КАФЕ ПАУЗА

Tag: супстанција

  • 10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмот

    10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмот

    Луѓето сè почесто ги украсуваат своите домови со домашни растенија, но треба да внимавате кога одбирате растенија затоа што некои може да бидат опасни за вашето здравје. Погледнете го овој список со растенија што може да доведат до труење.rn

    1. Дифенбахија

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnИ покрај тоа што има прекрасни лисја, дифенбахијата е едно од главните растенија што може да доведе до интоксикација.rnrnСлучајното изложување може да предизвика плускавци во устата, дијареја, гадење и повраќање, чувство на печење на устата и грлото, оток и болка.rn

    2. Сансеверија

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnОва растение содржи супстанција наречена сапонин, која може да биде токсична ако се проголта.rnrnБидејќи сапонините можат да предизвикаат гадење, повраќање и дијареја, подобро е да го чувате ова растение понастрана од домашните миленици.rn

    3. Замија

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnОва растение може да предизвика болка, иритација на кожата и оток ако се проголта.rnrnАко стапите во контакт со него, исплакнете ја изложената површина со вода и консултирајте се со медицински професионалец доколку е потребно.rn

    4. Алое вера

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnОва растение има различни намени и неговото присуство на овој список може да ве изненади. Според научниците, ова растение содржи супстанции што може да предизвикаат дијареја, алергии и проблеми со бубрезите.rn

    5. Невен

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnАко се проголта, невенот може да предизвика проблеми со гастроинтестиналниот тракт. Сокот од ова растение може да предизвика осип на кожата.rn

    6. Филодендрон

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnФилодендронот содржи супстанција наречена калциум оксалат која може да предизвика болка и тешкотии при голтање. Иако ова растение може да изгледа убаво, не заборавајте да го чувате понастрана од домашните миленици.rn

    7. Каладиум

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnНеговите лисја во форма на срце се многу убави, но ова растение може да биде опасно и отровно.rnrnАко животните и децата стапат во контакт со лисјата на каладиумот, може да се појават тешкотии во дишењето. Во овој случај, најдобро е да контактирате со специјалист за токсикологија или да одите во центар кој е специјализиран за справување со труења и да ја измиете погодената област.rn

    8. Потос

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnОва растение е познато како ѓаволски бршлен и има големи, убаво обликувани лисја што го прават многу елегантно кога станува збор за уредувањето на домот.rnrnНо, ова растение содржи калциум оксалат, што може да предизвика иритација на усните, јазикот и устата, па дури и повраќање.rn

    9. Еуфорбија тирукали

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnОва растение е познато и како кактус молив, но иако изгледа убаво, тоа содржи корозивен сок што може да предизвика екстремна иритација на кожата и на очите. Поради тоа, кога го допирате ова растение, мора да користите ракавици и заштита на очите.rnrnАко растението дојде во контакт со очите, може да се појават црвенило, чешање и чувство на печење, па дури и да има негативен ефект врз видот на луѓето.rn

    10. Бутин/напрсток

    rn10 домашни растенија што може да доведат до труење на организмотrnrnЛисјата, цветовите, па дури и семето од ова растение содржат супстанција позната како дигоксин, што може да биде фатална за животните и за луѓето ако го голтнат ова растение.rnrnПоради својата токсичност, чувањето на ова растение дома може да биде ризично за здравјето на луѓето и на животните.rnrnСепак, ако сакате да чувате некои од овие растенија дома, чувајте ги подалеку од децата и од домашните животни и секогаш носете ракавици кога се грижите за нив.rnrnПрочитајте кои домашни растенија може да имаат позитивно влијание врз здравјето.

  • Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

    Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

    Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, треба да избегнувате изложеност на сончева светлина и високи температури. Некои кремови за акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти. Затоа е многу важно внимателно да го прочитате упатството на секој лек што го консумирате, како и на кремовите и на другите препарати што ги користите. Одредени супстанции што ги има во овие производи ја прават вашата кожа почувствителна на светлина и може да предизвикаат алергиска реакција на кожата која може да се појави неколку дена по изложувањето на сонце. Ако користите некој од овие лекови, не треба да се изложувате на сончева светлина.rnrnАко ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончањеrn

    Антибиотици

    rnАнтибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фотоотоксична реакција, што значи дека тие ќе ги влошат изгорениците од сонцето.rn

    Кремови за акни и козметика против стареење

    rnПроизводите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до сува кожа и таа станува многу почувствителна на сонцето. Ова значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.rn

    Лекови против алергија

    rnНекои антихистаминици може да го намалат потењето. Потењето го лади телото и ги исфрла токсичните материи, па ова може да биде проблем при високи температури. Ако телото не може да се разлади, може да се појави топлотен удар.rn

    Антидепресиви

    rnОвие лекови можат да го блокираат сигналот (испратен од мозокот) дека вашето тело се прегрева. Тие исто така може да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на телото.rn

    Антиинфламаторни лекови

    rnСекогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително нанесете крем за сончање на вашата кожа. Лекарите препорачуваат да ја намалите изложеноста на сонце колку што е можно повеќе.rn

    Витамини и производи на растителна база

    rnМногу витамини и производи на растителна база имаат фотоотоксични ефекти. Поради тоа, мора да бидете претпазливи кога ги консумирате.rn

    Кремови за локална апликација

    rnИзложеноста на сонце може да го зголеми ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Ако имате изгореници предизвикани од сонцето, крвните садови на површината на вашата кожа се прошируваат и тоа може да доведе до зголемена апсорпција на лекот.rnrnПрочитајте кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните.

  • Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?

    Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?

    Гостински пост: М-р А. Митов dr.medrnrnПоследниве денови светот слушна за 4 метил имидазол, супстанцијата заради која Кока-кола и Пепси објавија дека ќе ја променат формулата на производство.Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?Сепак, научниците се запознаени со оваа супстанција малку поодамна:rn

      rn011

    • Во 1956 година е докажано дека животните изложени на високи дози 4 метил имидазол добиваат конвулзивни напади, немир, пенење од устата и парализа.
    • rn011

    • Во 1969, 1986 и 1987 други научни студии ја покажале истата конвулзивна активност на 4 метил имидазолот  со генерализирани грчеви на телото.
    • rn011

    • Во 1993 исти ефекти биле утврдени и кај кози и глувци. Со тоа невролошките несакани ефекти на 4 метил имидазолот биле потврдени кај поголем број животински видови.
    • rn011

    • Во 2006 година било испитувано евентуалното мутагено дејство на супстанцијата кај бактериски видови и експериментите дале негативни резултати.
    • rn011

    • Во 2008, Националната програма за токсикологија во САД објави резултати според кои јасно се покажало дека 4 метил имидазол предизвикува рак кај глувци и стаорци.
    • rn

