КАФЕ ПАУЗА

Tag: сперма

  • Науката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на спермата

    Науката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на спермата

    Машката неплодност е во пораст и е причина за 50% од случаите во кои паровите не може да имаат деца. Колку подолго мажите чекаат за да основаат семејство, толку повеќе се намалува плодноста. Намалената плодност беше сериозна причина за едно ново истражување, а во продолжение прочитајте што откриле научниците.rnrnНауката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на сперматаrn

    Јадете повеќе пица за да бидете полни со муниција

    rnИстражувањето објавено во Европскиот журнал за исхрана открило дека мажите кои дневно јаделе две лажици доматно пире (главната состојка на пицата) имаат значително поголем број сперматозоиди. Тајната е во фитонутриентот ликопен – антиоксидант кој го спречува оштетувањето на сперматозоидите.rnrnМеѓутоа, ако секој ден јадете пица, тоа ќе има штетни ефекти врз целокупното здравје. Но, постојат рецепти кои може да ја направат оваа храна многу поздрава. Тестото од цели зрна житарки е едно решение. Обидете се да искомбинирате такви состојки и ќе можете да уживате во доматното пире.rn

    Храна што ја зголемува плодноста

    rnЛук – содржи алицин, кој го подобрува протокот на крв во гениталните органи и ја штити спермата од оштетување.rnrnПечурки – содржат селен, антиоксидант што ја подобрува подвижноста на спермата, а го зајакнува и имунитетот.rnrnБрокула – нивото на витамин А во организмот влијае на плодноста. Подобрете ги резервите на витамин А со брокула.rnrnАспарагус – високото ниво на витамин Ц ги зголемува количината на спермата, подвижноста на сперматозоидите и ги штити од оштетување.rnrnСпанаќ – содржи фолна киселина која помага при заздравувањето на оштетените сперматозоиди и при зголемувањето на нивниот број.rnrnПилешко месо – оваа храна е богата со цинк кој влијае на квалитетот и на бројот на сперматозоиди.rnrnПрочитајте кои лековити билки ќе ви помогнат во борбата против неплодноста.

  • Нов тренд во козметичката индустрија: Маска за лице од сперма која го забавува стареењето

    Нов тренд во козметичката индустрија: Маска за лице од сперма која го забавува стареењето

    Сите сакаме да изгледаме помладо. Додека можеби денес вашето лице изгледа младо, веројатно сте загрижени дали секогаш ќе изгледа така. Доколку навистина сакате да експериментирате, нанесувањето сперма на лицето можеби ќе ви помогне да го зачувате младешкиот изглед.rnrnНов тренд во козметичката индустрија: Маска за лице од сперма која го забавува стареењетоrnrnЧелси Луис, козметичарка која соработува со славните, тврди дека маската од сперма го забавува стареењето. Според неа, нејзините клиенти не се срамат да го пробаат овој третман.rnrnЧелси изјавила дека спермата е еден од многуте методи кои ја збогатуваат кожата на лицето со кислород и ја подобруваат циркулацијата на крвта. Наводно, овој третман веднаш ќе направи да заблескате.rnrnСпермата е богата со состојка позната како спермин. Ова е антиоксиданс кој помага во намалувањето на брчките, ја измазнува кожата, ги намалува акните и дамките и ѝ дава поздрав изглед на кожата. Сепак, повеќето луѓе би биле скептични да пробаат ваков третман.rnrnДоколку не сакате да нанесувате спрема на вашето лице, постојат и други начини да го подобрите изгледот на вашата кожа. Методот за кој ви се потребни 30 минути може навистина да направи чудо. Сè што треба да направите е наутро да ставите една лажица кокосово масло во вашата уста. Потребно е да го направите ова пред да се измиете заби и додека стомакот ви е празен. Следните 15-20 минути „плакнете“ ја устата со кокосовото масло.rnrnОва ќе го измори долниот дел од лицето бидејќи ја активира мускулната група во тој дел. Овој метод ќе ви помогне да ги избелите забите, да ги зајакнете, но и да се ослободите од нечистотиите и акните на кожата. Сепак, кокосовото масло е антиоксиданс и антибактериски еликсир.rnrnДоколку не ви се допаѓа овој метод, постои уште еден трик. Земете неколку коцки мраз и ставете ги во сад. Наполнете го садот со вода и мијте го лицето со неа 15-20 минути. Важно е да го направите ова додека кожата на лицето е чиста. После миењето со студена вода, вашата шминка ќе изгледа подобро, а кожата ќе биде затегната и посветла.rnrnДруг ефективен третман за кожата на лицето е со ултразвук. Ова е нехируршка процедура за лифтинг на лицето. Се користи ултразвук со висок интензитет, кој е насочен на деловите на кожата кои изгледаат опуштено. Најчесто третманот се користи за опуштена кожа или за кожата околу вратот. Потребни се 2 до 3 месеци за да видите резултати, а некои луѓе изјавиле дека забележале подобрување и по 6 месеци. Процедурата го стимулира создавањето на колаген, што пак резултира со помека, тонирана и сјајна кожа.rnrnПробајте ги и овие маски за лице за беспрекорна кожа од само 2 состојки.

