КАФЕ ПАУЗА

Tag: сонови

  • Сонови што укажуваат на некои здравствени проблеми

    Сонови што укажуваат на некои здравствени проблеми

    Психолозите се согласуваат дека пораките од соновите не треба да се игнорираат бидејќи токму од нив можете да прочитате важни информации за вашата здравствена состојба. Истото го тврди и народната традиција. Симболите од сонот може да бидат знаци на депресија, срцев удар или може да предупредат на ризикот од Алцхајмерова или од Паркинсонова болест.rnrnСонови што укажуваат на некои здравствени проблемиrnrnПостојат конкретни докази дека соновите, почнувајќи од оние што се повторуваат секоја ноќ, преку живописни соништа и кошмари до бизарни ноќни визии, можат да предупредат на некоја болест пред да се појават првите симптоми.rn

    „Ако често страдате од кошмари, тоа може да предупреди на проблеми со срцето, мигрена или недоволно спиење. Непријатните кошмари можат да бидат предизвикани и од лекови за крвен притисок од редот на бета-блокаторите“, вели професорот Џим Хорн, експерт за сонови од Универзитетот во Лофборо.

    rnОвие лекови ги прошируваат крвните садови, но експертите веруваат дека тие, исто така, можат индиректно да ја нарушат рамнотежата на одредени хемикалии во мозокот и затоа сонувате кошмари. Лошите соништа, исто така, можат да бидат поврзани со слабо срце, според истражувањето спроведено на повеќе од 6.000 испитаници чии резултати биле објавени во холандското издание на „Journal of Medicine“.rnrnНаучниците откриле дека оние кои страдаат од неправилно чукање на срцето имаат трипати поголем ризик од кошмари, а кај оние кои чувствуваат болка во градите се јавува седумпати поголем ризик. Луѓето кои имаат проблеми со срцето се, исто така, повеќе склони кон проблеми со дишењето, што го намалува нивото на кислород во мозокот.rnrnКошмарите и грдите соништа полни со бес и агресија може да бидат предупредување дека имате мигрена. Без разлика дали секоја вечер сонувате како ве прогонуваат или ве напаѓаат, ваквите стресни соништа можат да бидат предзнак на некое заболување на мозокот или на невродегенеративни болести како Алцхајмерова или Паркинсонова болест.rn

    „Предупредувачките сонови се случуваат и десет години пред првите симптоми на болеста, како што е губењето на меморијата“, истакнува д-р Оскорфт од болницата Папворт во Кембриџ.

    rnСе верува дека луѓето кои редовно сонуваат како некој ги напаѓа или ги прогонува, страдаат од нарушувања во однесувањето во РЕМ-фазата на спиењето. Акутната форма на ова нарушување може да се појави и при откажување од алкохолот или од лекови за смирување.rn

    „Бизарните соништа може да предупредуваат на инфекција или на почеток на менопаузата. Инфекциите можат да предизвикаат полубудна состојба, што е причина за бизарни соништа“, вели неврологот д-р Патрик Мекнамара од Медицинскиот факултет во Бостон.

    rn

    „И пиењето доцна во ноќта може да биде причина за такви живописни соништа, што најчесто се јавуваат во зори затоа што тогаш ефектите на алкохолот ослабуваат, а тоа влијае на хемикалиите во мозокот и создава чудни соништа“, открива професорот Џим Хорн.

    rnПокрај тоа, според сведоштвата на многу жени, живописните соништа се карактеристични за менопаузата и се смета дека се знак за хормонални промени.rn

    „Ако ви се чини дека сонувате повеќе од вообичаено, причината за тоа може да биде флуктуацијата на хормоните, поради што жените често сонуваат многу повеќе за време на менструацијата“, вели проф. Хорн.

    rnИако ноќе за време на РЕМ-фазата „минувате“ низ 4-6 епизоди од соништата, повеќето луѓе не се сеќаваат на тоа. Луѓето сонуваат 28-42 соништа за време на една седмица, но се сеќаваат само на два или три сонови, а остатокот е избришан. На сонот можете да се сетите само ако се разбудите додека сонувате.rnrnАко „филмот заврши“ и продолжите да спиете, ќе го заборавите тој сон. Се претпоставува дека жените се сеќаваат на соништата многу повеќе од мажите токму затоа што имаат полесен сон и почесто се будат.rnrnАко сонувате повеќе од вообичаеното, тоа може да биде резултат и на хронична болка, откажување од употребата на антидепресиви или ако во просторијата е премногу топло или ладно. Сето ова му пречи на спиењето и предизвикува почести будења во текот на РЕМ-фазата, поради што се сеќавате на повеќе соништа и верувате дека сонувате повеќе од вообичаеното.rn

