КАФЕ ПАУЗА

Tag: споменици

  • Колку скали има до врвот на овие популарни споменици?

    Колку скали има до врвот на овие популарни споменици?

    Колку скали има до врвот на овие популарни споменици? Што мислите?rnrnКолку скали има до врвот на овие популарни споменици?rn

    Ајфелова кула, Франција

    rnМожете да стигнете до врвот на Ајфеловата кула со лифт, а туристите кои се во форма ги одбираат скалите. Има дури 674 скалила од почетокот на споменикот до второто ниво и вкупно 1665 скали до врвот. Но, треба да се напомене дека скалите помеѓу вториот дел и горниот дел не се отворени за јавноста.rn

    Биг Бен, Англија

    rnДа се ​​отиде во Лондон и да не се посети Биг Бен е голема грешка. Колку чекори до врвот? Околу 334 скали.rn

    Статуата на Исус Христос, Бразил

    rnСтатуата на Исус Христос е гордост на бразилскиот град Рио де Жанеиро, сместен на планината Корковадо на надморска височина од 709 метри. Самата статуа е висока 39,6 метри. На туристите им е дозволен пристап до нозете на Исус до кои водат 220 чекори.rn

    Бурџ Калифа, Дубаи

    rnБурџ Калифа е највисоката зграда во светот. Овој облакодер е висок 828 метри и нуди спектакуларен поглед на 124-тиот кат од зградата. Неверојатните 2909 скали водат кон тоа, но посетителите не смеат да ги искачуваат. Наместо тоа, од нив се бара да стигнат до врвот со лифт.rnrnПрочитајте дали овие светски метрополи ќе постојат за 100 години?

  • 8-те најголеми скулптури во светот

    8-те најголеми скулптури во светот

    Ширум светот постојат бројни споменици и скулптури. Но, некои од нив навистина се истакнуваат со нивната големина и величественост. Па дознајте нешто повеќе за најголемите скулптури во светот, каде се наоѓаат и колку всушност се високи.rn

    1. Божицата на милоста – Хаинан, Кина

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnВо Кина постојат многу статуи посветени на божествата од будизмот. Статуата Божицата на милоста во кинеската провинција Хаинан е најголема и има висина од неверојатни 108 метри.rn

    2. Статуата на слободата – Њујорк, САД

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnОва е еден од најпознатите споменици во светот. Статуата е висока 46,5 метри, а пиедесталот има висина од 46,9 метри. Статуата е подарок од Франција како знак за пријателство и е поставена во 1886-та година.rn

    3. Најголемиот златен Буда – Патаја, Тајланд

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnВо местото Патаја во Тајланд се наоѓа статуа на Буда седнат во лотус положба. Статуата е висока 18 метри и е најголемиот златен Буда во светот.rn

    4. Статуа на единството – Гуџарат, Индија

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnНеодамна поставената статуа на Сардар Валабхај Пател со нејзините 182 метри ќе биде највисоката статуа на светот. Проектот чинел околу 410 милиони евра.rn

    5. Споменик на Петар Велики – Москва, Русија

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnОваа статуа во Москва е една од најчудните, но и најголемите во светот. Направена е од грузискиот вајар Зураб Церетели како прослава за 300 години од постоењето на руската морнарица. Статуата е поставена во 1997-ма година и тежи 1.000 тони. Два пати е прогласена и за најгрдата градба во светот.rn

    6. Мајка на татковината – Волгоград, Русија

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnСтатуата на маж кој држи меч е направена во сеќавање на битката во Сталинград. Направена е од познатиот руски вајар Евгениј Вучетиќ и архитектот Николај Никитин. Во 1967-ма година била прогласена за највисока статуа во светот.rn

    7. Царевите Јан и Јуанг – Хенан, Кина

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnСпоред легендата, Јан и Хуанг се првите предци на Кинезите, па во нивна чест е подигнат споменик висок 106 метри. Интересно е што споменикот не спаѓа во највисоките статуи во светот бидејќи на него ги има само главите, но не и телата на царевите.rn

    8. Најголемиот бронзен Буда – Џијангс, Кина

    rn8-те најголеми скулптури во светотrnrnВисока дури 88 метри, бронзената скулптура на Буда спаѓа меѓу највисоките во светот. Ова е највисоката статуа на Буда направена од оваа легура на бакар.rnrnПогледнете ги и мистериите за најпознатите статуи ширум светот.

