КАФЕ ПАУЗА

Tag: средба

  • Работи што секој хороскопски знак ги цени најмногу за време на средбите со партнерот

    Работи што секој хороскопски знак ги цени најмногу за време на средбите со партнерот

    Ако сакате да ја израдувате и да ја импресионирате вашата партнерка, астрологијата ќе ви открие како треба да се однесувате за време на средбите со неа.rnrnРаботи што секој хороскопски знак ги цени најмногу за време на средбите со партнеротrn

    Овен

    rnТаа сака да поставувате прашања наместо да зборувате само за себе.rn

    Бик

    rnТаа сака да ѝ ја држите вратата и да ѝ го наместите столот.rn

    Близнаци

    rnТаа сака да се смеете на нејзините шеги и вие да кажете некои од своите.rn

    Рак

    rnТаа сака да ѝ давате автентични, искрени комплименти.rn

    Лав

    rnТаа сака да ја гледате во очи и да не го допирате вашиот телефон во текот на средбата.rn

    Девица

    rnТаа сака вие да ја испланирате вечерта и да се понудите да возите.rn

    Вага

    rnТаа сака да се потрудите да изгледате убаво и да се дотерате за неа.rn

    Скорпија

    rnТаа сака да се понудите да платите или да ја поделите сметката.rn

    Стрелец

    rnТаа сака да донесете цвеќиња или чоколатца како симпатично изненадување.rn

    Јарец

    rnТаа сака да бидете искрени и отворено да ги искажете вашите чувства кон неа.rn

    Водолија

    rnТаа сака да ја споделите вашата храна (и пијалоци) со неа.rn

    Риби

    rnТаа сака да спомнете некои ситници што ги памтите за неа.rnrnПрочитајте зошто секој хороскопски знак треба да ја пронајде вистинската љубов.

  • Како ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знак?

    Како ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знак?

    Доколку не сте ја сретнале досега, веројатно се имате прашувано како ќе ја запознаете вашата сродна душа. Можеби дури и сте си ја замислиле целата средба. И во овој случај, вашиот хороскопски знак може да влијае на тоа како и каде ќе ја сретнете оваа личност. Па доколку сте нетрпеливи и сакате да знаете што да очекувате, продолжете со читање.rnrnКако ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа кога ќе правите нешто навистина активно. Ќе бидете на првиот кик-бокс час или ќе искачувате некоја нова планина, а вашата сродна душа ќе биде личност која никогаш не сте очекувале да ја сретнете. Очигледно, и оваа личност ќе биде отворена за нови искуства како и вие, па токму поради тоа ќе се вљубите.rn

    Бик

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа додека купувате. Без разлика дали ќе купувате нова облека или намирници, токму тогаш ќе налетате на сродната душа. Можеби ќе ве праша нешто за начинот на исхрана, или пак нешто за облеката што сте ја одбрале. Како и да е, оваа личност ќе се појави кога го правите вообичаеното.rn

    Близнаци

    rnВие ќе ја сретнете вашата сродна душа преку заеднички пријател. Премногу сте неодлучни за самите да ја најдете оваа личност, бидејќи едноставно не му верувате на вашето расудување. Навистина сте се потрудиле да ја најдете сродната душа, но досега сте немале среќа. Па кога ќе бидете на забавата на некој пријател, ќе се појави оваа личност и навистина пријатно ќе ве изненади. Веднаш ќе се поврзете, бидејќи целото познанство ќе биде спонтано.rn

    Рак

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа на венчавката на ваш братучед. Вие сте традиционална личност, па не би сакале да ја пронајдете вистинската личност онлајн. Блиски сте со вашето семејство, па поради ова најверојатно ќе ја сретнете сродната душа на семеен настан. Оваа личност првиот пат ќе ве види во вашето најдобро издание и можеби ќе ве покани да танцувате, или пак ќе бидете седнати на истата маса.rn

    Лав

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа на апликација за состанување. Вие сте полни со самодоверба и точно знаете што сакате од партнерот, па ова ве прави совршени за онлајн состанување. Не ви е проблем да одредите кој е за вас, а кој не помеѓу многуте корисници.rn

    Девица

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа додека сте излезени со најблиските пријатели. Вие сте посветени и вредни, па многу се фокусирате на кариерата и на тоа да станете подобра личност. Нема да ја сретнете сродната душа во канцеларија, туку таа ќе се појави кога конечно ќе се ослободите од нештата што ви предизвикуваат стрес, а тоа е излегување со пријателите.rn