    „Ако сонувате и се будите ноќе и рано наутро, тоа може да предупреди на депресија и да биде знак дека сте под зголемен стрес или дека имате прекумерна тежина. Мрсната храна, исто така, може да биде причина за лошите сонови. Оние кои се под стрес или страдаат од депресија, влегуваат порано во РЕМ-фазата, порано „минуваат“ низ соништата и порано се будат“, вели проф. Хорн.

    rnСите такви сонови се пораки дека е време малку да забавите.rnrnМногу мајки сведочат дека имале живописни и вознемирувачки соништа за време на бременоста, но тие имале помал ризик од постпородилна депресија. Исто така, стресот често се манифестира со панични соништа и многу луѓе сонуваат дека доаѓа голем бран или дека доцнат некаде.rnrnПрочитајте дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак.

  • Психолог открива: Кучињата ги сонуваат луѓето што ги сакаат!

    Психолог открива: Кучињата ги сонуваат луѓето што ги сакаат!

    Интересно е да се помисли за она што се случува во главата на вашето милениче. Посебно кога се прашуваме што тие сонуваат додека спијат, изгледајќи толку слатко и бесценето. Секако, ние луѓето знаеме што сонуваме – работи од секојдневието во една искривена перспектива. Миленичињата се животни. И ние сме животни. Па според ова можеме да заклучиме дека кучињата минуваат низ истото искуство како нас.rnrn2.psiholog-otkriva-kuchinjata-sonuvaat-za-lugjeto-shto-gi-sakaatrnrnПрофесорот и клиничкиот еволуционен психолог при медицинското училиште Харвард, д-р Деирде Берет, открива дека постои можност кучињата да сонуваат за своите сопственици. Фасцинирана од соништата уште од малечка, Берет го изучувала човечкото однесување за време на спиењето со години.rn

    „Додека не можеме да бидеме 100% сигурни за тоа што го сонуваат животните, можеме да ги користиме информациите што ни се познати за човекот пренесувајќи ги на кучињата. Како што рековме, сепак и ние сме животни“, објаснува Берет.

    rnЕдна работа е сигурна, повеќето цицачи имаат ист циклус на спиење како човекот. Ова значи дека тие можат лесно да се движат од длабок сон во помалку мозочно активна состојба и потоа во фаза на „брзо движење на окото“. Последната фаза, позната како РЕМ, е онаа во којашто се случуваат соништата на човекот.rn

    „Најдобра претпоставка е дека и останатите цицачи сонуваат“, изјавила Берет.

    rnДруг интересен факт е дека само две животни досега го имаат споделено својот сон со луѓето. Тоа се распеаните горили Коко и Михаел. Истражувачот Пени Патерсон изјавил дека Коко повремено пее за фантастични настани, луѓе и места на кои не била, веднаш по будењето. А Михаел е познат по неговото искуство со фаќање од страна на ловокрадците, додека неговото семејство било убиено, па понекогаш тој се буди и пее „Лоши луѓе убиваат горили“.rn

    Па, што сонуваат кучињата, врз основа на човечките соништа?

    rn

    „Луѓето сонуваат за работите кои се заинтересирани од секојдневието, иако не се често логично прикажани“, вели таа. „Нема причина да мислиме дека животните се различни во ова. Бидејќи кучињата се екстремно приврзани за нивните сопственици, големи се шансите кучето да го сонува вашиот лик, миризба или како си игра со вас“.

    rnГо знаете она слатко удирање кое го прават со ногата додека спијат? Бетер потврдува дека тие ги доживуваат соништата како реалност, обидувајќи се да трчаат додека спијат.rn

    „Месечарењето не се појавува, но во фазата на РЕМ придружувана од сон, колку се посилни и побрзи движењата, толку е посигурно дека тие сонуваат.“

    rn

    Ова води кон следното прашање – Дали постои начин да им овозможиме подобар сон на нашите миленици?

    rn

    „Најдобриот начин да имаме подобар сон, е да имаме среќно дневно искуство и да спиеме во безбедна и удобна околина“, советува Берет. „Ова со сигурност важи и за милениците“.

    rnИма смисла. Доколку гледате хорор филм пред спиење, секако дека ќе имате кошмари!rnrnДобро е да се знае дека нашите миленици се на иста страна како нас во повеќето случаи. Што мислите, што сонува вашето милениче?rnrnПогледнете ги и најдобрите фотографии со кучиња!

