КАФЕ ПАУЗА

Tag: сурови

  • 5-те најсурови хороскопски знаци од кои треба да се чувате

    5-те најсурови хороскопски знаци од кои треба да се чувате

    Секој човек има своја добра и лоша страна, а и двете имаат големо влијание на нашиот карактер. Истото важи и кај хороскопските знаци. Бидејќи најчесто се обрнува внимание на позитивните страни на хороскопот, овој пат погледнете кои се најсуровите претставници од астрологијата.rnrn5-те најсурови хороскопски знаци од кои треба да се чуватеrn

    1. Скорпија

    rnСкорпијата е воден знак и е најинтензивниот и најстрасниот знак во хороскопот. Овој интензитет честопати може да тргне во погрешна насока и да се претвори во омраза и цинизам. Скорпиите можат да имаат многу ограничен поглед кон нештата и лесно стануваат посесивни ако работите не се одвиваат по нивен план.rnrnСкорпиите секогаш сами се обидуваат да ги сфатат туѓите намери, па често реагираат без да проверат дали се во право. Навистина е тешко да се одбраните од претпоставките на Скорпиите и речиси е невозможно да победите во расправа со нив. Тие знаат како да ви ја нарушат рамнотежата и можат да ве удрат каде што ве боли најмногу.rn

    2. Рак

    rnИ Ракот е воден знак кој е навистина емотивен и заштитнички настроен. Но поради овие особини Раковите можат да станат посесивни и деструктивни, најчесто ако се почувствуваат загрозено или ако им е страв дека ќе изгубат нешто што го сакаат. Кога се чувствуваат на овој начин тие делуваат само според нивните емоции и често подоцна се каат за тоа.rn

    3. Јарец

    rnЈарецот е земјен знак, па кога ќе ја покаже неговата темна страна за него не важи ниту едно правило за однесување. Нема да му биде срам да користи суровост ако тоа му помага да напредне во кариерата или да им се одмазди на непријателите. Јарците честопати имаат недостаток од емпатија и можат да се радуваат на туѓата несреќа наместо да пружат помош.rn

    4. Овен

    rnОвенот е огнен знак и може да користи навистина сурови зборови кога е гневен и вознемирен. Овие луѓе не поднесуваат неуспех, па ако им се најдете на патот до целта сигурно ќе ја видите нивната мрачна страна.rnrnКаков било конфликт со Овен ќе ја открие неговата темна страна. Штом ќе победи, тој повторно станува забавен и шармантен, но штетата веќе е направена.rn

    5. Лав

    rnИ Лавот е страстен огнен знак и сака да биде во центарот на вниманието. Овие луѓе можат да освојат секого со нивниот шарм. Но штом ќе се почувствуваат загрозено, Лавовите ќе ве растргнат. Можеби знаат да бидат коректни и да го кажат вистинското нешто во вистинско време, но знаат и како да го скршат вашето срце. Кога се гневни можат да станат навистина сурови.rnrnПогледнете и кои се најучтивите хороскопски знаци.

  • 23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

    23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

    „Животот е како возење велосипед. За да одржите рамнотежа, мора да продолжите да се движите.“ – Алберт Ајнштајн

    rnЖивотот не е секогаш толку прекрасен. Можеби ви звучи сурово, но мора да прифатите дека понекогаш работите нема да се одвиваат онака како што посакувате. Колку повеќе тагувате поради вашите неуспеси толку поголеми се шансите дека ќе го изгубите вашиот пат, ќе ѝ се предадете на депресијата и ќе потонете во негативните мисли. Клучот за среќата и мирот е во ваши раце и само вие можете да си го подобрите животот. Прочитајте ги следниве 23 сурови вистини за постоењето кои треба да ги прифатите што е можно побрзо…rnrn23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите живототrn

    1. Среќата е избор што само вие можете да го направите

    rnИли ќе одберете да бидете среќни или нема да го направите тој избор. Сѐ зависи од вашата перцепција за животот. Понекогаш не ви требаат милион евра за да бидете среќни. Понекогаш доволно е да се напиете шолја убаво кафе за да се чувствувате подобро.rn

