Ширум светот постојат бројни споменици и скулптури. Но, некои од нив навистина се истакнуваат со нивната големина и величественост. Па дознајте нешто повеќе за најголемите скулптури во светот, каде се наоѓаат и колку всушност се високи.rn
1. Божицата на милоста – Хаинан, Кина
rn
rnrnВо Кина постојат многу статуи посветени на божествата од будизмот. Статуата Божицата на милоста во кинеската провинција Хаинан е најголема и има висина од неверојатни 108 метри.rn
2. Статуата на слободата – Њујорк, САД
rn
rnrnОва е еден од најпознатите споменици во светот. Статуата е висока 46,5 метри, а пиедесталот има висина од 46,9 метри. Статуата е подарок од Франција како знак за пријателство и е поставена во 1886-та година.rn
3. Најголемиот златен Буда – Патаја, Тајланд
rn
rnrnВо местото Патаја во Тајланд се наоѓа статуа на Буда седнат во лотус положба. Статуата е висока 18 метри и е најголемиот златен Буда во светот.rn
4. Статуа на единството – Гуџарат, Индија
rn
rnrnНеодамна поставената статуа на Сардар Валабхај Пател со нејзините 182 метри ќе биде највисоката статуа на светот. Проектот чинел околу 410 милиони евра.rn
5. Споменик на Петар Велики – Москва, Русија
rn
rnrnОваа статуа во Москва е една од најчудните, но и најголемите во светот. Направена е од грузискиот вајар Зураб Церетели како прослава за 300 години од постоењето на руската морнарица. Статуата е поставена во 1997-ма година и тежи 1.000 тони. Два пати е прогласена и за најгрдата градба во светот.rn
6. Мајка на татковината – Волгоград, Русија
rn
rnrnСтатуата на маж кој држи меч е направена во сеќавање на битката во Сталинград. Направена е од познатиот руски вајар Евгениј Вучетиќ и архитектот Николај Никитин. Во 1967-ма година била прогласена за највисока статуа во светот.rn
7. Царевите Јан и Јуанг – Хенан, Кина
rn
rnrnСпоред легендата, Јан и Хуанг се првите предци на Кинезите, па во нивна чест е подигнат споменик висок 106 метри. Интересно е што споменикот не спаѓа во највисоките статуи во светот бидејќи на него ги има само главите, но не и телата на царевите.rn
8. Најголемиот бронзен Буда – Џијангс, Кина
rn
rnrnВисока дури 88 метри, бронзената скулптура на Буда спаѓа меѓу највисоките во светот. Ова е највисоката статуа на Буда направена од оваа легура на бакар.rnrnПогледнете ги и мистериите за најпознатите статуи ширум светот.

rnrn
rn
rnrn
rnrnИ покрај тоа што истурањето мед врз нечија глава во името на уметноста може да ви звучи малку чудно, резултатите од овој сладок експеримент се навистина неверојатни. Медот ги трансформира моделите во прекрасни уметнички дела кои изгледаат како златни статуи. Погледнете…rnrn












Поделени се мислењата на луѓето околу живите златни или бронзени статуи. На некои им се забавни, на други им се морничави, но не може да не се запрашате како некои живи статуи лебдат во воздухот и притоа изгледаат опуштено, како воопшто да не ги напрегаат мускулите. Како ли го прават ова?
Погледнете ја неверојатната лебдечка изведба на американското шоу за таленти America’s Got Talent.rn































rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn