КАФЕ ПАУЗА

Tag: средства

  • 3 природни средства што ги отстрануваат модринките

    3 природни средства што ги отстрануваат модринките

    За да спречите појава на модринки кога ќе се удрите, важно е да реагирате навреме, а колку често и со каков интензитет ќе ви се појавуваат модринки зависи од вашето ткиво, од количината на железо што ја имате во крвта, но и од количината на витамин Ц во телото. Со цел што побрзо да ги отстраните модринките, пробајте некое од овие природни средства.rnrn3 природни средства што ги отстрануваат модринкитеrn

    1. Маска од компири и мед

    rnОваа природна маска содржи варен компир, малку мед и обична вода. Откако компирот ќе се свари, излупете го и изгмечете го. Потоа ставете една лажица мед во неа и измешајте со малку млака вода додека не добиете каша. Ставете ја подготвената маска на модринката и оставете да отстои околу 15 минути. Можете да ја повторите постапката.rn

    2. Зеленчук како облога

    rnНекои зеленчуци ќе ги ублажат подринките и ќе го забрзаат нивното исчезнување. Најмногу ќе ви помогнат зелката, магдоносот, кромидот и доматот. Црвениот кромид е одличен за модринки бидејќи ја ублажува болката и има антивоспалителни својства. За да ја ублажите модринката, ставете го сечканиот кромид во газа и ставете го на местото на ударот.rnrnИстото можете да го направите со зелка или сечкан магдонос. И свежите домати би можеле да помогнат во намалувањето на модринките. Ставете го сечканиот домат на местото на ударот и држете го половина час. По овој природен третман, модринката треба да биде помала и побрзо да исчезне.rn

    3. Масажа со оцет и вода

    rnИзмешајте оцет и топла вода во сооднос 50 : 50 и лесно тријте на местото на ударот. Овие две состојки треба да ја стимулираат циркулацијата под површината на кожата и да предизвикаат насобраната крв побрзо да се апсорбира или да исчезне.rn

    Совет плус:

    rnЗа модринките да исчезнат побрзо, земете доволно витамин Ц. Тоа го стимулира формирањето колаген и ја обновува кожата, која ги штити крвните садови. Најмалку колаген има во рацете и во нозете, па модринките во овие области се почести и потемни.rnrnАко можете, обидете се да не земате аналгетици, кои поради нивниот ефект врз крвта, создаваат поголем контраст помеѓу модринката и кожата, така што местото на ударот е уште поизразено.rnrnПрочитајте кои 10 секојдневни навики ја уништуваат вашата кожа.

  • Како на природен начин да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

    Како на природен начин да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

    Никој не сака да има штетници во домот, но хемиските пестициди се премногу токсични и не е безбедно да ги користите во близина на вашето семејство. Па, погледнете како на едноставен и безбеден начин да се ослободите од инсектите во вашиот дом.rn

    1. Лебарки

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnЛебарките разнесуваат многу опасни болести. Постојат многу продукти што ќе ви помогнат да се ослободите од нив, но обично се премногу отровни. Едноставен начин да се справите со лебарките е да исечкате еден кромид и да додадете една лажица сода бикарбона. Потоа нанесете ја смесата во ќошевите од домот. Нанесувајте сè додека не се ослободите од лебарките.rn

    2. Крлежи

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnКрлежите можат да бидат во разна големина и боја. Важно е да се заштитите од нив бидејќи можат да нанесат многу штета. Ако не сакате да нанесувате пестициди на вашата кожа, пробајте ги овие природни препарати.rn

      rn 011

    • За луѓе: Измешајте 20 капки есенцијално масло од роза, 10 капки масло од слатка трева, 5 капки масло од лаванда, 5 капки масло од лимон и една лажичка алкохол. Растворете ја мешавината во 100 милилитри оцет или во вода и ставете ја во шише со пумпа. Протресете добро и испрскајте ја облеката пред да излегувате надвор.
    • rn 011

    • За кучиња: Кучињата често се мета на крлежите, па важно е редовно да ги проверувате. Измешајте 20 капки масло од роза и масло од бадем и нанесете дел од смесата на ремчето на вашето куче. Немојте да ја употребувате смесата на мачки или бремени животни.
    • rn

    rn

    3. Штетници во градина

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnШтетниците можат многу да ѝ наштетат на вашата градина. Постојат многу пестициди, но доколку одгледувате овошје и зеленчук не е препорачливо да ги користите. Наместо тоа, измешајте 70 грама лути пиперки со 70 грама лук или кромид и блендирајте додека не добиете паста. Измешајте ја пастата со 500 милилитри топла вода. Оставете ја смесата да отстои 24 часа на топло место, а потоа испрскајте ги растенијата со неа.rn