    2. Сите умираме

    rnСтареете и вашето време истекува. Еден ден ќе ве снема. Без разлика колку трошите и давате од себе, сѐ ќе биде готово еден ден.rn

    3. Никогаш нема да бидете совршени

    rnСовршенството е мит. Ние не ни знаеме како изгледа нешто што е совршено. Па, која е смислата на тоа да трагате по нешто што никој никогаш го нема видено во својот живот?rn

    4. Сите околу вас ќе умрат еден ден

    rnЛуѓето што ги сакаме умреле и ќе умираат, бидејќи таков е законот на природата. Прифатете го фактот дека тие мора да заминат.rn

    5. Ништо не е вечно

    rnПромената е единствената константа во светот. Без разлика дали станува збор за врски, материјални работи, моменти или вашиот социјален статус. Сето тоа ќе заврши еден ден.rn

    6. Колку повеќе ја бркате среќата толку повеќе ја губите

    rnСреќата се крие во прифаќањето. Прифатете ја сегашноста таква каква што е. Колку повеќе се обидувате да бидете среќни, толку помали се шансите да бидете среќни.rn

    7. Среќата не се купува со пари. Престанете да трагате по материјални богатства

    rnБогатството може да ви даде луксуз, но не може да ви купи среќа. Може да бидете најбогатите луѓе на светот, а длабоко во себе да се чувствувате многу тажно.rn

    8. Не можете да им угодите на сите

    rnНе можете да ги натерате другите да ве сакаат. Секогаш ќе постои барем една личност која ќе ве мрази и не можете да го контролирате тоа. Престанете да живеете за луѓето околу вас. Ако не им се допаѓате, не се обидувајте да го промените тоа.rnrn23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите живототrn

    9. Вашата врска не е клучот за вашата среќа

    rnМожеби ви е тешко да живеете сами, но сериозната љубовна врска не е неопходност во животот. Врските се само еден дел од нашата среќа. Наместо очајно да трагате по тоа, фокусирајте се на себе.rn

    10. Прифатете ги вашите недостатоци

    rnСите ние имаме маани и вие мора да ги прифатите вашите, наместо да ги игнорирате или криете. Не можете да бидете беспрекорни. Ако се обидувате да ги поправите, само ќе си го нарушите менталниот мир.rn

    11. Поминувајте време сами

    rnИстражувајте се, дајте си повеќе време. Во моментот кога ќе дознаете што сака вашата душа, ќе пронајдете внатрешен мир.rn

    12. Престанете да реагирате на работите

    rnЌе има многу ситуации во кои ќе бидете повредени. Не можете да ги контролирате другите, но можете да се контролирате себеси. Реакцијата само ќе ја зголеми тагата. Најдобро е да останете позитивни.rn

    13. Живејте во сегашноста

    rnНашата иднина е непредвидлива. Не знаеме што ќе се случи и иднината не е целосно во ваши раце. Доколку постојано живеете во минатото или се обидувате да ја контролирате иднината, вие ќе ги пропуштите сите радости што ги носи сегашноста. Размислувајте за сегашноста и живејте во неа.rn

    14. Преземете одговорност

    rnСамо вие можете да се контролирате себеси. Преземете одговорност за своите постапки и животот ќе ви биде многу помирен.rn

    15. Истражувајте ги вашите таленти

    rnНекои луѓе немале толку среќа за да се родат талентирани. Па, доколку имате некаков талент, истражувајте го, негувајте го и искористете го. Не трошете го залудно.rn

    16. Луѓето не се интересираат за вашиот живот

    rnДа, добро прочитавте! Луѓето можеби сочувствуваат со вас, но и тие си имаат своите проблеми што треба да ги решат. Никому не му е грижа колку ви е тежок животот. Бесмислено е да се обидувате да ги уверите дека вашиот живот е потежок од нивниот.rnrn23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите живототrn

