КАФЕ ПАУЗА

Tag: специфично

  • Кои се специфичностите на секој хороскопски знак?

    Кои се специфичностите на секој хороскопски знак?

    Карактеристиките на хороскопските знаци се напишани во ѕвездите, а секој знак има некои свои специфики, без разлика дали се добри или лоши. Во продолжение прочитајте зошто е посебен секој хороскопски знак.rnrnКои се специфичностите на секој хороскопски знак?rn

    Овен – Во вистинско време на вистинското место

    rnНеверојатно е колку често се наоѓате на место каде што навистина не планиравте да одите, а таму ве чека нова можност која може да го подобри вашиот живот. Без разлика дали станува збор за запознавање личност со која ќе започнете љубовна врска или за средба која ќе ви донесе напредок во кариерата, вие дефинитивно сте уметник затоа што случајно наоѓате можности што го прават вашиот живот повозбудлив и подобар.rn

    Бик – Чувствувате невидливи граници

    rnТочно знаете кога треба да престанете, што ќе ви помогне да избегнете напнатост или да ѝ го свртите грбот на личноста која не е добра за вас. Вие сте личност која не ја преминува лесно границата на прифатливото однесување. Исто така, ќе чувствувате кога некој вам ќе ви го стори тоа и кога ви „се закануваат“ да влезат во вашиот личен простор. Вие знаете кога да се откажете од разговорот што води до расправија. Тој инстинкт ве чува од луѓето кои можат да ви наштетат или да ви донесат непотребни проблеми.rn

    Близнаци – Наоѓање вистински зборови

    rnВие сте господари на вербалното изразување и понекогаш знаете што да кажете и да ја изненадите другата личност. Честопати ве прашуваат како го знаевте тоа? Вие не знаете како да објасните, но во вашиот ум постојат речениците, објаснувањата и информациите што ви се потребни вам, но и на другите луѓе. Вашиот ум како да е поврзан со тајните, па можете да откриете што не им е дозволено на другите луѓе да прават. Верувајте му на тој дел од себе.rn

    Рак – Интуиција што „знае“

    rnВие сте многу чувствителни на стимулите што доаѓаат од надворешниот свет и честопати чувствувате повеќе отколку што можете и знаете како да вербализирате. Ќе ги прочитате намерите на другите луѓе, ќе почувствувате тежина во стомакот кога сте во близина на негативна личност и претчувствувате што може да се случи. Вашата интуиција е подарок и сè што треба да направите е да ѝ верувате. Понекогаш чувствувате и страв, па не сте сигурни што е автентично и вистинито. Но, верувајте му на првиот впечаток, тој ретко ќе ве измами.rn

    Лав – Чувство за време

    rnВие сте во можност да го почувствувате моментот што е важен, да се најдете на вистинското место во вистинско време. На пример, доцните некаде и многу сте вознемирени поради тоа, а потоа сфаќате дека доцнењето има смисла затоа што ако сте дошле порано, би доживеале некоја незгодна ситуација, а вака ја избегнавте. Имате знаење што инстинктивно ви овозможува да знаете кога да стигнете некаде, кога да разговарате со некого, кога да преземете акција.rn

    Девица – Способност за визуелизација

    rnИмате исклучителна способност да ги дознаете информациите пред да бидат објавени и да формулирате точна прогноза, односно да го предвидите текот на настаните. Однапред можете да визуелизирате како некој предмет ќе се вклопи во просторот, дали ќе се вклопи, дали може да се развие некој деловен проект во иднина. Со неверојатна прецизност, ќе ги дефинирате деталите врз основа на кои ќе ја градите целата приказна што сè уште не се случила и на крајот тоа најчесто е така.rn

    Вага – Ги познавате другите подобро од самите себе

    rnИмате голем талент за „читање“ на другите луѓе. Ќе ги разберете нивните мотиви и зошто тие се однесуваат на одреден начин. Честопати ќе го предвидите нивниот следен чекор, дури и пред тие да бидат свесни за тоа. Затоа, постојат исклучителни психолози родени во вашиот хороскопски знак кои им помагаат на луѓето. Но, постои слепа точка. Тоа е огледалото. Вие не се познавате доволно добро за да ги видите вашите сопствени достигнувања. Понекогаш е подобро помалку да ги гледате другите, а повеќе да се препознаете себеси.rn