    rnНе очекувајте слични студии кои ќе покажат канцерогеност на 4 метил имидазол кај луѓе од една едноставна причина: никој не би дозволил таков експеримент со потенцијално канцерогена супстанција бидејќи таквата студија би била неетичка.rnrnЗошто воопшто се користи таа супстанција? 4 метил имидазолот всушност ја дава „бојата на карамела“ на Кока-кола, Пепси и други производи. Нема никаква нутритивна или презервативна вредност и се додава исклучиво заради козметички причини. Во почетокот на ‘90-тите, Пепси и Кока-кола создале безбојни „диетални“ верзии на своите производи, бистри и проѕирни како вода, но со ист вкус како и нивните вообичаени пијалаци. Таквите производи веројатно не се продавале добро („вода“ со вкус на Кока-кола или Пепси), па набргу се напуштени. Значи, тие пијалаци може да се произведат и без оваа боја, а со потполно ист вкус.rnrnКога се во прашање токсични супстанции веројатно ќе помислите која е дозволената дневна доза која не би имала никакви ефекти. Меѓутоа, ова правило не важи за канцерогените супстанции – за нив практично нема дозволен праг или теоретски се поставуваат извонредно ниски дози како максимално дозволени дневни дози со цел да се заштити популацијата. Дозволената дневна доза за 4 метил имидазол, според државата Калифорнија, само во една лименка од Кока-кола или Пепси е надмината за 5 пати!rnrnСепак, државата Калифорнија не ја забранува употребата на 4 метил имидазолот, туку ги обврзува производителите да стават јасна налепница на амбалажата која вели: „Производот може да предизвика рак“. Кока-кола и Пепси за да ја избегнат оваа обврска ќе ја сменат формулата, но само во Калифорнија! Компаниите планираат истата промена да ја направат и во останатите држави од САД за неколку години, но не и во Европа. Можеме да претпоставиме што ќе се случи со пијалаците произведени во Македонија.rnrnПостојат многу начини на кои индустријата се обидува да ја релативизира целата ситуација.rnrnПрво, тврдат дека не е точно дека 4 метил имидазолот е канцероген. Сепак, ако тоа не беше така, замислете какви тужби ќе беа покренати во САД против оние кои ги „клеветат“ нивните производи за наводно предизвикување рак! Ако не е точно, едноставно зошто не ги тужат?rnrnВторо, се обидуваат да направат забуна околу самата супстанција, па наместо со цело име 4 метил имидазол, ја нарекуваат „4 МЕИ“, „карамела“ или „карамелно обојување“. Да, 4 метил имидазолот е боја и се користи за да се добие изглед на карамела, но тој нема никаква врска со природната карамела. 4 метил имидазолот не е природна супстанција и не се добива во природата. 4 метил имидазолот не е карамела. 4 метил имидазолот е боја.rnrnТрето, велат дека супстанцијата не ја употребуваат само тие и дека ја има и во други прехранбени производи. Манипулацијата овде е јасна:  „еве, насекаде го има 4 метил имидазолот, сите го користат, па ништо не е страшно“. Точно е дека го има и во други храни, вештачки додаден. Затоа би требало, не само на Кока-кола и Пепси да пишува „Содржи супстанција која предизвикува рак!“. Таа налепница треба да стои на сите такви производи, или уште подобро, употребата на 4 метил имидазолот треба да се забрани целосно во храната, а не да се тешиме со тоа дека многу го има. И други штетни супстанции се присутни насекаде и многу луѓе ги користат, но тоа не ги прави помалку опасни. Таквите супстанции со право се забрануваат.rnrnКако лекар, не можам да го опишам мојот првичен шок кога дознав какви сè супстанции се користат во процесите на производство на храна, супстанции за кои е повеќе од јасно дека предизвикуваат болести и дека се смртоносни. Кај споменативе пијалаци 4 метил имидазолот е само еден дел од приказната. Можеби многу поопасен е фактот дека во една чаша Кока-кола има 10 лажички шеќер. Или пак, фактот дека овие пијалаци изобилуваат со фосфати и дека предизвикуваат остеопороза и ослабување на коските. Впрочем листата на потенцијално опасни супстанции во тие пијалаци е долга: аспартам, содиум бензоат, БПА… Нема една здравствена (или здраворазумна) причина која би оправдала консумација на таков пијалак.rnrnСекој од нас е одговорен за личното здравје. Можеби некој очекува дека сопствениците на огромните компании или законодавците ќе се грижат повеќе за неговото здравје и здравјето на неговите деца отколку тој самиот. Јас не. Не очекувам дека некој ќе признае дека неговите пијалаци предизвикуваат рак. Светов е таков каков што е, и единствено ни преостанува самите да се заштитиме сè додека не дојдат некои подобри времиња и не завладее етиката во бизнисот. Нашата генерација најверојатно нема да го дочека тој ден.rnrnАвторот е доктор по медицина и има две магистратури за влијанијата на животната средина врз здравјето, стекнати на Кембриџ и Харвард.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.