  • Истражување: Мажите создаваат најквалитетна сперма при секс за една ноќ

    Истражување: Мажите создаваат најквалитетна сперма при секс за една ноќ

    Едно ново истражување од Факултетот во Вустер покажува дека мажите создаваат поквалитетна сперма при секс за една ноќ одошто во подолготрајна врска. За потребите на истражувањето, мажите, секој во приватноста на својата соба, во период од две недели, добивале 7 различни порно филмови. Во првите 6 филмови истата актерка ја имала главната улога, додека пак во 7-от, главната улога ѝ припаѓала на сосема нова, за нив непозната актерка.rnrnrnrnРезултатите покажуваат дека не само што мажите побрзо доживеале оргазам гледајќи ја непозната актерка, туку и дека создавале поквалитетна сперма, во поголема количина. Иако научниците не се сигурни зошто се случува ова, тие веруваат дека станува збор за „еволуциско адаптирање“ од времето кога мажите требало да оплодат повеќе жени за да го осигурат преживувањето на својата лоза.rnrnПол Џозеф, коавторот на оваа студија, објаснува дека ова истражување не треба да се искористи како повик за мажите што повеќе да ја шират својата сперма, ниту пак дека моногамните врски се лоши и дека тоа не е природен начин на репродукција. Ова истражување само укажува на фактот дека „менувањето на темата“ може да доведе до свежина во мастурбирањето, па и во самата моногамна врска.rnrnДознајте и дали сексот на првиот состанок може да ги уништи шансите за сериозна љубовна врска.

  • 13 брзи и интересни факти поврзани со сексот кои малкумина ги знаат

    13 брзи и интересни факти поврзани со сексот кои малкумина ги знаат

    Многу работи поврзани со сексот треба допрва да се истражуваат, многу работи се познати, а меѓу нив има и некои кои се доста интересни и малкумина ги знаат.rnrn13 брзи и интересни факти поврзани со сексот кои малкумина ги знаатrnrn1. Освен гениталиите и градите, единствен друг дел од телото кој набрекнува при сексот е слузницата на носот.rnrn2. Луѓето не се единствените кои уживаат во оралниот секс. Тоа го прават и гепардите, хиените и козите.rnrn3. Лекарот Ханс Јоаким Веке во 1609 година во Болоња имал пациент со два пениса. Оваа појава е позната како дифалија и оттогаш се познати само уште стотина такви случаи.rnrn4. Глувците можат подалеку да ја исфрлат спермата од слоновите.rnrn5. Казната за мастурбирање во Индонезија порано била отсекување на главата.rnrn6. Сите цицачи имаат коска во пенисот. Само луѓето ја немаат.rnrn7. Иако имала многу љубовници, се претпоставува дека Мерлин Монро првиот оргазам го доживеала дури при крајот на животот со својот психијатар.rnrn8. Сексот меѓу луѓето трае во просек по 7,3 минути, а меѓу комарците само две секунди.rnrn9. Зборот „авокадо“ потекнува од ацтечки збор кој значи „тестис“. Ацтеките сметале дека овој плод има голема еротска моќ и затоа не им дозволувале на девиците да се приближуваат до него.rnrn10. Импотенцијата во стариот Вавилон се лечела со срце од еребица.rnrn11. Прељубата во стариот Рим се казнувала со отсекување на носот.rnrn12. Припадниците на племето Ченчу кое живее во Индија сметаат дека детето ќе биде слепо ако се зачне по полноќ.rnrn13. Казанова користел кондом од ленена ткаенина кога водел љубов.