    Вага

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа на социјален настан во врска со некој ваш интерес или хоби. Сакате баланс и симетрија, а вие и вашата сродна душа ќе имате многу заеднички нешта. Ќе се запознаете кога и двајцата ќе сакате да ги истражувате нештата што ви се допаѓаат.rn

    Скорпија

    rnЌе ја сретнете сродната душа додека работите на нешто за коешто сте страсни. Вие сте навистина страсна личност и не правите нешто само за да го пробате. Вие правите нешто бидејќи се грижите за тоа. Сакате и вашиот партнер да биде исто страстен за нешто, па ќе го запознаете во ваква ситуација.rn

    Стрелец

    rnВашата сродна душа ќе ја сретнете на следната голема авантура. Без разлика која е вашата дестинација, вие сакате да патувавте и да истражувате и во овие моменти се чувствувате најдобро. Ќе имате можност да ја запознаете сродната душа во хостел или на некое шеталиште. Ќе ја сретнете кога ќе откривате нови нешта, а таа ќе биде едно од нив.rn

    Јарец

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа додека сте излезени со колегите. Вие сте посветени, па работите навистина многу. Но иако поголемиот дел од времето се грижите за работата, одвреме-навреме сакате да направите пауза и да не се грижите за ништо. Кога ќе бидете излезени на пијачка со колегите, вашата сродна душа ќе се појави во вашиот живот.rn

    Водолија

    rnЌе ја сретнете вашата сродна душа во кафетерија додека ја читате или пишувате вашата нова книга. Вие сте интелектуалец и во слободното време правите нешта што го прошируваат вашето знаење. Го гледате животот како голема можност за учење. Ќе бидете задлабочени во вашите мемоари, кога сродната душа ќе ве праша дали е слободен столот на вашата маса.rn

    Риби

    rnВашата сродна душа ќе се појави на концерт, на претстава или на некоја уметничка изложба. Вие сте креативни, но и уметници. Без разлика дали станува збор за музика, театар или сликање, вашата сродна душа ќе биде личност со којашто ќе можете да разговарате на сите овие теми. Дури и ако оваа личност не е уметник, таа ќе се грижи за уметноста и ќе се сретнете околу неа.rnrnСигурно ќе сакате да знаете и во кои хороскопски знаци се крие вашата сродна душа.

  • 7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душа

    7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душа

    Кога сите околу вас се во сериозни врски или стапуваат во брак, нормално е да се прашувате кога и како ќе се појави и вашиот животен партнер. Иако нема начин да ја предвидите иднината, сепак постојат неколку работи кои ќе ви помогнат во потрагата. Доколку сакате да ја сретнете вашата сродна душа, можеби најдобро е да почнете да размислувате за работите кои имаат влијание на таа средба. Според експертите, следниве нешта можат да одредат кога ќе ја сретнете вашата сродна душа.rn

    1. Дали сте среќни сами?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnКолку и да ве изненадува ова, вистина е дека вистинската личност ќе се појави кога всушност не ви е потребна. Важен фактор што одредува кога ќе ја сретнете сродната душа е врската што ја имате со себе. Ако не се грижите за себе, нема да можете да изградите здрава врска ни со некој друг, други ни со вашата сродна душа. Па штом ќе можете да се прифатите сами и онакви какви што сте, ќе станете отворени кон потенцијалните животни партнери.rn

    2. Дали живеете во голем град?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnНекои од нештата што влијаат на средбата со сродната душа се попрактични, како на пример, вашето место на живеење. Живеењето и одењето на состаноци во голем град е многу поразлично од она во мал град. Во големиот град имате поголеми шанси да запознаете нови луѓе, во кои може да спаѓа и вашата сродна душа.rn

    3. Дали сте со отворен ум?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnИако е важно да бидете доволно зрели пред да ја сретнете вашата сродна душа, можно е да се движите во сосема погрешна насока додека ја барате. Потребно е да имате поотворен ум пред да ја сретнете сродната душа. Повеќето луѓе стануваат пребирливи кога го бараат животниот партнер. Важно е да се држите до вашите основни вредности, но понекогаш треба да пробате и нешто ново. Па на потенцијалните партнери пријдете им се отворен ум.rn

    4. Дали имате добри пријатели?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnИако можеби нема да се вљубите во личност којашто веќе ја познавате, вашиот социјален круг може да одреди колку брзо ќе ја сретнете сродната душа. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе ги наоѓаат нивните животни партнери преку пријатели. Па, групата добри пријатели секако ќе влијае на средбата со сродната душа.rn

    5. Дали претерувате со работење?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnДруг практичен фактор што влијае на вашата средба со сродната душа се часовите што ги поминувате во работа. Иако е добро работата да ви стане приоритет, периодот кога ѝ се посветувате само на неа нема да биде периодот кога ќе оформите долготрајна љубовна врска. Ова е особено вистина доколку работите прекумерно. Ако целиот ден го поминувате во канцеларија, драстично ви се намалуваат шансите да сретнете некоја нова личност, вклучувајќи ја и вашата сродна душа. Па затоа фокусирајте се на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот.rn

    6. Дали сте се соочиле со некаква траума во вашето детство?

