КАФЕ ПАУЗА

Tag: Србија

  • На што ви личат европските држави?

    На што ви личат европските држави?

    На пример, Норвешка некому наликува на сперматозоид, Украина на магаре, Франција на був… Сето тоа е спакувано во креативни и урнебесно смешни илустрации, на чие чело е Македонија. 🙂  Погледнете ги:rnrn

    На што ви личат европските држави?
    Македонија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Романија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Хрватска
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Италија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Русија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Кипар
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Франција
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Србија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Грција
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Германија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Обединетото Кралство
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Украина
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Бугарија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Албанија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Норвешка

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шишање (Skinning)

    Шишање (Skinning)

    Филм за загубената генерација на деца преполна со гнев кон другите и кон животот, за оние со кои лесно се манипулира, за… скинеритеrnrnШишање (Skinning)Режија: Стеван ФилиповиќrnrnИграат: Никола Ракочевиќ, Виктор Савиќ, Никола Којо, Наташа ТапусковиќrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 6 октомври 2010rnrnЖанр: акција, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnСрпската кинематографија како најмногу да е заинтересирана за животот на малите луѓе фрлени во вртлогот на високата политика. Прво беа филмовите за физичките и емотивните жртви по или за време на војната во 90-тите, а сега се приказните за онаа изгубена младина директен производ на режимот на Слободан Милошевиќ. Растурени семејства, деца што не можат да се пронајдат себе си во времето и просторот и имаат чувство дека нема напред, нема иднина. Пинки и Шваба во „Рани” станаа дел од српското подземје, сурови убијци кои ниту за момент не размислуваат за последиците од тоа што го прават. Додека Новица во „Шишање” влегува во скинерска банда каде болните идеи за чиста Србија го менуваат – од математичка надеж во уште еден пион на политичките моќници.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Новица (Никола Ракочевиќ) е српски средношколец – примерен ученик и миленик на професорот по математика. Но, Новица е и дете чиј единствен пријател му е неговиот братучед и живее само со татко му кој буквално е како „домашно растение”. По ненамерно пријателство со еден скинер, Реља (Виктор Савиќ) пополека навлегува во мала скинерска банда и од повлечено момче станува малиот Хитлер во групата. Неговите пријатели-скинери со години зборуваат за она што би требало да го направат, отвораат веб-сајтови, повремено се тепаат на фудбалски натпревари, но Новица е единствениот доволно гневен за да тргне и кон вистинско „чистење” на Србија од сето она што го сметаат за валкано, а тоа најверојатно е сè околу. Сепак, Новица како и секој пред него и секој под него е марионета во рацете на политичките фотелјаши, оние кои всушност и ги вбризгуваат идеите во младите мозоци и од сенка ги влечат сите конци.Шишање (Skinning)Шишање (Skinning)Можеби кој било фанатизам во животот – дали е тој математичкиот или пак оној на скинерите, не е добар. Сепак, понекогаш мора да одбираш помало зло од двете – што се чини дека во земјите од Балканот е повеќе практика отколку случајност. Шишање (Skinning)Режисерот Стевановиќ прикажува една страна на Белград која и не сме имале можност да ја гледаме на филмското платно. Сепак за да биде „must see“ филм и во светските киносали, на „Шишање” му се потребни и неколку силни состојки – прво масовност на сцените кои вака на моменти изгледаат малку смешно; второ група на скинери која е поголема од 10 души, па да поверуваме дека се и навистина важен фактор во општеството (како што се третираат во филмот) и може да направат некои промени; и на крај малку повеќе навлегување во приказната и психологијата на Новица и тоа што го довело таму каде што е. Шишање (Skinning)Кинематографија: „Шишање” снобовски кажано, е еден од поурбаните филмови од српската „кујна”. Нема турбо-фолк и шмркање кокаин, цицлести пејачки во евтини кафеани, печено прасе и златни ланци. Тука повеќе гледаме бетонски градби, скривници и високи облакодери, еден вид бетонски стерилен предел на кој црниот „док мартинс“ одлично легнува. На моменти влегуваме и во животот на онаа српска интелектуална елита која пие виски, пуши пури и нормално смета дека е над џганот на улиците. Гледаме и кинески ресторани, и елитни собири, и огромни библиотеки, и српски валкани или добри полициски детективи прикажани во малку американски стил. Но, и тоа е можно гледање на работите затоа што хулиганите не се секогаш тие со палката в раце туку се и во убавите костуми, на телевизиските екрани, на некое кожно столче…  Шишање (Skinning) Кога и како да го гледате: Овој филм поубаво е да го погледнете во домашна атмосфера и тоа ноќно време. Не дека не можете да уживате и во други услови, туку за филмчиња за скинери секогаш поубаво е да е темница. Предупредуваме дека во филмот има и крв и неколку (не многу) непријатни сцени, а и доколку имате деца, нормално не е пожелно да бидат со вас. И за крај – интересна е балканската филмска солидарност – кога доаѓа филм од Србија или некоја друга блиска земја, најчесто едноставно гледаме со повеќе симпатија, па никако нема да заспиете и ќе го истерате до крај. Не дека филмот е лош туку едноставно ако беше американски филм можеби и ќе затворевте очи. Вака важат поинакви правила.Шишање (Skinning)