  • 12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знае

    12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знае

    Доколку имавте некои дилеми за најосновните работи поврзани со тестисите, понатамошниот текст ги содржи објаснувањата.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

    1. Тестиси и „јајца“ не е исто

    rnТерминот „јајца“ се користи за да се опише целиот „пакет“ од тестисите, каналите и скротумот, односно кесата во која се сместени. Тестисите се само двата јајцевидни органи задолжени за производство на тестостерон кој е одговорен за сите машки функции во организмот вклучително и за создавање на спрема.rn

    2. Големина и позиција

    rnДвата тестиса обично се со различна големина и не се поставени еден до друг. Речиси секогаш едниот е поставен повисоко, а другиот пониско или еден зад друг. Кај повеќето мажи десниот најчесто е поголем, а левиот е тој што стои пониско. На допир се мазни и не многу тврди.rn

    3. Болка во тестисите

    rnДоколку тестисите отечат и тоа е проследено со болка, веднаш треба да посетите лекар. Тоа може да значи дека се извртени внатре во скротумот. Ова може да се реши со мала хируршка интервенција. Тоа може да се случи откако тестисите претрпеле некакво малтретирање, но може да им се случи и на мажи кои така се родени, односно нивните тестиси полесно ја менуваат позицијата. Исто така, потребно е да се јавите на лекар при какво било друго отекување или воспалување.rn

    4. Мажите може да имаат повеќе од два тестиси

    rnОва е екстремно ретка ситуација, но се случува. Досега се познати 100 вакви случаи, а рекордерот меѓу нив имал вкупно пет тестиси. Тоа немало никакво влијание на плодноста.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

    5. Нерамнини и грутки

    rnПостојат повеќе причини кои предизвикуваат нерамнини кај тестисите и тие најчесто се безопасни. Најчесто тоа е проширена вена, којашто може да биде болна и да предизвика болка, но може да биде и сосема безопасна.rnrnМожно е да почувствувате и некакви грутки. И тие најчесто се безопасни, но во отприлика 4 од 100 случаи тоа претставува рак и затоа не треба да се занемари. Поради ова се препорачува посета на лекар во секоја ситуација во која ќе почувствувате дека имате нешто вишок.rn

    6. Како да се зачува плодноста?

    rnЗа зачувување на плодноста доволно е избегнување на причините кои ја загрозуваат. Познато е дека алкохолот и цигарите се виновни за влошување на квалитетот на спермата, а и стресот и прекумерната тежина исто така можат да предизвикаат проблеми на ова поле. Секако, и добрата хигиена е задолжителна. Потребно е да се внимава и на температурата на тестисите. Активностите како возење велосипед можат малку да го намалат квалитетот на спермата поради загревањето кое го предизвикуваат, но тоа не е значително.rn

    7. Тие може да се движат

    rnМалите придвижувања на тестисите се причинети од циркулирање на крвта. Тие се чувствителни на температура, па затоа мускулите таму долу прават сè што можат за ним да им биде попријатно. Постои еден мускул којшто може целосно да го помести скротумот нагоре или надолу кога тоа е потребно. Ова особено е видливо за време на сексуален однос кога тестисите одат нагоре како дел од процесот на ејакулација.rn

    8. Зошто се надвор од телото?

    rnНема сигурно објаснување, но она најверојатното е дека ним им е потребна температура за три степени пониска од онаа на телото за добро да функционираат. Се претпоставува дека причината за тоа може да биде и тоа што сперматозоидите не се целосно разбудени додека не стигнат некаде каде што е потопло, па тоа е обидот на телото да ги држи заспани и живи што е можно подолго.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

    9. Човекот има мали тестиси

    rnМажите имаат некои од најмалите тестиси помеѓу сите видови. Се претпоставува дека тоа е случај поради тоа што конкуренцијата за парење во човековиот свет е помала во споредба со таа кај животните.rn

    10. Се зголемуваат за време на секс

    rnИсто како што пенисот се зголемува поради крвта која влегува во него при сексуална возбуда, така и тестисите можат да се зголемат. Доколку зголемувањето и намалувањето се случува и во други случаи, тоа треба да се пријави кај лекарот.rn