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnМожеби ова ќе ве изненади, но нешто што се случило во вашето детство може да влијае на вашиот љубовен живот. Всушност, ова се случува многу често. Се разбира, траумите од детството не значат дека не заслужувате љубов, туку едноставно треба да поработите на овие проблеми пред да го најдете животниот партнер. Кога ги потиснувате проблемите и траумите од детството, ги создавате истите шеми и динамики во вашите врски. Не плашете се и не срамете се да побарате помош доколку се соочувате со ваков проблем.rn

    7. Дали сакате сè да се одвива според вашиот распоред

    rn7 изненадувачки нешта што влијаат на средбата со вашата сродна душаrnrnАко сте направиле распоред за тоа кога треба да ја сретнете сродната душа, само си ја отежнувате ситуацијата. Ова размислување може да ве натера да се помирите со врска која воопшто не е за вас. Немојте да си создавате притисок да се венчате до 30-тата, да имате деца до 28-та или да ја најдете сродната душа до 25-тата година. Ова нема да ѝ дозволи на љубовта да се движи по нејзиниот природен пат. Посветувањето на овие понекогаш нереални цели само не ви дозволува да бидете отворени и да ги истражите сите ваши опции.rnrnМногу од овие фактори влијаат на наоѓањето на сродната душа. Воглавно експертите сметаат дека најверојатно ќе ја сретнете сродната душа кога сте најсреќни и кога ви е најудобно во вашата кожа и во вашето опкружување. Заслужувате љубов, но заслужувате да бидете задоволни и од личноста којашто сте додека сте сингл.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.

  • 12 знаци дека сте сретнале некој од вашата група души

    12 знаци дека сте сретнале некој од вашата група души

    Дали некогаш сте налетале на личност и сте се почувствувале како да се знаете отсекогаш, иако само што сте се запознале? Дали некогаш веднаш сте се поврзале со странец без да знаете зошто? Понекогаш овие луѓе знаат што ќе кажете дури и пред вие да ја помислите таа мисла. Овие луѓе со кои можете да се поврзете на навистина длабоко ниво, се познати како вашето семејство души или група души.rnrn12 знаци дека сте сретнале некој од вашата група душиrn

    ШТО ПРЕТСТАВУВА ГРУПАТА ДУШИ?

    rnГрупата души ја сочинуваат еден човек или повеќе луѓе чии енергии се совпаѓаат на ментално, емоционално, физичко и духовно ниво во кој било момент. Овие луѓе се силно поврзани, а повеќето ја опишуваат оваа поврзаност како имање иста фреквенција или вибрација.rnrnОваа поврзаност не мора секогаш да биде романтична. Постојат разни видови поврзувања кои можат да бидат со пријатели, сродни души и слично. Без разлика дали потекнувате од разни култури, раси или позадини, веднаш ќе почувствувате поврзаност со луѓето од вашата група души.rn

    ЗОШТО ИМАМЕ ГРУПА ДУШИ?

    rnОвие луѓе не ви дозволуваат да останете иста личност. Обединувањето со нив може да трае неколку часа во авион, или 60 години. Секој член од вашата група души ќе се појави во вашиот живот за да ве научи на некоја лекција. Односно, вашето семејство души е овде да ви помогне да научите, да созреете и да го искусите она што нам ни е познато како просветлување.rnrnКога ќе ја откриете вашата група души, ќе созреете не само на индивидуално, туку и на колективно ниво. Само преку ова поврзување со друга душа може да настане драстична промена како внатре, така и надвор.rn

    ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ СРЕТНАЛЕ НЕКОЈ ОД ВАШАТА ГРУПА ДУШИ

    rnПа, каде да ги најдете луѓето од вашата група души? Вашата група души ќе ве најде вам, па потребно е да го поставите прашањето: „Кога ќе ги најдете?“rnrnВо вашиот живот ќе има период кога ќе почувствувате како да ве привлекува вашата група души. Кога останатите членови ќе бидат подготвени, ќе бидете споени. Но ова не значи дека не треба да направите никаква промена. Штом ќе бидете подготвени да ги запознаете, треба активно да работите на тоа.rnrnПотребно е да ја слушате вашата интуиција наместо вашиот мозок. Ќе забележите дека таа ќе ве води кон нови места и активности кои не сте ги пробале досега. Доколку налетате на личност од вашата група души, можно е да забележите некои од овие знаци.rn

