КАФЕ ПАУЗА

Tag: структура

  • Што всушност претставуваат полумесечините на ноктите и која е нивната намена?

    Што всушност претставуваат полумесечините на ноктите и која е нивната намена?

    Оној мал, побел дел од нашите нокти кој го гледаме како полумесечина е многу чувствителен и е важен дел од структурата на ноктите кој не смее да се оштети. Белата полумесечина на дното на ноктите се нарекува лунула (лат. – мала месечина) и неговата чувствителност се должи на фактот што тој всушност претставува видлив дел од коренот.rnrnШто всушност претставуваат полумесечините на ноктите и која е нивната намена?rnrnТој е од голема важност за здравјето на ноктите и не смее да се оштети, бидејќи во тој случај ноктите ќе останат трајно деформирани. Меѓутоа, ако го оштетите само остатокот од нокотот или тој отпадне или се отстрани, лунулата ќе остане недопрена и на своето место.rnrnЛунулата е бела само навидум, затоа што петтиот темелен (базичен) слој на епидермот ги „сокрива“ крвните жили кои се наоѓаат под неа. Најдобро се забележува на палецот, но не е реткост воопшто да не се ни забележува на ноктите од некои луѓе. Тоа се случува кога слојот на кожата при коренот на ноктите ја прекрива лунулата.rnrnВо народната и алтернативна медицина постои верување дека лунулата открива информации за нашата здравствена состојба. Така, на пример, според традиционалните кинески верувања, недостатокот на лунула алудира на анемија и лоша исхрана, бледата лунула со синкаста боја на дијабетес, а лунулата со црвени дамки – на кардиоваскуларни болести.rnrnСпоред ајурведската медицина, лунулата претставува „агни“ – чувство на оган при варењето на храната. Недостатокот на лунула или малечката полумесечина укажува на слабо варење на храната и може да биде последица на забавен метаболизам и насобирање токсини во телото.

  • Неочекувани нешта кои лицето ги открива за вашиот карактер и здравје

    Неочекувани нешта кои лицето ги открива за вашиот карактер и здравје

    Не можете да судите за книгата по нејзината корица, но едно ново истражување спроведено од „BBC“ ни сугерира дека можете многу да откриете за една личност од нејзиното лице. Погледнете ги 3-те фацијални карактеристики кои откриваат најмногу нешта…rnrnНеочекуваните нешта кои лицето ги открива за вашиот карактер и здравјеrn

    Структура на коските

    rnДали вашето лице е кратко и широко или долго и слабо? Една студија спроведена од Универзитетот во Англија открила дека луѓето со високо ниво на тестостерон најчесто имаат широко лице и истакнати коски на јаболкниците. Оваа група, според истражувачите, најчесто е понаметлива и понекогаш дури и поагресивна. Друга студија на мајмуни открила дека колку е пошироко лицето на животното, толку се поголеми шансите тоа да има повисок ранг во групната хиерархија.rn

    Бебешки маснотии

    rnДоколку имате буцкасти образи или вишок бебешки маснотии на вашето лице, вие можеби сте посклони кон инфекции. Истражувачите изјавиле дека оние кои имаат потенко лице многу поретко страдаат од инфекции и кога тоа ќе се случи, ефектите не се толку сериозни. Всушност, исполнетоста на вашето лице наводно открива многу повеќе за вашата тежина отколку индексот на телесна маса. Послабото лице може исто така да индицира намален ризик од депресија и анксиозност, бидејќи менталното здравје е поврзано и со општата физичка подготвеност.rn

    Боја на кожа

    rnИстражувачите од Универзитетот Глазгов во Шкотска се согласуваат дека екстремно суптилните бои на кожа, неповрзано со етничката група, можат да откријат многу за животниот стил на одредена личност. На пример, доколку нечија кожа е малку жолта или златна, тоа значи дека тие се екстремно здрави. Оваа нијанса настанува од пигментите кои се познати како каротеноиди, како резултат на јадење портокалови и црвени овошја, како и зеленчуци кои го подобруваат имунитетот. Кога ќе изедете доволно големо количество од нив, тие се насобираат во кожата и ја бојат жолтеникаво. Тие можат да се забележат бидејќи не биле искористени при борбата со болести.rnrnРозовото лице, од друга страна, може да биде знак дека таа личност води активен животен стил и има добра циркулација. Кај жените, оваа боја може исто така да биде и знак за плодност. Истражувачите откриле дека кај жените оваа боја најмногу се забележува на врвот на нивниот менструален циклус, кога хормонот естрадиол предизвикува крвните садови во образите полека да се зголемат. Ова може да биде една од причините зошто се верува дека жените се поатрактивни за време на овулацијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали навистина секоја снегулка е уникатна?

    Дали навистина секоја снегулка е уникатна?

