КАФЕ ПАУЗА

Tag: спонтано

  • Романтичен пар го рекреира нивниот „спонтан“ бакнеж ширум светот

    Романтичен пар го рекреира нивниот „спонтан“ бакнеж ширум светот

    Кога фотографите Кендрик Бринсон и Дејвид Волтер Бенкс од Лос Анџелес виделе фотографија од нив која ја направил нивниот пријател додека Бенкс драматично и спонтано ја бакнал неговата девојка, таа толку многу им се допаднала што решиле да ја употребат како начин за документирање на нивниот живот. Од 2010 година, овој заљубен пар го рекреира својот бакнеж на различни локации ширум светот, започнувајќи од Порторико и Мексико, па сè до Америка. Погледнете…rnrnРомантичен пар го рекреира нивниот „спонтан“ бакнеж ширум светотrnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на живеењето без очекувања

    Моќта на живеењето без очекувања

    Дали некогаш сте влегле во театар на претстава или во кино сала да гледате филм кој бил толку многу фален од сите околу вас, но по нивното завршување сфаќате дека ве разочарале бидејќи не ги достигнале вашите очекувања? Што кога отидовте да гледате друга претстава или филм за кои не знаевте ништо, а сепак си отидовте дома пријатно изненадени?rnrnМоќта на живеењето без очекувањаrnrnОва е само еден пример како нашите очекувања (или неочекувања) можат да играат огромна улога во начинот на кој ги дочекуваме нашите искуства. Ричард Бендлер еднаш рекол, „За разочарувањето потребно е соодветно планирање“. Токму оваа мисла допира до една многу важна вистина за падовите кои може да се појават од одредени очекувања во животот.rnrnБидејќи кога навистина ќе размислите за ова, ќе сфатите дека можете да бидете разочарани или незадоволни од нешто само ако претходно сте поставиле одредени стандарди како тоа искуство „би требало“ да биде. Ако не очекувате ништо за вашиот роденден и добиете автомобил за подарок, тогаш ќе бидете необично пресреќни за вашето ново возило, без разлика за која марка станува збор. Но, ако очекувате скап спортски автомобил и наместо него добиете Југо, најверојатно е дека целосно ќе се разочарате и воопшто нема да бидете задоволни со подарокот.rnrnКога ќе искусите некои ситуации без очекувања, тогаш е невозможно да бидете разочарани. Дури и во најлош случај, вие ќе си отидете од тоа искуство пријатно изненадени.rnrnНо, сепак не смееме да ги отфрлиме СИТЕ очекувања. Тие можат да бидат добри и корисни и многу е важно да имаме барем минимални очекувања пред да навлеземе во одредени ситуации. На пример, ако очекуваме дека ќе имаме испит на одреден датум, тогаш сигурно ќе почнеме порано да учиме и ќе се погрижиме колку е можно повеќе да бидеме подготвени.rnrnКако што веќе спомнавме, проектирањето во иднината и детерминирањето на тоа што ќе го очекуваме може да биде важна „алатка“ во подготовка за одредени ситуации, но не и за сите ситуации. Во наредниве неколку случаи, немањето очекувања може многу повеќе да ни помогне:rn

    Отвореност на умот

    rnКога запознаваме нова личност, ако го направиме тоа со одредени предрасуди (посебно ако се базирани врз стереотипите кои вклучуваат раса, пол, религија, кариера…), тогаш уште на почетокот поставуваме граници за тоа како ќе се поврземе со таа личност. Но, ако одлучиме да се запознаеме со таа нова личност без никакви претходни очекувања или судења, тогаш ние сме многу поотворени при запознавање на личноста онаква каква што навистина е.rn

    Спонтаност

    rnКога ќе се најдеме во ситуација со строги очекувања и со ограничувања за тоа како очекуваме одредена ситуација да се одвива, тогаш оставаме премногу мал простор за спонтаност. Но, ако во истата ситуација навлеземе без никакви очекувања, тогаш си даваме можност да дејствуваме на неочекувани начини. Ослободувањето од очекувањата е одличен начин да си отвориме врата кон нови можности. Понекогаш нашите претпоставки ја ограничуваат нашата перспектива и ги ограничуваат нашите избори. Доколку едноставно ги отфрлиме, тогаш ќе се појават сосема нови перспективи и флексибилност во нашите мисли и дејства.rn

    Креативност и решавање на проблеми

    rnИсто како што „неочекувањата“ можат да ја отворат вратата кон спонтаноста, тие исто така можат да им помогнат на нашата креативност и начинот на кој решаваме проблеми. Ова се случува поради тоа што кога ќе ја отвориме нашата тесна перспектива, си даваме себеси многу повеќе простор за размислување на различни потенцијални решенија за проблеми кои можеби воопшто и не би ги помислиле доколку сме се држеле до претходните очекувања.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фатална привлечност