  • Патувањето на едно бебе во светот на чудата

    Патувањето на едно бебе во светот на чудата

    Дали бебињата сонуваат додека спијат или едноставно спокојно се одмораат? Queenie Liao, артистката и мајка на три момци, ги сподели авантуристичките драми од соништата на нејзиното бебенце Wengenn, додека тоа мирно си спие.rnrnПатувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудатаrnrnКомбинирајќи ги нејзините артистички способности, имагинацијата и фотографијата, Queenie креирала фасцинантна фотосерија, која ја направила служејќи се со едноставни ткаенини, плишани мечиња и други вообичаени материјали од домаќинството. Со нив, ги создала сцените зад бебето.rnrnПатувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудатаrnrnСекоја фотографија е уникатна и ја претставува секоја нова, возбудлива епизода од патувањето на нејзиното бебе во светот на бајките. Нејзиниот албум наречен „Wengenn in Wonderland“, е компилација од над 100 креативни фотографии, кои го пресликуваат непрекинатото истражување на Wengenn, во неговата магична земја, исполнета со убавини и чуда.rnrnПатувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудата Патувањето на едно бебе во светот на чудатаrnrn

  • Најчестите кошмари и нивното значење

    Најчестите кошмари и нивното значење

    Стручњаците сметаат дека кошмарите се начин на кој вашата потсвест го привлекува вниманието во врска со ситуацијата која ја избегнувате, но која очигледно ви предизвикува проблеми. Заради тоа, најдобро решение е да се соочите со ситуацијата. Мајкл Виго, американски толкувач на соништата, утврдил кои се најчестите кошмари и што тие значат.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Застрелани сте

    rnАко сонувате дека некој пука во вас, тоа би можело да значи дека се соочувате со некаква конфронтација во животот. Се чувствувате како да сте жртва во одредена ситуација.rn

    Ви паѓаат забите

    rnОва е еден од почестите кошмари. Бидејќи ваквиот сон е поврзан со физичкиот изглед, може да потекнува од вашиот страв од одбивање или од сознанието дека стареете. Истражувањата потврдиле дека жените во менопауза почесто имаат кошмари поврзани со забите. Заради тоа, овој сон се поврзува со процесот на стареење и со комплексот на пониска вредност.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Во стапица сте

    rnСонот во кој сте фатени во стапица или се наоѓате во безизлезна ситуација, може да значи дека сте ограничени во однос на работата, кариерата, здравјето или љубовта. Можеби сте презафатени, постојано брзате или сте изморени од секојдневната монотонија.rn

    Се давите

    rnОвој сон може да означува дека сте преоптоварени со најразлични емоции и дека потребите ве прогонуваат. Исто така, може да значи и дека премногу брзате да ги откриете вашите потсвесни мисли. Треба да забавите малку. Ако во сонот нема кој да ве извади од водата, тоа значи дека ве очекува емоционална преродба. Ако го преживеете давењето, значи дека ќе надминете некоја поголема пречка.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Умирате

    rnИако сонот во кој ја доживувате сопствената смрт често се поврзува со анксиозност и страв, овој сон може да значи и дека ве очекува некоја голема шанса. Обично ваквиот сон е симбол за нешто добро. Но доколку почесто имате ваков кошмар, тоа може да биде знак дека сте дел од врска која ви нанесува болка.rn

    Некој ве брка

    rnАко сонувате дека некој ве брка, тоа е знак дека сте несигурни. Сонот во кој бегате од некое животно е симбол за скриен бес. Токму животното го означува бесот. Освен тоа, ваквиот кошмар може да значи и дека бегате од некаков страв.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Сообраќајна несреќа

    rnСонот во кој откажуваат сопирачките на автомобилот значи дека ја губите стабилноста во животот. Случувањата ви се надвор од контрола и треба да направите значајни промени. Ако се наоѓате во автомобил без возач, тоа е знак дека не ја преземате одговорноста за сопствените постапки.rn