    11. Зошто ќесата изгледа згужвано?

    rnТестисите се мазни, но ќесата не е поради еден мускул кој се наоѓа на нејзиниот внатрешен дел. Тој мускул се грижи за температурата, а помага и при движењето. Постојат мажи кои поради естетски причини сакаат да го „измазнат“ и овој дел, интервенирајќи на овој мал и многу важен мускул.rn

    12. Редовна проверка за рак

    rnДома самите со допир можете да проверите дали имате некои грутки кои може да претставуваат рак. Лекувањето на рак на тестиси обично е успешно, а кога е откриен рано тој се лекува во над 90% од случаите. Редовните проверки се клучни за навремено третирање на проблемот.

  • Најголемите секс рекорди

    Најголемите секс рекорди

    Најголемиот забележан пенис во мирување е долг околу 24 см, а оној кој го држи рекордот во ерекција има должина од околу 35 см, додека кај жените, најјака е вагината која може да подигне дури 14 килограми. Ова се Гинисови рекорди за секс.rnrnman in white underwearrnrn1. Најголемиот пенис во опуштена состојба е долг 24,13 см.rnrn2. Најголемиот пенис во ерекција е долг 34,29 см.rnrn3. Најсилната вагина на светот може да подигне 14 килограми.rnrn4. Најголемите природни гради во светот се со број 102 ZZZ, односно 2,5 м обем и 50 кг тежина.rnrn5. Рекордот во најдолгото бакнување го држи парот кој се бакнувал вкупно 58 часа, 35 минути и 58 секунди непрекинато.rnrn6. Рекордот во исфрлање сперма го држи маж чие семе одлетало на далечина од 5,4 метри.rnrn7. Најголемата измерена брзина на сперма изнесува 68,7 км/час.rnrn8. Рекордот во најдолгата мастурбација без прекин изнесува 9 часа и 58 минути.rnrn9. Најмногу сексуални партнери во 24 часа имала порно глумицата која имала секс со 919 мажи, менувајќи ги во просек на секои 94 секунди.rnrn10. Најдолгото бакнување кола изнесува 32 часа.rnrn

  • Вистини и невистини поврзани со сексот

    Вистини и невистини поврзани со сексот

    За сексот ретко се зборува отворено, но луѓето често „знаат“ многу работи кои се поврзани со него. Некои факти се проверени и докажани, но други работи се само нечии претпоставки кои некако успеале да стигнат до премногу луѓе. Проверете колку вие знаете за сексот.rnrnВистини и невистини поврзани со сексотrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Пенисот е најдобар „алат“ за постигнување оргазам кај женитеrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnЗа дури 81% од оргазмите кои ги постигнуваат жените заслужен е оралниот секс. Дури, во некои сексуални пози, за жените е невозможно да постигнат оргазам, без разлика на големината и техниката на машкиот „алат“.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”2. Врвот на сексуалноста кај жените настапува на 28, а кај мажите на 18 годиниrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnИако постојат исклучоци, сепак нивото на естроген кај жените е највисоко во доцните 20-ти години од животот, додека кај мажите, машкиот полов хормон – тестостерон, е на највисоко ниво во тинејџерските години.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”3. Во просек мажите можат да издржат 10 минути пред да постигнат оргазамrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnМажите во просек не можат да издржат ни толку, туку 5,4 минути. Сè што е повеќе од ова се смета за натпросечна издржливост.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”4. Испиеното кафе може да го промени вкусот на сперматаrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnКафето навистина може да го промени вкусот на спермата, но на подобро!rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”5. Жените не сакаат порноrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnНа жените им се потребни само неколку минути да гледаат порно филм за да се возбудат. Но, за разлика од мажите, тие повеќе уживаат во сексуалната предигра на екранот, отколку во самиот сексуален чин.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”6. Сонцето може да го засили сексуалниот нагон кај мажитеrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnСамо еден час на сонце го засилува сексуалниот нагон кај мажите за дури 70%, но ова има и силна реакција кај жените.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”7. Сексот во бракот е полош одошто сексот кој го имаат слободните луѓеrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnЛуѓето кои се во брак се многу позадоволни од оние луѓе кои не се во врска. Брачните партнери точно знаат што сакаат во сексот, се чувствуваат послободно еден пред друг и практикуваат почесто да водат љубов.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 бесмислени заблуди за мажите