  • Древни споменици кои се подигнати во чест на моќни жени низ историјата

    Древни споменици кои се подигнати во чест на моќни жени низ историјата

    Бројни древни градби кои преживуваат низ текот на времето, се посветени во чест на богови, мажи или херои, а многу мал број од нив се подигнати во чест на жените. Сепак, тие заслужуваат внимание. Погледнете дел од најпознатите споменици што се посветени на понежниот пол.rn

    1. Мавзолеј посветен на Хелена, мајката на царот Константин

    rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnЗа оваа древна градба во Рим, изградена од страна на римскиот цар Константин Велики помеѓу 326 и 330 година, најпрво се мислело дека е посветена на неговата сестра. Меѓутоа, тој ја изградил за својата мајка, која според некои била конкубина на неговиот татко, а според други таа му била сопруга. Хелена умрела кон крајот на 328 или почетокот на 329 година и поради ширење на христијанската вера и пронаоѓањето непроценливи свети артефакти, таа е прогласена за светица.rn

    2. Базилика света Марија Велика

    rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnДелови од оваа градба потекнуваат од времето на папата Сикст III, односно од петтиот век. Посветена е на пресвета Богородица, а за неа постои и стара легенда која се врзува за еден римски брачен пар, кој не можел да има деца, па затоа имал намера да донира пари на црквата. На тие маж и жена на сон им се јавила Богородица и им рекла да изградат црква на местото на кое таа ноќ паѓало снег. Наредниот ден, мажот и папата Либериј, кој имал ист сон, решиле да прават онака како што им било кажано, што е и причината поради која света Марија Велика, поради чудото на паѓање снег во средината на месец август, често се нарекува снежна господарка. Базиликата подигната во нејзина чест поминала низ бројни реновирања, но и покрај тоа, таа се смета за една од најстарите во Европа.rn

    3. Гробница на Шангуан Ванер, кинеска премиерка

    rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnШангуар Ванер, поради својата политичка важност, честопати нарекувана и премиерка, живеела помеѓу 664 и 710 година, а на 13-годишна возраст станала советничка на првата кинеска царица Ву Зетиан, а подоцна и втора сопруга на нејзиниот син, со тоа што истовремено имала љубовна врска и со нејзиниот љубовник и внук. Нејзината гробница е откриена во септември, 2013 година, во близина на аеродромот во Шангај и е многу важна поради проучување на династијата Танг.rn

    4. Археолошко наоѓалиште Ел Брухо

    rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnАрхеолошкото наоѓалиште Ел Брухо се наоѓа во Перу, каде најголемите градби датираат од времето на Моча, матријархално друштво од древна јужна Америка. Во едно од нив, направено како гробница, покрај посмртните останки на пет деца и двајца возрасни, жртвувани во чест на свештениците, пронајдени се и неколку артефакти. Инаку, климатските промени кои се последица на силниот Ел Нињо, појава која влијае на температурите на морето и воздухот, како и социјалните немири, се врзуваат за пад на Моча. Уште една гробница, во која се наоѓа мумија стара околу 1.700 години и на која ѝ било дадено името Цао, била откриена во 2006 година. Богатството на гробниците, како и присуството на оружје, покажуваат дека таа можеби била врховна свештеница или пак дури и владетел на Моча.rn

    5. Рахилина гробница

    rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnРахилината гробница е сместена на северниот влез во Витлеем, град оддалечен околу 10 километри од Ерусалим. Рахила или Рахел, била библиски пророк и прва жена на пророкот Јаков. Нејзината гробница се смета за едно од трите најголеми и најсвети места во јудаизмот, а бидејќи е поврзана со плодноста, бројни жени кои се обидуваат да останат бремени одат таму.rnrnПогледнете уште 5 споменици изградени во чест на жените, на наредната страница…rn

  • Најубавите стари и ретки дрвја ширум светот

    Најубавите стари и ретки дрвја ширум светот

    Велат дека една слика вреди илјада зборови. Оваа изрека дефинитивно го опишува влијанието кое го имаат фотографиите на фотографката Бет Мун од Сан Франциско. Таа цели 14 години патувала низ светот и овековечувала во прекрасни фотографии стари и ретки дрвја. Со својот фотоапарат, Бет Мун успеала да ја долови нивната убавина и уникатност во секоја смисла на зборот. Овие дрвја се наоѓаат претежно далеку од цивилизацијата и голем дел од нив преживеале токму поради тоа, како што кажува Бет. Иако многу други веројатно не ги ни забележале, Бет смета дека токму преку нејзините фотографии ќе успее да допре до многу луѓе и нивната свест со цел да се најде подобар начин за живеење во склад со природата, бидејќи според неа, дрвјата се најстарите и најголемите споменици на Земјата.rnrn1-najubavite-stari-i-retki-drva-shirum-svetot-kafepauza.mk_rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 маркантни статуи низ светот