    17. Пренесувајте го вашето знаење

    rnНашето знаење се проширува преку споделувањето. Тоа е најубавиот подарок што можете да го дадете некому. Ако го пренесувате вашето знаење, не само што ќе им помогнете на другите туку и ќе си помогнете себеси да созреете.rn

    18. Секогаш бидете благодарни

    rnНаместо да се жалите, бидете благодарни и на тој начин ќе ја извлечете позитивната страна од сето она што се случува околу вас.rn

    19. Ценете го времето, а не парите

    rnПарите доаѓаат и си одат, а време секогаш имате. Не можете да го вратите назад изгубеното време, но можете да заработите пари откако ќе банкротирате.rn

    20. Престанете да сонувате и фокусирајте се на работата

    rnСекако дека имаме потреба од сонување. Но, трошете премногу време на сонување и не правење ништо. Сакате да станете некој и нешто? Тогаш сторете го тоа! Работете на тоа.жrn

    21. Престанете да ги обвинувате другите

    rnНекој можеби направил нешто што не треба, но ако го обвините, само ќе ги покажете вашите слабости. Дали треба да си го трошите времето мислејќи на луѓето што ве повредиле? Наместо тоа, најдете начин да станете уште посилни.rn

    22. Престанете да поминувате толку време на социјалните мрежи

    rnСоцијалните мрежи создаваат зависност, но немојте да го трошите сето ваше време на нив. Излезете од дома и живејте. Почувствувајте го светот со сите ваши сетила!rn

    23. Преземајте ризици

    rnКако ќе го разберете животот ако не преземате ризици? Ризикувајте, бидејќи нема што да изгубите!rnrnЗа да можете да постигнете личен развој, покрај овие, треба да ги знаете и следниве 10 сурови вистини за животот.

  • 10 сурови вистини за животот

    10 сурови вистини за животот

    Животот не секогаш е розов, некогаш знае да ни зададе ниски удари и да биде неправеден. Колку побрзо ги сфатиме овие вистини за животот, толку поподготвени ќе бидеме кога ќе мора да се соочиме со нив.rnrn10 сурови вистини за живототrn

    1. Животот понекогаш не е фер

    rnНекогаш и кога сте вложиле многу напор може да не успеете, некогаш вашиот труд може да не се исплати, може да не добиете пофалба или признание кое го заслужувате. Животот понекогаш знае да изигра нефер, но тоа не значи дека треба да кренете раце туку да се обидете повторно.rn

    2. Првиот чекор е секогаш најтежок

    rn„Патот од илјада милји започнува со еден чекор.“ Првиот чекор е секогаш најтежок и изгледа дека е преголем. Започнете со бебешки чекори, преземете акција макар и навидум да изгледа мала. Почнете од негде и за брзо ќе видите дека ништо не е толку страшно како што изгледа.rn

    3. Добрите работи не доаѓаат веднаш

    rnЧесто очекуваме веднаш да бидеме наградени за нашиот труд или напор, но вистината е дека добрите работи не секогаш доаѓаат за брзо. Среќата е кај оној што умее да биде трпелив. Народот рекол: „Што е мое ќе си дојде.“rn

    4. Не секој ќе ве поддржува

    rnЌе наидете на песимисти, луѓе кои гледаат негативно, оние кои од која било причина ќе ви речат дека вашата идеја звучи смешно. Лекот е да ги игнорирате потполно и целосно да се насочите кон вашите цели.rn

    5. Не секогаш ќе ја имате целосната контрола над нештата

    rnНекогаш нештата знаат да ни излезат од контрола, а оние кои секогаш сакаат да имаат контрола над сè, може ова да го поднесат навистина тешко. Некогаш е добро да оставите работите да се одвиваат по природен тек. Не брзајте. Никогаш не знаете кога тоа доброто ќе ви излезе на патот.rn