  • На кафе во Белград

    На кафе во Белград

    Погледнете неколку кафетерии во центарот на Србија, Белград и сами одберете каде ќе се напиете кафе следниот пат кога ќе го посетите овој град.rn.rn

    Coffee dream

    rnНа кафе во БелградНа кафе во БелградОвој кафе-бар е создаден да понуди квалитетно кафе. Првата кафетерија Coffee dream е отворена во срцето на Белград, на аголот на улиците Кнез Михајлова и Крал Петар. Со елегантен ентериер и современа атмосфера, овој кафе-бар нуди огромен избор на кафиња (топли, ладни, со алкохол, фрапеа) како и десерти, чаеви, вина и други алкохолни пијалaци. Секогаш позитивната атмосфера која владее во објектот е одлично место за дружење и почитување на прекрасниот ритуал наречен пиење кафе.На кафе во БелградrnrnЛокации:rn

      rn011

    • Улица Nikole Spasića
    • rn011

    • На аголот на улиците Knez Mihailove и Kralja Petra
    • rn011

    • Трговски центар Sremska и Makenzijevoj 89
    • rn011

    • Eurocentar Dečanska 5
    • rn011

    • Makedonska 30
    • rn

    rn

    .rnGreenet

    rnНа кафе во Белград, Р. СрбијаОваа симпатична кафетерија нема класични маси и столици, туку шанк со барски столчиња на кои може да седнете и да се напиете некое кафе од менито на овој кафе-бар (кафе на база на еспресо, на база на филтер кафе, чоколадо, турско кафе, кафе со алкохол), да гледате низ прозорецот од кафетеријата и да се препуштите на вкусот на кафето и мигот. Првата кафетерија е отворена во 1992 година. Бидејќи се наоѓа во Трговскиот центар Милениум, кафетеријата претставува одлично место за одмор по шопинг.rnrnЛокација:rn

      rn011

    • Трговски центар Милениум, Nemanjinoj ulici br. 40
    • rn

    rn

    .rnSpeak Easy

    rn

    На кафе во Белград, Р. СрбијаОваа кафетерија во Белград е во минималистички стил и со едноставни елементи кои ја прават совршена за пиење кафе и уживање во градот. Поранешната кафана, сега кафетерија, Speak easy е место со современ ентериер и одлично за кафе пауза. Бидејќи е во близина на факултетот за бизнис, често е посетувано од студентите. Mint mocha и мафин од малини е одличен избор доколку седите овде.На кафе во Белград, Р. Србија

    rnЛокации:rn

      rn011

    • Улица Svetogorska 49
    • rn011

    • Улица Resavska 34
    • rn011

    • Улица Njegoševa 4
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.