиски или подалечни. На некој на кого му треба помош, на некој на кого одамна или воопшто не сте му кажале што чувствувате. Нека овој ден биде поттик за сите нас да ја покажеме нашата љубов и верба.rnrnСрцата се кршат и луѓето се забораваат поради зборови кои остануваат некажани. Кога последно сте му се јавиле или сте го посетиле вашиот стар дедо и сте му кажале колку го сакате и почитувате? Кога последно сте ја прегрнале вашата мајка или вашата пријателка и сте ѝ кажале колку ви е мило што ја имате во својот живот? Мислам дека сите ние би требало да го сториме тоа што поскоро. Нам не ни текнува додека нештото не го изгубиме и не почне страшно да ни недостига. Тоа е проблемот со нас луѓето…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Уф, колку е убав светот…

    Уф, колку е убав светот…

    Ова е еден од оние кратки филмови кои со секој свој кадар се обидуваат да ви кажат дека светот е преубав. Филмот се вика „Света Земја“ (Terra Sacra) и претставува колаж од фотографиите на канадскиот фотограф Шон Вајт. Тој има работено за многу познати медиуми, како на пример „National Geographic Channel“, „Discovery Channel“, „History Television“, „BBC“, „Outside Magazine“ и многу други. Многубројните патувања биле дел од неговите ангажмани, па во текот на кариерата направил многу фотографии кои сега ги споил во овој прекрасен филм.Уф, колку е убав светот…Фотографиите се направени во последните шест години, од 2006 до 2012 година, во 24 земји на сите седум континенти. Во колажот има спектакуларни пејзажи од Австралија, Боливија, Антарктикот, островот Сокотра, Камбоџа и многу други, надополнети со некои од најубавите антички споменици. Пуштете на цел екран и уживајте!rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гробниците на персиските фараони

    Гробниците на персиските фараони

    На околу 12 километри од иранскиот град Персеполис се наоѓа овој карпест рид. На значителна висина на карпите се направени прекрасни релјефи посветени на Ахеменидските фараони, кои датираат од првиот милениум пред нашата ера. Овој регион е познат како „Naqsh-e Rustam“ или како Некрополис.Гробниците на персиските фараони„Naqsh-i Rustam“ или преведено „Тронот на Рустам“ е место кое се сметало за свето во периодот на Еламитите. Тука се направени гробниците на четири Ахеменидски фараони и нивните семејства кои владееле од крајот на шестиот до средината на четвртиот век пред нашата ера. Во период од третиот до седмиот век ова место бил главниот центар за славење и принесување жртва.Гробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониКај локалното население гробниците се познати како „Персиските крстови“ бидејќи влезот кој води кон некоја од гробниците се наоѓа во крст, издлабен во карпите. Кога Александар Македонски ја покорил Персија, гробниците биле целосно ограбени.Гробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониСе верува дека гробниците претставуваат вечното почивалиште на Дариј III Велики (владеел во периодот од 522 до 486 п.н.е), Ксеркс I (владеел во периодот од 486 до 465 п.н.е.), Артаксеркс I (владеел во периодот од 465 до 424 п.н.е.) и Дариј II (владеел во периодот од 423 до 404 п.н.е.). За петтата недовршена гробница се верува дека била наменета за Артаксеркс III или за Дариј III, последниот фараон.Гробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараони
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.