    Апокалипса

    rnДа го сонувате крајот на светот значи дека сте под голем стрес. Исто така, може да значи и дека сте беспомошни и ранливи.rn

    Не можете да дишете

    rnСонот во кој останувате без здив е знак за исцрпеност. Според истражувањата, овој кошмар е почест кај оние кои страдаат од астма.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Логиката по која се толкуваат соништата е исто толку чудна колку и самите тие. Доколку некогаш сте сонувале некој од овие сексуални соништа, тогаш сами проценете дали толкувачите имале право при нивното толкување.rnrnЧудни сексуални соништа и нивното значењеrnrn1. Доминација во сексот – сакате да се поврзете со бога или да се издигнете спиритуалноrnrn2. Некој се соблекува гол пред вас – сочувствувате со таа личност. Всушност сакате подобро да ја запознаете и разберете таа личност и сакате да ви биде пријатно со неа.rnrn3. Кастрација – ви фали креативност.rnrn4. Оргија – премногу сте оптоварени. Расчистете го вашиот календар.rnrn5. Ерекција – се чувствувате моќни и енергични. Искористете го тоа чувство и започнете некој нов проект.rnrn6. Носите појас на невиност – премногу сте заштитнички настроени. Опуштете се малку…rnrn7. Презервативи – има неколку можни варијанти:rn

      rn011

    • запакуван – треба да почнете да ги оставате луѓето да си го искажат сопственото мислење
    • rn011

    • (за жени) машко носи кондом – се чувствувате емотивно заштитени
    • rn011

    • отворен – сексуално сте фрустрирани
    • rn

    rn8. Инцест – не значи дека ве привлекува некој член од фамилијата, туку дека му простувате за некоја кавгаrnrn9. Мастурбација – себични стеrnrnrn10. Имате односи со личност од истиот пол – не значи дека сте геј, туку дека се прифаќате самите себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни сознанија поврзани со соновите

    10 интересни сознанија поврзани со соновите

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnСоновите се составени од слики, идеи и чувства кои се јавуваат неволно во мозокот за време на РЕМ фазата од спиењето. Тие знаат да нѐ збунуваат, да нѐ фасцинираат или да нѐ преокупираат. Некогаш дури и нѐ преплашуваат. Друг пат се толку забавни, што ни е криво што сме се разбудиле. Која е причината и смислата на сонувањето сѐ уште не е доволно јасно. Тоа е долгогодишна тема на дебата во психологијата, филозофијата и религијата. Но и покрај нивната мистериозност, има неколку проверени факти за сонувањето и за она што се случува со нашето тело додека спиеме, кои е интересно да се знаат.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    1. Додека спиеме сме парализирани

    rnВерувале или не, додека спиеме сме целосно парализирани. Се претпоставува дека ова се случува заради заштита на телото. Доколку не би биле парализирани, би можеле да почнеме да го правиме она што се случува во нашиот сон. Еден вид нарушување на оваа состојба е месечарењето. Оние кои месечарат за време на сонот стануваат, шетаат по домот, дури во некои ситуации можат да направат нормален разговор со некој кој ќе им се најде на патот, без тој да забележи дека разговара со личност која спие. Наредниот ден кога ќе се разбудат, тие не се сеќаваат воопшто на својата мини авантура во текот на вечерта.rn
    rn

    2. Надворешните дразби влијаат врз нашите соништа

    rnНа сите ни се случило да сонуваме како ни ѕвони мобилниот. И покрај тоа што се обидуваме да се јавиме, тој нѐ прекинува да ѕвони бидејќи звукот доаѓа од реалноста. Истото се случува и кога некој пробува да нѐ разбуди – ние ја сонуваме токму таа личност како нѐ повикува и во сонот. Или пак кога треба рано да станеме ѕвонењето на алармот го слушаме во сонот и го исклучуваме спонтано во реалноста, а подоцна не се сеќаваме на тоа. Но не се само звуците оние кои успеваат да се пробијат до нашите соништа. Се случува да сонуваме дека сме многу жедни или гладни и наеднаш успеваме да најдеме вода или многу вкусна храна, но и покрај сѐ, ние не успеваме да ги задоволиме тие потреби бидејќи се дел од нашата реалност.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    3. Оние кои пробуваат да се откажат од цигарите, имаат поживи соништа