    6. Не можете да доживеете големи успеси без да преземате големи ризици

    rnОние кои успеале да го променат светот со своите идеи, се оние кои најмногу ризикувале. Некогаш е потребно да го вложите целиот ваш труд и време и целосно да се посветите на вашата идеја, дури и ако на моменти ви звучи нереално или глупаво. Да, секогаш постои ризик од неуспех, но и можност за голем успех.rn

    7. Можеби ќе ви биде подобро без некои личности околу вас

    rnОва може да биде тешко, особено за оние кои умеат лесно да се поврзат со некого. Вистината е дека доаѓа време во животот кога едноставно треба да ставите крај, да прекинете некаква врска или пријателство кое ви штети. Може ќе ви биде тешко во тој момент, но во иднина ќе забележите дека ви е навистина подобро без одредени личности во вашиот живот.rn

    8. Смртта е неизбежна

    rnЖивотот некогаш може да ни приреди лоши моменти и ниски удари. Никој не живее вечно и ќе дојде период во животот кога ќе бидете принудени да се соочите со смртта на некој близок. Она што може да го направите е да го минувате секој слободен момент со луѓето кои ви значат. Не одолговлекувајте и јавете му се на вашиот дедо, посетете ги вашите роднини и пријатели кои живеат далеку. Ценете го она што го имате додека е тука за вас.rn

    9. Вие сте си најголеми непријатели на самите себе

    rnНекогаш големите можности ни се пред носот но не ги забележуваме. Некогаш самите себе се демотивираме и бегаме од нашите соништа. Самите одбираме да не се потрудиме доволно или да не веруваме во себе. Тоа би значело дека најчесто самите се дистанцираме од успехот и сме си најголеми непријатели.rn

    10. Некогаш лоши работи им се случуваат на добрите луѓе

    rnСтрадањето е дел од животот, но интересната вистина е дека нè прави многу посилни. Самите одбирате како ќе го гледате светот. Кога животот ќе ви зададе низок удар, исправете се и продолжете понатаму.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

    Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

    Една од најпознатите американски поетеси, писатели, критичари и сатиристи, Дороти Паркер, останува запаметена како жена која нема влакна на јазикот. Неверојатно умешна во давањето иронични критики, нејзините зборови се реални и напати груби, но секогаш мудри и поучни.rnrnМудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркерrnrn rn

    „Убавината е плитка, но грдотијата е длабока до коска.“

    rn

    „Ако сакате да знаете што мисли Бог за парите, само погледнете ги луѓето на кои им ги дал.“

    rn

    „Наутро прво си ги мијам забите и си го острам јазикот.“

    rn

    „Хетеросексуалноста не е нормална, но е вообичаена.“

    rn

    „Кај маж гледам три нешта: тој мора да биде згоден, безмилосен и глупав.“

    rn

    „Постојаната употреба не ја излити ткаенината на нивното пријателство.“

    rn

    „Никогаш ништо нема да постигнам. Тоа ми е совршено јасно. Никогаш нема да бидам позната. Моето име никогаш нема со големи букви да биде запишано на списокот на оние кои ги остваруваат работите. Јас не правам ништо. Ниту едно единствено нешто. Едно време си ги гризев ноктите, сега веќе ни тоа не го правам.“

    rn

    „Постои огромна разлика меѓу паметното зборување и мудроста. Мудроста има вистина во себе, а паметното зборување се само добро осмислени зборови.“

    rnМудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркерrnrn rn

    „Не ми е грижа што пишуваат за мене, сè додека тоа не е вистина.“

    rn

    „Има четири нешта без кои би била подобра: љубов, љубопитност, пеги и сомнеж.“

    rn

    „Би сакала да имам пари. Исто, би сакала да бидам добра писателка. Овие две нешта може да одат заедно, и се надевам дека ќе биде така, но ако тоа едноставно е премногу, тогаш повеќе би сакала да имам пари.“

    rn

    „Жените и слоновите никогаш не забораваат.“

    rn

    „Јас не сум писателка која има проблеми со пиењето, јас сум алкохоличарка со проблеми со пишувањето.“

    rn

    „Секако дека си зборувам самата со себе. Сакам добри говорници и ценам интелигентна публика.“

    rn

    „Сосема сум во ред. Не сум ни исплашена. Знаете, научив дека постои само едно нешто пострашно од осаменоста, а тоа е стравот од неа.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 16 универзални закони