    Скорпија – Што е под површината

    rnВашите детективски сензори ќе намирисаат опасност, но и добра можност. Имате способност да откриете тајна што е длабоко скриена и да го откриете она што другите го кријат дури и од себе. Некако чувствувате што се случува, односно што може да произлезе од сè и подлабокото значење на таа приказна ви е јасно. Знаете кога некој е заинтересиран за вас, но и кога некој сака да ги искористи вашите ресурси. Верувајте му тоа чувство.rn

    Стрелец – Чувство на вистинската можност

    rnВашиот вроден оптимизам и непосредноста ви овозможуваат да го истражувате животот и да влезете во нови можности без страв. Она што е посебно за вас е тоа што точно знаете каде можете да ја пронајдете таа можност, односно со кого да се поврзете и каде да одите за да го добиете тоа што го сакате. Додека другите прават исцрпни анализи, прават графикони, ангажираат советници, вие знаете кога и каде да инвестирате енергија, без разлика дали станува збор за љубовта или за работата. Вашата стапка на успех е навистина завидна.rn

    Јарец – Го препознавате времето за промена

    rnВие знаете кога е крај, кога треба да оставите нешто и да продолжите понатаму. Затоа често го оставате во вистинско време бизнисот кој започнал да пропаѓа, го продавате станот пред да почне да се гради нова зграда од спротивната страна што го попречува погледот, па знаете дури и кога е време да оставите зад себе врска која нема иднина. Тоа ви овозможува да растете – чувството кога нешто „убивате“ за да се роди нешто ново ви овозможува да го следите патот на успехот и да ги постигнете вашите приватни и деловни амбиции. Притоа, не е важно колку долго треба да чекате за тоа.rn

    Водолија – Ги читате мислите на другите луѓе

    rnСпособноста да го добиете она што го сакате од другите луѓе е ваш вроден талент и го сметате за еден вид животна уметност. И, со право размислувате така, затоа што никој не може подобро од вас да ги прочита мислите на другите луѓе и да ги предвиди намерите на личноста со која сте во деловен или во приватен однос. Тоа е токму она што ви овозможува правилно да се поставите во одредена ситуација и да предвидите што може да се случи. Исто така, знаете како да го добиете тоа што ви треба од другите, без да повредите некого.rn

    Риби – Пораките доаѓаат до вас преку соништата

    rnВашите исклучителни способности понекогаш ви овозможуваат да го видите и да го почувствувате тоа што ќе се случи без воопшто да се трудите да го направите тоа. Понекогаш, важните пораки ви доаѓаат преку соништата, пред спиење или веднаш по будењето. Едноставно ви доаѓаат информации и имате познавање на некоја тема или личност која во моментот ви е од огромно значење. Понекогаш информациите ви се појавуваат како слики, а понекогаш како некој однатре да ви кажува три важни зборови.rnrnПрочитајте кои се најдобрите мајки во хороскопот.

  • Специфична зимска колекција од „Nike“

    Специфична зимска колекција од „Nike“

    Ова е една од најновите колекции на „Nike“, наречена „Tier Zero“. Колекцијата е направена во соработка со „Fox Brothers“, а ја сочинуваат два интересни пара патики и една специфична јакна.rnrnСпецифична зимска колекција од „Nike“ rnrnСите парчиња во колекцијата се направени од кожа и волна, со што се гарантира издржливоста и топлината на продуктите. Парчињата од колекцијата се направени во ограничен број, па доколку сакате да отскокнувате од толпата, можете да си ги нарачате и да изгледате урбано и кул.rnrnСпецифична зимска колекција од „Nike“ Специфична зимска колекција од „Nike“ Специфична зимска колекција од „Nike“ Специфична зимска колекција од „Nike“ Специфична зимска колекција од „Nike“ Специфична зимска колекција од „Nike“ Специфична зимска колекција од „Nike“
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметност од изрезбана храна

    Уметност од изрезбана храна

    Автор: Симона РистоскаrnrnИлијан Илиев е фотограф од Манчестер, Велика Британија чие 20-годишно искуство во светот на фотографијата, резултирало со еден необичен и карактеристичен стил на доловување мртва природа. Во фокусот на неговите фотографии се наоѓа изрезбана храна, но она што ги прави фотографиите комплетни, покрај оригиналната резба направена од негова рака, е острото уметничко око на Илиев. Самиот вели дека интересот во креативно прикажување на храна и пијалаци произлегол од неговата пасија кон готвењето. Погледнете го нашиот избор од неговите најинтересни фотографии со храна.Уметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана храна
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритно селце сместено во карпа