    1. Долго се гледате во очи

    rnВоопшто не ви е проблем да ги погледнете во очи членовите на вашата група души, а самото гледање не предизвикува неудобност. Кога се гледате во очи чувствувате нешто познато, нешто удобно. Се чувствувате како да споделувате некоја вистина која и двајцата тивко знаете дека ја разбирате.rn

    2. Личноста нема да биде егоцентрична

    rnЧленовите на вашата група души нема да сакаат нешта како слава, статус и пари. Наместо тоа, ќе бидат духовно созреани. Можеби ќе бидат заинтересирани за здрава исхрана, помагање на околината, медитирање и слично.rn

    3. Чувствувате магнетна привлечност

    rnБез некоја особена причина, членовите на вашата група души ќе се истакнуваат. Веднаш ќе почувствувате привлечност кон нив и кон нивната енергија. Дури и ако изгубите контакт со нив, тие одново и одново ќе се појавуваат во вашиот живот.rn

    4. Го зборувате „истиот јазик“

    rnКога разговарате, и двајцата имате слични размислувања и верувања, а емоционално се наоѓате на иста страница. Често ќе ви се случува да си ги повторувате зборовите, како навистина да си ги рефлектирате умовите.rn

    5. Ќе се чувствувате како да се познавате целиот живот

    rnЌе се чувствувате како никој друг да ве нема разбрано подобро од таа личност. Длабоко во себе чувствувате дека вашата поврзаност е безвременска. Дури и кога прв пат сте ја сретнале оваа личност, нешто кај неа ви било познато.rn

    6. Се чувствувате полни со енергија

    rnСекогаш кога минувате време со член од вашата група души ќе се чувствувате полни со енергија, наместо исцрпено.rn

    7. Се појавуваат во вашиот живот кога ви се најпотребни

    rnМоментот кога ќе се отворите кон растење над вашиот страв и ограничени верувања, е моментот кога ќе привлечете член од вашата група души.rn

    8. Часовите поминати во разговор ви изгледаат како минути

    rnВремето е навистина релативно кога разговарате со некого од вашата група души. Толку многу уживате во нивното друштво, што времето ви минува навистина брзо.rn

    9. Ги рефлектираат вашите најдобри карактеристики

    rnВашата група души ќе ги рефлектира вашите најдобри карактеристики, но ќе ве предизвика да ги прифатите и недостатоците. Понекогаш овие предизвици ќе бидат во форма на тешки околности, или личноста ќе биде брутално искрена со вас.rn

    10. Имате слични животни искуства

    rnТемите како напуштање, малтретирање, изолирање и други проблеми ќе бидат споделувани помеѓу вас и вашата група души. Секоја животна тема ќе биде како основа за созревање, советување и заемна поддршка.rn

    11. Вашата душа се чувствува мирно во нивно присуство

    rnПостојат луѓе кои како да ѝ тежат на вашата душа и ја црпат целата ваша енергија. Со вашата група души е спротивно. Со нив секогаш ќе се чувствувате видено, разбрано, сакано и расположено.rn

    12. Со нив можете да бидете автентични

    rnНема потреба да се криете или да се преправете додека сте со вашата група души. Овие луѓе го ценат вашето вистинско јас и на лично, и на духовно ниво.rnrnМожеби ќе сретнете само една личност од вашата група души, а можеби ќе бидете среќни и ќе ги сретнете сите. Но она што е важно е да ги запознаете оние со слична мисија како вашата и да се поддржувате едни со други.rnrnПогледнете и кои се двете космички врски што ќе ги остварите во животот.

  • Неверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светот

    Неверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светот

    Највисокиот човек и најниската жена на светот се сретнале и се дружеле во Каиро, Египет за време на викендот. Султан Косен, 34, е висок неверојатни 2,51 метри, а Џијоти Амге, 24, е висока само 60 сантиметри.rnrnНеверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светотrnrnКосен и Амге биле поканети во Каиро со цел да се промовира туризмот во главниот град на Египет.rnrnНеверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светотrnrnКосен е фармер од Турција и го држи рекордот за највисокиот човек од февруари 2011-та година. Исто така го држи рекордот и за најголеми дланки – 28,5 сантиметри од зглобот до врвот на средниот прст. Висината на Косен е последица од хипофизен гигантизам, нарушување каде што телото произведува премногу од хормонот за растење. Поради проблеми со ‘рбетот, Косен користи патерици за одење. Во 2010-та година имал успешна операција за отстранување на тумор од хипофизната жлезда со цел да престане неговото растење.rnrnНеверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светотrnrnАмге, актерка од Индија, има еден вид џуџесто нарушување познато како ахондроплазма. Официјално била прогласена за најниската жена на 16-ти декември, 2011-та година, на нејзиниот 18-ти роденден. Својата прва голема улога ја добила во четвртата сезона од ТВ серијата „Американска хорор приказна“ (American Horror Story). Исто така се има појавувано и во неколку индиски реални телевизиски шоуа.rnrnНеверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светотrnrnОва е прва средба помеѓу рекордерите, а тие го опишале патувањето како остварување на сон.rnrnНеверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светотrnrnКога сме веќе кај рекордери, погледнете ги и најголемите секс рекорди.

  • Сакате бившиот да се покае поради тоа што ве изгубил? Кажете му ги овие 7 работи кога ќе се сретнете

    Сакате бившиот да се покае поради тоа што ве изгубил? Кажете му ги овие 7 работи кога ќе се сретнете

    Одите по улица и случајно налетувате на вашиот поранешен партнер. Оваа средба знае да биде многу непријатна, особено ако поминало многу време откако сте се виделе последен пат. Срцето ви чука забрзано, почнувате да се препотувате, јазикот ви се плетка и посакувате да ве голтне земјата. Меѓутоа, тоа не мора да биде така. Можете да ја преземете контролата во свои раце доколку ги следите следниве 7 совети по што вашиот бивш со сигурност ќе зажали поради тоа што ве изгубил…rnrnСакате бившиот да се покае поради тоа што ве изгубил? Кажете му ги овие 7 работи кога ќе се сретнетеrn

    1. Известете го за работите што сте ги направиле по раскинувањето

    rnНо, немојте никако да ги употребите зборовите „Откако раскинавме“. Вашиот поранешен партнер ќе сфати дека тие работи ви се случиле по прекинувањето на врската. Задржете се на повозбудливите настани од вашиот живот и спомнете го вашето патување во некоја егзотична земја или обидот да летате со падобран.rn

    2. Суптилно спомнете дека одлично ви оди на професионален план

    rnКариерата е многу важна. Ако налетате на вашиот поранешен партнер, тој сигурно ќе ве праша дали сѐ уште работите на исто место. Нема ништо лошо доколку тоа е навистина така. Само одговорете потврдно и додајте дека се борите за унапредување и дека работите на некој голем проект. Ако имате нова работа, тоа е уште подобро бидејќи тоа значи дека пробувате нови, возбудливи работи. Доколку сте невработени, само кажете дека моментално сте слободни и уживате во животот. Секој сака да ужива во животот, се согласувате?rnrnСакате бившиот да се покае поради тоа што ве изгубил? Кажете му ги овие 7 работи кога ќе се сретнетеrn

    3. Не плашете се да покажете дека сте во одлична форма

    rnДали вашиот поранешен партнер ќе го анализира вашето сегашно тело и ќе се навраќа на моментите кога сте воделе љубов? Апсолутно! По болното раскинување, откако ќе помине фазата на јадење сладолед и нездрава храна, повеќето луѓе почнуваат да внимаваат на исхраната и да вежбаат редовно. Ако и вие сте едни од нив, слободно спомнете го тоа за време на вашата случајна средба со бившиот. Дури и да не сте постигнале видливи резултати, дајте му до знаење дека се грижите за себе и за своето здравје.rn

    4. Употребете еден мал психолошки трик

    rnДоколку сакате барем малку да направите да се почувствува лошо поради тоа што сте прекинале, почнете да зборувате за вашите убави и среќни моменти додека сте биле во врска. Потсетете го колку ви било забавно и колку сте се смееле заедно. Овие позитивни сеќавања ќе му предизвикаат бура од емоции и тој барем за момент ќе посака да ве врати назад.rn

    5. Сосема случајно спомнете го вашиот нов партнер

    rnНаправете го тоа достоинствено и употребете реченица како „Одиш накај новиот ресторан? Супер место, бев со Горан таму пред некој ден“. Немојте да објаснувате кој е Горан. Вашиот поранешен партнер не е глупав и веднаш ќе сфати за кого станува збор.rnrnСакате бившиот да се покае поради тоа што ве изгубил? Кажете му ги овие 7 работи кога ќе се сретнетеrn