    И покрај тоа што некои научници наоѓаат маана во оваа мисла, повеќето ќе се согласат дека гледано одблизу секоја снегулка има уникатна форма.Дали навистина секоја снегулка е уникатна?Снегулката започнува како едноставна хексаголна призма. Потоа како што паѓа, нејзината форма уникатно варира според условите. Во 1970-те, истражувачи од Универзитетот за наука во Токио откриле дека влажноста, температурата и притисокот на воздухот ја детерминираат формата на снегулката.rn
    rn

    „И покрај тоа што ни две снегулки не завршуваат со слична форма, шестте краци на еден кристал истовремено патуваат и поради тоа сите тие синхронизирано растат, притоа давајќи ù на секоја снегулка уникатна и интригантна структура со препознатлива симетрија,“ вели Кенет Либрехт, физичар од Калифорнискиот институт за технологија.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до успешна презентација на факултет?

    Како до успешна презентација на факултет?

    За некои студенти, презентациите се одличен начин да добијат плус поени, но други со задоволство би ги прескокнале. Иако не постојат строги правила за совршена презентација, бидејќи големо влијание имаат многу фактори и околности, постојат неколку чекори кои ќе ви донесат поголем успех.Како до успешна презентација на факултетЗа сите студенти кои се соочуваат со одредени потешкотии во текот на изложувањето на својата презентација, еве неколку совети:rn
    rn

    1. Започнете со шега

    rnСтудентските презентации најчесто не се многу формални, па имајте слобода да кажете шега, но не претерувајте, не раскажувајте вицеви. Во вашиот вовед, спонтано вметнете шега за да ги насмеете колегите и да докажете дека сте целосно опуштени и природни.rn
    rn

    2. Испланирајте го дадениот временски лимит

    rnБез разлика дали ќе биде презентација од 15 минути или половина час, вие мора да го испланирате времето. Вежбајте дома, дури е пожелно да се снимате за самите да видите како изгледате и како звучите или правете го тоа пред огледало. Прилагодете ја вашата презентација според временскиот лимит. Би било навистина непријатно да завршите 5 минути пред време и да не знаете што да правите со преостанатото време, или пак, да не успеете да го презентирате својот проект во даденото време.rn
    rn

    3. Обрнете внимание на изгледот на вашата презентација

    rnНајверојатно за изработка на вашата презентација ќе се послужите со софтверска програма, како Power Point или Prezi, но внимавајте како ќе изгледа. Не употребувајте силни бои кои ги „замараат“ очите и не претерувајте со постојано менување фонтови, бои и наслови кои „летаат“ низ документот. Едноставното е секогаш подобра опција. Но нека не биде ни здодевно. Вметнете слики кои ќе го привлечат вниманието, без многу текст. Сепак, главната цел не ви е да го читате она што сте го подготвиле, туку да го презентирате. Презентацијата треба да ги содржи главните наслови, поднаслови и некои побитни податоци, најчесто оние изразени во бројки.rn
    rn

    4. Вклучете ја публиката

    rnСекогаш обрнувајте внимание на оние кои ве слушаат и проверувајте дали тие ви обрнуваат внимание вам. Вашиот поглед насочете го кон публиката, нека не изгледа како да си зборувате самите на себе, а за другите не ви е грижа. Зборувајте природно и вклучувајте ја публиката со фрази како: „Тоа ни се има случено на сите, нели?“ или „Кога последен пат сте помислиле…“.rn
    rn

    5. Јасна структура на презентацијата

    rnИмајте си одреден концепт по кој ќе се раководите, вашата презентација треба да има јасна структура. Сакајќи да објасните повеќе работи одеднаш и да дадете примери, лесно може да се оддалечите од главната поента на презентацијата, затоа држете се до вашата тема.rn
    rn

    6. Поделете материјали на публиката

    rnСигурно во текот на вашата презентација ќе користите разна компјутерска опрема, но секогаш е добро да им поделите печатени материјали на оние кои ве слушаат, како листи со податоци, табели, хендаути, копии и сл. Материјалите секако дека не треба да ја содржат целата ваша презентација туку одредени податоци кои се важни. Така публиката ќе се чувствува инволвирано во вашата презентација, а и вие ќе докажете дека сте внимавале до најситниот детаљ. Доколку публиката е многубројна, поделете одреден број материјали кои ќе „кружат“ низ просторијата, а слушателите ќе имаат пристап до нив.rn
    rn

    7. Внимателен избор на облека

    rnНе одете до крајности, нема потреба од преголема формалност, но дури и да станува збор за најобична презентација, секогаш внимавајте на облеката. Вашиот изглед зборува многу за вас и секако, многу влијае на впечатокот кој ќе го оставите. Одберете ги вашите омилени парчиња облека и изгледајте уредно и средено, но пред сè примерно.rn
    rn

    9. Самодоверба

    rnГестикулирајте, зборувајте гласно, јасно и сигурно. Тоа ќе направи да звучите како вистински експерт. Дури и да не сте потполно сигурни за одреден податок, кажете го со самодоверба.rn
    rn