    rnДолгогодишните пушачи кои одеднаш прекинуваат да пушат, имаат мала промена во нивните соништа. Тие почнуваат да сонуваат поживи соништа проследени со поинтензивни чувства. Исто така, тие барем еднаш во месецот сонуваат како палат цигара и откако ќе се разбудат чувствуваат огромна грижа на совест, исто како тоа да се случило во реалноста.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    4. Соновите прикажуваат поинаква слика за реалноста

    rnАко сонувате конкретно некој предмет, најчесто тој не е вистинската причината за вашиот сон. Несвесното пробува симболично да го спореди сонот со нешто слично и на тој начин ве приближува до вистинското значење. Тоа е исто како да пишувате текст за група мравки, во кој велите дека се машини кои никогаш не запираат. Соновите со своите содржини се таинствени и мистериозни и потребно е да имате големо познавање за себе, за да можете да го дешифрирате нивното значење и да ја откриете симболиката која ја затскриваат.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    5. Не сонуваат сите луѓе во боја

    rn12% од луѓето сонуваат само во црно-бела варијанта, а останатите скоро секогаш сонуваат во боја. Има неколку сонови кои се јавуваат многу често и кај голем број луѓе, како настан во училиште, бегање од некој/нешто, неуспешен обид за трчање кој изгледа како забавено движење, сексуални искуства, паѓање од големи височини, летање, доцнење, паѓање заб, неуспешност на испит или автомобилска несреќа. Оние кои сонуваат некој интензивен сон во црно-бела варијанта, најчесто по будењето имаат послаба реакција, од оние кои сонуваат во боја.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    6. Го сонуваме само тоа што го знаеме

    rnВо  соништата честопати се случува да ни се појават непознати луѓе. Меѓутоа тие воопшто не се непознати за нашиот мозок. Голем број од луѓето кои секојдневно ги сретнувате во продавница, на бензинска станица или пак во дискотека, остануваат запаметени и покрај тоа што вие не сте свесни за нив. Злобниот убиец кој ве бркал во претходниот сон, можеби е мажот од бензинската станица, кој му ставил бензин еднаш на татко ви, кога сте биле дете. Поради тоа што секојдневно се сретнуваме со голем број луѓе, нашиот мозок има неограничени лица за употреба во соновите.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    7. Соновите ја спречуваат психозата

    rnВо неодамнешно истражување за спиењето и сонувањето, студентите кои биле будени на почетокот на секоја РЕМ фаза (фаза во која започнува сонувањето), но биле оставени да спијат 8 часови во текот на вечерта, имале помала концентрација, раздразливост, халуцинации и знаци на психоза по само 3 дена. Кога конечно им се дозволило без прекин да спијат и да сонуваат, нивниот мозок го надоместил изгубеното време, со значително зголемување на должината на РЕМ фазата.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    8. Сите сонуваме

    rnСите луѓе сонуваат (освен оние кои имаат потешки психолошки нарушувања кои се манифестираат со неспособност за сонување). Но, постојат разлики помеѓу соновите на мажите и жените, како и помеѓу нивните физички реакции на самиот сон. Мажите почесто сонуваат други мажи, повеќе непознати, сцени со коли или насилство, секс со непознати партнерки… Од друга страна пак, жените сонуваат подеднакво и мажи и жени, повеќе личности од фамилијата отколку непознати, имаат појаки чувства, подолго траење на самиот сон…rn
    rn

    9. 90% од соништата се забораваат

    rnВо првите 5 минути по будењето, веќе сме заборавиле 50% од сонот. Во наредните 10 минути 90% од сонот е целосно заборавен. Интересен пример за заборавањето на соништата е случката на поетот Семјуел Тејлор Колриџ, кој кога се разбудил после прекрасен сон едно утро, веднаш земал лист хартија и почнал да пишува поема наречена „Визија во сонот“. На пола поема тој бил прекинат и подоцна кога се вратил не можел да се сети на остатокот, па поемата останала недовршена.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    10. И слепите сонуваат

    rnОние кои со текот на времето ослепуваат, сѐ уште продолжуваат да гледаат во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи имаат малку поинаков начин на сонување. Нивните соништа не се воопшто помалку интензивни од оние кои гледаат, но наместо од слики тие се составени од звуци, миризби, допири и емоции. На мозокот му е тешко да создаде нешто што претходно не го искусил на некој начин, но тоа не го спречува да се адаптира на ситуацијата.10 интересни сознанија поврзани со соновите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.