    6. Спомнете ги вашите успеси

    rnДали волонтирате во некоја организација? Или можеби вашите текстови конечно биле објавени? Сте помогнале некому? Можете да спомнете што било. Ваквите работи ве прават подобра личност и слободно можете да разговарате за нив со поранешниот партнер.rn

    7. Покажете му дека му посакувате сѐ најдобро

    rnДури и ако ова не е вистина и сѐ уште не можете да се помирите со суровиот начин на кој ви раскинал, покажете му дека ви е драго што го гледате. Однесувајте се со него како со пријател. Вашето пријателско однесување ќе го збуни и на тој начин ќе му покажете дека сте ја задржале вашата самопочит и дека сте се ослободиле од сите негативни емоции.rnrnНе заборавајте дека поентата на овие совети не е да го направите вашиот поранешен партнер љубоморен или да му докажете дека не ви треба во животот. Станува збор за едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ја надминете оваа непријатна средба што е можно подостоинствено и да се чувствувате добро во врска со себе. Тешко е да се разговара со човекот кој ви го скршил срцето, но ако дојде до таква ситуација, мора да ги задржите манирите и да се претставите во најдобро светло!rnrnДоколку и вие штотуку сте поминале низ болно раскинување, прочитајте кои се 10-те безопасни работи што сите девојките ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите.

  • Прва средба со неговите родители: Еве на кои трикови за убавина да внимавате

    Прва средба со неговите родители: Еве на кои трикови за убавина да внимавате

    Средбата со родителите на вашиот партнер може да ве направи премногу нервозни затоа што на некој начин тоа влијае на вашата врска. Но, нема потреба да се изложувате на дополнителен стрес. Пред сè, треба да запаметите дека довербата е клучна работа. Откако ќе ја изберете совршената облека за оваа пригода, на ред е да ги изберете и производите за убавина. Не сте сигурни дали вашиот маникир е соодветен или пак, дали ќе им се допадне вашиот парфем? Следете ги овие неколку совети доколку сакате пред неговите родители да изгледате како шармантна, убава и прекрасна девојка!rnrnrnrn1. Фокусирајте се на вашите најдобри карактеристики. Можеби имате сјајна и густа коса на којашто многумина ѝ завидуваат или пак можеби вашите огромни трепки се оние со коишто заведувате. Без оглед на тоа која е вашата најпривлечна карактеристика, неа треба да ја истакнете на посебен начин. Не сте сигурни од каде да започнете? Погледнете некои совети што ќе ви помогнат да ја изберете бојата на карминот која најмногу ви одговара или пак со сенки направете вашите очи да изгледаат неверојатни. Довербата е клучна, а привлекувањето внимание со вашата омилена карактеристика ќе ве натера да се чувствувате погорди.rnrn2. Не експериментирајте со трендовите. Ако никогаш не сте користеле моливче за очи во боја, оваа вечер не е најпогодна за тоа. Држете се до она што го знаете, дури и тоа да е само нанесување пудра, маскара и малку балсам на вашите усни.rnrn3. Одморете се добро ноќта пред посетата. Иако обожавате да излегувате до доцна навечер, доколку сакате да изгледате убаво, потребно е претходната ноќ да се одморите добро. Така, кожата ќе ви изгледа посјајна и почиста. Исто така во текот на ноќта можете да нанесете маска за наредното утро да се разбудите посвежи. Но, доколку сепак се разбудите уморни, пробајте недостатоците да ги сокриете со шминка.rnrn4. Ставете маскара. Дури и да не е дел од вашата секојдневна рутина, сепак нанесете малку маскара (доколку не обожавате црна, испробајте темно кафеава). Маскарата ќе ви ги отвори очите и ќе ви ги направи посјајни – совршени за долги разговори каде што ќе имате чести контакти со очите. Исто така пробајте да ги извиткате трепките пред да нанесете маскара.rnrn5. Истакнете ги вашите образи со руменило. Без разлика на тенот, руменилото ќе направи вашата кожа да изгледа поздраво и поблескаво, дури и ако природно изгледате бледо.rnrn6. Не ставајте премногу парфем. Наместо премногу парфем, нанесете свеж спреј на вашата коса и лосион за тело, а парфемот во големи количини оставете го за други прилики.rnrn7. Четкајте ги забите и чистете ги со конец. Оралната хигиена е секогаш важна. Неубавиот здив ќе остави многу полош впечаток отколку размачканото моливче за очи.rnrn8. Користете фиксатор за шминка. Непријатно е чувството кога ќе прегрнете некого и притоа ќе оставите траги од вашата шминка на нивната облека. Нанесете спреј што ќе ја задржи вашата шминка на лицето и притоа ќе ви помогне таа да трае подолго.rn

    9. Бидете верни на својот изглед. Не настојувајте да се правите нешто што не сте. Ништо нема да направи да се чувствувате посамоуверено отколку вашиот личен стил.