    16 универзални закони

    Автор: Вера МартиноскаrnrnМожеби не ги паметите наизуст Њутновите закони, но овие закони сигурно ќе ве потсетат на одредени ситуации во кои сте се нашле, а сте посакале да не е така. Сурови и на моменти драконски, ова се дел од универзалните закони. Добро е да знаете дека не сте единствените на кои им ѕвони телефонот додека се во бањата и дека космосот ги има однапред регулирано овие работи за вас, така што не треба да се грижите. Слободно може да се опуштите, но сепак внимавајте на законот на веројатноста.rnrn16 универзални закониrnrn1. Закон на механичко поправање – Откако сте ги извалкале вашите раце со масло, носот ќе почне да ве чеша и ќе ви се оди во тоалет.rnrn2. Закон на гравитацијата – Секоја алатка, завртка, навртка, клинец, кога ќе ви падне, ќе се истркала до најнепристапниот ќош.rnrn3. Закон на веројатноста – Веројатноста дека некој ве гледа е правопропорционална со глупавоста на тоа што во моментот го правите.rnrn4. Закон на случајните броеви – Ако свртите погрешен број, никогаш не е зафатено и секогаш некој одговара.rnrn5. Закон на алибито – Доколку му кажете на шефот дека доцните на работа затоа што ви се дупнала гумата, веќе следното утро навистина ќе ви се дупне гумата.rnrn6. Закон на варијацијата – Ако го смените редот во кој чекате (лента во сообраќај, на  каса во супермаркет или на шалтер во банка), редот којшто сте го напуштиле секогаш ќе се движи побргу од оној во кој сте сега (секогаш!).rnrn7. Закон на бања – Кога целосно ќе се потопите со вода, ѕвони телефонот.rnrn8. Закон на блиските средби – Веројатноста да сретнете некој познаник, драматично се зголемува кога сте со некого со кој не сакате да бидете видени.rnrn9. Закон на резултатот – Кога сакате да му докажете некому дека одредена машина не работи, таа проработува.rnrn10. Закон на биомеханиката – Интензитетот со кој некое место ве чеша е обратнопропорционален со достапноста на тоа место.rnrn16 универзални закониrnrn11. Закон на театарот и стадионот – На секој настан, луѓето чии седишта се најдалеку од коридорот пристигнуваат последни и тие неколку пати ќе станат за да си земат храна, пиво или да одат во тоалет и ќе си заминат порано, пред крајот на претставата или натпреварот. Додека пак, оние кои седат покрај коридорот доаѓаат навреме, никогаш не стануваат, имаат долги нозе или големи стомаци и остануваат до самиот крај на изведбата, а можеби и повеќе. Овие луѓе се најчесто и груби.rnrn12. Закон на кафето – Штом ќе седнете да си испиете едно топло кафе, вашиот шеф ќе ви рече да направите нешто што ќе трае толку долго, колку што ќе му треба на кафето да се олади.rnrn13. Марфиев закон на шкафчињата – Ако има само двајца во соблекувалната, ќе имаат шкафчиња кои се наоѓаат едно до друго.rnrn14. Закон на логичниот аргумент – Сè е можно, ако не знаете за што зборувате.rnrn15. Вилсоновиот закон на комерцијалната маркетинг стратегија – Штом најдете производ што навистина ви се допаѓа, ќе престанат да го произведуваат.rnrn16. Закон на докторот – Ако не се чувствувате добро, додека да стигнете на доктор, веќе ќе се чувствувате подобро.rnrnВо колку од овие закони се пронајдовте? Имате ли некои амандмани на горенаведените закони?  Или можеби ќе споделите некој ваш, а сепак универзален закон?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.