    5 бесмислени заблуди за мажите

    Многупати слушаме како некои работи се поврзуваат со мажите, кои всушност немаат врска со реалноста. Вистината ќе ви помогне да му пристапувате на спротивниот пол со поотворен ум.rnrn5 бесмислени заблуди за мажитеrnrn

    Колку поголеми стапала, дланки, нос, толку поголем…

    rnГолемината на пенисот, прстите и клиторисот зависи од гените, но должината на едно нема врска со големината на друго. Во една студија спроведена на 3.000 мажи не била пронајдена ниту една поврзаност помеѓу стапалата и машкоста, така што оваа теорија целосно паѓа во водаrn

    Ако ја избричат брадата или косата, побрзо ќе им пораснат погусти и појаки влакна

    rnДа беше така, сите мажи ќе имаа густи коси, како од рекламите за шампони. Но, за жал, сведоци сме на честа појава на ќелавост која го побива ваквото верување.rn

    Спермата е калорична

    rnСпермата се состои од вода и хранливи состојки како витамин Ц, калциум и магнезиум. Содржи и фруктоза, но сепак вкупната калорична вредност на количина сперма од еден оргазам изнесува само 7 калории.rn

    Мажите кои се сингл повеќе уживаат во сексот одошто оженетите мажи

    rnПостои некое мислење дека на врзаните мажи сексот им е досаден, додека слободните риби повеќе се забавуваат. Но, истражувањата доведуваат до спротивни резултати. Женетите мажи почесто имаат секс. Во едно истражување од 2006 се утврдило дека на оженетите мажи им се посреќува почесто, и тоа за 28% повеќе во споредба со неоженетите. Покрај тоа, оженетите мажи доживуваат повеќе оргазми и почесто имаат орален секс.rn

    Мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди

    rnНикој нема таков ментален склоп, вели д-р Арон Керол. Едно американско истражување има откриено дека 43% од мажите не помислуваат на секс ниту еднаш во текот на еден ден. Вистината за жал или за среќа не е толку интересна. Мажите генерално мислат на секс само неколку пати неделно.

  • Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

    Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

    Не постои најдобар метод на заштита од несакана бременост бидејќи секој од нив има свои позитивни и негативни страни. Исто така, самиот избор на соодветна заштита на вашето тело не е воопшто едноставен. Постојат многу работи на кои треба да мислите. За почеток, разгледајте ги сите можности кои ви се на располагање, вам и на вашиот партнер. А потоа добро е да разговарате и со доктор на оваа тема.rnrnМетоди на контрацепција и заштита од несакана бременостrn

    Природен метод на заштита (методот на ритам)

    rnОвој метод вклучува немање секс во одредени денови од месецот (кога се најголеми шансите да останете бремени). Жената која има редовен менструален циклус има околу 9 „критични“ денови секој месец во кои може да остане бремена. Овие плодни денови се околу 5 дена пред и 3 дена по овулацијата, како и за време на самата овулација.rnrnЗа успешно да го употребувате овој метод, мора детално да го познавате вашиот менструален циклус. На тој начин ќе можете да предвидите кои денови сте плодни и тогаш избегнувајте да имате сексуални односи без дополнителна заштита. Но, не сите жени можат да се потпрат на овој метод. Оние кои имаат нередовен и непредвидлив циклус, подобро е да изберат друг начин на заштита.rn
    rn

    Метод на повлекување

    rnОвој метод на заштита подразбира повлекување на пенисот од вагината во моментите пред ејакулацијата. За да биде успешен потребна е огромна самоконтрола кај мажот. Доколку повлекувањето не е совршено темпирано, може дел од спермата да навлезе во телото на жената. Исто така, неодамнешните истражувања покажале дека предсемената течност може да содржи мал процент сперматозоиди, па поради тоа овој метод не се препорачува за време на оние неколку „критични“ денови од месецот.rn
    rn