  • Постојат 5 типови флертувачи: Во која група спаѓате вие?

    Постојат 5 типови флертувачи: Во која група спаѓате вие?

    Психологијата конечно почна да се занимава со важни нешта како што е флертувањето. Истражувачите од Универзитетот во Канзас интервјуирале многу луѓе за нивниот стил на флертување, како и за нивните досегашни врски и на тој начин успеале да решат некои од мистериите за љубовните состаноци.rnrn5 типови на флертувачи Кој од нив сте вие?rnrnИдентификувани се пет главни стилови на флертување, кои истовремено се поврзуваат со одредени видови врски кои произлегуваат од нив. Изненадувачки, истражувањето ни покажува дека нема разлика меѓу жените и мажите кои применуваат ист стил на флертување. Исходот е секогаш ист.rn

    1. Физичко флертување

    rnОвие флертувачи не се плашат да покажат дека се сексуално заинтересирани за нивната цел. Тие храбро влегуваат во врска и имаат силна емоционална поврзаност и сексуална хемија.rn

    2. Традиционално флертување

    rnОвој тип флертувачи се држат до традиционалните вредности. Тие сметаат дека мажот треба да ѝ пристапи на жената, па затоа и вообичаено сакаат да ја запознаат пред да се обидат да ја освојат. Жените од овој тип велат дека е тешко да ги натераат мажите да ги забележат и често не се задоволни од флертувањето, веројатно затоа што според нивните стандарди тие воопшто не би ни требало да го прават тоа.rn

    3. Учтиво флертување

    rnТие ги следат сите правила на несексуалното флертување. Понекогаш премногу бавно им пристапуваат на луѓето за кои се заинтересирани, но штом еднаш влезат во врска, таа врска е значајна и цврста.rn

    4. Искрено флертување

    rnТие сакаат да знаат како навистина се чувствувате, па затоа и искрено се интересираат кои сте вие и што сакате, за да воспостават емоционална поврзаност. Овој тип флертување повеќе го преферираат жените, а врските кои произлегуваат од него се длабоки и исполнети со емоции.rn

    5. Палаво флертување

    rnВеројатноста дека врската која ќе произлезе од ваквото флертување ќе биде значајна и цврста е многу мала. Овие флертувачи уживаат во овој тип флертување како начин за зголемување на сопствената самодоверба.

  • 6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

    6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

    Сите имаме некои карактерни маани кои сакаме да исчезнат. Некои луѓе се екстравертни и сакаат да се социјализираат со другите, додека некои се интровертни и не можат да соберат храброст да речат ниту „Здраво“. Секој е различен и секој е способен да се промени, но, понекогаш вие сте тие кои треба да ја иницираат ваквата промена и да го направите првиот чекор. Посебно кога се работи за срамежливите и тивките припадници на посилниот пол.rnrn6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви кажеrnrnСе разбира дека и вие се чувствувате несигурно и исплашено, бидејќи секогаш постои можноста да бидете одбиени. Но, верувајте, храброста многу често се исплати. Еве неколку знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви го каже тоа:rn

    1. Постојано е околу вас

    rnОди во вашето омилено кафуле скоро секој ден. Ако работите заедно, почесто доаѓа во близина на вашето биро или седи покрај вас за време на ручекот. Го гледате почесто до апаратот за вода отколку кој било друг ваш колега.rnrnДобар знак дека му се допаѓате, но премногу се срами да ви каже, е и ако се обидува постојано да биде во ваша близина, без притоа да ви го украде вашето „светло“ и да биде во центарот на вниманието. На овој начин се обидува да открие како да го направи првиот потег.rn

    2. Тој е добар и фин е со вас

    rnНе претерува, но прави работи кои секој добар пријател би ги направил за вас, иако не сте толку блиски. Тој без проблем ќе ви донесе кафе или пак, ќе го сподели својот ручек или што и да јаде во моментот (кога момците ја делат храната, тоа дефинитивно значи нешто). Секогаш е културен и ве почитува. И, најважно, кога е во ваша близина, чувство на топлина резонира од неговото тело.rn

    3. Секогаш ви се насмевнува, но не го задржува контактот со очите

    rnВсушност, вистината е дека не може да одолее да не ви се насмее, но не сака да го покаже тоа. Очајно сака да ве гледа во очите, но се плаши дека вие нема да сакате да го направите истото.rn

    4. Го имате целото негово внимание

    rnКога разговарате, целиот негов фокус му е кон вас. Ова се случува дури и кога сте излезени со повеќе луѓе. Сигурно ве гледа дури и кога ништо не зборувате, но се обидува да го сокрие тоа.rn

    5. Ви дава комплименти дури и за најмалите промени во вашиот изглед

    rnВашата нова фризура. Вашиот нов фустан. Новите чевли, марама, новата боја на кармин. Што и да сте промениле во изгледот, тој тоа ќе го прокоментира. На овој начин сака да ви покаже дека ве забележува. Секако, не ви дава толку комплименти колку што би сакал да ви даде, но, дефинитивно ќе ви даде една искрена пофалба кога ситуацијата така налага.rn

    6. Не ве поканува на средба, иако вие веќе сфаќате дека му се допаѓате

    rnПонекогаш, најдобрите момци се и најсрамежливи. Тие не се гледаат себеси како припадници на поагресивниот тип мажи, па потешко им е да прават работи за кои не се чувствуваат доволно храбри да ги направат. Но, со малку поголема самодоверба, сè ќе биде подобро.rnrnНа крајот од краиштата, ако и вам ви се допаѓа, тогаш вие направете го првиот чекор. Нема што да изгубите.

  • Судир со минатото: Што да правите ако налетате на вашиот бивш партнер?

    Судир со минатото: Што да правите ако налетате на вашиот бивш партнер?

    Романтичните врски се прекрасни – полни со љубов, убави моменти, почит и разбирање, но некогаш тие не успеваат и сѐ што останува е пепелта од таа изгорена врска – тоа и бивш партнер кој, голема е веројатноста, дека не сакате да го видите. Факт е дека не можете вечно да го избегнувате и дека некогаш ќе мора да се соочите со минатото. Затоа пронајдовме совети кои ќе ви помогнат да ја пребродите оваа непријатна ситуација. И не, секако дека бегањето и криењето не се опции.rnrn0-sudir-so-minatoto-shto-da-pravite-ako-naletate-na-vashiot-bivsh-partner-kafepauza.mkrnrn1. Искористете ја предната камера на телефонот за да бидете сигурни дека немате остатоци од храна заглавени помеѓу забите.rnrn2. Немате шминка? Употребете го карминот како руменило. Ако немате, само штипнете ги образите и гризете ги усните. Тоа ќе ви даде природен и свеж изглед.rnrn3. Ако косата ви е спласната, поминете до женскиот тоалет во најблискиот ресторан, кафуле или бар така што ќе ѝ дадете волумен со помош на машината за сушење раце. Не претерувајте, доволно е само да ја поткренете – колку да изгледате убаво.rnrn4. Во вакви моменти ќе сфатите дека парфемите во пакување за патување се неопходен елемент во женската чанта. Мирисот е опоен и навраќа спомени. Не дека ви е грижа што тој мисли, но знаете дека тој парфем има моќ да наврати некои позитивни емоции.rnrn5. Во ера на социјални мрежи, воздржете да се да го прашате за неговиот одмор во Грција – за кој дознавте преку демнење на Фејсбук и Инстаграм. Истото важи и за сите останати нешта што сте ги дознале од социјалните мрежи.rnrn6. Пробајте да не се фалите премногу – особено за вашето момче. Може само да го спомнете и тоа да предизвика лавина од љубоморни реакции.rnrn7. Ако сте сингл, одвлечете го вниманието од вашиот романтичен статус така што ќе го спомнете унапредувањето, прекрасниот одмор или часовите по параглајдерство. Животот е возбудлив и сигурно едвај сте забележале дека тој не е тука. Барем направете да изгледа така.rnrn8. Ако вашиот бивш партнер е со неговата девојка или жена, бидете љубезни и пофалете ги нејзините обувки или чанта, дури и ако никогаш во животот не би ги носеле. Чувајте ги пријателите блиску – непријателите поблиску.rnrn9. Секогаш имајте план Б и бидете први што ќе заминат – би сакале да останете и да се муабетите, но ве чека отворање на новата галерија, распродаден концерт или средба со планерот на вашата венчавка.rnrn10. Останете смирени и никако, повторуваме НИКАКО не ги употребувајте зборовите: „Треба да се видиме некогаш“. Затоа што не, не треба.