    8. Импровизирајте

    rnСигурно дека презентацијата ќе ја имате добро извежбано, но секому може да му се „блокира“ мозокот за момент. Не паничете туку импровизирајте. Секогаш имајте резервна варијанта, а не мора секој збор да ви е однапред испланиран. Доколку за момент нешто ви тргне наопаку, дајте си време зборувајќи за претходната точка или за нешто поврзано со вашата тема.rn
    rn

    10. Изгледајте сериозно, но не исплашено

    rnМожеби е во ред да започнете со шега и да не бидете „здрвени“ и стационирани на едно место, но сепак трудете се да изгледате сериозно за да не оставите впечаток дека целата таа работа за вас е една голема зафрканција.rn
    rn

    11. Дозволете да ви поставуваат прашања

    rnСекогаш дозволете им на оние од публиката да ви постават прашања, но можеби би било подобро да го одбегнувате тоа во текот на презентацијата, бидејќи можат да ве збунат, да ве оддалечат од темата и да ви одземат многу време. На крајот од презентацијата, обратете им се со зборовите: „Дали некој би сакал да праша нешто во врска со мојата презентација“ или нешто слично.rn
    rn

    12. Добар заклучок

    rnСекако дека оној главен дел од презентацијата е клучен, но заклучокот игра голема улога. Тоа е крајниот впечаток кој ќе го оставите. Трудете се во неколку реченици, во кратки црти да го сумирате она што сте го кажале, издвојувајќи ги најважните елементи и кажувајќи го вашето мислење.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметноста скриена во животинските очи

    Уметноста скриена во животинските очи

    Се сеќавате на ерменскиот фотограф, професор по физика, математика и астрономија Suren Manvelyan, кој ги „позајмил“ очите на неговите пријатели, колеги и ученици за да направи фантастични макро фотографии, кои ја претставуваат комплексната структура на човековото око? Кога ја направил таа серија т.н. „Твоите убави очи“ тој не помислувал дека ќе види нешто толку магично. Импресиониран од фантастичните резултати, тој решил да не застане тука.rnrn

    Уметноста скриена во животинските очи
    Црн зајак
    rnrnНеговата нова фотографска серија т.н. „Животински очи“ покажува зачудувачки диверзитет на бои и различна структура на окото кај секое животно, што од своја страна, ги доведува набљудувачите да се запрашаат за начинот на кој тие го гледаат и перцепираат светот околу себе. Според изгледот на окото, на некој начин, ни изгледа како да можеме да го одредиме карактерот на секое животно. Ова е уште едно фантастично ремек-дело на Suren Manvelyan. Се надеваме дека овој уметник, и понатаму ќе не изненадува со неговите волшебни фотографии. 🙂 Уживајте!rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Тигрест питон (албино)
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Тигрест питон
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Кајман, вид рептил
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Лево око на куче од расата хаска
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Десно око на куче од расата хаска
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Око на риба
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Сијамска мачка
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Син рак
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Хиена
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Коњ
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Игуана
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Полжав
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Повторно око на риба
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Крокодил
    rnrn
    Уметноста скриена во животинските очи
    Стерлет, вид кечигова риба
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тајните на водата

    Тајните на водата

    Автор: М. ДавидовскаrnrnСекој ден ја пиеме, а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот. На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве неколку познати и помалку познати факти за неа.rnrnТајните на водатаrnrnНашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе.rnrnНаучниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава.rnrnВодата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.rnrnТајните на водатаrnrnРезултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства.rn

    Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.

    rn

    Тајните на водата

    rn

    Структурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува.

    rnСо современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина.rnrnМолекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.rnrnТајните на водатаrnrnЕмоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa.rnrnВо лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера.rnrn

    Тајните на водата
    Влијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно)
    rnrn
    Тајните на водата
    Влијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно)
    rn

    Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот.

    rnФеноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.rnrnВодата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин.rnrnЛегендата вели: Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која луѓето ќе полудуваат.rnrnТајните на водатаrnrnСамо еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум…

  • Куќата „Баија“ со дрвени лизгачки ѕидови

    Куќата „Баија“ со дрвени лизгачки ѕидови

    Марсио Коган е виновникот за ова прекрасно здание кое се наоѓа на крајбрежјето на градот Салвадор во Бразил, оддалечен 1.700 километри од Рио Де Женеиро.rnКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиОваа широко отворена резиденција е фокусирана на надворешното живеење. Собите од куќата можат да се отворат кон прекрасната надворешна околина, бидејќи се направени од дрвени лизгачки ѕидови. Дизајнот на куќата е добро препознатлив за стилот на Коган, бидејќи ги содржи неговите омилени камени и дрвени елементи во внатрешното уредување.rnКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата создава чувство како да е градена со влијание од азиската култура, иако ќерамидниот кров изгледа е инспириран од медитеранската обнова. Сè на сè, прекрасен, спокоен, отворен дом кој прави надворешната средина да биде дел од архитектурата, исто колку и самата негова структура.rnКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидови