КАФЕ ПАУЗА

Tag: средство

  • Најдоброто решение за првутот е всушност средството за плакнење на устата

    Најдоброто решение за првутот е всушност средството за плакнење на устата

    Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Не само што го ограничува изборот на облеката, туку и може да биде доста напорен за справување без да направите понатамошна штета на локните. Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност.rnrnНајдоброто решение за првутот е всушност средството за плакнење на устатаrnrnСѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста (најдобро би било да е Листерин), вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата.rnrnЛистеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут. Чудно? Малку. Ефективно? Апсолутно.

  • Направете сами: домашен спреј против комарци

    Направете сами: домашен спреј против комарци

    Топлото и убаво време, за жал си има и свои негативности. Кога зборуваме за малиот број негативни страни на летото мислиме на комарците. Во маркетите ќе најдете многу средства за заштита од комарци, но сите тие содржат хемикалии кои негативно влијаат на вашето здравје. Со цел да се заштитите од комарците, но и од хемикалиите во купечките средства за заштита, направете си домашен спреј против комарци.rnrnНаправете сами: домашен спреј против комарциrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 20 г свежи листови од босилок
    • rn011

    • 10 капки есенцијално масло од босилок
    • rn011

    • 120 мл зовриена вода
    • rn011

    • 120 мл вотка
    • rn

    rnВо стаклен сад ставете ги листовите босилок, врз нив налејте ја зовриената вода и оставете ги да отстојат 3-4 часа. Отстранете го босилокот стискајќи ги листовите за да се исцеди водата од нив. Налејте ја течноста во шише со пумпа за прскање, додајте ја вотката и протресете. Доколку сакате подобар мирис може да додадете масло од босилок. За да се заштитите од убод на комарци напрскајте се по телото и минете ги летните ноќи на раат.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Основни правила за поголема ефективност:

    rn

      rn011

    • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
    • rn011

    • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
    • rn

    rn

    Дамки од црвено вино

    rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од чоколадо

    rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn

    Дамки од трева (зеленило)

    rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од крв

    rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn

    Дамки од кафе

    rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од мастило

    rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn

    Дамки од масло за готвење

    rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.