    5 маркантни статуи низ светот

    Секоја држава има своја култура, историја и традиција. Најчесто знаменитостите и спомен-обележјата се обидуваат да дадат слика за склопот на овие три нешта и да останат да сведочат засекогаш. Секој од нив носи со себе посебна порака и има своја вредност. Овие пет примери се некои од најголемите споменици во светот, кои прават Кипот на слободата во САД и статуата на Исус во Бразил да изгледаат малечки.rn.rn

    Мајка татковина, Киев, Украина

    rnОваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. На штитот кој е поставен во левата рака се наоѓа грбот на Советскиот Сојуз. „Мајка татковина“ е дел од музејот „Големата патриотска војна“ во Киев, кој им оддава почит на оние кои се стекнале со титулата херој на Советскиот Сојуз или херој на социјалистичкиот труд.5 маркантни статуи низ светотrn

    Големиот Буда од Ушику, Јапонија

    rnСпоменикот на Големиот Буда во Ушику, комплетно бил изграден во 1993 година, а неговата височина достигнува 120 метри. Статуата е целосно обложена со бронза и тежи 4.003 тона. Самата статуа претставува музеј на 4 ката, а на висина од 85 метри се наоѓа и балкон за набљудување. На третиот кат од музејот можат да се погледнат повеќе од 3.000 златни статуетки кои го претставуваат Буда.5 маркантни статуи низ светотrn

    Изворниот храм на Буда, Хена, Кина

    rn„Изворниот храм на Буда“ е најголемата статуа во светот. Без основата која е висока 25 метри, статуата достигнува 128 метри. Статуата е завршена во 2002 година, а за нејзината изградба биле потрошени 55 милиони американски долари. Храмот своето име го добил според изворите со топла вода во неговата околина, за кои се верува дека се лековити.5 маркантни статуи низ светотrn

    Татковината повикува, Волгоград, Русија

    rnОваа застрашувачка статуа е изградена во спомен на озогласената битка за Сталинград, во која животот го загубиле околу 2 милиони лица. Во моментот кога била изградена во 1967 година, статуата со својата височина од 85 метри била највисока во светот. Иако оваа висина во денешно време е надмината, сепак останува да сведочи за тие времиња.5 маркантни статуи низ светотrn

    Петар Велики, Москва, Русија

    rnСтатуата на Петар Велики е направена во 1997 година, како спомен за 300 години од создавањето на Руската морнарица. Создадена е од грузискиот дизајнер Зураб Тсеретели, а со нејзината височина од 94 метри, таа е седма најголема скулптура во светот.5 маркантни статуи низ светотrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поштарот кој изградил палата

    Поштарот кој изградил палата

    Оваа приказна започнува во 1979 година, кога Жозеф-Фердинанд Чевал (1836-1924), работел како рурален поштар во југоисточниот дел на Франција. Бидејќи неговата дневна рутина опфаќала пешачење околу 32 километри, претежно сам, тој често почнал да фантазира. Еден ден, пешачејќи се сопнал на мал варовнички камен. Воодушевен од неговата форма и изглед, го понел каменот дома. Наскоро, тој започнал патем да собира камења во неговите џебови и да ги носи во својот дом. Колекционирањето камења му станало зависност. Кога на неговата сопруга и станало досадно да му ги шие џебовите, тој решил да го промени начинот на транспорт и земал кофа. Кога и кофата веќе била мала да ги носи големите камења, тој земал количка.rnПоштарот кој изградил палатаВо текот на наредните 33 години, тој и неговата жена од камењата го изградиле  еден од најстарите споменици на сите времиња, „Идеалната палата“ или „Palais Idéal“. Според неговите пресметки, биле потребни повеќе од 9.000 денови или 65.000 часови да се изгради палатата, која и ден денешен носи повеќе од 100.000 посетители годишно во здодевното село Отрив, кое се наоѓа јужно од Валанс. Палатата е долга 26 метри, а висината варира од 8 до 10 метри. Таа е микс од различни стилови, инспирирани од Христијанството и Худизмот.rnПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаСо текот на времето палатата била завршена и започнала да привлекува внимание од сите краишта на светот. Познати уметници почнале да го посетуваат и да црпат инспирација од него. Почнала да се појавува и по медиуми, од разгледници до магазини.rnПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаСепак, иако Чевал успеал да придонесе Отрив да се најде на картата на Франција, градските власти не дозволиле да се оствари неговата желба, тој и неговата сопруга да бидат закопани во палатата. Потоа, тој осум години поминал градејќи нова структура на локалните гробишта, која ја нарекол „Гробницата на тишината и вечното почивање“. Две години откако ја комплетирал и само неколку дена откако завршил со пишувањето на својата биографија, тој починал и бил погребан во новата градба.Поштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палата
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 25 неверојатни споменици од поранешна Југославија

