Како може најголемиот синџир за кафе во светот да се пробие во држава што има своја сопствена кафе-култура? Тоа било прашањето со кое се бореле сопствениците уште пред да ја отворат кафетеријата во Милано. Соочени со многу скептицизам од страна на Италијанците, што уживаат во совршеното еспресо и имаат длабока поврзаност со нивните локални кафетерии, компанијата била пречекана со многу високи стандарди. И кога конечно се отворил првиот Старбакс во Милано, сите љубители на кафето биле воодушевени од самиот дизајн.rnrnrnrnЛоциран во историска зграда што порано била пошта, богато дизајнираниот ентериер ги спојува традиционалното и сестраното, правејќи комбинација од тоа што е вистински италијанско со останатиот свет. Погледнете ги следните фотографии и ќе посакате следниот викенд да го поминете токму тука, во срцето на Милано, пиејќи вкусно Старбакс еспресо!rnrnrnrnПробајте го и овој рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули.
Многу луѓе кога патуваат надвор од нашата земја во земја каде што има Сатрбакс, не ја пропуштаат приликата да се напијат кафе кое има толку различен вкус од секое друго. Сепак, овие слатки напитоци се полни со калории, па имајте на ум дека иако мислите дека само пиете кафе, вие всушност се почестувате со калоричен десерт во течна состојба.rnrnrnrnМока со бело чоколадо и пеперминт = 520 калории = 3,7 лименки Кока-колаrnrnФрапучино со двојно чоколадо = 500 калории = 120 Скитлс бонбониrnrnТопло чоколадо = 370 калории = 45 гумени бонбониrnrnЛате со зелен чај = 350 калории = среден помфрит од МекдоналдсrnrnКафе Мока = 330 калории = 130 крекери рипкиrnrnКафе Лате = 190 калории = 1 парче пицаrnrnЦрно кафе = 0 калории = кoфеинизиран воздухrnrn rnrn
Именувањето на брендот е форма на уметност. Името треба да биде привлечно и незаборавно. Успешните компании како Гугл и Кока-кола направија вистински избор. Но, како настанале овие имиња?rn
Кока-кола
rnНајпознатиот газиран пијалак во историјата своето име го добил според листот кока (coca) и оревот кола (kola). Фармацевтот Џон Пембертон е творецот на првата серија на сирупот Кока-кола во 1886 година. Името на сирупот го предложил Френк Мејсон Робинсон, бизнис партнер на Пембертон. Тој латиничното „k“ го заменил со „c“, мислејќи дека така ќе изгледа подобро. На тој начин настанало познатото лого Coca–Cola. Но Кока-кола не станала веднаш хит. Во првата година од нејзиното производство просечно се продавале по 9 шишиња дневно. Во 1888 година Пембертон го продал својот бизнис непретпоставувајќи го огромниот потенцијал на она што го создал.rnrnrn
Гугл
rnНајголемиот пребарувач го добил своето име според зборот „Гугол“ (googol), што всушност претставува огромен број кој најдобро би се опишал како бројот 1 проследен со 100 нули. Постојат различни приказни како од Гугол настанал Гугл, но официјалната приказна била објавена од компјутерскиот научник Дејвид Колер. Коосновачите Лари Пејџ и Сергеј Брин го формирале пребарувачот познат како „BackRub“ кога во 1997 година размислувале за промена на името. Еден нивни колега го предложил „googolplex“, но Пејџ го скратил името на „googol“. Кога неговиот колега пребарувал дали името е достапно, тој погрешно го напишал зборот и го добил „Google“.rnrnrn
Најк
rnСпортската компанија Најк е именувана според грчката божица на победата прикажана со раширени крилја. Компанијата била основана во 1964 година и во тоа време се викала „Blue Ribbon Sports“. Еден од вработените, Џеф Џонсон, тврдел дека дизајнот за логото го видел на сон. По долго расправање околу името, најпосле во 1978 година Џонсон одлучил дека Најк звучи подобро од втората опција која гласела „Димензија шест“ (Dimension Six).rnrnrn
Старбакс
rnГордон Букер, еден од основачите на Старбакс, ги советувал своите колеги дека зборовите кои почнуваат со буквите „st“ звучат многу помоќно. Така тој направил список на зборови кои почнуваат на „st“. Во тој период тимот разговарал за еден рудник во Вашингтон кој се викал Старбо (Starbo). Тогаш Букер помислил на Старбак, најдобриот пријател на капетан Ахаб во романот „Моби Дик“. Така Старбакс го победил второто можно име за оваа компанија кое гласело „Карго куќа“ (Cargo House).rnrnrn
Амазон
rnЏеф Безос својата онлајн компанија прво ја нарекол Кадабра (како дел од абракадабра). Кога му го соопштил името на неговиот адвокат, тој го прашал зошто би сакал да си ја нарече компанијата така? Безос сфатил дека ќе мора да го смени името и се сложил тоа да биде Амазон заради две причини: прво затоа што името навестувало колку голема може да стане компанијата и бидејќи тоа ќе го доведел сајтот при врвот на ранг листите, кои во тоа време се правеле по азбучен редослед.rnrnrn
Твитер