    4. Пајаци

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnДури и кога нема отровни пајаци во околината, сигурно не сакате да ги имате во домот. Ова средство нема да ги убие пајаците, но ќе ги држи настрана од вашиот дом. Измешајте 5-10 капки масло од нане, 200 милилитри вода и 1/4 лажичка течен детергент. Добро измешајте и испрскајте ги проблематичните места. Маслото од нане можете да го замените со масло од еукалиптус, лаванда или масло од чајно дрво.rn

    5. Мравки

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnМравките како да се појавуваат од никаде и често се завршуваат во вашата кујна. Ако имате мравки во вашата кујна, можете да ја направите помалку привлечна за нив. Наводно мравките го мразат мирисот на цимет. Ставете малку цимет на местата од каде што мислите дека влегуваат. За подобри резултати додајте и некое есенцијално масло.rn

    6. Прашински грини

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnОвие суштества се толку мали што не можете да ги видите со голо око. Но, тоа не значи дека не се во вашиот дом. Тие живеат во прашина, сакаат потопли места и омилена храна им е кожата. Со други зборови, најмногу сакаат да живеат во креветот. Иако грините не можат да ве каснат, можат да предизвикаат алергиски реакции. За да се ослободите од нив измешајте 6 лажички масло од еукалиптус со 1,5 лажичка течен детергент во кофа со вода. Во водата потопете ги постелнината и тоа што може да се испере. Сè што не можете да исперете, испрскајте го со течноста и избришете со чиста крпа. Доколку не ви се допаѓа мирисот на еукалиптус, можете да го замените со масло од чајно дрво.rn

    7. Чурликарки

    rnКако да се ослободите од инсектите во вашиот дом?rnrnАко оставите брашно, житарици или ориз отворени, голема е веројатноста да се појават овие бубачки. Тие сакаат зрна и семиња, но можат да се појават и во брашното. Бидејќи сигурно не сакате да употребувате хемиски пестициди во вашата храна, можете да се ослободите од нив на друг начин. Наводно, чурликарките го мразат мирисот на ловоров лист. Па ставете еден лист во храната или околу садовите за да ги држите бубачките настрана.rnrnДали знаете кои паразити можеби живеат во вашето тело?

  • 5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

    5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

    Кога треба да се исчисти некоја тврдокорна дамка во домот, подготвени сме да комбинираме неколку различни средства за чистење со цел полесно да го решиме проблемот.rnrn5-sredstva-za-chistenje-koi-ne-smeat-da-se-kombiniraat-zaedno-kafepauza.mkrnrnЕкспертите предупредуваат дека употребата на некои хемиски средства може да е оправдана и сигурна само доколку не се мешаат со слични производи.rn

    1. Две различни врсти на средства за чистење одвод

    rnГеловите за чистење на одводот содржат јаки хемикалии кои ефективно ги убиваат бактериите, но доколку со едно чистење не се отстрани непријатниот мирис или запушувањето, тогаш подобро е да повикате водоводџија, отколку да комбинирате два или повеќе различни производи.rn

    2. Хидроген пероксид и алкохолен оцет

    rnКомбинацијата на хидроген пероксид и оцет често се користи за дезинфекција на површините во кујната. Иако станува збор за релативно сигурна мешавина, експертите препорачуваат да не ги мешате во ист сад поради тоа што се создава пероцетна киселина која може да ја иритира вашата кожа, очите и вашиот респираторен систем.rn

    3. Белило и алкохолен оцет

    rnВо теорија, оваа комбинација изгледа моќно кога се работи за отстранување на бактериите од површините во домот, но во пракса се создава гасовит хлор кој во мали количини предизвикува кашлица, проблем со дишењето и насолзени очи.rn

    4. Белило и амонијак

    rnАмонијакот е честа состојка во средствата за чистење на стаклата и прозорите. Научниците препорачуваат да не ги мешате со белилото, затоа што оваа комбинација создава хлорамин. Овој гас има слични последици по човечкото тело како гасовитиот хлор. Предизвикува болки во прстите и недостаток на кислород во белите дробови.rn

    5. Белило и медицински алкохол

    rnОва е уште една комбинација во низата што предизвикува потешкотии во дишењето, па затоа се советува белилото никогаш да не го мешате со други хемиски средства, туку само со вода.

  • 6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата rn

    Ја миете косата секој ден

    rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn

    Ја сушите косата на најјака топлина со фен

    rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра

    rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn

    Комбинација од лак за коса и загреана преса

    rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Претерување со производи за хидратација на косата

    rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn

    Непотребно бојадисување на целата коса

    rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.