    Колоритно селце сместено во карпа

    Манарола е мало рибарско селце, кое е лоцирано во округот Ла Специја, кој се наоѓа во покраината Лигурија во северна Италија. Селцето е распространето на дивиот и каменлив теснец на крајбрежјето на Лигурско Море. Тоа е едно од петте мали селца во делот од Италијанското крајбрежје познат како Чинкве тере. Чинкве Тере или преведено „петте земји“ се однесува на пет села кои ги спојува една пешачка улица: Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаМанарола е најстарото и второто најмало селце помеѓу петте кои се наоѓаат во Чинкве Тере, чиј камен-темелник е црквата Сан Лоренцо, која датира од 1338 година. На западниот крај има малечко пристаниште, а на десниот крај се наоѓа црквата и плоштад на кој мештаните се среќаваат за да извршат разни активности. Инаку на поголемиот дел од Чинкве Тере има лозја на многу места.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Маранола има малечко пристаниште на кое има рампа за бродови, згради во разни бои и карпеста патека по која луѓето можат да се спуштат надолу за да се искапат во морето. За оние кои се спремни за малку поавантуристичко пливање, има скалички за да се качат од водата кон карпите за да скокаат, а кога ќе завршат со спортувањето можат да се искапат под тушевите.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Манарола традиционално прво се развиле рибарската и винарската индустрија. Локалното вино т.н. „Sciacchetrà“ е прочуено по својот квалитет. Манарола заедно со останатите четири села се популарни туристички дестинации, особено во текот на летните месеци. Атракција за туристите претставува шетањето по пешачката патека која се наоѓа измеѓу Манарола и Риомаџоре т.н. Via dell’Amore (Патека на љубовта), искачување по карпестите патеки и разгледување на лозјата над селцето.Колоритно селце сместено во карпа
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јапонски ресторан со беспрекорен дизајн

    Јапонски ресторан со беспрекорен дизајн

    Ресторанот „Tori-Tori“ е еден од највисоко рангираните суши-ресторани во Мексико Сити. Пред извесно време беше отворен уште еден нов ресторан во Поланко, Мексико. Градбата е заеднички проект на архитектот Мишел Роџкинд и дизајнерското студио „Esrawe“. Бидејќи новиот ресторан се наоѓа на многу поголема површина, тие сакале тој да остава впечаток на нешто специфично и несекојдневно.Јапонски ресторан со беспрекорен дизајнНајвпечатлив дел од целата градба е можеби самата фасада. Изработена е од два слоја железо, кои претставуваат мрежа, така направена за да потсетува на растението бршлен, кое го има на високата ограда околу ресторанот. Бидејќи „Tori-Tori“ е јапонски ресторан, ентериерот ја отсликува јапонската култура и стил, но не во строга интерпретација. Мебелот за секој дел од просторот е дизајниран според замислата на сопствениците.Јапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнЈапонски ресторан со беспрекорен дизајнrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерната архитектура на Азија

    Модерната архитектура на Азија

    Во последните 20 години, во Азија се појави тренд за создавање модерни метрополи, најмногу заради привлекување голем број туристи и инвеститори во државите. Градовите низ Азија во кои е инвестирано за урбанизација се за воодушевување и вредат да се најдат на списокот со места кои мора да се посетат во текот на животот. Во овие земји се наоѓаат огромни и необични облакодери кои неретко рушат и рекорди. Сепак, главна специфика во нивното урбанизирање е тоа што тие не се обидуваат да го копираат Западот. Тие во својата архитектура внесуваат многу културолошки елементи од нивниот крај, што ги прави специфични и многу атрактивни.rnrn

    Шангај, Кина

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Сингапур, Сингапур

    rn

    Модерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азија

    rn

    Пекинг, Кина

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Хонг Конг, Кина

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Шенжен, Кина

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Сеул, Јужна Кореја

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Дубаи, Обединети Арапски Емирати

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Абу Даби, Обединети Арапски Емирати

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Бусан, Јужна Кореја

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азијаrn

    Токио, Јапонија

    rnМодерната архитектура на АзијаМодерната архитектура на Азија
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни улици низ светот

    Интересни улици низ светот

    Сите овие интересни улици имаат поставено некој светски рекорд, поради некоја нивна специфичност која ги дели од останатите.rn
    rn