rnСпоред коосновачот на оваа социјална мрежа, Џек Дорси, нејзиното прво име било „Stat.us“. Дорси изјавил дека тимот сакал име кое најмногу ќе одговара на зуењето низ цел свет, па така дошле до името „twitch“, но Дорси сметал дека ова име не ја доловува вистинската замисла. Тој го пронашол зборот Twitter (црцори) во речникот и сфатил дека овој збор совршено одговара на неговата идеја.rnrnrn
Доритос
rnФрито-Леј, компанијата која го произведува познатиот чипс, го преведува името Доритос од шпански јазик како „мали парчиња злато“. Арч Вест, извршниот директор на Фрито-Леј, ја добил идејата за Доритос во 1964 година, додека бил на одмор. Тој купил ќесичка препечени тортиљи од еден локален ресторан во Калифорнија. Кога се вратил на работа веднаш смислил име за крцкав пченкарен чипс со шпански призвук.rnrnrn
Доминос
rnВо 1960 година Том Монаган и неговиот брат купиле пицерија во Мичиген и ја нарекле Доминикс (DomiNick’s). Бизнисот одел добро, па Монаган купил уште две локации. Оригиналниот сопственик на пицеријата, чие име било Доминик, не сакал неговото име да се користи во проширувањето на бизнисот и заради тоа Монаган морал да го смени името. Името Доминос случајно го предложил еден вработен во пицеријата, додека завршувал со доставата. На Монаган му се допаднало името и веднаш потоа го смислил и логото на кое се наоѓаат домино коцки, на кои Монаган додавал уште една точка секогаш кога ќе отвори нова пицерија. Како што самиот вели, тогаш не размислувал на интернационалниот синџир кој го поседува денес.rnrnrnrn rnrn
Најновата кафе-продавница на светски познатиот бренд „Старбакс“ се наоѓа во Амстердам и е само прва од низата од овој тип, кои во блиска иднина ќе се појават секаде низ Европа. Оваа продавница е направена на повеќе нивоа и е изработена од природни материјали, како што е холандскиот даб.Уникатниот таван е направен од дрвени блокови со различна големина кои придонесуваат да се добие оваа домашна атмосфера. Новиот дизајн додава еден модерен и рустичен „спин“ на овој синџир кафе-продавници, кои својот лик го немаа променето многу години.rnrn
Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks) денеска претставува еден од најдобрите интернационални брендови, со седиште во Сиетл, Вашингтон, САД. Таа е најголемиот синџир на кафе-продавници во светот, која заклучно со 2010 година, вбројува 17.009 продавници, од кои преку 11.000 се во САД, 1.000 во Канада и околу 700 во Велика Британија. Продавница на Старбакс можете да сретнете во повеќе од 55 земји низ светот, а во нив работат околу 137.000 луѓе.rnПрвата продавница била отворена во Сиетл, на 30 март 1971 година од страна на тројцата пријатели Џери Болдвин, кој бил професор по англиски јазик, Цев Сигл, наставник по историја и Гордон Боукер кој бил писател. Во периодот од 1971 до 1975 година, продавницата била лоцирана на „2000 Western Avenue“, за потоа да биде преместена на улицата „1912 Pike Place“ каде што сè уште постои.rnКомпанијата почнува да се проширува дури во 1984 година, кога ја отвора својата прва продавница во Ванкувер, а набрзо потоа и во Чикаго и Илиноис. Во 1992 година, кога компанијата ја има својата прва јавна понуда на берзата, таа веќе има 165 продавници низ САД. Првата продавница надвор од Северна Америка, Старбакс ја отвори во Токио, Јапонија во 1996 година. На тлото на Европа, првата продавница ја отвори во Велика Британија во 1998 година, а во Латинска Америка во 2002 година во Мексико Сити. Во 2003 година својата прва продавница ја доби и Јужна Америка, лоцирана во Лима, Перу. Африка својата прва продавница ја доби во 2010 година, за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка.rnВо последниве 10 години, компанијата се посветува на купување дел од други познати компании и ребрендирање на нивните продавници. Меѓу овие компании се вбројуваат „Torrefazione“ од Италија, „ Diedrich“ од САД и други слични компании.rnВо нашата соседска околина, кафињата на Старбакс можете да ги вкусите во Грција и Бугарија. Успехот на оваа компанија се должи на нивниот квалитет, богатата понуда на кафиња како и на брзата и љубезна услуга.rnrn
Ова кафе својата популарност ја доби од најпопулраниот ланец на кафиња Старбакс. Одлично е за оние кои го сакаат кафето ладно и слатко. Уште ако на крајот го зачините со малку шлаг и какао, ќе заличи исто како да сте го купиле во Старбакс.За едно кафе потребно е:
rnrn
rn011
1 1/2 коцки мраз
rn011
3/4 шолја млеко
rn011
1 лажица еспресо измешана со 1/4 шолја жешка вода
rn011
1 лажица шеќер (повеќе или помалку по вкус)
rn011
2 лажици чоколаден сируп
rn011
шлаг (по желба)
rn
rn
Во блендер измешјате ги мразот, млекото, еспресото, шеќерот и чоколадниот сируп. Претурете го кафето во голема чаша. По желба, декорирајте со изматен шлаг и какао врз шлагот.