    Контрацептивен сунѓер

    rnКонтрацептивниот сунѓер е мека и округла направа со врвка за вадење. Тој е направен од полиуретанска пена која содржи спермициди кои ги убиваат сперматозоидите.rnrnПред сексуалниот однос, треба да го намокрите сунѓерот и да го наместите во внатрешноста на вашата вагина така што ќе го покриете грлото на матката. Тој ќе ве заштитува во наредните 24 часа, но не смеете да го вадите барем 6 часа по односот. Исто така имајте на ум дека мора да го извадите во рок од максимум 30 часа по нанесувањето.rn
    rn

    Дијафрагма, капа или штит на грлото на матката

    rnОвие три начини на заштита, исто како и сунѓерот, спаѓаат во методи на бариера, така што ги спречуваат сперматозоидите да стигнат до вашата матка.rn

      rn011

    • Дијафрагмата е плитка „чашка“ направена од латекс.
    • rn011

    • Капата има форма на напрсток која исто така е направена од латекс.
    • rn011

    • Штитот е силиконска „чашка“ која има отвор од едната страна што предизвикува вшмукување и на тој начин го штити грлото на матката.
    • rn

    rnДијафрагмата и капата можат да се најдат во различни големини и поради тоа потребно е да се консултирате со доктор за големината која ќе ви биде потребна. Што се однесува до штитот, тој доаѓа во само една големина и не ви е потребна консултација за употреба.rnrnПред вметнување на овие направи, мора да им додадете спермицид. Исто така, по сексуалниот однос тие мора да останат во вас од 6 до 8 часа за да се заштитите од бременост. Дијафрагмата треба да биде извадена во период од 24 часа, додека пак капата и штитот во период од 48 часа по нанесувањето.rn
    rn

    Женски и машки презервативи

    rnЖенскиот презерватив се вметнува во внатрешноста на вагината. На тој начин се спречува спермата да навлезе во телото на жената. Тој е направен од тенка и флексибилна гума обложена со лубрикант. Овој презерватив може да биде нанесен и до 8 часа пред сексуалниот однос, но веднаш потоа мора да биде отстранет.rnrnМашките презервативи се тенки обвивки кои се местат врз пенисот за да спречат навлегување на спермата во женското тело. Тие се најбезбедни доколку се употребуваат во комбинација со вагинален спермицид. Исто како и во случајот со женските презервативи, потребно е да употребувате нов презерватив после секој сексуален однос.rnrnЧувајте ги презервативите на ладно и суво место, бидејќи во спротивно може да дојде до оштетување на латексот и до нивно кинење. Исто така, овие два начина на заштита не смеат да бидат употребувани во исто време.rn

  • Неколку факти за тебе

    Неколку факти за тебе

    Твојот мозок има потенцијал да запомни сè што некогаш си доживеал/а, прочитал/а, слушнал/а и видел/а. Единствениот проблем е што не можеш да се сетиш, но сè е складирано таму некаде.rnrnНеколку факти за тебеrnrnТвоето тело константно ги заменува клетките, толку многу што всушност сега имаш сосема различно тело од пред 7 години.rnrnКоличината на информации кои се верува дека мозокот може да ги чува е 1.000 терабајти. Суперкомпјутерот на IBM, Watson, единствениот противник со кој човекот се има натпреварувано, има само 16 терабајти РАМ. Каков „лузер“.rnrnСо спермата што ја имаш во твоите тестиси во моментов (момци), можеш да населиш уште една Македонија, а би ти требале 6 месеци за повторно да ја населиш целата планета од почеток.rnrnСекој што го гледаш во твоите соништа го имаш сретнато во некој момент од животот.rnrnВо текот на животот ќе изедеш околу 50 тони храна.rnrnЗа да ги вежбаш нозете колку што вежбаат твоите очи, би требало да пешачиш по 80 км на ден, секој ден.rnrnКако бебе си бил/а посилен/на од вол, сразмерно со оглед на големината.rnrnВо следните 4 години ќе произведеш мртва кожа колку твојата телесна тежина.rnrnТвојата коса расте по околу 12 мм месечно.rnrnКонстантно се потиш, по литар на ден.rnrnМожеш да реагираш на брзини од 274 км на час.rnrnОсвен што е запалива, твојата коса е скоро неуништлива.rnrn25.000.000 клетки ти умираат додека ја читаш оваа реченица, но твоето тело создаде 300 милијарди нови денес, така што без грижи.rnrnСи бил/а само клетка околу пола час од твоето постоење.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.