    Фатална привлечност

    Со наслов „Фатална привлечност“ сигурни сме дека веднаш помисливте на Мајкл Даглас и Глен Клос. И покрај тоа што ви дадовме одличен предлог за филм, студиите покажуваат дека фаталната привлечност во врските е далеку помалку екстремна и драматична.Фатална привлечностИстражувачите на врски долго проучувале што точно ја предизвикува привлечноста, но процесот на фатална привлечност објаснува како нешто што на почетокот било привлечно може да доведе до крај на врска.rnrnПробајте да го замислите наредново сценарио. Вас ве привлекува некоја личност бидејќи е спонтана. Во раните стадиуми од оваа врска, вашиот поглед кон спонтаноста може да биде забавен и возбудлив. Но, како што поминува времето можеби ќе почнете да мислите дека таа личност е премногу непредвидлива и тоа полека ќе се претвори во причина за раскинување.rnrnЗа подобро да се разбере фаталната привлечност, професорката Дајен Фелмли од Универзитетот во Висконсин направила истражување во кое учествувале 301 индивидуа од кои 81 можеле да објаснат раскинување со помош на фаталната привлечност. Таа открила три најчести шеми:rnrn1. Забавно до будалесто – Ова бил најчестиот пример за процес на фатална привлечност. Со оваа ситуација, индивидуите на почетокот биле привлечени од некоја личност бидејќи била едноставно „забавна“. Но, истото однесување со тек на време станувало проблематично. Замислете дека ве привлекува некој кој постојано кажува шеги и кој скоро никогаш не е сериозен. Ова би можело да биде привлечно, но со тек на време ќе сфатите дека неговото/нејзиното однесување може да биде понижувачко и детинесто.rnrn2. Силно до авторитарно – Замислете дека ве привлекува некоја личност затоа што е доминантен, има цврсти ставови и висока самодоверба. Со тек на време, ќе почнете да гледате на овие однесувања како премногу диктаторски, насилни и/или авторитарни.rnrn3. Спонтано до непредвидливо – Оваа фатална привлечност се манифестира со интересирање за одредена личност поради нејзината спонтаност, но подоцна во текот на врската истите овие однесувања ќе ве натераат да си помислите дека таа личност е премногу непредвидлива за вас.rnrnЗошто се појавува овој процес? Сличноста е клуч за појава на привлекувањето. Истражувањата сè повеќе и повеќе ни покажуваат дека спротивностите ретко кога се привлекуваат. Доколку не се согласувате со ова размислување, погледнете го вашиот близок круг на пријатели. Што забележувате? Сите тие се многу слични измеѓу себе и со вас. Поради тоа, едното објаснување за фаталната привлечност е фактот дека „фаталното однесување“ е премногу различно од нашето.rnrnДругото објаснување кое произлегло од ова истражување е она поврзано со гледањето низ „розови наочари“. Поточно, „индивидуите се привлечени од силината на другата личност и иако се свесни за нивните слабости, од одредени причини одлучуваат целосно да ги игнорираат.“ Кога периодот на „меден месец“ ќе заврши, привлечноста го намалува својот интензитет и овие негативни карактеристики се сè потешки за игнорирање.rnrnПа, наредниот пат кога ќе започнете врска со некоја нова личност за која ќе си помислите „Ова е многу интересно! Тој/таа е толку различен/а“, потсетете се на овој текст и размислете дали навистина вреди да се впуштите во таа авантура. Но, во секој случај ви посакуваме среќно ловење!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нефилтрирана женска убавина

    Нефилтрирана женска убавина

    Гледајќи во фотографиите на лосанџелешкиот моден фотограф и уметник Мајкл Шмит, веднаш е воочливо дека тој преферира неговите сцени да изгледаат што е можно поприродно. Ниедна од неговите фотографии не делува исфорсирано и вештачко. Напротив, на нив, неговите модели изгледаат како да се чувствуваат удобно и релаксирано си ја работат нивната работа, позирајќи пред фото-објективот.rnrnНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаrnrnШмит настојува да ја „фати“ емоцијата, тој не се концентрира на прецизност и бистрина на фотографијата.rnrnНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаrnrnТокму тие совршени сенки, одблесоците од сончевата светлина и магловитиот ефект кој го имаат неговите фотографии, ù дава уникатност на неговата работа.rnrnНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаrnrnШмит успева од моделите да извлече една природна, нефилтрирана убавина, сексапил и спонтаност, кој ретко се наоѓа во денешните „фотошопирани“ фотографии, на кој се „дошминкани“ и така пренашминканите модели.rnrnНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаНефилтрирана женска убавинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Аматерски фотки на познатите на Твитер