    Улицата „Ebenezer Place“

    rnУлицата „Ebenezer Place“ која се наоѓа во Вик, Шкотска е влезена во Гинисовата книга на рекорди како најмала улица во светот. На улицата која е долга само 2,06 метра има само една зграда „Ebenezer 1“ во која е сместен хотелот „Mackays“. Улицата постои од 1883 година, кога всушност е направена и самата зграда .Интересни улици низ светотrn

    Улицата „Parliament“

    rnУлицата „Parliament“ во Англија се води како најтесната улица во светот. Таа постои од околу 1300-тата година и е со ширина од само 50 сантиметри. Интересни улици низ светотrn

    Патот до Гиза

    rnПатот до Гиза е стар 46.000 години, со што е прогласен за најстара улица во светот. Овој пат е долг 12 километри и бил користен за да се пренесуваат огромните блокови за изградба на пирамидите. Интересни улици низ светотrn

    Улицата „Yonge“

    rnУлицата „Yonge“ која се протега низ Канада, го има поставено рекордот за најдолга улица во светот. Таа почнала да се гради во 90-тите години на 18 век, а денеска нејзината должина изнесува 1.896 километри. Интересни улици низ светотИнтересни улици низ светотrn

    „9 de Julio Avenue“

    rnАргентина може да се пофали со „9 de Julio Avenue“ (во превод авенијата 9-ти јули – денот на независноста на Аргентина), најшироката улица во светот. Таа се протега низ целиот град и има по 6 ленти во двата правци.Интересни улици низ светот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Специфични податоци кои ќе ве изненадат

    Специфични податоци кои ќе ве изненадат

      rn011

    • На својата смртна постела Алберт Ајнштајн ги кажал своите последни зборови, но медицинската сестра која била до него, не разбирала германски јазик.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Нобеловата награда настанала како резултат на последната желба на Алфред Нобел, кој не сакал по неговата смрт да биде запаметен како пропагатор на насилство – тој го измислил динамитот.
    • rn

    rn

    Специфични податоци кои ќе ве изненадат

    rnrn

      rn011

    • Кафето е вториот најпродаван артикл во интернационалната трговија во светот. Првиот најпродаван производ е бензинот.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • На секое 20-то бебе, само едно е родено на денот кој го предвидел докторот.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • На 15 април 1912, бродот Титаник потонал при неговата прва пловидба кога над 1 500 луѓе се удавиле. 14 години пред фаталната несреќа бил објавен романот „Бродоломот на Титан“ од писателот Морган Робертсон, во којшто изгледало како тој да ја предвидел несреќата. Во книгата е опишан брод со слична големина како Титаник, кој удира во санта мраз на своето прво патување во магловита априлска вечер. Фиктивниот брод на Робертсон во романот бил наречен Титан.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Додека учел на универзитетот Хавард, поранешниот американски сенатор Едвард Кенеди, бил суспендиран поради мамење на тест по шпански јазик.
    • rn011

    • За мажите од Античка Грција било прилично вообичаено и нормално да вежбаат голи во јавност.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Урината во минатото била користена за перење алишта.
    • rn011

    • Исланд е најстарата развиена демократија во светот.
    • rn011

    • На годишно ниво, повеќе пари се трошат на алкохол и цигари, отколку на животно осигурување.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • 14 милиони луѓе биле убиени во Првата светска војна, а 20 милиони умреле од епидемичен грип во текот на наредната година по завршувањето на војната.
    • rn011

    • Магичниот збор „абракадабра“ првенствено бил наменет за лекување на алергија од поленов прав.
    • rn

    rn

    Специфични податоци кои ќе ве изненадат

    rnrn

      rn011

    • Луѓето кои живеат во Сибир, млекото обично го купуваат на стапче во замрзната состојба.
    • rn011

    • Двата најдобри резултати постигнати на стандарден тест за интелигенција припаѓаат на две жени.
    • rn011

    • Лебот пресечен на резанки го патентирал златарот Ото Роведер, во 1928 година. Тој работел на тоа цели 16 години, започнувајќи од 1912 година.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Во текот на галопирачката инфлација во 20-тите години на минатиот век, 4 000 000 000 000 000 000 германски марки вределе колку 1 американски долар.
    • rn

    rnСпецифични податоци кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Џорџ Вашингтон одгледувал марихуана во неговиот двор.
    • rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.