    25 неверојатни споменици од поранешна Југославија

    Овие скулптури биле направени по барање на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а поголемиот дел од нив ги одбележуваат местата на кои се одвивале најголемите битки од Втората светска војна на територијата на Југославија или пак места каде што се наоѓале некои концентрациони логори.rn25 неверојатни споменици од поранешна ЈугославијаТие се дизајнирани од различни скулптори и архитекти како што се Душан Џамоња, Војин Бакич, Миодраг Живковиќ, Јордан и Искра Грабул, Богдан Богданович, Градимир Медаковиќ и други. Сите пренесуваат моќен визуелен ефект да се покаже довербата и силата на една социјалистичка земја. Во 80-тите години на 20 век, овие споменици носеле милиони посетители на годишно ниво, особено млади пионери за нивното патриотско образование. По распадот на Југославија во раните 90-ти години, тие биле тотално напуштени и нивното значење се изгубило во минатото.rn25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна ЈугославијаВо периодот од 2006 до 2009 година, белгискиот фотограф Јан Кемпенерас направил тура низ територијата на поранешна Југославија и со помош на мапа на споменици од 1975 година, ги направил овие прекрасни фотографии. Неговите фотографии го поставуваат прашањето: Дали овие поранешни споменици, можат да продолжат да постојат како обични скулптури? Нивната физичка пропадната состојба и институционална негрижа го одразуваат општествениот историски распад, но од друга страна и без нивната симболика тие изгледаат неверојатно. 25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија25 неверојатни споменици од поранешна Југославија

  • Мистериозни споменици низ светот

    Мистериозни споменици низ светот

    Античкиот свет сè уште ги мачи денешните археолози. Истражувајќи низ остатоците од некогашните градови, тие се обидуваат да ги разјаснат мистериите на веќе исчезнати цивилизации, стари илјадници години. Еве една листа од неколку мистериозни споменици ширум светот.rn.rn

      rn011

    • rn

      Велигденскиот остров

      rn

    • rn

    rnМистериозни споменици низ светотИзолиран далеку на Пацификот, осторовот претставува пустелија на која не можете да најдете ниту едно дрво или грмушка. Затоа пак, можете да најдете огромни монолитни статуи од камен, во човечки облик чија тежина може да достигне и до 86 тони.rnМистериозни споменици низ светотМистериозни споменици низ светотИма околу 1000 камени моаи со висина од 5 до 20 метри, за кои и ден денеска не може да се разјасни кој и на каков начин ги изградил и со каква цел.rnМистериозни споменици низ светот.rn

      rn011

    • rn

      Теотихуакан

      rn

    • rn

    rnМистериозни споменици низ светотСе верува дека Теотихуакан во 600-тата година пред нашата ера бил еден од  најголемите градови во Јужна Америка со повеќе од 200 000 жители. Низ централниот дел од градот има огромен булевар, познат како „Авенијата на Смртта“.rnМистериозни споменици низ светотБулеварот во должина се протега на 2, 5 километри и е опколен со големи платформи, изрезбани ѕидови, мали пропаднати плоштади и две огромни пирамиди. До денеска не се знае кој го изградил овој град.rnМистериозни споменици низ светотМистериозни споменици низ светотАцтеките кои живееле низ урнатините на градот никогаш не ги дознале неговите креатори, иако ги обожавале поради нивните вештини (На Ацтеките, зборот „Теотихуакан“ им значел „местото каде што мажите станаа богови“).rn.rn

      rn011

    • rn

      Јонагуни

      rn

    • rn

    rnМистериозни споменици низ светот„Јонагуни“ е откриен од една група нуркачи во 1987 година. Тој се наоѓа покрај брегот на островите Риуку и претставува голема колекција на камени структури за кои некои претпоставуваат дека се потонати остатоци од античката цивилизација.Мистериозни споменици низ светотЈапонскиот геолог Масаки Кимура, кој го проучува споменикот веќе 15 години, тврди дека порано тука имало голем стадион, 5 храма и замок. Скептиците пак, тврдат дека оваа камена структура сосема случајно наликува на остатоци од антички град.Мистериозни споменици низ светотПесочниот камен често се крши во прави линии, особено во зони на чести земјотреси. Јапонската влада досега не покажала некој особен интерес за споменикот, па така 23 години од неговото откривање сè уште нема пратено официјална експертска експедиција.rnМистериозни споменици низ светот