    Аматерски фотки на познатите на Твитер

    Наспроти грижата за квалитетно извршување на професијата, градењето добар имиџ, шминката, облеката, добрата комуникација со публиката и сите обврски кои се дел од гламурозното секојдневие на светските ѕвезди, сепак и тие имаат приватен живот, па дури и моменти на досада, кога едноставно сакаат да бидат свои, природни, онакви какви што навистина се, а не какви што папараците сакат да ги „уловат“ со фотоапаратите за да ги објават на насловните страници. Таквите моменти тие сепак сакаат да ги споделат со нивните фанови, со цел тие подобро да ги запознаат или пак за да ја одржуваат нивната популарност на врвот. Погледнете ги сликите кои тие ги споделиле со светот на нивните Твитер профили, кои се интересни токму поради нивната спонтаност и природност.rnrnДали Ријана можеби има далечна сестра близначка? Музичката ѕвезда реши да ја објави оваа слика на нејзиниот Твитер профил, каде што позира со нејзината восочна фигура која беше поставена во восочниот музеј Мадам Тисо во Вашингтон на 31 август 2010. Восочната Ријана неверојатно многу личи на вистинската Ријана. Среќа што оваа вторава има нов изглед со нејзината светло црвена боја на коса, благодарение на која можеме да идентификуваме која е која.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnМожеби Џесика Симпсон е ниска, но со оваа фризура таа навистина достигнува „нови височини“. „Еј @JessicaSimpson имаш убава нова фризура во 2011“- твитна  нејзиниот публицист на 8 јануари.Аматерски фотки на познатите на Твитерrnrn„Кратко позирање после ручек.. и ѕирнете во позадина! ;)“ – Твитна Џенифер Лопез на 6 јануари, заедно со фотографијава на која таа позира пред огромен билборд со нејзината реклама за Gucci.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnИзгледа Деми Мур и Ештон Качер навистина уживаат во нивното патување. „Мало потскокнување во Египет“ – твитна госпоѓа Качер на 15 декември 2010.Аматерски фотки на познатите на Твитерrnrn„Смачкувам автомобили од мојата хотелска соба“ – твитна холивудската актерка Џесика Алба на 12 декември 2010.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnЛејди Гага конечно си најде другарчиња кои се облекуваат откачено како неа. „Бакнете ја кралицата“ (KISS the Queen) – твитна таа на 21 август 2010.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnИзгледа на некого му треба пилешка супа. „Уморен сум и се чувствувам како ѓубре денес. Сакав да го споделам ова така што најболните меѓу нас, ќе се почувствуваат подобро споредувајќи се“ – твитна Џим Кери на 19 октомври.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnБабински очила, забна протеза и неверојатно смешна фаца е фотографираниот имиџ на поп-дивата Кети Пери, кој таа решила да го сподели на Твитер на 9 август. „После еден тон забава на доделувањето на наградите „Избор на тинејџерите“, отидов за Австралија!!! : ) – напиша таа.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnЕва Лонгорија ја покажува нејзината покер-фаца на хуманитарниот турнир во покер. Победувам!… – твитна таа на 3 октомври.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnКристен Бел е „мајстор“ за пронаоѓање нови пријателчиња додека е на одмор. „Денес бев на плажа заедно со мојот пријател Рејзин-козата“ – твитна актерката на 25 јули.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnДали девојката која ја обожава лудата забава можеби започнува некаков нов тренд? „Ова се навистина огромни обетки! Хаха!“ – напиша на Твитер богатата наследничка Парис Хилтон.Аматерски фотки на познатите на Твитерrnrn„Време е за капење“- твитна тетка Ким Кардашијан на 5 октомври додека и помага на нејзината постара сестра Кортни, околу нејзиното весело и насмеано 10-месечно синче.Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnБандата од ТВ серијата „Очајни домаќинки“ покажуваат дека знаат како да се забавуваат во текот на снимањето. „На снимање со девојките! Ја обожавам мојата работа! Ви благодарам што гледате ОД!… – Ева Лонгорија Паркер твитна на 27 октомври.Аматерски фотки на познатите на Твитерrnrn„Слика направена при почетокот на возењево. Ох Господе! АААХ! Колку е бистро и колоритно! АААААХ! (липам) Толку е убаво!“ – напиша интересниот лик Ниел Патрик Херис на 20 јули на Твитер. Твитот се однесува на срамотното видео на Јутјуб т.н. „Момчето со дуплото виножито“. (Double Rainbow Guy).Аматерски фотки на познатите на ТвитерrnrnПо сè изгледа и кошаркарската ѕвезда Шекил О’нил го има „Бибер вирусот“. „Го пронајдов ГОЛЕМИОТ КАКТУС! ДА! – му напиша тин-сензацијата Џастин Бибер на Шекил на Твитер на 25 јули.Аматерски фотки на познатите на Твитер